1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Кога некој решил да седи на две столици и да си прва и да си втора секако си на*бала со таков. Некои луѓе не се менуваат, па колку сака нека ветуваат, нека кажуваат приказни и да симнуваат ѕвезди.
    Девојко многу ми е жал за тоа низ што поминуваш ама подобро сега него по некое време.
    Само се чудев колку си ти добра, се мислиш како ќе дојдат по мразот? Зошто? Зошто уште си додаваш товар на нивниот безобразлук.
    Сега исплачи се, не му кревај веќе на кретенот, ни на било кој друг број. Блокирај секаде каде што го имаш. Дотерај се и правец со сруштво на зезање.
    Кога ќе се прибереш пак исплачи се, ќе помине. Ама немој да се затвораш дома и да си дозволиш да мислиш и да се секираш за некој небитен тип.
     
    На ku4ence, sj *O*, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ако им се случеше нешто јас ќе бев цел живот покажувана со прст, во смисла: ете ја онаа, дечко му тргна ради неа и загина по пат. Мене таков товар не ми треба да го носам цел живот и да бидам обележана. За излегување изкегувам, ако не сакам доброволно, двете другарки што ми се најдобри идат и ако треба со кран ќе ме кренат, ама ќе ме извадат од дома. Е сега овој период и не сум некое најдобро друштво, со мојата несреќност ширам негативна енергија, немтур сум, на виц сите се смеат а јас сум озбилна. Ама ќе помине време, ќе се приберам. Изгубив 5 и пол год од животот, ама тоа е. Кога ќе заврши-незнам, ама некогаш мора, ништо не е вечно, барем така се тешам. Тешко е кога цели 5 год живееш убедена со тоа дека тој и тој ќе ти биде маж и со него ќе имаш деца и наеднаш сето тоа се руши.... Ама јбг, живот
     
    На sj *O* и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    83.761
    Пол:
    Женски
    ^ Колку и да е тешко но не дозволувај да бидеш толку негативна ,точно е дека е потребно време и не се оптеретувај што си изгубила .Ти си млада и имаш време за се во животот не ја губи надежта која во ваквите моменти ти е најпотребна ...
     
  4. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Колку и да ти е тешко едно знај, треба да се цениш себе си ако сакаш другите да те ценат.
    Нема да навлегувам зошто,зошто после толку провидни ситуации си замижала,ќе препишам на љубов,тоа што си му верувала него и слично.
    Но! Девојче! Од цел твој пост очигледно е дека во очи те лажел.
    Бил ваму,бил таму.
    Па ти на патот ли си најдена па така да се однесува со тебе?
    Немој да ми замериш за се ова. Еден ден, после година дена ако го препрочитуваш ова ќе сфатиш колку очигледни ситуации си замижала.
    Но, што е тука е. И разбрав дека пиша само за да ја објасниш и другата страна и браво за тоа. Затоа што многу не размислуваат за тоа како може неговата девојка да се осети.
    Јас само ти посакувам лесно опоравување (нели емоционално) и верувам ова искуство ќе ти биди памет за друг пат да не си дозволиш безрезервно да веруваш некому.
    Се најдобро!
     
    На sj *O* и tessie им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Aууу бре, да си поплука човек во пазуви, нормален чоек не останал. Стресови огромни се тоа ти што си го поминала со дечково, @moon1 , ама прости ми, но ти си дозволила.

    Како си можела да паднеш на такви изговори? Арно пишаа погоре, се` наоѓал изговори да не се видите, особено во очи ми падна муабетот дека „кондомите на другар му биле“. Да бе, другар му да нема 14 години случајно, па од мама ги крие? Сешто. Второ, тоа со дождот, со чекањето да те спречи да си одиш. Знаел дека нема превоз, а те оставил сама во друг град во ниедно време, на дожд со изговорот „знаев дека ќе се вратиш“. Каков доказ на љубов е тоа? Дали јас ептен се замарам со вакви моменти, но јас по таков настан, страшно би се оладила од типов. Тек па да се случи за мојот роденден којшто бил на НГ да не дојде и да ми пропадне резервацијата затоа што автобусите биле полни... мислам стварно не знам кој би поминал преку ова.

