1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. Slatkaaa

    Slatkaaa Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    И јас значи сум во некоја си чудна ситуација :( Пред неколку месеци излагав со дечко кој има 2 годишна врска, излагавме 6 месеци, ама се гледавме по 2,3 пати месечно најмногу. Почетокот се противев и не сакав да излагам, ама на крај некако ме намоли и излегов (Иначе дечково ми бил симпатичен и порано), и од тогаш се повеќе и повеќе сакав да се гледам со него. Е сеа летово бидејќи му беше тука женската, па очигледно немаше потреба од мене, па воопшто не излеговме, а кога ќе ме видеше во град идеше да се поздрави и се тоа, ама јас си велев дека појќе нема да излагам со него и дури скроз заборавив на него. Е сеа проблем е што после толку време, пред неколку дена ми ѕвонел ама јас не сум видела, и после ми пиша:- зошто не се јавуваш, ме заборави, ама тогаш бев нешто нервозна и му вратив во стилот:- зошто тебе да ти се јавувам? така уште малце се контравме, и на крај му реков дека мене ми е сеедно за тебе(иако не е така). После тоа ништо не врати.. а мене ми е многу тешко и почнав да мислам цело време на него :( Значи не очекувам ништо од дечкото, не сум од оние типови кои се надеваат секој момент дека ќе раскине со девојката, за да биде со неа, свесна сум дека тоа е тешко да успее :// единствено сакам да излагам со него па макар и еднаш месечно, убаво се чувствувам со него и исполнето, а најлошо е што ризикувам и ќе се заљубам ако продолжам вака. Сватете ме, чудно се осеќам, мислам ќе полудам... Знам дека е кретен и дека не треба ама секогаш чувствата се посилни од разумот. Е сеа сакав да му пишам нешто, да се смириме(иако не заслужуува) ама глупо ќе ми биде ако не врати и безпотреба се понижам само, а и не знам што да му пишам и како да почнам. Хелппп.. кажете ми некој совет ве молам , што како да правам
     
  2. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Да се тргнеш со време на страна за да не излезеш вишок... Него шармот брзо-брзо ќе му помине а тебе ќе ти остане изгубеното време со некој што бил во врска. Ќе се чувстуваш искористено (макар што веќе и треба да се чувствуваш така земајќи го во предвид горе болдираното), мизерно, изиграно. Кога си веќе свесна дека има девојка, зошто си дозволуваш да бидеш таа со која тој ќе ја изневерува нејзе? Ти си уствари втора, знаеш? Не ти смета? :^) Типот само си бара забава, и од сите будали ти се најде прва за да му ја понудиш... Немој да се понижуваш, ваљда доволно си зрела за да најдеш некој што ќе биде со тебе и само со тебе. Си правиш лошо себе, на девојка му, а на идиотот му даваш право да се чувствува како „мажиште“ затоа што вртка две :^) |( Ако имш барем малку почит спрема себе, малку достоинство и памет нема да дозволиш да бидеш во ваква ситуација. Бегај дури ти е време, ако заглавиш тешко тебе ќе биде...
    П.С. Дај те молам објасни ми, како се накани да излезеш со него ако знаеше дека е во врска и тоа долга, и како успеа да те шармира некој што знаеш дека има друга??? :^)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите мислења и донесов ваков заклучок. Сите или барем сите, сме се нашле ако не повеќе барем еднаш во ваква ситуација. Лесно е да осудуваш некого, ама тешко е сам на себе да си дадеш совет што во таква ситуација. Осудување од типот, ти си таа што ќе растуриш врска или брак не го признавам.
    Тој и само тој е виновникот, што не знае што сака. Ништо не можеш да растуриш ако е градено на цврсти темели. Честопти сум видела ситуации машко да прекине и да биде со онаа „Втората“ па дури и со третата.
    Сите имаме минато, сегашност и иднина. Од тип на мажи кои што ви ветуваат подолг период дека ќе прекинат, бегајте. Тие само сакаат да седат на две столчиња ако не и на повеќе. Оној што тера и со двете, а не ветува ништо е неодлучен, а повеќето се такви за на крај таа долга врска заврши со брак и развод. Има полно случаи оделе по 10 години, се земале и се развеле за 2-3 месеци. Во оние вторите девојки, постои надеж дека ќе раскине и затоа остануваат во таква врска (заљубени до уши), па макар и да страдаат. Се задоволуваат со неколку видувања и надеж дека тој ќе биде нивни. Многу е тешко да раководиш со разумот кога емоциите се пресилни. Може сега ќе ме нападнете дека сум безчуствителна, ама размислете добро, како би било кога би се нашле во ваква ситуација. На крајот зафатените мажи не се забрането овошје. Јаболкото било забрането во рајот па Ева сепак каснала од него.
    Едит:
    Самопочитување, достоинство, во одредени ситуации сите газиме по себе, било да е во врска, брак, на работно место или општо било каде.
     
