1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. stella21

    stella21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Имам мака затоа ја создадов темата :(
    Тој има врска од цели 10 години,а излегува со мене...Супер ни е е заедно сама се плашам дека веќе почнувам да се заљубувам :( Не знам што да правам.Да продолжам како до сега или?Ве молам за помош!

    Мислењето е поправено од модератор. Ве молиме во иднина пишувајте прегледно и на кирилица.

    [mod-kirilica:2eaxfeu3][/mod-kirilica:2eaxfeu3][mod-tekst:2eaxfeu3][/mod-tekst:2eaxfeu3]
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Sto bi napravile ako toj ima devojka???

    Малку е нелогички има врска од десет години а илегува со тебе ?????? А и ме чуди како можеш да бидеш со некој што има девојка зар и ни малки ке немаш грижа на совест ако уништиш 10 гоишна врска????? А баш ме интересира колку време се гледате? Јас да дознаам дека дечкоми излегува со некоја тешко и на двајцата. А кога сме веке кај тоа тој да те сака ке ја остави женската а се си мислам дека ти си само минлива работа зошто 10 години па и не се мала работа.
     
    На SwanepoelCandice му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Sto bi napravile ako toj ima devojka???

    Пред да се вљубиш подобро прекини со ова, затоа што на крајот ти ке бидеш таа што ке биде повредена.А и 10 год. не се баш малце, помисли само како би ти било тебе некоја да ти го направи тоа, да ти го превземе дечкото со кој што си го поминала половина живот.Немој не растурај нешто кое што успеало да истрае цели 10 год.
     
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Sto bi napravile ako toj ima devojka???

    Оти мори чупиња не знаете да се почитувате самите?
    ц ц ц ц, од дома ве гледале ко кралици за некој со вас играчки да си игра, и да му бидете за во слободно време, и ко ке му здосади од врската и да се пикате кај што не ве собира? Што бараш да се мешаш во врска толку долга??
    Малку машки има што цело внимание ке ти го посветат? И да не мислиш ако се скара со женската дека тебе така нема да те изневерува? Па се заљубувала уште..
    Да се скараш според мене, да не си играш играчки, колку паметни деца има ехее... само ум во главата да ги најдеш треба!
    Извини ако ти звучи грубо, ама навистина луѓе како тебе треба навреме да се опаметат.
    И ај да не ти викаат другиве, јас кога почнав со викање да ти кажам да пишуваш на кирилица :)
     
    На Monique995, aNy-to, hihi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. stella21

    stella21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Sto bi napravile ako toj ima devojka???

    знам дека сте во право ама не знам како да излезам од оваа ситуација не е така лесно како што изгледа
     
    На natte му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Sto bi napravile ako toj ima devojka???

    Фино лепо ќе му се извиниш на дечкото и ќе му кажеш дека несакаш да си трета личност т.е. гужва во нивната врска.Стави се малку во кожата на неговата девојка..Зошто воопшто си се осудила да бидеш таа која ќе им се замежа во нешто што го граделе 10 години?Зар ич немаш почит?Не ли те јаде совеста? :fubar: По изговорот твој дека не е баш така лесно како што изгледа ми се чини дека и баш не сакаш да излезеш од збркава? Или можеби грешам? :^) Објасни ја малце подетално ситуацијата ако можеш,за подобро да сватиме каква е работата и да ти дадеме поконкретен совет..
     
  7. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Што би направиле ако тој има девојка?

    Не сакам никого да осудувам ама морам да речам: "браво" за тебе. Добро бе луѓе, како можи вака, да влегуваш свесно и со сиот памет во 10 годишна врска? Што очекуваш ај кажи ми те молам од тој човек? Очигледно ништо посериозно, само физички контакт а? Читам дека почнуваш да се заљубуваш? Па како е тоа можно, кога тој човек има девојка, и тоа не некоја 2-3 неделна врска туку од 10 години. Можеби понекогаш слепа е љубовта, ама ова е вон контрола. Па нели ако те сакал тебе со тебе ќе беше? Сфаќам и прифаќам и слободни врски и сите тие работи, ама ако и дечкото е слободен, ама вака? Па воопшто ли не се цениш самата себе? Во ваквиве случаеви секогаш дечкото го обвинувам, тој сноси најголема одговорност бидејќи другава девојка не е зафатена, како ти нели во случајов, ама сега зборуваме за тебе. Запрашај се дали би сакала во иднина твојот дечко или сопруг да прави како овој сега само ти да си на местото на девојка му. Што би направила? Па јас да сум на нејзино место не би го погледнала поќе, не 10 години биле, 100 нека се, никогаш нема да му простам. Прекини додека не е доцна зашто само ти ќе бидеш повредена. А тој ако има потреба тој од некоја втора, немој да бидеш ти тоа, немој да служиш за задоволување на неговите потреби и не дозволувај да бидеш негова играчка. Знај дека кругот се врти и не го прави она што не сакаш тебе да ти го направат.
     
    На stella21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Sto bi napravile ako toj ima devojka???

