Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Тоа и го правам. Го игнорирам целосно, а за муабет џабе ми е, сто пати сум го правела тој муабет, џабе. Неговиот одговор е:љубовта е посилна од се,таа мора да победи, јас нема никогаш да се откажам од тебе и бла бла, а јас му велам: нема никогаш да ти простам,џабе ти е шо и да направиш. И тој пак истото го вели, јас пак истото и така во круг.
    Знам дека ќе ми помине, не постои нешто што трае вечно, се си има свој крај, ама работата е да се успее да се дочека крајот, наместо да се стави запирка.
    Ако на нешто му завидувам тогаш тоа е упорноста која ја има. Да ја имав јас таа негова упорност многу повеќе ќе имав постигнато сега во животот. Дури и другарките почнаа да ми зборуваат: па гледаш колку е упорен, изгледа навистина многу те сака, ете згрешил, сите грешиме, се случува, ама сепак ти си знаеш што ќе правиш....
     
  2. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Gi procitav samo posledite nekolku postovi I mozam da ti kazam od vakov da ne ocekuvas ljubov,samo glavata ke te boli. Negovata upornost ne e od sto te saka, ednostavno misli ke popustis ako bide dovolno uporen I potoa pak vo krug ke se vrtat rabotite. Ne im dozvoluvaj da te zamaraat, ne im odgovaraj I stavi go kompletno na IGNOR. Ako I toa ne pomaga, policija ili pak kazi doma na tvoite, Ili kazi mu nemu deka tatko ti znae I nareden pat koga ke ti se pojavi pred lice, deka toj ke intervenira. Cisto onaka, da go zdrmas malku. Neka ne se opusta.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    да знам дека има девојка,и да ми се удвара на мене да ми казува дека ме сака,ке си помислам дека е свалер невиден,ниту би искацала со таков,и не ми треба таков до мене дел од слободното време да го поминува со мене да му го направам поинтересно и нисто повекје
     
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Баш си била во право. Еве, после три години, случајно се случи да буричкам по старите мислења што сум ги пишувала по форумов, препрочитувам и си се чудам како е можно да сум дозволила да се случат сите настани? Значи уште при првите очигледни лаги јас сум требала да сатавам крај на таа врска. Така ќе ги избегнев драмите со неа, драмите со него, немаше да ми биде расипан родененот... значи многу стрес и нервози што ги претрпев - ќе ги избегнев ко ништо.
    Сега читам некои од девојките напишале како еден ден кога ќе помине се' ќе се смеам на настаните, а јас читам што сум напишала и ми излегуваат сите слики од тоа време и ич не ми е смешно, никогаш нема ни да ми биде оти тој период ми беше еден од најтешките до сега во мојот живот (и дај боже да остане така). Единствено ми е криво што дозволив проблемот временски толку да трае, ама тоа е, битно помина, зад мене е, далеку во минатото како едно лошо сеќавање. Се случува понекогаш да слушнам нешто за едниот или другиот и ако тоа дека нешто лошо им се случило, нека ми прости Господ, ама мене баш ми е мило на душичката.
    Знам, сигурно не се сеќаваш на мојот проблем, што е нормално, одамна беше и за да разбереш треба да препрочитуваш на назад, ама и не мораш, не се лутам:). Од сите мислења што сум ги добила за проблемов, ете твојот ме испровоцира да пишам пак по толку време :D
     
    На Regina.Phalange, SandStorm, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    7.380
    @moon1 Човече сега читам што ти се случило. Ова човек да мисли филм да режира, нема да му текне. Само се надевам дека после сиве бурни времиња, сега си среќна и исполнета. Од срце ти го посакувам ова. Да бидеш со некој кој те заслужува и кој ќе те чува како сопствените очи. А овие ѓубрињата да го искусат истото, и повеќе.
     
    На sj *O*, Milobebence, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Во глобала сум среќна и исполнета, нормално секогаш по нешто фали во животот. И да, баш како филм ми изгедаше и мене пред малку кога го читав. Читајки приметив дека сум подзаборавила некои детали или редосед на настани и сега се потсетив. Не ми е криво што се потсетив, туку напротив оти самото осознавање дека сум подзаборавила, а не сум била свесна за тоа е успех и доказ на самата себе за во иднина, а и за сите што поминуваат низ тешко време и мислат дека нема да престане да боли, да не потпаѓаат на таквите мисли.
     