    Другата девојка не ти е крива, воопшто. На моменти не се понаша ко да е со сите де :lol: но не е крива. И те молам, не гледај на неа како на некоја итрица којашто ти го земала дечкото и сега е пресреќна со него. Мислам, мене некоја особа којашто се занимава со раскинување на врски на љубовникот, бидејќи тој очигледно нема желба ни намера, да ми рече дека сум бедна, ќе го сфатам како комплимент. Од личност која oчигледно наопаку ја чита книгата и конечно си нашла некој којшто фино ќе си го користи тоа, тоа е комплимент, очигледно. :D И нека не ти импонира тоа што ја истепал демек преку телефон (ако не било сето глума мене и така ми мириса, како што после не отишла ни да ти се извини; стварно така да ја натепал, од страв нозете ќе дојдеше да ти ги бакне, немало да чека да се онесвести, иако во ништо од тоа што пробал телефонски да го пренесе типов не верувам. Напротив, поверојатно ми е сето тоа дека било глума и после се изнасмеале, девојчицава пресреќна оти те исмеале заедно, а кутрата не е ни свесна дека за неколку години кога ќе му здосади ако издржат толку нели и нејзе истите филмови би и` ги праел). Ако расчистите со момаков поради неа, кафе да си ја частела. Веруј ми. Не е ништо во споредба со услугата којашто би ти ја напраила.

    А за ваквите ко дечко ти викам една за мираз, друга за мерак. Сака да си го праи ќефот со кого ќе стигне, но те држи тебе ко сигурна опција кога ќе го испукаат другите. Баш има корист од тоа да те држи како златна резерва, тоа што ти му го простуваш и на какви банални лаги му веруваш, ретко која (иако се наоѓа) би го правела, плус верна и послушна си му, за мерак. Боље резерва, амин. Покажи малку достоинство, гордост и цени се малку самата себе. Да видиш до кога ќе му трае љубовта. Вакви ко него се чувствуваат загрозени од горди и самоуверени жени.
     
    Последна измена: 8 јануари 2015
    На ku4ence, sj *O*, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Дoнекaде и сaмa си кривa. Тoлку oчигледнo сaкa дa те oткaчи a ти се прaвиш декa ништo не гледaш. И oвa нa крaј е врв, дa се дoгoвoри сo другaтa тaa дa те oткaчи oти тoј немa хрaбрoст. Глумa е декa oнa сaмa се јaвилa и ти кaжaлa зa нив двaјцa, уште пoгoлемa глумa е тепaњетo (Бoже Гoспoде штo немa дa прoчитaш), типoт сaкaл сaмa дa сфaтиш и дa се oддaлечиш. Oтвoри oчите и биди среќнa штo oвa вo брaк не ти се случувa, туку си слoбoднa, без oбврски, пoпaметнa зa еднo искуствo, и се нaдевaм ќе знaеш кaкo пoнaтaму.
     