    На Maca***, sj *O*, Princess.A и 7 други им се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Ах да има магично стапче па да може тој проблем одма да се реши, арно ќе беше.
    Ти девојко си заљубена во погрешен човек и во погрешно време.
    Знам дека ќе боли ова што ќе го кажам но тоа е вистина.
    Тој има девојка, која можеби и ќе ја замени со друга, но таа друга нема да бидеш ти. Тргни си се на страна и дистанцирај се повеќе колку можеш, зошто ќе ти помине животот во повремени средби со него. Ќе те боли, ќе ти биде ужасно тешко, можеби и нема да го заборавиш и тешко ќе го поднесеш тоа, но сепак подобро сега отколку за година, можеби две и сл.
    Барем имаш наша подршка :)
     
    На Hipica, lovemme и Daleron им се допаѓа ова.
  5. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Се надевам дека ова што ќе ти го кажам е за твое добро, и да не ми се налутиш. Обично знам да бидам ептен директен. што некој луѓе им смета тоа што го кажувам.

    Ти немаш ни 2% кликер во тебе. Незнам дали тоа некој ти го кажал, но еве јас ти кажувам. Не те напаѓам. Нели гледаш самата дека ти веке си понижена, или несакаш да признаеш? Чим женската му била тука тебе те откачил. После тоа те барал не си му се јавила, и одма он си го крева егото и носот. Ако не му иде врската, зошто не раскине? Но не, боље е со две да се мафта нели? Две дунди, е подобро од една. Ти гарантирам дека, ќе паднеш ниско, ок веке си падната ниско, да ти побара секс, ќе му дадеш. Пошто, ти некако си опседната со него. Сериозно, најди си некој што само ТЕБЕ ќе те гледа, и ќе те исплонува само ТЕБЕ. Позз, не се лути.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Slatkaaa

    Slatkaaa Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Фала ви за советите, знам дека сте во право потполно, значи до точка, и не се љутам пошто гледам дека сте реални, но изгледа само јас не можам да ги разберам работиве како што треба, као заслепена да сум :( . Дури уште кога излагавме, некогаш ми покажување слики од девојка му како била убаво сликана и незнам уште што, без да размисли дека ќе ме повреди. Па така јас со цел да го провоцирам му кажував за некои машки како ми пишуваат, сакаат нешто со мене, и тој едноставно ладен дури ми велеше:- па ако, излези со него, го знам типот, многу добро дете.... -_- (а иначе има едно дете што ми пишува и стварно е многу добар а и планира нешто посериозно, не како другиов само на мување, ама некако мислам дека не е тоа тоа, нема да ме исполни) Но, во врска со овој што се мував, секогаш на тоа гледав како некоја авантура и не ми сметаше тоа што сум втора бидејќи друго е сингл, па ете сега и на факултет, така да повеќе ми одговара вака без обврска. Ама со тек на време, како што излагав со него, кога се враќав дома празно се осеќав, чудно, сакав уште да сум со него, како да не ми беше доволно... тоа... :'(
     
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Еве излези со тоа другото дете. Никад нема да знаеш дали ќе те исплони. Многу пати сме се излажале самите себеси за нешто што сме мислеле, дека нема да не исполни, нема да го направиме тоа, и сме го сториле спротивното. Нели гледаш, дека се измачуваш? На типчево, ништо не му значиш.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам. Еве јас лично не сум се нашла никогаш во таква ситуација и нема да се најдам, гарантирам. И не знам за какви совети всушност збориш? Зарем совет е потребен во таа ситуација? Се знае дека ако некој е во врска или во брак е ЗАБРАНЕТ и толку. Ни муабет не сакам со него кога гледам дека ме гледа со други очи. Нека е тој и кретен и сељак и најголемата кривица нека ја носи тој, ама јас не сакам да имам ништо со тоа, зашто за танго се потребни двајца. Не може само дечкото да е крив, ниту пак само втората девојката да е крива. Штом е со него, а знае дека има девојка, не е баш така наивна и добра, и секако дека и таа придонесла за тоа.

    А и многу често има девојки што одат со намера да растурат врска или брак. Не се сите баш така наивни како што ти ги опиша. Девојка што знае дека дечкото има врска за мене секогаш ќе биде девојка која сака да ја растури таа врска или брак и не можам да го променам тоа мислење. Се' започнува со едно гледање, ама ние девојките ретко се задоволуваме со тоа, па после ќе почнат планови за тоа како да го тргнам од девојката (сме имале и тука на форумов такви прашања) и сето тоа е баш заради тоа што разумот не преовладува, туку емоциите. Ќе почне да се заљубува толку многу што ќе и' биде гајле веќе колку ниско ќе падне.

    Можеби врската им е на стаклени нозе, може и онака и без втората девојка би раскинале, можеби навистина не се сакаат, можеби врската им е катастрофа ама тоа си е нивна работа, зошто јас да бидам поводот за прекин? Зошто со мене да се вадат? Зошто јас да бидам таа без достоинство и таа третата? Нека си расчистат, па после може да пробаме.

    И, љубовта не доаѓа од едно гледање, туку-така. Треба да започнеш нешто со некој, па за да се заљубиш. Зошто воопшто започнуваат нешто со некој, кога знаат дека тој има врска? Па после ќе биде муабетот се заљубив, епа ако си прецртала уште од старт и ако си имала малку самопочит немало ни да почнеш нешто со него, а со тоа автоматски немало ни да се заљубиш. Просто е. Само доволно е да имаат девојкиве малку самопочит.

    Само се лажат многу ако мислат дека тој на крајот ќе биде со нив и само со нив. Многу се лажат. Тој дури и да ја остави девојката, дури и да биде со втората (што нема шанси, али ај да претпоставиме), пак на крај ќе најде некоја трета со која ќе го прави истото. Тие не се менуваат.

    Зборам од аспект на втората девојка и како јас гледам на тоа. Инаку утре да се најдам од другата страна, односно јас да бидам таа изневерената, секако дека кривицата ќе ја барам само и само во дечко ми, зашто јас од него очекувам почит и верност, а не од некоја што не ме ни знае и којзнае што ми мисли.
     
    На Belgin1, Princess.A, mamma-mia и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: :clap:

    Е ова е размислување на една паметна и зрела девојка со принципи, карактер и морал пред било што друго. Браво! Нешто слично и јас ќе напишев ама ме мрзеше да филозофирам, сувишно ми беше. (Оние што не се доволно јак карактер, се вадат на емоциите. А емоциите баш како што кажа, не се раѓаат туку така. Барем кај стабилните личности што не летаат одма во облаци. Знам јас колку време ми требаше за вистински да верувам и да се вљубам без резерва, иако немав причина за спротивно. :D ) Битно сега и онака се што сакав да кажам е кажано. :) Поздрав до тебе, сестро по размислување. :wasntme: :*
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Дијалог меѓу мене и другарка:
    Другарка ми: Вчера излегов си Петко, многу убаво си поминавме, баш ми се свиѓа дечкото!
    Јас: Чекај, Петко Петковки? Нели бе тој е во врска, нели иде со една другарка на Трајанка?
    Другарка ми: Уууууу па што има везе, не е во брак со неа!
    Јас: ....
    И така, пошто Петко е фин дечко, а другарка ми неодолива секси лепотица по која машките паѓаат во несвест (според неа :wasntme: ) романсата заврши со солзи (како инаку) и чекање покрај телефонот-излегле неколку пати, Петко почнал да напиња за секс, оваа не сакала да му даде и Петко решил да си бара друга швалерка. Да биде работата уште по трагикомична, другарка ми беше цела запрерастена како тоа не раскинал за да биде со неа кога девојка му била ниска, дебела, грда, не носела штикли... ко да не и влагаше во глава дека Петко бил заинтересиран само да ја изе*е и за ништо друго.

    Кога дечкото ќе ја изневери девојката крив е тој, само тој и никој друг! Тој е тој кој и се јавувал на другата девојка, тој е тој кој ја водел во град, тој е тој ја љубел, тој е тој кој ја е*л! И да не го направил тој првиот чекор, како што многу после се вадат, тој е тој кој изневерил. Со тоа кажано, не само што не ги жалам и оправдувам девојките кои свесно и намерно се гледаат со зафатен дечко, туку сметам дека се курви (опростете ми на изразот). Гнасни ми се, одвратни ми се, не ги сакам во моја близина!

    Има случаи каде станува збор за врска која веќе одамна е пукната, скроз не ја бидува и прашање е само кој прв ќе си најде некој друг, дали дечкото или девојката. Во овие случаи некако ај и оправдувам гледање со (делимично) зафатен дечко ама под услов после 3 то или 4 гледање навистина да и раскине на девојката. Гледаш дека почнува да прави филмови, ти збори дека не знае како да и каже дека е готово, дека чека погоден момент, дека кучето и е болно и не сака да и прави дополнително стресови - кажи му чао, тој нема намера да раскине со неа!

    А тебе мила Slatkaa не знам како не те боли душата да се симнеш толку ниско, толку да се понизиш самата себе. Опамети се под итно и немој да си му кренала нареден пат кога ќе ти врти, не си го губи времето со таков лузер и биди среќна што не се дознало за вас зошто ти отиде репутацијата, верувај никој не ги сака во друштво оние кои превземаат дечковци!
     
    На Daydream и Lovely93 им се допаѓа ова.
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    И да е со некого кој е во брак утре истата ќе си најде оправдување од типот „е добро де, ако е женет не е умрен“ или „абе на хартија е со неа дее, не ја сака неа мене ме сака, не се ни интимни повеќе“. Извини девојко, ти им светиш над спалната навечер или веруваш на тоа што ти го кажал човекот што е во состојба да изневери? Свашта има, свашта. :puke:
     
    На Nausicaa и tessie им се допаѓа ова.
  12. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. Среќа врз несреќа не се гради. А оние што растуриле врска, кога тогаш истото ќе им се врати ;)
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: :clap: Колку сте морални сите во виртуелниот свет.
    Можеби јас сум премногу скептична, ама не продавајте морализам барем не за сега, не знаете што ве чека во животот. Јас не давав совети како што спомна некој феминка, туку го искажав моето мислење од некое си искуство лично мое или нечие друго.
    Ту бре сите светици.
    Наушица во повеќето делови од твојот пост се сложувам.
    Е јбга што не сум толку писмена да им објаснам на феминкиве што сакам да кажам.
    Простачки речник бе! Ама директен.
    Не знам бе мазно да кажам па шо сеа ај на бесилка директно.
     
    На sj *O*, okcenzi, fighter и 4 други им се допаѓа ова.
  14. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Во контекст на темава, еве што ќе кажам. Јас имав дечко 8 години. Последниот месец-два беше чуден, се каравме без потреба, почна активно да го користи фејсбукот ( пред тоа се уклучуваше еднаш на два дена), некои чудни статуси објавуваше, повеќе излегуваше со другар му отколку со мене, значи се однесуваше како сосема друг човек. Дојде ден за разговорот кој неизбежно требаше да се направи, зошто бевме во пеколна ситуација, во која нормално јас бев повредена. Сакаше да раскиниме, да размислел што сака, што чувствува и раскинавме. По неколку дена во јавност с епојави со друга. Ете таа заостанува зад мене, и физички и во многу други погледи, маа не е тоа битно. Значи ја одбра неа место мене. И тоа не може да се случи во 3 дена откако раскинавме, значи траело претходно. И што ми е поентава на муабетот? Мене ми е мило што ми ги отвои очите, оти тој во моиве мисли беше скоро совршен, и видов со каков имам работа. Сега им цветаат рози, ама тој може да смени се, само карактерот не. И сите други што сакате да се впуштите како трета особа во некоја врска, без разлика дали тој ќе ја остави девојката или не, размислете прво со каков човек имате работа. Штом излажал еднаш, ќе излаже оак. А што ако по некое време сфати дека "излетот" е готов и му недостасува девојка му бивша на пример?Или почне да с егледа со некоја сосем трета?Оти сум била сведок и на таква ситуација. Памет во глава и не дозволувајте машките да ви ја туркаат почитта за себе која сте ја граделе целиот свој живот. Толку сакав да кажам. :)
     
    На Taccka, senza.parole, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Уште ова да кажам и не пишувам повеќе. Велите:Среќа врз несреќа не се гради. А оние што растуриле врска, кога тогаш истото ќе им се врати За жал така се тешите.
    Абе МАЖИТЕ се виновни и никој друг. Убаво си даде пример феминката погоре, од лично искуство.
     
    На sj *O*, okcenzi, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Мажите се криви, но богами и жените се итекако криви. Има ситуации кога третата личност не знае дека е трета така? Па ке дојде ден кога ќе дознае. И наместо да се тргне на страна, уште се бори за мочкото кој што мисли дека е фраер што “врти“ женски. Има многу верзии од оваа приказна и секоја приказна е сама за себе. Си знае само тој што ваква приказна си доживеал на своја кожа.....
     
    На Tatjana95 и Hipica им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Без да осудувам некого, само ова ќе го кажам - како што во животот има добри и лоши денови, така и во секоја врска или брак. Не може секогаш да цветаат рози. И баш во тој момент, доволно е некој да покаже малку слабост за сé да се сруши.
    А за тоа дека мажот и само мажот е виновен, пак нема да се согласам. Во темава зборуваме за втора девојка на дечкото, ама што ако се случи обратната ситуација? Девојката да има втор дечко. И тогаш дечкото ќе биде виновен?
    Двонасочна улица е тоа. Вината не може само на еден да се припише.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Во право си МАЖИТЕ се виновни затоа што од нив се очекува почит и верност во врската или во бракот а не од некоја девојка што упаднала меѓу нив.Тој треба да го вреднува тоа што го има покрај себе и трудот што го вложила неговата партнерка во текот на заедничките денови или години поминати заедно за врската или бракот да успее!!
    Тоа дека вторите девојки се тешат он неа не ја сака,ама врската не им е ко што треба и ред ствари тие измислици мажите им ги кажуваат нив во смисла не ми е убаво со неа.Ако нешто не му се допаѓа во врската нека раскине а не да изневерува и двете ги прави будали а тој излегува фраер со набилдано его пред другарите двете ги маткам !
    Во ваква ситуација двете се понижени дури првата треба да биде понавредена отколку втората затоа што во случајов таа е изневерена а слепо верувала дека била сакана.
    АНАКАРЕНИНА се знае кој е виновен тој што е во врска без разлика дали момче или девојка затоа што измислува изговори за да се најде со втората личност .Колку е глупава ситуацијата ти мислиш дека тој е во теретана или таа нека биде е кај другарка на кафе а всушност си го прави меракот со вториот !Уште поглупа ситуација ја испраќа девојката порано дома потоа си продолжува со другата а ти мислиш ТОЈ си дома или со другарите си продолжува :x ... ако не сакале врска нека си бидат сингл и нека си бидат секоја вечер со различни .
    Реално согледувања и сфаќање на вакви ситуации може да направи некој што доживеал такво неверство ете како феминката што кажа како завршила 8 годишна врска .
    Во ваква ситуација подобро е да се стави крај на врска па да се проба со вториот играч отколку да се изневерува !
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Така е, само на последново ќе додадам. Некоја љубов е засекогаш, некоја е со рок на траење. Ако е со рок на траење, кад тад ќе се распадне, без разлика кој е крив или која е причината. Но без да истече рокот на траење, според мене не може да се случи ни да се вметне втор играч. Ако некого сакаш можеш да помислиш на такво нешто? Одговорот е не, што мислам дека ми ја докажува поентата..... Затоа дури и во такви многу жалосни ситуации (искрено ми е мноогу жал за кого и да слушнам долги врски дека се распаѓаат, врски од кои се очекувало се а одбрале ништо), човек не треба да се јаде себе ниту да се труди да ја пронајде грешката или вината во некого, едноставно така требало да биде..... Невозможно е изневерен човек да не чувствува бес, разочарување, тага и триста пропратни емоции, НО реално кога ќе помине време ќе сфати дека му се случило нешто убаво, затоа што имајќи покрај себе партнер кој може да си дозволи да го направи тоа, што подоцна го направи е полошо за повредениот. Не дај Боже најлошо ако се веќе во брак и имаат дете. Сума сумарум муабетот ми е дека многу ме нажалуваат такви ситуации, но ако се разгледа целата слика..... можеби е и најдоброто што им се случило, да ги отворат очите што порано. Зашто дури и да е врска со рок на траење, ако партнерот не е таков карактер мислам дека не би си дозволил неверство, туку би ја удостоил до толку барем личноста која му давала љубов и сигурност со години да се раздели ферски. Не дека ќе биде помалку болно за оној кој сака, но пред се за да остане човек самиот за себе и секако и за личноста која еден ден ја сакал и го сака и со ништо не заслужила понижување. Е до толку може секој вистински човек да си дозволи, нема изговори. Никој не може да ме убеди дека сите еден ден сме или можеме да оплескаме на тој начин. Или си скроен за подли работи или не си. Волкот го менува влакното, но карактерот никогаш.
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Сам себе утешил работава ... Девојки, мажите се склони на неверства, мажите едноставно функционираат така и тоа нема да се промени. Најбитен фактор кај нив е сексот, па секогаш го бараат таму каде што најмногу им е понуден во најдобра варијанта. Не дека не можат да сакаат, дека една жена не може да е најважна во нивниот живот, ама не очекувајте од нив тотална преданост. Пробуваат онаму каде сакаат, без разлика што веќе имаат наводна врска. И не бидете толку ограничени за ова, не може да има само еден "виновник" ...
    И секогаш оставете простор дека на секоја од вас може да се случи комплицирана ситуација врз која нема да може да имате целосна контрола.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.