    На sj *O*, Milobebence, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    @moon1 :hug:

    Ме растревожи твојата приказна... Жал ми е што си го преживеала сето тоа. Те разбирам и зошто не си се откажала веднаш... ти се 'срушил светот' тогаш... буквално...

    Драго ми е што не си останала со него. Сите тие негови лаги се страшни, но најмногу ме потресе тоа што тој е способен и за насилство. Толку се сплеткал во своите лаги, што за да ги спречи да излезат на површина, тепал некого... Сигурна сум дека и тебе би те удрил некогаш... да сте останеле заедно.

    Девојки... еден е животот. Само еден... Бидете многу внимателни со кој и како ќе го поминете...
     
    На Elf, Alisa22, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  8. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски

    Аууууу, прво се чудев за што сум тикоментирала, па не видов дека темата имала само 11 страни да вратам назад, мислев у друга тема е. Па пола саат барав и најдов конечнооо.
    И читав пак, приказната твоја и советот мој.
    Леле што убаво сум ти кажала, малку можеби грубо.
    И ме натера да се замислам, како тоа бре за другите имам интуиција и знам да им кажам и објаснам и совет да дадам а за себе некогаш знам и да погрешам?
    Како и да е, мило ми е што завршило, а за тоа што требало да ставиш крај, од оваа перспектива, нели после 3 години, и ти и ја позрели, имам пак да кажам нешо.
    Немој да се каеш било завршило, си му простувала и верувала од љубов.
    А барем јас, според мене, коа е од љубов нема каење,а особено не сега после толку време.
    Се надевам, сега си поискусна, попаметна и по мудра и да знаеш, се е со причина. Универзумот ни ја праќа истата лекција се додека не ја научиме. Можеби и требало да трае толку за денес да бидеш толку силна и јака (како што се надевам си).
    Ти посакувам понатаму да те читам како си среќна, исполнета, не мора одма со нов дечко, него горда на себе, дека сега си поискусна за нешто плус и посилна и поразумна.
    Па Боже мој, утре ја ќе се заљубам и нема да можам да увидам ситуација па тука ќе си ти.

    Ти благодарам што ми коментираше, ме инспираше да вратам и читам и коментирам на Фемина повторно.
    Секое добро! :*
     
    На sj *O*, candy.cane, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Е да, така е секогаш со советите... најтешко е сам себе да си дадеш совет. Еве јас на пример некогаш некои совети ќе делам и после тоа си се воодушевувам на самата себе и си викам: добро бе од кај ми идат вакви нешта да кажувам, од кај ми истекнуваат... мора да сум некој гениј... и ќе дојде проблем во мојот живот, а јас најголемата глупача. Така да ич не му ја мисли, изгледа е природно и нормално да бидеме такви.

    За тоа со универзумот можеби имаш право, држи вода, ама знаеш како е со нас луѓето, го сакаме полесниот и пократкиот пат.
    И баш ми е мило што сум те мотивирала да станеш повторно активна на форумов.
    Поздрав :inlove:
     