    На tessie, buba4e89 и marama им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @moon1 они дебело се заебавале со тебе. Јас не ги оправдувам ама ти самата си крива. И секој тука од нас има по нешто доживеано. Јас не те нареков глупачка, ти сама си го кажа тоа, да се разбереме. Јас кажав дека си трол можеби, што не значи не сум кажала сигурно си трол(овдека на форум секој 2тор пишува филмски бајки)...така да ако не те навредува тоа, нема ни самата да велиш "фала на навредата".
    Од друга страна ти не си била втора, туку таа била втора. Како и да е, колку и да ти е тешко треба да се потсеќаш на тоа што ти правел се побрзо ќе го заборавиш верувај ми и полесно за тебе.
    Јас како што кажав како не си ги видела знаците кои тој упорно ти ги давал на тацна, заљубена си била премногу во него па не си ги гледала тие нешта.
    Не е вредно за некој да се труеш со апчиња и да плачеш постојано, штети за тебе. Мене тоа ми беше муабетот, ама секој погрешно толкува.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    јас раскинав со него, ама и двајцата не ме оставаат на раат. Тој ѕвони како ненормален, на секои 2 мин. Јас моментално сум во истиот град каде што е и тој бидејќи е испитна сесија и имам испити. Тој разбра дека сум дојдена кај другарка и не ме остава на мира. Доаѓа кај другаркава пред куќа, не се осмелува да тропне на врата туку седи в кола (најверојатно се срами од родителите на другаркава), дреми и чека да излезам. Од друга страна и таа курвата негова ме замара. Ми ѕвони на тел, на фб пишува и вели да сум го оставела на раат. јас и велам дека ги оставив и милион пати му реков оди биди си со неа, ама тој ако не сака јас не можам со сила да го натерам исто како и тој што не може да не натера да останам со него. И ми вика добро, јас сега ќе му се јавам, ќе ти помогнам да не те замара, уживај, тука сум за тебе ако ти треба помош. АЛООО таа мене ми нуди помош?!??? нема веза, ете ја нареден ден пак ми ѕвони и ми вели: ти лажга, играш игри, уште си со него, лажеш дека те замара и ми вика натерај го да да се сретнеме и да каже пред мене дека навистина те замара. Јас зедов им направив скриншат на пораките што тој ми ги пишувал, на сите пропуштени повици од него, го сликав букетот ружи што ми го имаше пратено по некој дечко и се тоа и пратив на фв, ама таа запнала лажеш та лажеш. Не сакам да и де правдам, ама ме нервира, и сакам да ми се тргне од животот. Му се јавив него дури, и му реков да се најдеме сите тројца и да и каже да не не замара и да и каже на каков се начин тој ме замараше мене и се обидуваше да оствари комуникација со мене. Се согласи. И се јавувам неа да и кажам дека ќе се најдеме сите тројца како што таа бараше и ми вели: не можам, нема потреба, не сум сама имам гости и ми спушти. Си викам ааа кој те е*е, јас со тебе ќе се замарам да ти покажувам, докажувам и да ти се правдам?па е*и си матер. му пишав него порака дека неговата курва се предомислила за средбата, а тој ми врати: ми се јави и и кажав дека не ја сакам, дека се ќе направам да бидам со тебе и дека кога ќе се вратиш ти во .....(родниот град, а тоа е за неколку дена), се враќам и јас засекогаш таму.
    Јас како што заклучив и на двајцата им е летната чавката. Нормални луѓе не се понашаат вака. Што сакаат од мене, стварно незнам. Ете нека си бидат заедно, кој им пречи, кој им брани? ќе не полудат. Кај ми е тешко и едвај преживувам после се, па нека имаат осет, и јас сум човек, нека ме остават на рает.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    @moon1 А да им се заканиш ти, кога веќе толку те вознемируваат, дека ќе ги пријавиш? Од моите скромни познавања, можеш да пријавиш доколку некој те вознемирува по телефон на пример.
    Блефирај малку, исплаши ги...
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    @moon1 , зашто им креваш на телефон и зашто се објаснуваш не ми е јасно? Ако си расчистила, тргни се. Игногирај и ќе се повлечат и они. Учи таму испитите и откачи се од двајцата.
    simple as that.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Не мора ти на неа за ништо да и се правдаш, они си имаат проблем-сами нека си го решат.Следен пат ако те замара таа девојка, кажи и своите несигурности да си ги решава очи во очи со него и нема што да вмешува трети лица.Посебно потенцирај го тоа дека ти си трето лице т.е дека твоето со тој дечко е завршено(ако е нели, не ја знам вашата приказна).Ако треба биди и малку погруба со неа.
    И она што е најважно драга, не си зимај толку при срце, знај дека ти никому не си должна да се објаснуваш и да се правдаш.:)
    Инаку во врска со дечкото, ако ти врши притисок со тоа-смени си го бројот, блокирај го на социјалните мрежи.За да не те чека надвор во колата како некој манијак, кажи му на таткото на твојата другарка да разговара со него, да интервенира.Немаш ли некој другар или братучед да му се закани да не те замара?
    Мислам дека оваа варијанта е подобра и поефективна отколку ти лично да разговараш со него оти тој ќе го сфати тоа како да му даваш зелено светло.
    Избриши секаков контакт со него, фрли ги розите да не те потсеќаат на него и што е најважно не мисли на нив!Се надевам дека помогнав некако.:)Со лесно нека ти е.
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @moon1, што се однесува до тебе, воопшто не си морала да и се објаснуваш на `сегашната` девојка ама ете, си и дала и повеќе од доволно докази за да свати и сама како стојат работите и кој кого брка. Не сака да ти верува? Нејзин проблем! Не и одговарај, не и кревај телефон, едноставно не ја мисли повеќе.

    А за да се отарасиш од дечкото, направи го тоа што ти го пишаа девојките пред мене-игнорирај го па и ако треба, закани му се со полиција! Вака ти прави поради тоа што ти сеуште контактираш со него, но ќе видиш како сам ќе се повлече откако тебе ќе те снема. Не би ти препорачала да го смениш бројот туку напротив, нека знае дека ти намерно не му креваш и не му одговараш на пораките. Исто и со Фб-от, на секоја порака нека има само seen, без одговор. Кога ќе свати дека е мртов за тебе, ќе се откаже.
     
