1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Што да правиш, мора некој и светица да биде. ;)

    Мора некако да се балансираат работите во општеството, не можеме сите исти да бидеме. Секој ја нема таа привилегија да има карактер, достоинство и самопочит во вистинска смисла на зборот, па ќе си се теши вака по форуми барајќи кривци. Зашто нели, сите други се криви само ние со нашите постапки сме добрите, наивните, прелажаните, измамените...

    Единствена работа за која не можеме да имаме влијание во животот е смртта. Само за тоа му се молам на Бог секој ден, да се здрави и живи сите околу мене, ништо друго не ми треба. Е за тоа можеш да кажеш дека не знаеш што ќе ти се случи во животот и што носи времето. Не дај Боже некоја болест. За се' останато ние одлучуваме со нашите постапки. Извини, ама јас многу добро знам дека утре сигурно нема да бидам нечива швалерка или втора виолина. За тие постапки сами одлучуваме и свесно треба да си ги превземеме последиците.

    Швалерка (или втора девојка во случајов) не се станува со едно случајно сопнување на улица, па да речеш ете се случува, тоа е цел процес.
     
    На Tatjana95, Lovely93, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ... или она „задолжителното“; сите такви се женети за баба Роги на коишто ако им побараш развод те уценуваат со децата, парите, бизнисот, кажување на мама/на учителката/на Спајдермен ... пошо тие мажи се толку специјални, од златно јајце се испилиле, па жени се борат ако ништо друго, макар да ги чуваат и да им ги перат флеките од кармин од швалерките на кошула до крајот на животот. За греотка. :D Колку примери познавам шо откако пукнала тиквата им досаѓале на нивните жени да се смират, на истите тие жени за коишто којзнае што им збореле на швалерките за полесно да се фатат во стапица. :rofl:
     
    На Lovely93, Daleron, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Не сум некоја одмаздољубива, ама тоа што бев сведок на ова што ќе ви го раскажам некако ме прави среќна бидејќи навистина важи она „Се се враќа, се се плаќа“.

    Имам една сега не толку блиска другарка,порано повеќе се дружевме сега ретко ја гледам. Таа имаше долга врска. Откако раскинаа со дечко и некако беше пожелна за авантури и повеќе да се дружи. Па после една забава се смува со еден колега, кој иако имал девојка бесрамно пред другите колешки (кои знаеле дека има девојка) и се удварал. Откако се смувале тој ѝ кажал дека има девојка ама дека скоро и да било готово меѓу нив и дека таа не е битна.Оттогаш се смувале уште неколку пати, ама кога таа видела дека тој е далеку од раскинување таа прекина секаков контакт со него. Тој пак ја бараше и по една случајна средба продолжи да ја убедува да се заедно. Другарка ми за среќа е човек што знае брзо, лесно и многу вешто да извлекува информации од луѓето без да сетат дека се издале. Па тој случајно и кажал дека уствари со девојка му иако одат долго време се уште немале односи и дека таа е девица. Исто така дека другарка ми е позрела и дека повеќе се пронаоѓа да е со неа ама не можи толку лесно да се откажи од долгогодишната врска. После ова другарка ми се потруди никогаш веќе да не го види. Па по одредено време и излегле слики од него со девојка му на летување, на зимување, на викенд па заклучила дека конечно биднало тоа што требало меѓу нив и дека се е во ред. Од тогаш го сретнала повторно колегата, ама тој бил далеку повоздржан и поприбран од претходно.

