1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Ако дечкото останал со таа девојка цели 10 години во врска, сигурно ја гледа и својата иднина со неа, за 10 години се развива нешто многу повеќе од љубов. Се слагам со сите погорни мислења, најверојатно ти си му само една минлива авантура пред конечно да се среди за цел живот со неа, а ако се надеваш на нешто повеќе, само ќе направиш проблем и за тебе и за нив. Најдобро е веднаш да прекинеш секаков контакт, и да побараш некој со кој и ти ќе можеш да споделиш толку долго време. Јасно ми е дека се заљубуваш, убаво ти е со него и сето тоа, но ако само се правдаш, не ми е јасно зошто воопшто бараш туѓо мислење.
    Само уште ќе кажам: жалосно за девојката, заслужува многу повеќе од некој кому му дала цели 10 години од својата младост!
    А ти, како што си го заборавила претходниот дечко и сега го сметаш за голема грешка, исто така ќе гледаш и на оваа глупост за некое време. Ако пропадне нивната врска, никогаш нема да биде преболена.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сите ја окривуваме неа, ама и дечкото никој не го спомна, ако не била Стела ќе била тоа друга девојка. Штом тој прави излети од 10годишната врска со Стела сигурно е добро уходан во тоа, не му е прв пат а мож ни последен.
    Стела се фатила на мамката, не ја оправдувам воопшто, не ми е ни јасно каква помош бара, се знае што е советот да го остави дечкото. Стела е разочарана од љубовта и вниманието што и го пружа дечково и значи СЕ, ама кога ќе ги отвори очите ќе види дека е само обична љубовница со која дечкото си го пополнува времето.

    БАТАЛИ ГО ДЕВОЈКО! Отвори си ги очите! Не паѓај на такви мамки, не си го повредувај егото, ова многу може да те чини и тебе и на луѓето околу тебе! Вака одстрана личиш само на една кучка која расипува врски и која гледа задоволство во зафатени мажи, кои за жал ја искористуваат само. Не паѓај под твоето ниво, откачи го и почни да живееш како што треба без да се повредуваш себе си и останатите.
     
    На sj *O* и Victorya им се допаѓа ова.
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    ^ критиките и забелешките беа упетени на адреса на Стела од прчини што Стела побара наша помош или побара метод како да им ја докрајчи 10 годишната врска! Ако помош бараше дечкото најверојтно ќе беше уште построго осудуван од сите нас! Стела бараше мислење и го доби мислењето, едногласно се изјаснивме сите - бегај подалеку! Не велам дека типот е во право, напротив сметам дека е тежок губитник кој си ја става во ризик 10 годишната врска за една пролазна авантура!
    Можеби претеравме со осудите кон Стела ама изгледа сите се ставивме на место на девојката на која и набиваат рогови и сите знаеме дека тоа е гадно понижување!
     
  4. stella21

    stella21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Читајки ги ваите критики и осудувања решив...и го направив тоа што не требаше ни да почне.
    Не верувам дека ја сум единтвената која е нашла во таква ситуација,но како и да е заврши...
    Собрав храброст и му кажав се што требаше и не требаше...не е баш и лесно сега ....ама сум поминала многу потешки работи од ова,така да верувам бргу ке помине...
    Морам да упатам гоооооолема благодарност да вашите строги критики,со кои и во право бевте.
    Ви благодарам мнооогу на сите и се надевам дека критиките веке ке престанат :) оти сега веке сум надвор од кашата и икрено кажано од една страна подобро се чувствувам!!!
     
    На rossonerka и Victorya им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Во некои ситуации е добредојден еден жежок шамар за да се освестиш. Мило ми е затоа што си се оттргнала :) Со среќа и памет понатаму :hai:
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Да, лошо е што е зафатен, плус 10 годишна врска, ама пак ништо не е невозможно. Грешка е што си се заљубила, ама ако веќе биднало и ако си спремна, гледаш некаква иднина со него, и пред се тој е решен да ја остави, тогаш бори се за него.
    Денес во ваков свет, клише е да се продава морал кога секој си ги става своите приоритети на пиедестал... Посебно пак ако не ја познаваш девојка му ич да не ти е грижа. Можеби токму со него ти е среќата... некогаш не ни е се сервирано на тацна, треба сами да се потрудиме за да го добиеме.
    Ама ако се одлучиш на тој чекор мора да знаеш дека поголеми се шансите да излезеш повредена и со празни раце. Преиспитај се колку си спремна да ризикуваш и тргни во акција... ;)
     