    Последна измена: 29 јануари 2015
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Приказната за нас ја имам напишано 2 страни поназад на темава. иначе јас него го игнорирам, а овде сум во туѓ град и немам никој свој за да го избрка. проба другаркава кај што престојувам ама неуспешно. И рече:што имаш ти да се мешаш, ова не е твоја работа, па дури и му се јави на дечко и да му се пожали како таа ни се мешала во врската, па девојчето мораше да се расправа со дечко и.
     
  14. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Не му е таа сегашна девојка. Таа е всушност никоја во неговиот живот. вчера ми ѕвонеше не и кренав, па ми пиша порака: те молам убеди го да дојде, да го видам на 5 минути само. Те молам само ти можш да го убедиш.
    Колку е очајна човече, не ми се верува! Бројот не ни планирам да го сменам. Не за друго си го сакам бројот бе, долго време го имам, сите тој број ми го знаат, аплицирав на некои места за работа и тој број го оставив.
    Се плашам да не не успеам да останам силна и да потклекнам на неговата упорност па да му простам. Јас и покрај се уште многу го сакам :'(
     
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Како ке одлучиш, на тебе е, ама запамти едно - нема враќање понатака.Тој еднаш што ти сторил такво нешто биди сигурна дека не е имун пак да направи некоја ујдурма слична на оваа.Ти со тој човек ке мораш
    живот да живееш и да имате взаемна доверба понатака, ама таа се гради на стабилна основа, а не на вакви неверства.
    Без разлика што сте долго време заедно и го сакаш, сепак размисли и не потклекнувај, паровите за ваква работа БРАК СО ДЕЦА растураат и не се вртат наназад.
    Ти барем немаш никакви обврски кон него.
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Знајте дека има некој долга врска и свесно си се впуштате во аванура како ништо да не било и што очекувате на крај црвени ружи?е па кармата е кучка драги мои и за во ваква ситуација некој да си остани да си ја продолжи таја лажна врска треба да е глуп или будала,потоа послем све очекувате да нема никакви последици?ма немој ви се молам...Ја барал му звонел бла бла бла како да не постои опција на секој телефон на секоја социјална мрежа БЛОК ама драми драми драми да се шират и жртва да се изиграва ахам да сигурно....
     
    На Emily Dora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    ако не разбра, јас сум таа што е изневерена од дечкото. И да ѕвони и ме бара. И ако ставам блок на фб и на тел денек нема да може да ми пише и да ми де јави од други профили односно броеви? И ако го блокирам секаде демек се ќе се реши? Демек така нема да ме бара? помалку ли ќе боли? И да му простам знам дека пак ќе ме боли, пак ќе ми биди тешко. и јас правам драми, така? Изигравам жртва? Можеби хоби ми е тоа да го правам.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Aбе моон1 сватив коментарот не беше за тебе туку напротив беше за оние што се мешат во долгите врски или пак тие како дечкоти и бившиот мој што на дрзок начин се осмелват да прават секакви гадости зад грб јас ако не те разбирам незнам кој,мислам дека ти не разбра добро што сакав да кажам а за тоа со блокирањето можи да важи и за тебе бидејќи јас се послужив со таја метода и знајш што?барем мирна ми е главата,а што се случува незнам и несакам да знам слободно можат глава да кршат...И нормално дека помалку ќе боли кога некој постојано не ти ги отвара ранните не те потсетува на случката и се ставени само на игнор нормално...
     
    Последна измена: 29 јануари 2015
  19. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Мила, овие двајцава е очигледно дека се психопати, тој тебе не те заслужува и подобро е да заврши со таква како неа.Знам дека е тешко многу време е во прашање и знам дека го сакаш, ама мораш да го надминеш тоа, во спротивно животот ќе те стане пекол, а таа дотичната нема да ве остави на раат.
    Затоа глава горе, секако дека можеш, никој не умрел без никого.
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ти ги прочитав сите постови и само да ти кажам,да не си се осмелила да му простиш!!
    Те советуваа сите погоре како да го игнорираш и откачиш.Ако претерува,има да го седнеш и да му кажеш да се гони у бестрага или ќе го пријавиш во полиција.Ма колку и да си заљубена во него,има се во фаца да му изнакажеш,лом да го направиш и да му се заканиш како што ти реков.
    Дома плачи,ама пред него ладна мраз! Нека пукне!
    Ама ме нервираат тие преварантите,сите би ги истепала најозбилно..
     
    На sj *O* и Nausicaa им се допаѓа ова.