    Истава другарака по одредено време си фати дечко прилично постар од неа. По кратка врска таа дозна дека тој всушност одел со уште две девојки истовремено. Па откако раскинала му кажала на едната што се случува и таа не и верувала, почнала да плачи да и се заканува, па дечково ѝ се заканувал на другарака ми и ја натерал да ги избриши сите докази дека биле во врска и дека во спротивно ќе ја убие и ѝ кажал дека со третата само се мувал некогаш одамна и сега биле само пријатели, а не бил во врска. Ги избришала сите докази и од тогаш не знае што се случувало до бифшиот кој ја изневерувал. По игра на случајноста по некое време се погодиле на иста маса на некоја собиранка другарка ми со таа третата девојка и третата девојка ѝ кажала на другарка ми дека се немаат одамна видено со него и дека е многу расипан и дека знаела што и се случило со другарка ми и со другата девојка. Втората девојка дури и ја запросил, ама го фатила на дело со некоја друга и раскинале. Другарака ми по неколку месеци ги видела таа третата мувачицата и наводната другарка на нејзиниот бифши заедно и дознала дека се во врска уште откако таа раскинала со типот. Другарка ми е сега во среќна долга врска ама и требаше долго време да се „опорави“ после целата ситуација со женкаров и да стекни доверба во било кое машко. Инаку другарка ми дури одела со женкарот не забележала ништо сомнително, секогаш и се јавувал и кревал на телефон, ставал и слики со неа на профил на фб, излегувале заедно,скоро секој ден се гледале, никогаш не ја излажал за нешто, навидум добра и стабилна врска. Таа дознала кога случајно и излегла слика од втората со дечко ѝ и кога ја аднала на фб видела дека таа е во врска со дечко ѝ. Значи типов немал ни два профили ама сепак добро ги знаел опциите за видливост на фб.

    Така да не се мешајте во туѓи врски и бракови оти не знаете како ќе ви се врати на ваша глава.
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ако немој те сака вистински нема ни да му текне да те изневери или да бара секс на друго место само затоа што мажите ете нели биле склони кон неверства! Тоа ми е типичен наслов на од некое тинејџерско списание, не не се сите мажи склони кон неверства - тоа најверојатно го измислиле жени кои повеќепати биле изневерени. Тогаш ајде да не фаќаме дечковци и да не се мажиме зашто нели цел живот ќе треба да живееме без да имаме доверба во парнетрот ќе не убие психата, ајде да се утешиме дека сите се ѓубриња кои изневеруваат и да си остареме сами без сомнежи и без да бидеме изневерени. А жените се склони кон тоа да бидат светици според истава логика, за нив е најважна љубовта и да бидат приврзани за еден партнер целиот живот. :^)
    Главен виновник е оној кој изневерува, оти таа третата не изневерува туку си прави ќеиф. На неа нема што да и биде гајле за моите чувства и како ќе се осеќам јас, неа можеби знаејќи дека е зафатен уште повеќе ја возбудува да си ја продолжи врската со него. Има секакви случаеви, за мене главен виновник секогаш ќе биде дечко ми затоа што тој е тој со кој сме поминале години заедно и тој е тој што треба прв да ми каже кога нешто ќе почне да чкрипи во врската, а не да ме мами од страна. Тој е тој што треба да биде фер и да пресече. Ама ајде да речеме дека немора сите да бидат фер и дека прво сакаат да пробаат со малку флерт и кратка романса на страна за да видат дали е тоа тоа и дали вреди да си ја расипат врската (ма да ако веќе дошло до ваква ситуација врската е готова) и нормално дека ќе пробаат насекаде, каде успее успее. Кај што налетале на девојка со самопочит и памет во главата нема да им успее, ама секогаш ќе може да налетаат и на некоја лекомислена која ќе летне во облаци дека и се пуштил некој зафатен момак, оди после симни ја од таму со мислите леле којзнае колку сум појака од девојка му, леле штом ми се пуштаат дури и зафатени момци топ сум, и тогаш им е предизвик да го разделат од девојка му мислејќи дека ќе и наштетат многу, а само ќе ја спасат.
    Пак ќе кажам главниот виновник е тој, ама за да може да изневери мора да има и со кого. Тука не се важат оние кои веќе се изгореле, а немале поим дека дечкото е зафатен, ама оние кои од почеток знаат и се впуштаат во такво нешто можам само да кажам дека ги жалам ништо повеќе. Жално е за нив самите колку ниско паѓаат, колку се понижуваат и колку уживаат да бдат втори виолини, втора опција, жално дека може да патат и многу повеќе одколку девојката на фраерот.
    Никогаш неможеш да знаеш што ќе ти се случи во животот ама дека имаме милион опции како да изреагираме во одредени ситуации имаме и никој неможе да ве присили и да ви стави нож под грло за да се впуштите во таква ситуација. Треба само да имате малце памет во главата и да кажете стоп малце, што правам?! Ако со вакво мислење сме светици тогаш треба да се гордееме со тоа, ахх колку било лесно за да бидеш светица! :hai:
     