    На natasaltd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е фино бе Лоли ја учиш... :^)
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Добро Џули, што имам јас од финоста?? Зашто бев фина другарка ми едвај чекаше да раскинам да го лапне, а потоа да ми го упропасти животот. А плачев некогаш за неа....... Потоа се свестив, и раскинав 2 ипол годишна врска, и не се срамам. Во очите на сите јас бев виновната, ама и тоа помина, сега никој од нив не е важен, важни сме ние двајца.
    Не ни е секогаш среќата сервирана на тацна, има случај кога треба да посегнеме, да се избориме за неа. На денешницава ни блиските не мислат за тебе, а камоли некоја непозната на која и се допаѓа дечко ти. Тогаш зошто јас да му ја мислам за сите. Ако бидам светица, ореол ли ќе добијам??? И да добијам, што ќе правам со него?
    Јас и напишав дека поголема е веројатноста да излезе повредена, ако не е спремна да ризикува, нека не се ни обидува. Не растура брак, побогу, не остава деца без татко.
    Тоа е моето мислење, можеби подло и бескруполозно, ама на тоа ме научил животот. Не ми е намера овде на форумот да пишувам со маски, тоа го мислам, тоа го кажувам.
     
    На Maca*** и natasaltd им се допаѓа ова.
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Не ги оправдувам ни неа, ни него, но мислам дека е стварно подло да се уништува 10 годишна врска! Мислам на 3 та страна, која најверојатно не знае ништо, а и се уништуваат тие 10 години, ради некој што си ги задоволува страстите, и некоја што си ја уништува честа и животот што и предстои!
     
  10. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Лолипоп се согласувам дека треба само да се бориме за сопствената срека но зарем заради сопствената срека ке уништуваме туѓ живот ? Кажи како се чуствуваше ти кога “другарка“ ти ти го “украде“ дечкото ? Лошо нели епа сигурно и девојката на тој ке се чуствува лошо баш заради тоа ти треба да ја советуваш да го остави.Не секогаш треба да биде ме груби за да имаме среќа. Добро знам дека ако бидеш добра и светица према сите нема да ти се врати со добро од нив (ама од Господ да) .. (добро да не мешам баби и жаби) .. но тоа не значи дека ако бидеш груба дека ке ти се врати со добро ;)
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Напротив, бидејќи 2 ипол години ја гледав туѓата среќа и задоволство, замижував пред се за другите да бидат во ред си го искомплицирав животот до максимум. Да сум се ставила себеси уште тогаш на прво место, да не сум била слепа кокошка, многу нешта ќе беа поинакви.
    Ви посакувам на сите да не осетите забивање на нож во грб. Секогаш да верувате во луѓето и туѓата среќа да ја ставате пред својата. Јас неможам, јас на ножот враќам со куршум.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Абе женски, зошто никој не спомна ништо за типот? Се жените се нешто виновни а за машките имаме милион оправдувања. Абе гола да му играте секој ден пред нос, ако типот е решен да остане со девојката - ќе остане! Некако ме нервира ова размислување дека за се сме ние (девојките) криви. Колку што си ја сноси „вината“ таа, толку и тој.
    Сфатете ме како сакате, јас само да кажам дека ужасно ме нервира како машките си ги ставаме во некоеси меурче кое треба да остане недопрено а ние очите ќе си ги извадиме за нив :|
    А пред се, секоја девојка треба да тргне од себеси - ако и одговара да е трета, молам. Ако не се чуствува удобно што не навлегува во врска „на чисто“ пак молам. Во секој случај, последиците на крај ќе си ги крка сама - позитивни или негативни нели. Секоја сама од себеси треба да тргне и пред се да си знае ШТО сака сама за себе, ама дај да не се лажеме дека секогаш само ние сме виновни. Машките ооо кутрите гревчиња, се искористените тука нели?! Абе ајде... за жал знам за што зборувам, да речеме дека грбов мој прекрасно „истетовиран“ со лузни ми вришти сега малце :)

    п.с. Кога велам машките - мислам пред се на оние кои изневеруваат, не генерализирам ;)
     
    На sj *O* и julie77 им се допаѓа ова.
  13. Sweetheart-baby

    Sweetheart-baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Потполно се согласувам со ова.....Машкото ако не сака да си ја изневери девојката нема да го направи тоа....тој само докажува колку си ја почитува неговата девојка.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    И сега по оваа потресна приказна треба ние да те сожалиме и оправдаме?!
    Слушај сега вака...ако сакаш да не освоиш и да добиеш поддршка,не го прави на ваков начин,со прикаски за кретенот и овој што те смее.Кажи се заљуби,сакаш да бидеш со него и покрај тоа што има девојка и тоа е тоа.Вака или онака си лошата,вака бар биди и искрена,а не ... да се криеш зад некои драми.
    Си го гледаш твојот задник,нормално,сакаш да бидеш со него,биди,тој и онака веќе ја изневерил.Само оди натерај го да ја остави да те видам...е тоа малце потешко.