    Незнаеш затоа што сигурно ти одговара така да си со него подобро излизи од таа врска ти таму не припагаш не уништувај го она нешто што е градено 10 години. Зар ти немш самопочит?? И баш ме интересира дали девојката знае за тебе? |(
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    6.827
    Пол:
    Женски
    Што би направиле ако тој има девојка?

    Не сте во право ни ти ни тој.И двајцата правите големи,преголеми грешки...Има врска од 10 години,ја изневерува девојката и набива рогови,а ти? Ти си втора! Да,мораш да го признаеш тоа.Најлошо што може да ти се случи е да бидиш втора.Кога би требало да бира меѓу вас двете секако дека ќе ја одбере девојката со која е заедно толку многу време,девојката со која излегува во јавноста и слично...
    Мој совет е да прекинеш да се гледаш со типот,додека не си се заљубила длабоко во него.Остави го,вака немаш шанси со него да преминиш во озбилна врска.Поздрав и се надевам ќе се вразумиш ;)
     
  10. stella21

    stella21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Што би направиле ако тој има девојка?

    ;( Не знае девојчето за мене...Ама знаете како е кога те повредуваат сите околу тебе,кога си играат на секој можен начин...
    Вака...пред да почнам да излегувам со него имав врска година ипол.Немате појма која тортура беше.Не знам ни кај сум гледала,ни што сум мислела кога сум ја почнала таа врска.Значи типот не ми дозволуваше скоро ништо,се караше со мене за се и сешто и беше со некое размислување во стилот девојка сум му и не смеам со никој муабет да правам и никаде да одам.Не знам како и зошто година ипол сум го трпела тоа веројатно затоа што сум го сакала,но ги помина границите и кажав доста е веке и раскинавме.Е сега поентата е во тоа што кога се запознавме со тој сто сега излегувам со него тој ми покажа сосема нов свет кој не сум го знаела до тогаш.Ме научи да се смеам,нешто што година ипол не го имав правено,ми научи дека животот не е само тоа што го гледам пред нос туку има и многу други работи што дотогаш не сум ги ни знаела ни гледала.Секогас кога сме заедно има нешто ново ка ми каже или покаже...и многу многу работи што дотогаш не сум можела да ги видам...И никој знам дека баш никој не може да свати... ;(
     
  11. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Што би направиле ако тој има девојка?

    Ама Стела, работава не е за сфаќање. Добро, никој не е совршен и секој прави грешки, сите ние сме згрешиле (ај сега да не филозофирам многу), ама важно е да се прекине кога ќе станиш свесен дека тоа што го правиш е погрешно и да извлечиш поука за да не ги повторуваш истите грешки. Добро, си се занела, ама сега вразуми се и остави го. А тие убави работи кои велиш дека ти ги кажувал и покажувал, покажи му ги ти на некој друг кој тоа го заслужува и кој ќе те сака искрено и само тебе. Не верувам дека не постои никој друг што не може да те направи среќна и да ти покаже други, уште поубави работи, и да ти се посвети само тебе. Ако си имала лошо искуство еднаш, не значи дека сите се исти. Сите сме убави на посебен начин и секој има потреба од целосно внимание од својот партнер, никој не заслужува да е резерва. Да не должам повеќе, среќно и поздравче :)
     
  12. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Што би направиле ако тој има девојка?

    Стела ти бараш помош или не..значи ние што и да ти кажеме секогаш ке постои АМА..како ова
    знаеме дека не е лесно, ништо во животот не е лесно, но тој како 1во има врска од 10 години, како 2ро ти си му втора..што значи во јавност тој е со неа, а кога ке му притребаш ти си тука, како златна резерва наротски кажано, но сепак тоа си е твое. Ние сме тука да ти дадеме совет, мој совет е да престанеш. На овој свет има машки колку сакаш, а не верувам дека нема да најдеш како него.АМА сепак ти си знаеш најдобро дали ке го послушаш нашиот совет или не. Подобро е да зборуваш со него и да расчистиш на што си.. :)
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Има долга врска...

    Па нормално дека ти покажал свет кој не си го знаела досега. Да бидеш втора во долга врска што се градела со години тоа ретко се доживува, посебно да се мешаш каде што не ти е местото.

    Ама не ме чуди, воопшто, бракови се растураат а не поа врски. Кој што надробил, ќе си срка... Незнам како би помогнале во случајов, кога гледам дека сама си се сожалуваш и велиш дека не е се како што игледа. А како е? Поинаку некако?
     
  14. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Има долга врска...

    Е стварно незнам кај му е умот на ваквите девојчиња!.....Ајде остај тоа што не се почитуваат самите себе си, туку и уништуваат други врски! Зошто мора да сте во сенката на таа првата??? Зошто? И дали би се ставиле на местото на таа девојка со која тој оди 10 години, и би размислиле, што ако тој истото ви го направи на вас! Верувајте, во многу мали случаи дечкото ја остава девојката, ради швалерката ај да не наречам!
    Скоро сите машки се такви душо, ќе ти симнува ѕвезди и планети и месечини, колку да те придобие, да си заврше работа и толку! Тој ако те сакаше ќе и раскинеше на девојката! Само си бара забава, и да си се истуши некаде...........колку мразам такви машки :puke: :puke: :puke:
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Има долга врска...

