Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Заљубувањето не е исто со љубовта, за тоа не треба многу, ама истото нема да се случи со некоја трета доколку има искрена љубов меѓу партнерите.Хемијата или ја има или ја нема, јас уште веднаш знаев за мојот дечко дека тој е тоа по неколку средби( значи кафиња) ама вистинската љубов дојде подоцна откако искусивме и споделивме заедно многу нешта. И ако дискутирам за нешто не значи дека зборам од лично искуство.

    Баш мој роднина прекина долга врска за да биде со колешката. Работата му беше таква што работеа ноќни смени, дежурства .. Тој ми призна дека веќе година бил затрескан во колешката ама се воздржувал. И по првиот бакнеж ја прекинал врската. И се ќе било многу подобро доколку ја прекинел врската на време, додека девојка му чекала да ја побара и планирала иднина со него, тој си фантазирал за друга. :puke: Ете така луѓето лесно се заљубуваат оти со девојката го нема тоа што вистински му треба. И нема ништо лошо тука, било е лепо док је трајало. Лошото е што луѓето не се искрени и трошат нечие време и надежи оти се преголеми кукавици и поради сопствена удобност.
     
    На julie77 и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Тоа е моментална привлечност, која можеби подоцна ќе прерасне во љубов, ама не мора да значи.
    Ни јас не пишувам од лично искуство тука, не си земајте сè при срце, си дискутираме. Само малку ми беше смешно како го кажа тоа едноставно се заљубуваш, како тоа да е што би рекла Daydream сопнување на улица :lol:
    Добро, како и да е, утврдивме и се согласивме за некои работи овде. Да не се повторуваме :)
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека не се случува од прв поглед. :D Ама ете баш за примерот што го спомнав, таа моментална привлечност се продлабочувала како се запознавале бидејки поминувале многу време заедно а без да се случи никаков физички контакт. Јас сум убедена доколку човек е среќен во врската, убав/а дечко/девојка ќе го перцепира само како убав/а дечко/девојка и ништо повеќе.
     
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Изгледа нешто не се разбираме. Јас не ја правдам другарка ми, но не ја ни судам. Сосем различни работи се тоа.
    Најлесно е да се каже дека треба да се расчисти и да се мисли со ладна глава, ама во праксата тоа и не е така лесно. Долга врска од 10 години и не се раскинува така лесно. 10години се соживот луѓе. Половина од меморијата за сопствената личност да ја делиш со некој не е мала работа. Но тоа што чувствата се непредвидливи и можат да се јават и кон друга личност не треба да се заборави.

    - таа не го обвини. Јас го обвинувам (ма да чисто како пример за темава, нив не им се мешам).
    - Па може она си го мази, а он неа ја зема здраво за готово.
    - А одговорите на прашањата зошто се прави сето тоа, се сосем индивидуални. Може во некои врски партнерите не можат да комуницираат. Може се пробувало да се среди тоа што не чини и не се средувало а сепак останува љубовта.. Може некој не си ги средил чувствата. Може да има чувства за двете страни.
    - Тотално се согласувам со болдираното.

    Ако дојде до тоа друг (другар на дечко ми) да одлучува за нашата врска па боље и нека ми раскине тој мојот. Споредбата ваљда ми ја направи ради што јас пишав дека и реков да си проба со новиот...но еве ќе ти кажам: Не би ми значело мене кој како го буцка дечко ми. Негова одлука е тоа. Последно на памет би ми биле луѓето од страна во таа ситуација. Неговите другари имаат право да го посоветуваат. Имаат право и да не ме сакаат. А најмногу од се имаат право да не им е гајле за мене и да го стават својот другар пред мене.

    Секако дека ќе беше различно. Еве истиот пар нека се, тој да ми беше другар, јас вината ќе ја барав во девојката. Не знам зошто ве чуди што сакам другарка ми да е среќна?
    И уопште не се убедувам јас себеси за ништо. Ни па треба да се соочаам со нечив карактер. Се додека нашето пријателство не е засегнато, мене не ме занима што си прават тие во врската.
    И еве ќе се самоцитирам за уште еднаш да посочам колку (ми) е небитно кој е крив.
     