    На sj *O*, candy.cane, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    :hug: и за тебе.
    Читнав вчера што си ми пишала ама бев во гужва, немав време за пишување и само лајк ти ставив, затоа денес ти пишувам, оти ми остави впечаток во друга тема што ја читав пред некое време, мислам беше "врска со оженет", и некако не очекував од тебе да добијам толкава емпатија. Значи да ематија ама не толкава. Некако те почувствував како да си се потрудила да ја исчистиш секоја ронка на вина од себе за да бидеш фер кон изневерената и со тоа дека не се замараш со изневерените оти едноставно немаш за што. Немој да ме сфатиш погрешно, јас те разбрав дека ти секогаш разговараш со мажите што изневеруваат и на некој начин ги советуветуваш и им кажуваш дека тоа не е убаво што го прават, и дека ти немаш никаква вина, и те подржувам во тоа, само едноставно ме изненади тоа што баш ти ми искоментира, не очекував и мило ми е што личност со проживеани искуства како твоите ми искоментира мене за проблем што има многу допирни точки со твоите доживувања кои ни ги имаш раскажано тука.
    Да се вратам на темата.
    И јас се изненадив од неговото насилство. Еве толку години бев со него, а тој мирен, абе душичка. Колку и да сме се карале никогаш не пројавил ни ронка на агресија барем кон предмети ако ништо друго, да речеме да удри по масата... абе ништо! Е сега некои велеа дека глумеле телефонски тепање. И јас се посомневав во тоа, ама после го видов него изгребан на лице, и тоа убаво зартинати нокти, јака трага од нокти, оти наводно тој ја давел а таа во самоодбрана му ги качела ноктите на фаца. Е сега јас јасно увидов дека женската не е со сите и дека си има психички проблеми, а подоцна разбрав и дека лежела во психијатриска болница за некој си друг дечко што и раскинал па не можела да се помири со тоа и го гонела, му звонела на неговите, му правела проблеми и драми на сите страни и во сите сегменти во животот. Исто како мене што ми правеше. Јас веќе расчистено со него, ни видено ни слушнато цел месец, а таа ме замара, мене ме моли да му сум се јавела него да сум го замолела да се виделе. Ма немој ... и после 2 дена од таа молба ете ја пак пишува пораки од други броеви, од лажни профили како јас сум била лажга и уште сум била со него, не сум го оставала да се гледа со неа.. кој к*р бе жено! Дури и се случуваше да добијам порака во која ми раскажува некој настан што му се случил него во животот и да ме прашува дали навистина му се случил или ја лаже... wtf? (facepalm)
    За греота... па се мажила во странство и дете има, абе гла нека крши... ми е жал за детенцето со таква мајка.
     
    На ku4ence, sj *O*, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Затоа што сум била и на страната на изневерените... и знам како изгледа тоа 'светот да ти се сруши'... Се' во што си верувала да биде лага... Имав многу лоша врска ... одамна... Поминав низ твоето... слично.. и бев удрена од него.
    Не посакувам никому да доживее...

    Затоа и зборувам постојано за искреност... Само искреност и комуникација. Најмногу проблеми во врските и браковите се поради лажење и криење... А толку е лесно да ја кажуваш вистината.. Една е, и нема никогаш да се збуниш, никогаш да згрешиш, да заборавиш што требало да кажеш.

    Да знаеш... помалку боли како што минува време.. Како минат години, станува само сеќавање на случувањата, а болката нема да ја памтиш навистина... Исто како што се сеќаваме дека сме изгребале колено, ама не памтиме колку и како не болело.

    И се' е лекција во животот. Да не беше тоа тогаш, денес јас немаше да сум она што сум. И тоа ме градело, како и секое искуство кое сум го доживеала...

    Ти посакувам се' најдобро...
    Илијадници насмевки, прегратки и мир во душата :hug:
     
    На hermosa, thequeen95, ku4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Треба да си храбар за да ја кажеш вистината, а храбрите се малку на број. Тие што изневеруваат се кукавици и себични. Им фалело ова, им фалело она во врската па биле приморани да лажат и изневеруваат. Изговори! Секогаш ќе фали со кој и да си. Со еден едно, со друг друго ќе фали. Па најдобра опција ќе лажеме за се да имаме... на што се се спремни луѓето да направат за да ги прикријат своите лаги тоа е чудо едно.
    Ти поскаувам и јас се најдобро и остани секогаш храбра како што си! :*
     
    На hermosa, Nenadskopje, jasbi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Koga go procitav komentarot mi se nasolzija ocite , ti si mnogu hrabra licnost :hug:
     
    На WildMk и Milobebence им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Манете се од таквите..за сечие добро
    Ми изгоре душата, ме пржеше со секое земање здив, а во мозокот 300 хаварии..не ви треба таков верувајте ми.
     
  15. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам и нема никогаш да ги сфатам тие што свесно одлучуваат да бидат side hoe ,како размислуваат ако воопшто размислуваат :^) што очекуваат?
     
    На tinka-mace, LadyLollypop, jasbi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.890
    Мислат дека се толку посебни што некој маж светот ќе го преврти за нив, т. е. ќе ја остави моменталната девојка.
    На еден начин, тоа е толку тажно, фактот што на некоја толку многу ѝ недостига љубов, што ќе прифати сѐ за да добие мал дел внимание од некој маж.
     
    На tinka-mace, SummerGirl, Ann-13 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Tok sto ke ja ostavi momentalnata devojka za druga, i drugata ke ja ostavi za treta vo pogolem del slucai....
     
    На Ann-13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Тачно ! Тоа треба сите да си го знаат !
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.