    И да прашам,онака...дали ви дава калциум редовно?!
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mucence1993

    mucence1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    епа вака и јас имам ваков проблем почнав да излегувам со дечкото на една моја познанична на моите другарки другарка но никогаш не сме имале добар контатк со неа само здраво.Таа и нејзиниот дечко одат една година а пред четири месеци тој почна да излегува со мене нон-стоп бевме заедно таа не знаеше за ова премногу се поврзавме не можевме еден без друг но нивната врска е само од навика и е поткрепена од родителите.Мислам таа него го сака но тој нејзе не ... оваа врска траеше 1 месец а одкако престанавме да се гледаме јас заминав во друг град и бев таму неколку несеци во тие месеци нон стоп ми се јавуваше ми досадуваше и иако пробував да се отргнам од него не успевав... кога се вратив овде престанавме да имаме секаков контат но тој се скара со неа и наредниот ден ме побара повторно со изговор дека нов живот започнал бла бла бла но по извесно време таа почна да прави проблеми во „нашата врска“ и сега на некој начин се смирени и и јас не знам што да правам го сакам не велам не но не можам да поднесам да го гледам со неа
     
  16. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Ако започнал нов живот,зошто тогаш повторно се смирил со неа?
    Ти му си златна резерва или...?
    Ако те сака тој постави му услов да бира:или ти или таа!
     
  17. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Леле како бре тоа "се смирени на некој начин"? Смирени се или не се? Мислам очигледно ти прва си му се вмешала во врската, али ок не зборуваме сега за тоа. Расчисти дали сака да биде со тебе или со неа и крај, нека биде со едната од вас. Ако не - адиос амигос. Знам дека е лесно да се делат совети од страна ама тоа е едниствено логично што може да се направи. позз
     
  18. mucence1993

    mucence1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ахх да беше лесно да се отказиме од ова.... не знам и јас што да правам.Го направив тоа му реков дека е крај меѓу нас дека тој треба да си биди со неа но по 5 минути откако си заминав повторно ми звонеше ме бараше не знам што да правам секој ден на училиште го гледам не можам да издржам пред него знам дека не сум во право и дека не е фер спрема нејзе но и сама сум крива што тој е со неа.Убаво ми рече тој да бидеме заедно но јас од страв дека и мене истото ќе ми го прави што и го прави и нејзе дека и мене ќе ме изневерува како и нејзе му реков дека не сакам ништо со него.... :worried:
     
  19. UnknownAM

    UnknownAM Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Прашуваш што да правиш ? Зарем очекуваше некој да ти каже " Супер , продолжи да бидеш со него , сакајте се .. Сигурно ќе ја остави девојка му и ќе биде само со тебе ". Ајде те молам. Размисли убаво за сето ова. Најпаметно е да собереш храброст и да му кажеш КРАЈ ЗА СЕКОГАШ. Не е лесно , да , но уште потешко е да бидеш со некој кој што знае дека припаѓа на друга. Не биди кукавица , не паѓај на негово ниво. Тој е идиот што го прави сето ова , но ти ... Ти си многу по идиотка од него штом чекориш по неговиот пат. Не играј си со огнот , ќе те изгори во секој момент , не можеш вечно да бегаш од тоа. Прекини до дека е време и не дозволувај повеќе да си поигруват со тебе. Си направила голема грешка со претходната врска. Но со оваа , грешката е 100пати поголема. Размисли убаво за својот живот. Зарем мислиш да си го уништиш на овој начин ? Нема зошто повеќе да продолживаш со ова , немаш никаква иднина. Сепак тој ќе си остане со неа , некој ден можеби ќе бидат и семејство. А ти ќе му бидеш само кукла на батерии ... Свести се те молам ..
     
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Туф туф туф каков проблем имало девојчето па вие уште лоши формџики едни ја карате цццц...срам да ви е:))

    Абре девојче младо и убаво зарем сакаш да бидеш нечија втора виолина?Зарем си дозволуваш да паѓаш на срцепарателни стории?Не си ти бре 3 год дете па да те излажат со чоколатце размисли со главчето твое малку.Тој ако не ја сака што прави со неа не 10 месеци ами 10 години,ако навистина не осеќа ништо за неа знаеме сите кое е решението само прашаљето е зошто не го превзема?

    Ех моја млада дамо има една работа што се вика самопочит а ти изгледа твојата ја имаш оставено да залута некаде,твојата мисија е да ја најдеш ама баш под итно!