    На julie77 и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Има едно момче со кое сме другари од мнооогу одамна. Тој отсекогаш ме свиѓаше, но откако увиде дека немам љубовни намери кон него се фати со една женска. Еден период кога раскинаа, почнаа да се случуваат некои работи меѓу нас, но наскоро тој повторно се врати со женската. Но оттогаш нема прекинато да ме бара и да ми збори колку ме сака и колку е окупиран со мене, но му треба храброст за да ја остави женската. Јас не сакам да бидам таа храброст, по тоа што се случи и дрска бев премногу со него. Во право сум? П.С му верувам дека ме сака и не ми прај филмови бидејќи тоа е со години така иако немаме ништо. Поздрав
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Тој ако те сака нема да се враќал на бившата.
     
    На sj *O*, Decapitated.Hanna, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Во случајов не е така, но те разбирам што си сакала да кажеш бидејќи не ги знаеш целосно работите. Инаку прашањето не ми беше дали ме сака. Сепак благодарам. :)
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Епа кажи ни ги тогаш работите во целост ! Објасни ни ја целата ситуација, со детаљи, да можеме да ја согледаме убаво и да ти дадеме соодветно мислење . :)
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.918
    Допаѓања:
    4.551
    Јасно е како ден... Бил загреан - си му удрила корпа. Откако си фатил женска, нормално тебе чувствата почнале да ти се појавуваат затоа што тој нели тебе не ти обрнува внимание туку неа. Ако те сакал како што викаш, немаше да и се врати неа туку ќе продолжеше со тебе. Небитно, ајде да претпоставиме дека те сака, тој можеби (сигурно) не сака да е со тебе затоа што веќе си му скршила филм и тој никогаш со тебе нема да е сигурен колку и да му докажуваш дека го сакаш. Возот заминал, тој филмови не ти прави - ти си правиш... Немате ништо а очекуваш да ја остави женската (иако тврдиш дека несакаш да си причината).
     
  10. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Нема врска. Откако се смирија со женската, јас се оддалечив целосно. И не му правам филм дека го сакам. Пред да коментирате ве молам, прочитајте го постот убаво и доколку не можете да одговорите во согласнот со поставеното, не сте должни. :)
     
  11. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    И да додадам, луѓе кои се мешаат во однос меѓу двајца мразам најмногу на свет! Под ниту еден основ не би била дел од тоа што ти го збориш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти сакаш да ти кажеме, да му се замешаш во врската и да ги скараш со женската. А добро знаеш дека неможеме тоа да ти го кажаме. Сакаш да го слушнеш тоа што ти очекуваш. Јас се согласувам со повеќето членки. Но, ете уверена си и му веруваш, тогаш зошто бараш совет?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Крејзи Ју за што всушност бараш совет? Сакаш да ти потврдиме дека си во право со тоа што не преземаш ништо за тие двајца да раскинат?
    Јас ќе ти кажам, апсолутно си во право, и јас би го направила истото, ако ме сака нека си расчисти со женската за да почнеме нешто на чисто, а не со сплетки и измами. Работата е што типот сака да игра на сигурно, од една страна си ја има сигурноста со девојка му, а од друга сака да биде сигурен дека и ти ќе му го пружиш истото доколку раскине со девојката. Значи најверојатно чека знак на тебе, чека ти да му кажеш што да прави. Е таквиот тип на мажи се најлоши, незнае што сака, чека некој друг да му го покаже патот, сака да манипулира и секогаш гледа на него да му е најдобро и како највеќе му одговара. Тој да те сака како што вели нема ич да се двоуми да раскине со девојката ама или е малоумен или не те сака, трето нема.
    Незнам еве, јас би си седела на страна без да му давам некои надежи дека го чекам да раскине и да му ветувам дека со мене ќе го има истото што го има сега со девојката. Абе ако е заљубен маж нека пресече и нека си дојде кај тебе со чист образ, а не вака, те сакам ама ми е страв да и раскинам на девојката.
    Ние неможеме да ти кажеме што да правиш, прави како што чувствуваш, ако го сакаш и ти кажи му па може ќе ви тргне понатака, само не дозволувај да те направи растурач на нивната врска и да бидеш третата особа, најлошо што можеш да направиш е да се согласиш на нешто додека тој сеуште нема расчистено со девојката.
    Како не ви се гади од вакви мажи па уште и ги сакате? Како може да сакаш вакво лигле? :^)
     
    На hermosa и Daydream им се допаѓа ова.
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.918
    Допаѓања:
    4.551
    Никаде не спомнав дека ти си се смешала во нивната врска, ама кој ја има мувата на капата - ќе си ја брка. Ептен фино од тебе што имаш морал и што не се мешаш ама што совет би сакала да ти дадеме? Не сакам да звучам арогантно или како идиот. Тоа е реалноста - те свиѓал а ти него не и си му кажала како се чувствуваш. Тој си продолжил со животот ама тебе почнало да ти смета и си очекувала да ти се врати одма штом ги добил знаците љубовни. Едноставно тој повеќе не ти верува и не си му сигурна опција. Оваа е огромна грешка што многу женски ја прават, устата е побрза од главата.
     
  15. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Луѓе, ајде да си го појаснам постот, настанаа милион муабети околу нешто што не се случува сега, а сакав да знам како другите гледаат на работата, тогаш уште и не бев на форумов. Значи, не се работи за да ги раскинувам или слично. Работата беше дека тој непрекинато ми пишува, немаме ништо ... Едноставно ја држи работата како ние сеуште да сме пријатели и покрај тоа што јас не го барам. Тоа е се. Анализа од страна ме интересираше, чисто онака да слушнам други мислења, а не да бидам трета личност во нечиј однос. Толку,
     
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.918
    Допаѓања:
    4.551
    Од искуство ти зборувам дека тој те гледа пријателски и ништо повеќе поради тоа што немате ништо вие. Тоа што ти пишува е можеби да разбие монотонија или можеби му годи пријателскиот муабет. Има и друга опција дека те чува за резерва за некогаш. Во секој случај не и давај многу многу значење на ситуацијата за твојата ментална состојба поради тоа што за да си во ваква ситуација те цеди емоционално и психички. Ти посакувам да испадни ситуацијата во твоја полза - било која да е.
     
  17. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Намерата на моето пишување беше дека целата ситуација ме оптеретува колку и да сакам да останам на страна. Фала ти ;)
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Тогаш игнорирај ги, а него избриши го од фб и блокирај го на телефон. Сврти нов лист и живеј си го животот.
     
    На crazy.you му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ни тебе, а ни девојка му не ве гледа за сериозно, нит па ве сака. Ти се јавува зашто врската не му е нешто најдобра, знае дека кога-тогаш ќе раскине со девојката, не ја гледа за нешто сериозно, па сака да си има резерва. Ете тоа е. Гледа дека ти си му пуштила малку водичка откако фатил женска и не сака да те изгуби од видик додека не раскине со неа.

    Ова се вообичаени постапки на несериозни машки кои се' уште немаат созреано на тоа поле. Фати-пушти, оди со една се слуша со друга, си има резерви, во телефон има уште најмалку пет броја од девојки кај кои може да се јави во секое време и кои исто така му се резерва. Си контактира со нив од време на време чисто да си го наполни егото и во случај да настане сушен период да има кај да се изпразни. Интересно му е. Го сакаат повеќе девојки. Јак е. Има две, три со кои се слуша, ги врти. И ќе биде таков се додека не најде некоја девојка која ќе му го здрма целиот негов свет и ќе стави крај на екскурзииве.

    Јас би ти рекла подалеку од него ако имаш во план посериозна врска. Ако сакаш онака гледање без обврски тогаш направете си го меракот, ако раскине со девојката.
     
    На crazy.you, fallenangel и tessie им се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Kolku mi se smesni vakvite postovi, kolku zeni kopneat da bidat posakuvanoi od strana na zafateni decki,ama koga tie istite ke si fatat deckovci pravat novi profili da go napisat sprotivnoto mislenje, zenska ti neznajs so sovet baras se nadevam ne si vaka prosticka kako tuka bidejki takvite najinteresni(citaj lesni) im se na maskite..zboram vo globala ne skokaj odma, pozdrav.