Никој не заслужува да биде изневерен. Никој не заслужува да биде толку многу повреден и да му биде унишена целата среќа што ја вложувал во една врска, никој не заслужува надежите да му бидат разрушени само поради тоа што дечкото/девојката немала грам совест и грам мозок за да размисли туку се препуштил/а на своите животински нагони и ниски страсти или си имал/а „оправдување„ од типот на „Не се замара тој/таа воопшто со мене, не ми посветува доволно внимание, ме запостави во последно време, не се грижи за својот изглед, не се труди да ме привлече повеќе, сексот ни стана досаден...„ итн да не набројувам мал милион причини кои самите си ги дале само за да си ја оправдаат постапката која тргнале да ја направат со умисла. Да се задржиме малку на другарка ти иако на неа веќе не и е потребен совет туку чисто можеби ќе послужи на некој кој ја чита темава. И здосадила врската значи, и станало монотоно се зошто тогаш не седнала да разговара со партнерот? Зошто не пробала таа да промени нешто во врската, да направи да им биде поинтересно? Зошто веднаш дигнала раце и се одлучила на најлесниот и најподлиот начин да ја „живне„ врската? Да, тоа е најлесно „Чекај досадно ми е со дечко ми дај да бркнам нешто на страна„... Ако немала намера да прави нешто такво сепак си дозволила, а така оди тоа, од кафе на кафе ќе ти стане интересно и привлиечно. Парадоксот е тоа што бидејќи се работи за таков мал излет надвор од врската затоа возбудата е поголема и емоциите се појаки, ама ако било љубов сигурно ќе си продолжела со него туку знаеш што, дечкото е оној ти е на располагање моментално и знаеш дека ќе биде тука кога ќе заврши твојата мала авантура. Поради грижа на совест почнуваш повеќе внимание да му посветуваш на партнерот и повеќе да му удоволуваш за да не се посомнева, тој ќе ти го возврати тоа зошто нели конечно нешто си преземала за да се подобри врската и тоа е тоа, сфаќаш дека си го сакаш дечкото и прекинуваш со швалерот. Затоа другаркати не си останала со швалерот туку му се вратила на дечкото, не сакала да ја загуби сигурноста со него и видела дека може да биде и подобра врската ако се потруди нели. Само погрешен начин избрала за тоа. „Не може некој туку така да ти привлече внимание„ - се согласувам, љубов на прв поглед најверојатно постои. И најсложни и најполни со љубов бракови може да се распаднат поради тоа, Мерил Стрип и Роберт Де Ниро во „Falling in love„ ни го покажаа тоа . Ама за да дојде до ова нешто мора да фали во врската, нешто мора да не е во ред. Партнерот кога ќе олади спрема вас да речеме дека се држи уште само поради навика или само поради некоја сигурност или страв да не остане сам, се додека не сретне некоја жена/маж кој ќе го измести од колосек и ќе сфати дека тоа е тоа. Бриџет убаво кажа може тој - изневерувачот и таа - третата се оние на кои им е судено да бидат знаено, а не јас и тој и тоа е сосема во ред. Ама зошто да се мами, зошто да се изневерува, зошто да не се игра со отворени карти и да се разговара, проблемите најчесто постојат и пред да се појави таа трета личност во врската/бракот, само што сите ние повеќе сакаме да ги игнорираме и да не се трудиме да поправиме нешто, најлесно е да се откажеме и да го обвиниме другиот. Тоа го направила другарка ти. „Што не ја мазел и пазел дечко и„ - така кажа нели? А што не го мазела и пазела она него? Што треба да прави тој, 24 часа да и удоволула и да и оди по ќеифот случајно да не и текне на госпоѓицата да тргне по друг! Ама такви се најголем процент од жените, ако ја мази и пази по цели денови досаден е, љубоморен е, не ја пушта да диши и да живее, ако не го прави тоа тогаш е идиот, не е заинтересиран за неа, има друга која ја гали и пази итн... Заклучокот е дека ако некоја врска не оди како што треба третата личност е само изговор за неверството. Ама виновен си е тој кој изневерил, а притоа не расчистил сметки со партнерот, затоа што знаете што МОЖЕ И ТАКА, да не се плашат од таа сигурност што ја имаат покрај партнерот на кој на крај секогаш(?) му се враќаат.
Не секој е одлучен.Било каја страна. Вгнезди се таму каде разумот ти кажува , а не срцето па што сака нека биде. Не е така барем според мене.
Искрено и вистинито. И јас сеуште не сум сфатила зошто другиот е крив, а не партнерот и ние самите. Едноставо ако е е некоја подобра од мене и ако повеќе му одговара, зошто тој би се мачел себе за да остане со мене? Или ако јас знам дека некој друг е подобар за мене, зошто би седела со сегашниот?
Мене ова не ми е јасно - како би знаела дека тој некој друг е подобар за тебе од сегашниот? Од едно видување, запознавање? Макар и да го познаваш, додека не се впуштите двајцата во нешто (дали ќе биде врска, афера, вие сами дефинирајте го) не можеш да знаеш. Може него да го познаваш и подобро од себеси, ама нема да знаеш како вие двајца ќе функционирате заедно.
Спојлер Зошто се препознав овде во тоа во споилерот шо е Да не мислеше со тоа малолетните лица на мене случајно или не случајно ?
Јас само ќе ви кажам сите да се смирите малку и да ја ислушате еднаш November Rain-GUNS N' ROSES, мене таа песна совршено ми ја објаснува љубовта и она што се случува во неа.Велат во љубовта и војната се е дозволено.Не можам да кажам кој е крив дали извараниот, оној кој изневерува или оној со кој изневерува, може сите по малку, едноставно некогаш се случува, болно е до бескрај и тажно е, само знам дека се случува оти нешто не штима, не значи дека веќе нема љубов, не значи дека врската мора да заврши, не значи дека не се покајал оној кој згрешил, не значи дека ќе се повтори, може се работи за моментална слабост, може тој што изневерува едноставно има таков карактер, може ете судбина било, да се спојат двајца во погрешно време и некој да остане повреден...како и да е ...Cause nothin' lasts forever And we both know hearts can change And it's hard to hold a candle In the cold November rain We've been through this such a long long time Just tryin' to kill the pain... But lovers always come and lovers always go An no one's really sure who's lettin' go today Walking away...
Ова го сфатив како да се однесува директно на мене и како јас да сум учесник во некоја ваква врска. Јас само си го кажав мислењето, за тоа ако јас го доживеам тоа, нема да ја кривам другата, туку тој што ме изварал. Но, кога би ми кажал дека нашата врска веќе не е тоа што треба да е и дека е заинтересиран за друга и сака да проба со неа, тогаш е слободен и со среќа нека им е. Тогаш ке знам дека проблемот е во мене или во нас, а никако во другата.
Ако нешто не штима меѓу двајца, не е потребен трет за да се стави точка. Ништо лично во темава, сите си пишуваме лични мислења. Само малку не ми беше логично тоа што го напиша, бидејќи не можеш да знаеш како би функционирал со некој во врска, сѐ додека не пробаш. Можеш само да претпоставуваш.
Тоа кажува доволно.. Бидејќи проблемот што го имале можеби можеле некако и да го решат и сето да се заборави, ама може ли да се заборави неверство??? Не баш лесно, така?? Ти гледај за кого сакаш, темата не е за доброто на другарка ти туку за постапките, за моралноста во нив, дали е оправдано, неоправдано... Само ме интересира, ако еден ден дечко ти те остави затоа што другар му го потсилил да замине со друга, како ќе ти биде тебе?? Спојлер Секако, далеку од тоа дека другар му е главниот кривец А ти си се утепувала да ја направиш врската да личи на нешто... Нели, и тој си гледа за среќата на другар му, така? Ама сепак, не е баш симпатично да ти се случи тоа тебе, м?
Понекогаш е потребен токму тој трет, за да сфатиме или прогледаме дека нашето не функционира. Ете може да биде колега од работа и да ни посвети повеќе внимание и да покаже повеќе разбирање од нашиот партнер, да пронајдеме повеќе заеднички работи. До тогаш ние сме мислеле дека со нашиот партнер ни е најдобро, но ете имало и подобро и нема да биде колегата виновен туку нашиот партнер и ние. Кога некој ќе рече бараш премногу, тоа е затоа што неможе да ти пружи доволно. Некои работи се одвиваат спонтано, но тоа не значи дека треба да се работи зад грб и по секоја цена да се остане во таа врска само поради времето. Кога човек е неодлучен, подобро да проба и да одлучи, отколку некему да набива рогови.
Демек ајде ако има трета личност, тогаш значи не штима во врската? А за што на пример не го седнеш дотичниот/дотичната и да разговарате, мислам подобро ќе помине ако има трета личнист. Ако сакаш внимание повеќе, кажи му, ако сакаш нешто друго кажи му. Идете на одмор двајцата сами некаде, разговарајте. Не ајде трета личност, малце ќе му/и набијам рогови али ајде ќе преживее.
Да, понекогаш е потребен тој трет да сватиме дека повеќе не сме среќни и дека самата врска долго време опстојува поради навика а не поради емоции и следствено, да ја прекинеме а не да се протркаламе неколку пати низ чаршави со некој друг, поинтересен! Долгата врска и тоа како знае да западне во монотонија-градот е тој, луѓето околу тебе се тие, обврските се тие, секој ден почнува на личи на претходниот, сексот се повторува, муабетите се ставени на рипит и затоа треба да се слушаат постарите кога велат дека за добра врска мора да се работи и да се вложи труд. Најлесно е да се окриви изневерениот дека тој е крив, не се потрудил доволно, не бил доволно романтичен ама мене тоа ми е исто ко некој сега да ми тврди дека жртва на силување сама си е крива за тоа што и се случило зошто се облекувала провокативно. Имаш проблеми во врската, сметаш дека нешто фали- седни со партнерот и отворено разговарајте, може и тој не е среќен и раскинете еднаш за секогаш. Или пак ќе сватите дека сеуште постои љубов и ќе решите да се обидете да ја спасите врската Решението, ниту оправдувањето никогаш, ама баш никогаш не треба да се бара во третата личност, тоа го прават само кукавици кои во себе немаат ни трошка лојалност. Не ми е јасно како можеш си го гледаш партнерот во очи и да му викаш дека го сакаш кога минатата ноќ си се плескала со некој друг и да го бакнуваш со истата уста со која пред некој саат си му го пушела на другиот... Не ти е убаво? Раскини и барај си ја среќата на друго место, биди шизик на ризик како сите останати, ама немој да му набиваш рогови на дечко ти зошто ја сакаш сигурноста која ти ја пружа. Да беше обратната ситуација и дечкото да беше тој кој ја варал другарката на Мадам-А, сигурна сум дека сега ќе се пееше друга песна. А и што да прави? Станува збор за блиска личност и како да се соочи дека другарка и има мизерен карактер? Подобро ќе биде да се убедува себе си дека дечкото не чини и дека сам си е крив што го има изневерено. Зошто нели, никој не е изневерен без причина - девојките кои се изневерени се лоши во кревет а момците кои се изневерени не се доволно внимателни и не ја тинтраат девојката доволно
Уффф колку си дрска . Заборави да кажеш, и да го милуваш со рацете на лицето каде предгодната вечер си му го дркала на некој друг. Ако веќе почнуваш, заврши.
Луѓе јас искрено можам да разберам кога едноставно човек се заљубил во некој трет и увидел дека личноста со која е со години не е тоа што го бара. И не мора толку да лепите етикити курва била вакава била втората, едноставно се случило што вели Бриџет може таа му е судената а вие сте вишок. Ама не ги разбирам личностите кои се спремни да го лажат партнерот со месеци поради недостакок на храброст или поради удобноста што ја имаат во долгата врска. Сакаш друга? Па човече пушти ја девојка ти да си ја најде среќата некој друг ќе знае да ја сака, биди искрен во име на годините и љубовта што некогаш сте ја делеле. А поради тоа што сте долго заедно не значи дека си одговарате, човек може да биде заблуден и да не види дека другата страна не го чуствува истото, долгите врски често со себе провлекуваат навика место љубов. И таа друга девојка не значи дека е подобра од вас, може не може ни за малото прсте да ви се фати ама ете тој и таа си нашле нешто заедничко што вие двајца сте го немале. И се е тоа ок, се додека дечкото не е кукавица што го влече партнерот за нос.И ве молам какви се тие моменти на слабост кога лошата швалерка се појавила ? Момент на слабост се лагите кажани во очи? Момент на слабост се милувањата за другата? Не,не другата не ви е крива. Може и за неа се моменти за слабост. Колку сте спремни да се залажувате и да го оправдувате партнерот, што просто е смешно. Јас лично не би кривела друга девојка, ако не ме сака доволно и му е потребна трета слободно нека го носи. Не би сакала да бидам во врска со личност која не ме сака доволно или не го исполнувам, знаете љубовта е за двајца. Дали сум била втора? Не и нема да бидам од причина што имам преголемо его и се ценам себе си. Едноставно не можам да се замислам како девојка која се крие. И ако бидам комплетно искрена причината поради која не сум сакала да се вплеткувам во такви работи, не е ради некоја девојка и оти не е исправно туку оти се почитувам себе си. А и сигурна сум дека секоја жена знае кога нешто не штима во врската, само дали се лаже самата себе или се убедува дека е период. Ама знае. И тој изневерувачот и пред да изневери знае дека не е сосема среќен во врската ама поради страв,неизвесност се залажува себе. Светот би бил многу поубаво место кога луѓето би биле искрени спрема сопствените желби и емоции.
Зошто да не си ја бараме среќата ако некоја врска не гуши??? Не ги разбирам оние кои покрај се остануваат во непродуктивна врска.
Малку ги измешавме работите во темава... Значи милион пати констатиравме дека ако двајца луѓе не се среќни во врската, преземаат нешто. Дали ќе сменат некои работи, дали ќе си дадат втора шанса, дали ќе раскинат - не е ни важно. Важно е дека сето тоа се одвива меѓу нив двајца. Ама да бидеш во врска во која имаш доволно љубов, внимание, почит, доверба, среќен си, и да патиш од таа мисла дека можеби некаде те чека поголема среќа, наместо да уживаш во врската, малку ми е апсурдно. Како бе толку едноставно се заљубувате?