    На danichap, simoncelicius, Lovely93 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Мимс се фино кажано од твоја страна. Ама, не зборам на памет туку од примери куп, што ги знам и се случуваат секојдневно. Не гледам строго на тоа како функционираат односите меѓу мажите и жените. Значи секогаш согледувам дека можна е секоја опција, секому да му се случи. Дека комплицирани врски имало, има и ќе има. Секој знае што треба, а и знае што ќе прави ( негов избор, негови последици). Секој со својот принцип и категоричен став.
    А за светици молим те, знаеме дали ги има или не. И да, се додека ние жените меѓу себе ќе се моралишеме ... моментално доста комплицирани врски во тројка или 4ка функционираат тука.
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не сум била ничија втора, но сум била изневерена и и благодарам на девојката.
    Отворен пазар, секој си гледа за себе, млади, полни со страст, енергија и надежи, нека пробаат да допрат до тоа што го сакаат. На некои ќе им успее па има стории каде среќно си живееа, и изневерувачите, и изневерениот. Тоа требало да се случи за да многу работи станат јасни. Таа сака, партнерот ваш сака, нека им е со среќа. Не гледам на ова многу страшно, само отварајте очи и џабе филозофии и етикети. Може си се сродни души и вие сте вишокот
    уствари :D
     
    На okcenzi, tessie, HoneyBun и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Како што вие имате примери еден куп околу вас за изневерени жени и куп мажи кои се изневерувачи и измамници така и јас околу мене имам многу примери на врски и љубови кои се прекрасни и полни со љубов, сложни и среќни, без изневерувања. Значи и јас незборам на памет, неможе вие мажите сите да ги ставите на куп и да кажете дека сите до еден се изнаверувачи и дека мора да те изневерат некогаш. Може ама и немора да значи, секогаш ќе постојат тие 10% кои никогаш не изневериле. Да се каже за жените така дека сите биле неверни и дека нема жена која не изневерила одма на клада ќе го ставите, ама се додека се збори за мажите го оправдувате тоа затоа што некогаш во животот сте налетале на таков.
    Многу се и тие кои живеат во заблуда на среќна врска слепо верувајќи дека партнерот никогаш не ги изневерил, а тој зад грб им прави свашта, ама секогаш вистината излегува на површина и ќе пукне кога тогаш.
    Треба да се ужива додека трае, а не сеа во текот на цела врска јас да се притресувам случајно да не ме извара некогаш во животот. Нека, значи не бил тој, подобро и што го направил тоа нели?
    Ситуации еден куп и можност да се најдеш во таква некоја комплицирана ситуација е голема ама пак е твое да си одлучиш дали сакаш да се понижиш и погазиш себе си како личност и се впуштиш во врска каде што од старт си втора и се задоволуваш да бидеш нечија швалерка или да пресечеш и да си речеш јас заслужувам подобро, никој нема да си игра со мене и да ме нарекува втора опција.

    За светици може да отвориме друга тема и да дискутираме таму, зависи што подразбирате под тоа. Затоа пишав дека денес да кажеш било што и да е исправно одма „светица„ ќе те направат.
     
    На Tatjana95, Lovely93, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ја читав темата од почеток до крај. Секому може да се случи да му се допадне некој кој веќе си е во врска и тоа да ти се допадне некој таков не е погрешно се додека е во граница на нормала. Ако умот се стави на прво место пред чуствата тогаш нема да си дозволите да се заљубите. Сите околу себе имаме примери на врски каде што дечкото оди со други или девојката исто така има и примери на прекрасни врски. Дека секое машко ќе изневери тоа не е вистина, немора да значи. Но самиот наслов дава одговор на секое прашање во контекс со темата. Тој веќе си има девојка која за него е прва. Значи може моментално врската им е во некоја криза, скарани или сака да проба нешто ново дечкото нели машко е сеедно важно е другата страна значи втората девојка да не го прифати тоа. Дечкото да ја сакал втората ќе раскинел со првата ама работата е тука дај шта даш додека оде. Има машки кои покрај паметни и убави девојки сака повремено по долгата врска чисто за да ја освежи да се види неколку пати со друга. Е ако таа втора знае за неговата девојка и дозволува да биде втора колку е виновен тој, толку и таа. грешка е тоа што повеќето девојки кога ќе видат машко кое на почеток е фин, културен, нежен и знае како да третира девојка се залетуваат по него сеедно оти имал девојка. Без да сфатат дека ќе му бидат само забава. Колку може да трае таа забава? 2 недели или месец сеедно кога ќе почне да се дознава дечкото ќе ја шутне втората и ќе си остане со првата оти таа му е девојка нели со нејзе си е во врска. Муабетот е ако треба да бира помеѓу првата и втората ќе ја одбере првата оти сепак е прва нели, подолга врска и имале се заедно и да не ја сака доволно сепак таа е прва. за ваквите такозвани врски нема иднина. Ќе му биде забава која ќе му го пополнува слободното време и кога ќе му здосади ќе ја шутне. А типична македонска работа е тоа што кога првата ќе дознае за втората ја гони па кубење коси летаат пердуви на сите страни демек само таа е виновна, а уште полошо во повеќето случаи продолжуваат со истата таа врска некогаш не ама некогаш и завршува со брак и на крај со развод. Јас да имам долга врска и да ме изневери дечкото немам никаква намера да се гонам, тепам, карам, кубам наоколу да правам претстави можам само да и кажам едно големо ФАЛА на девојката зошто ми ги отворила очите. Подобро во врска да сфатам каков е отколку во брак.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Aман, светици и не-светици, мајки и не-мајки, снаи во и вон семејна заедница на сопругот. До кога ќе се категоризираме и со цинизам ќе гледаме кон поинаквите од нас? Не сте размислиле дека некој може да НЕ изневерува, меѓу другото и од себични причини, како што се на пример: 1) има луѓе со повисок праг на издржливост пред вакви ситуации од другите, па полесно им е во моментот да се воздржат, дури и да поплачат ден-два-месец за да им биде мирна главата од проблеми долго време, 2) некој едноставно се чувствува исполнето единствено доколку се` што му треба бара на едно место и во друг случај би се чувствувал ниско и грдо во сопствената кожа, а не сака на таков начин да се гледа себеси. Некој не сака да оди во четири дуќани за да се подмири за дома, некој едноставно сака се` на едно место да си најде или да го смени дуќанот и да не се замара.

    Не оти тргнаа низ светот да проповедаат и да се прават безгрешни (такви не постојат) , едноставно секој си знае што му одговара и што му стои повисоко на листата на приоритети. Постојат мажи коишто не изневеруваат, тоа го знам, постојат и жени коишто изневеруваат и ова го знам. Ама се` додека вака виртуелно се фаќаме за коси и се докажуваме едни на други, ќе им бидеме далеку помалку значајни во нивните животи одошто заслужуваме.
     
    На macovska, Madam-A, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Теси „мори“ па како ќе ги одржуваме темите ако не вака?
    Не е на одмет и вакви дискусии нели!!!! :)
    Само се чудам, ова малолетниве лица како даваат совети?? Мислам дека барем малку треба да се има некое искуство за коментари. Сепак мислам дека си го кажуваат својот став од нивна гледна точка.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Секој сам си ја крои својата судбина, но факт е дека на светов има најразлични луѓе. За неверства од типот за кои разговарате, ако веќе с ебар авиновник се знае кој е виновникот. никогаш не може да се обвини оној/онаа кој/која "ја украл" личноста. Никој не моѓе никого н аништо да натера, ако тој другиот своеволно не сака да направи нешто. Така што, не туку ги обвинувајте девојките кои се дружат со зафатени дечки, ниту пак дечките кои се дружат со зафатени девојки. Секој има право да си ја бара својата среќа. Повеќе треба оној кој се чувствува изневерен да се запраша што довело до тоа. Никогаш не е трета личност причина. Прво се други причините па третата личност може да само да се уфрли. За вакви врски со женети мажи или дечки со долги врски, важи истото. Можно е и едноставно да станува збор за луѓе кои не знаат што сакаат во животот, или се' уште не сфатиле, но ќе сфатат или никогаш нема... Но тие работи мора да ги согледаме и доколку сте во таква врска со таква личност - бегајте од истата. Не ги кривете третите личности, иако и тие можат да бидат подли, но ќе бидат такви, ако им се дозволува.
     
    На veren, julie77 и Daleron им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Кога веќе прогласуваме виновници... а зошто мислите дека тој што е изневерен не си го заслужил?
    Имам и јас пример да се послужам. Добра другарка имаше долга врска, но веќе и стана монотоно веројатно. Го извара дечко и. Немаше план да продолжи да се гледа со новиот, но им се уарни. Не беше ради секс. На почетокот само кафенца си пиеја, па привлечноста и желбата за тоа си дојде накнадно. Ја гледав и можам да кажам дека преубаво и беше со новиот.
    И што направи таа? Немаше храброст да му раскине на дечкото, а сигурна сум дека и беше веќе навика. На овој третиов не му одговараше веќе криењето и почна да им се крши работата. Секако не можеше да иде до недоглед. Прекинаа и сега тек тук ќе се слушнат.
    Не се гледаат повеќе. Не се во контакт. Осеќам дека секогаш ќе го мисли. Може ќе се изгореше ама јас лично ја советував да си проба со новиот.
    И кој е крив тука? Може е она. Но не може неа туку-така бе да и привлече друг внимание? Што не ја пазел и мазел првиот? Но не е ни битно. Не гледам јас така на работава. Нештото се распарчило, независно дали од трет или не. Ете не си растури врска другаркава и што? Ау браво. Ќе си живеат среќни секогаш заедно.
    Некогаш врски со причина се растураат ради трета личност. И која страна и да биде повредена треба да знае дека секој има право да си го бара најдоброто за себе.
     
    На sj *O*, julie77, HoneyBun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ А јас пак не можам да разберам зашто мислите дека мора да има виновник? И зашто мора доколку тој што изневерил не бил веќе среќен и исполнет во врската, да е обавезно за тоа виновен изневерениот? Зарем не може тоа што повеќе не му било убаво во врската на тој што изневерил (ако тоа е причината), да се случувало само во неговата глава? Има мал милион причини, му здосадило, сфатил дека не е толку среќен како што мислел, дека не си го замислува животот со личноста која е до него, едноставно сфатил некои работи покасно... Или пак се смениле работите, личноста, текот на врската... па затоа се смениле и чувствата. Не мора да има виновник бе луѓе... До кога со тие прости размислувања од типот, не му удоволуваше секогаш жената па затоа избега кај друга? Може да биде причината и недостиг на внимание да, но мислам дека многу поретко отколку погоренаведениве причини. Затоа што некој ако ти е битен, прво ќе ја побараш причината за оддалечувањето, па потоа ќе ти текне (дали ќе ти текне) да изневериш. Сепак ако се прашувам јас, се се решава со разговор. Ако партнерот не соработува, променет е а не сака да разговара за тоа, чао пријатно, толку сум ти битна што ме измачуваш вака. Неверство.... неверството само ги комплицира работите за сите. Но добро, тоа сум само јас и моето размислување, секој со својот памет, желби и потреби.
     