    Без никаква навреда сега, 90 % од тие машки во толку долги врски, 5+ години, се' што сакаат е само да се издуваат и ајде да го наречам "последен излет" пред да си заврши засекогаш со долгогодишната девојка.
    Да сакал да ја остави, ќе ја баталел и ќе си продолжел со тебе.

    Ретки се тие случаи кога дечкото ја раскинува таа долгогодишна врска, единствено ако ненамерно затрудни некоја друга девојка.

    Мој совет - да го оставиш. Не е е секако лесно, ама ти си млада, заслужуваш и ти поубаво, а и таа кутра девојка на дотичниот фраер, која кога би дознала, би леела солзи за оваа ситуација.
    Стави се во нејзина кожа. Можеби девојката очекува брак. Остави ги ти тие коментари како ним не им било убаво, имале проблеми, он не бил сфатен, не ја сакал... машките се програмирани да го кажуваат тоа.
    Како инаку ќе те убедат да бидеш со нив во таква ситуација?
    И ти уште тука доаѓаш ко спасител во ситуацијава.
    А нив може им е супер врската. А он само изведува.
    Никој не знае што се случува зад затворени врати.

    Поентата ми е сепак таа - да му е лошо во таа врска и да не ја сака, и без твоето постоење ќе ја напуштел досега.
     
    На Victorya, senza.parole, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Има долга врска...

    Кажваш дека со него ти било многу убаво, бил многу добар кон тебе ... како можи некој за тебе да биди добар ако има 10 годишна врска и си ја лажи девојката? за тебе то е нешто добро? да не се повторвам, се што рекоја девојките се согласувам, дека треба да раскиниш што побрзо, оти на крајот ти ке плачиш, девојката негова и да дознае сигурно ке и биде многу тешко ама како што тебе те убедил тој дека е добар, ке ја убеди и неа дека тоа што го имал со тебе не било ништо важно и на крајот тој со неа ке остани, затоа бегај што побрзо, оти тој е се само добар не е.
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Не дека не постојат способни девојки да растурат 10 годишна врска,ама ете да речеме тоа е доста тешко! Ако си му била нешто повеќе од девојка само за секс, најверојатно досега ти ќе беше свесна дека си значајна за него и немаше да бараш помош од нас! Ќе си знаеше дека со тебе ќе биде оти тоа е тешко да се скрие ако чувствата се искрени! Ама не се бе златна неговите чувства искрени, не се...те сака само за убав провод а девојка му си ја чува за еден ден жена да му биде! Никогаш нема да ја замениш, па дури и да застанеш на нејзиното место! секогаш ќе бидеш онаа која се натурила, онаа која не се почитува себе си, за жал секогаш ќе си втората и секогаш ќе си споредена со претходната девојка! Затоа тргај се подалеку од тој дечко, можеш да имаш поубава врска со некој слободен дечко! од зафатениот ќе имаш само тајни средби, секс и еден ден мноооогу плачење и каење кога ќе слушнеш дека се жени за девојка му!
    Ова мила не е проблем, ова е лигавеш, ова е непочитување на самата себе и на женскиот род ;) ова е голема себичност од твоја страна! Освести се!
    Да сум јас на место на девојка му би ти удрила еден јак ќотек (колку да ти дојде умот) за да сватиш дека не ти е местото во нашата врска, а после најверојатно би се изгубила од неговиот и од твојот живот! Се надевам дека девојка му на дечкото ми е истомисленичка, па ќе си добие секој што си заслужува! Се надевам ќе се најдеш некогаш во иста ситуација и ќе си ги испалтиш гревовите!
    Со среќичка мила,се најдобро... ајде поздрав :*
     
    На hihi и Victorya им се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно, имај ти врска од 10 год па нека ти се меша некоја од страна ;)
    ги подржувам сите постови над мене, посебно трендафилка, во право е... тргни се настрана, помисли тебе така некоја да ти се меша во врската, па да дознаеш и да бидеш повредена... размисли убаво и тргни се настрана додека не дознала девојката.
     
  19. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Девојко кај ти бил паметот кога си се фатила со некој што е 10 години во врска ? :^) ..
    Добро ајде да не критикуваме сепак ти бараш помош :) ..
    Раскини му ..
    Ај ти имај врска од 10 години па некој да ти се умеша во нејзе .. размисли како ке ти биде ..
    и ако дознае девојката на тој кузнае колку ке и биде тешко .. размислувај малце :!:
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Веќе сите кажаа а и ти сама си знаеш 10 години не се малку, едно дете ќе го пораснеш и на школо ќе го пратиш со толку време. Не гледам зошто би си го губела времето со некој кој изневерува после толку време. Не е вреден ни како човек а уште помалце ќе биди за дечко или за маж. Отакачи го овој лажго, ќе спиеш помирно, ќе се чувствуваш повредна и со тек на време се ќе си дојде на свое место. Вака се омаловажуваш прво ти, после девојка му, додека овој изиграва паша.. Не е вреден за да си го комплицираш животот :!: