а што ако тој е во врската за да не ги уништит блиските негови или заради другите а одговорот негов е ВРЕМЕТО КЕ МЕ РАЗДЕЛИТ ОД НЕА А ВО ЖИВОТОВ СУМ УЖИВАЛ САМО СО ТЕБЕ ..... јас ке речам ни 1 ни 10 години должината од врската на мажот никогаш не му значит кога е во прашајње добра женска со полн џеп и нудење на добар секс ... секогаш ќе постоет НЕВЕРСТВА постоеле и ке постоет...
Во врска со љубовниот триаголник јас мислам дека сите се криви а најмногу мажите.Имено, познавам девојка која оди со машко кое е во две години врска, но касно дозна и сега се плетка и таа кај што не и е местото, упорно се обидува да се раздели од него помина низ се и сешто и пак се заедно.Морално девојче фино културно воспитано никогаш не земала туѓа среќа.Кога зборува за него како за некој си Бог од митологијата го величи.Не е дека таа него не му значи докажал на неколку пати ја има оставано девојката дома со 300 изговори само за да се види или да и помогни ако треба нешто на оваа втората.Тој не вели ништо за девојката вели дека имат нерасчистени сметки.И замислете изневерувањето се случува во 7 часот наутро??!!! Иронија нели?Сите си мислиме дека тие кутрите наши ангели си спијат мирно...ооофффф!!! Човек да не почне да копа по оваа наша земјичка.Ако сака некој втора трета ке си најде време наше е да се бориме да сме доволни за него како една, а тој ако си е таков и 5 нема да му е проблем да ги намести и сите да ги излаже дека му се единствени.Така јас ќе речам да си ги опулиме малку очите и да гледаме настрана зошто денес не се знае која ќе ти го укради дечкото.
Прочитав неколку мислења од темава и сватив за што се работи па така да ќе дадам мое мислење. Не ми е јасно како некои девојки се осудуваат да бидат во врска со човек којшто си има девојка или пак недај боже жена?! Разбирам дека ви е убаво да се чуствувате посакувана ама се си има своја граница. Па стајте се на место на девојката. Како би ви било на вас дечкото да ве изневерува? Како би се чуствувале? Или еве не мора вие да сте на тоа место,замислете некоја ваша блиска пријателка,роднина,сестра да ја гледате како пати. Нема да ви биде убаво нели? Епа тогаш зошто го правите тоа? Зошто на друга девојка и го уништувате животот. Што е ваше ќе си дојде. А и крај краева каков е тој човек што е во врска со една а и дава надеж на друга? Ако го направил тоа на сегашната девојка ќе ви го направи и вас, не се залажувајте дека нема
Оти мислам дека ова е веќе видено.И сега ако тебе те повредувале ај ќе се пикаме кај шо не ни е местото. Јас и незнам каков совет бараш.Нема никакво оправдување да одиш со некој кој има врска од 10 години. Фино лепо ќе си се излади со тебе и на крај пак ќе остане со девојка му.Извини ама скоро секогаш е така. Не прави да е уште потешко и за тебе и за кутрата му девојка. Бегај со време и во иднина бирај си некој кој е слободен. Секој може да згреши но финтата е да сме свесни дека грешиме и се обидеме да се поправиме
Една другарка ми даде еден навистина супер совет кој нема да го заборавам. Ми рече да избегнувам колку што можам да бидам со некој кој има(л) долга или сериозна врска затоа што тие работи се како бумеранг, тој секогаш ќе и се враќа (посебно ако се тазе раскинати). Таа имаше 3 посериозни врски од по 2-2,5 години и секогаш коа ќе им заѕвонеше, тие трчаа по неа. Најверојатно тоа е затоа што тој доживеал со типката многу повеќе од затресканост и да не ја сака, после толку време, ќе има нешто кое ќе го навраќа кај неа.
Уф бе девојченцааа и вие не знаете што саката. Како можете да се мешате во врска? Не велам дека и машките не се криви но кога тој има долга врска знај ти си му само разонода. Како можеш да живееш со помислата дека си со втора? Со тебе е само за секс а со другата ги поминува сите убави моменти излегувања, празници. И како можете да верувате на зборовите “ ќе ја оставам само ми треба време „ тој ако те сака не му му треба време за да ја остави. А и да ја остави зар така лесно завршува долгогодишна врска ? Не! Затоа гради си своја среќа, но не на туѓа несреќа.
Верувај дека и да ја остави девојката ти никогаш нема да имаш убава врска со него или пак јас така мислам. Јас имам дечко со кого сум во врска две години тој предходно имал врска од три години и верувале или не јас премногу сум љубоморна на неа дури и понекогаш ја чувствувам како опсесија. Секако со дечко ми имаме прекрасна врска и до сега не сум видела ни чула нешто што не е во ред или дека има контакт со неа но сепак мене никогаш не му е сеедно, а исто така мислам и дека и нему не му е сеедно. Така да и да бидеш со него никогаш нема да можеш да заборавиш и едноставно да се опуштиш и да знаеш дека со сигурност не мисли на бившата во твојот случај со која бил десет години. А и исто така јас не сум причината поради која ја оставил девојката а сепак се чувствувам така како што се чувствувам а во твојот случај ти си причината. Добро размисли дали го имаш тоа право на некој начин да им ја уништиш врската и колку ќе бидеш среќна со него
Да си речам welcome to the club И мојот има 7,8 год.врска но камо среќа да сакаше да искача со мене,тој сеуште е лудо заљубен и по толку години во неаааааа А јас никако да го заборавам
Никој не може да ги разбере девојкиве подобро од некој што го доживеал тоа.Истото ми се случи и на мене се гледав со дечко што има сега веќе 6 годишна врска 2 години.Од некоја страна го сакав ептен а веќе во другиот момент не чувствував скоро ништо за него,скоро 2 години ми збореше дека ке се скара и тие работи ама за жал тоа никогаш не се деси само празни ветувања.Секогаш кога ке му речев дека јас неможам да го издржам ова тој на овоа ми возвраќаше ко демек почекај уште малце бла бла моментално немам некоја причина за да се скарам и незнам таму уште што и јас си чекав си чекав си го упропастив најубавиот период од животот чекајќи некој се до пред некое време додека не си ги отворив очите.Јас сум сигурна дека тој ме сака ама нешто внатре во него не дозволува да се скара пошто кога и да му речев нешто во врска со девојка му секогаш ме слушаше(ко на пр,не излегувај со нејзе и ред др работи)а и + тоа ми се има расплакано,со девојка му гледааа многу ретко.Сега веќе му кажав дека несакам ништо со него тој неможе да се помири со тоа и ме бара постојано сеуште сме во контакт се слушаме ама повеќе нема да бидам со него никогаш.Уште ми зборува ко демек ке се скарам и тие работи само дај ми уште малку време ама не верувам повеќе во него и ако некогаш се скара кога тогаш пак ке и се врати.Само знам дека никогаш повеќе нема да бидам со некој што е во врска пошто поболно нешто од тоа нема,кој го доживеал тоа знае.
Независно од фактот што ако машкото несака да биде со некоја освен со девојка му, нема да биде, неможам да сфатам и да ги разберам таквите девојки кои СЕ ОСУДУДВААТ да се мешаат онаму каде што не им е место. Не ми е јасно, каде им е совеста на таквите девојки? Самиот факт што дечкото има долга врска, ми дава до знаење дека едноставно НЕМА ШТО ДА БАРАМ ТАМУ. Никогаш ли зарем не сте се ставиле во кожата на девојчето што можеби животот си го посветила на тој дечко, цела надеж и е во него, а вие со авантура пробувате сето тоа да го уништите. Немојте да ми одговарате со приказните дека ако тој несака, нема ни да погледне во таа некоја втора. Прашањето ми е до сите "такви" кои воопшто се осмелуваат да пристапат и да уништат нечиј живот. Зарем никогаш не сте се ставиле во ситуација вам некој да ви направи такво нешто, да пробува да ви го заведува љубениот за кој се би дале, па како што читам и одговори од некои од вас, ....тој имаше долга врска, ама јас упорно се гледав со него.... Срамота е и испод чест треба да ви биде. Некој трудел и вложувал во таа врска а вие се обидувате тоа да го уништите....нека ви служи на чест. Поздрав голем.
Мене па ми се лабилни таквите личности што сакаат да превземат нешто што не им припаѓа. на нив изглеа цената и вредноста им е до толку сведена само за еден кој нема да ги погледне, а и да ги погледне би било за една вечер и после ке си се вратат таму кај што припаѓаат во искрените прегратки а вие таквите ке си останете со празни раце. Реално незнам кој карактер треба да го имате за да посакувате да расипете една врска. Вие не заслужувате ни другарки да имате а не нешто др. И нека не се осмели некоја да се дрзне и каже ’Неможеш да збориш не си осетила на своја кожа’ и да не сум осетила можам и те како да зборам. Све си е до карактер девојки. Или го имаш или го немаш а со ваков извадок од нечија празна лејка деф го немаш . Нејќам ни да помислам дека ве има у голем бр. Ке почнам од луѓе да се оддалечувам .
Самото тоа што има долга врска значи да си стоите подалеку. Има случаеви каде што луѓе во врска се заљубуваат во други, сѐ се случува. Но, таквите прво прекинуваат со старото па почнуваат со новото. Аман самопочит покажете и не си пикајте нос каде што не ви е работа.
И јас сум против ова да се биде со некој што веќе има врска,но исто толку ги окривувам и машките.Да влезеш свесно во ваква врска се знае што можеш да очекуваш.Или ке ти симнува звезди са неба и ке те мота дека ќе и раскине на првата и на крај ништо од тоа ти ќе излезеш повредена, или стварно ќе ја остави и ќе почне нешто со втората.Познавам човек што имаше 5-годишна врска последната година беше тегни-влечи додека раскинат а типот си имал и друга врска (2 години) и така раскина со првата остана со втората се земаа имаат и детенце ги гледам секој втор ден и супер им е .И сега што треба да кажеме за вторава таа му се натурила или ја расипала врската, па не му ставила нож под грло видел нешто со неа што го немал со првата и тоа е тоа.Муабетот ми е дека годините не се мерило и сигурност за ништо,дека не ги оправдувам пак ќе кажам тие што влетуваат во вакви врски воопшто,секоја завршува со различна приказна или некој е повреден или со среќен крај,но не секогаш таа втората е крива.