    На hermosa, Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    јас не викам дека мора да има виновник. Баш затоа почнав мислење со: Кога веќе прогласуваме виновници...
    Искрено не сум се нашла во таква ситуација па не знам баш лично да кажам. Но воопшто не ми се допаѓа мислењето дека тој третиот е крив или пак тој што изневерува. Едноставно се случило тоа и тоа е важно, а небитно е кој е виновен. Затоа дадов пример (можеби и несоодветен) каде можеби „жртвата“ е крива. Тоа барање кривец е само за да се усмери гневот, тоа не решава проблем.

    п.с. Се согласувам дека неверството само ги комплицира работите за сите. Јас мислам дека ради тоа не можам да варам :lol: Кој ќе се крие, па да лаже...
     
    На okcenzi и Taccka им се допаѓа ова.
  15. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Друкарка ти си ја растурила врската уште кога го побарала решението во некој трет. Првиот пат кога почнала да си се теши со тој вториот, кога си пиеле кафенце, кога си легнале во кревет како што кажа, таа веќе ја расипала врската.. Никој не вели дека причината што првата врска не функционирала е третиот, ама што личност е таа што решението го бара во „ладење“ со некој друг?! :^) Жити карактерот таков.. |( Имале проблем, и ајдее! Не ќе мисли таа, не ќе се мачи.. абе одма најди си друг и терај. Секако тој првиот будалата ќе ја чека кога ќе се врати... :fubar:

    Ако сакала да биде со друг, требало фино лепо да раскине. Па после нека крши глава кај знае и како знае. Само мора да се чува резерва, така??? Оти може и без дечко да остане, и после за кај сме?!?! :o И уште сега ќе ја жалиме дека ќе мислела цело време на тој другиот |( Таа го изневерува, таа го лаже а ти ја жалиш нејзе оти ќе и останел непреболен.. :o
    Свашта бе.. свашта... :x
     
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Мадам А не верувам дека некоја жена што го пере,пегла,му готви ,воспитува деца и го средува домот заслужува да биде изневерена.Ќе речете страста исчезнала и ред ствари ама има жени кои и те како знаат да се средуваат и да се оддржуваат и откако ќе се породат ,знаат да носат секси долна облека и да ја оддржат страста па пак мажите им трчаат кај друга ! :devil:
    :!: Некој не го цени тоа што го има покрај себе и едноставно љубовта што ја добива од партнерката не му е важна и затоа тој не си го држи Стојко во гаќи.Тој што има втора сигурно има и трета и уште многу други да не речам Стојко му е ратен војник кај стигне во секоја дупка го става :x :@
    Тој што не е среќен во врска или брак нека стави крај и нека си продолжи фино лепо со друга личност барем ќе ја поштеди од понижување првата личност!
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Какви жени знам што се бомба на изглед, прекрасен карактер и одлични сопруги и мајки па биле изневерени од мажот. И обратно, познавам среден, супер на изглед маж, кој си ја чува жената како капка на дланка па оваа му набива рогови.

    До карактерот е на тој што изневерува. Таков е скроен и тоа е тоа. Таквите со сите се такви, не само со жена/девојка, тој и другари мавта, лаже, и колеги на работа, со никого не е искрен.

    А со тоа дека изневерениот е виновен никогаш нема да се сложам. Крај краева, се менуваат работите со текот на животот. Денес изгледам како што изгледам, ама утре кога ќе родам дете може ќе ставам плус 20 кила на мене. И? Маж ми треба да ме изневери? Или ако ме изневери јас ќе бидам виновна? Јас што сум му родила дете и што не спијам цела ноќ и што таа килажа не е по моја вина? Јас ќе бидам виновна што тој не знае да си го држи во гаќи? Не дај Боже се случуваат секакви работи во животот. Болести, нервози, стресови. Може ќе ослабам премногу, може косата ќе ја изгубам итн... Ништо не знаеш. И јас ќе бидам виновна за тоа? Или пак доаѓа до некој стрес во животот, па може нема да се трпам по дома, може ќе бидам во период кога се' ќе ми смета. Јас ќе бидам виновна што тој одма отрчал кај друга да се испразни, наместо да ми помогне мене да излезам од тој лош период?

    Тие што изневеруваат се или слаби карактери или пак се подмукли личности. Никој брак не е совршен, ниту пак некоја врска е совршена. При толку години поминати заедно сигурно ќе се најде некоја криза. Ама затоа се седнува и се разговара. Да сум во брак утре и маж ми да ми рече дека едноставно повеќе не ме сака и дека љубовта завршила меѓу нас, едноставно не е повеќе среќен, јас ќе бидам благодарна што бил искрен со мене и уште повеќе би го почитувала. Би му дала развод и би останале пријатели и би контактирала со него без проблем. Така прават возрасни личности. Не е задолжително да има љубов цел живот. Ете, се случуваат многу работи кои може премногу да не' променат и едноставно љубовта да ја снема. Ама затоа сакам да знам и да ми се каже, а не да ме изневери. Така целосно ќе падне во моите очи и ќе сфатам дека никогаш не бил тоа што јас сум мислела дека е.
     
    На sj *O*, mamma-mia, WarriorAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    темава треба да се вика: тој има долга врска а јас сум очајна :D

    Шала на страна, како помала се заљубив во дечко со долга врска, ама средно бев памет ми леташе и воопшто не размислував на последиците. Дури и она ми беше крива, она беше таа што ми сметаше а тоа беше така зошто нејќев да си признаам на самата себе дека сум глупоќа тешка и дека тој дечко си го правеше најголемиот ќејф на светот.

    Ако треба да има виновник а секогаш има, тогаш тоа сум била ЈАС!
     
    На Daydream, tessie и Daleron им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Arna e temata,samo sto poveketo maski takvoto gi boli za zenska mu ili zena mu,pa gledaat samo nekade da go piknat,oni si se takvi po priroda.Za zal ,taa e vistinata,iako ne e fer no razlicno funkcionirame.Devojkite ili zenite spored mene,koga vletuvaat vo avanturi so zafateni ili zeneti,barem poveke odat od cuvstva a ne za eden seks.Moj zaklucok za neverstvo se potrebni dvajca a izneverenata strana ne e vinovna voopsto,najcesto.Taka da,sekoj moze da si ima pricina zavisno triagolnikot no po moe mislenje kaj mazite neverstvoto e posakuvana rabota,edvaj cekaat nekoja da im padne vo race da ja manipuliraat,znaci opsto zboruvam no poveketo taka razmisluvaat .Retkost se tie maski koi navistina se vlubile vo svojata polovina i so prst druga ne bi pipnale.Resenie gledam samo vo toa sekoj da se preispita kolku e sakan od partnerot i se ke stane jasno,barem otprilika,vo dlabocinata na srceto znaeme koj kolku ne pocituva.A problematicna vrska ili brak,sto pobrzo razdeluvanje tolku podobro!
     
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Тоа дека реков дека некогаш изневерениот е крив, а е парафразирано како да реков дека тој е секогаш крив - не го коментирам повторно. Јасно си е напишано.

    1.
    Секако дека не е до жената во овај случај. НО има секакви случаеви. Има и такви во кои е.

    2.
    Не и е растурена врската, заедно се уште. Расипена да. Но не е растурена.
    И да, јас нормално дека ќе гледам за нејзина среќа. Нема потреба да се правам морален судија. Не е во право што го варала но тоа не е мој проблем. Јас сакам таа да си биде среќна. Што ми е гајле за дечко и, таа ми е другарка мене, не тој. Нека му ја мисли таа него. Ова е мој став за ситуација гледана од страна.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.