1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има долга врска...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stella21, 8 октомври 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ладната девојка плаче навечер сама, а се смее денски и кога и е најтешко.
     
    На sj *O*, Shmizla94 и eloves им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Си го фрлаш времето у ветер. Што совет очекуваш да ти дадеме? :^) Наместо за сето ова време да си барала некој кој ќе те почитува, ти си одлучила да бидеш во врска со човек со кој знаеш дека немаш иднина и ќе бидеш секогаш втора. Да ми извиниш што ќе бидам вака строга, ама не ме интересираат твоите чувства кон него. Ти си садист, бидејќи сакаш да бидеш свесно повредувана, да не си сакала ќе си заминела одамна. Јадна и таа девојка на која и го правите ова, (со која е тој во врска), а можеби нема поим дека го дели со тебе. Ако знае, ондак двете не сте нешто океј. Осудувајте ме колку сакате после ова, али ќе се држам до моето мислење и понатаму. Преку глава веќе со жени кои немаат свое јас, и не знаат да речат доста кога забележуваат дека се деградирани. Башка велиш, пробувал да стапи со тебе во контакт на секој начин! Ти да не си сакала, немало тоа да се случи него си сакала да глумиш недостижна и да го припиеш кон себе во што очигледно не си успеала. Како и да е, таквите како тебе драга Теа, воедно се и луѓе без карактер според мене.
     
    На Regina.Phalange, Marossa, fificaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, зошто после кога таа ќе фати дечко со некоја друга ќе го дели и ќе биде повредена и ќе се жали тука. Кругот кога тогаш се врти, за жал.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Tea20 да си сакала ти до сега 20 пати ќе си го откачела. Залудно е да ја одолговлекуваш оваа работа, самата на себе полошо си правиш оти биди сигурна дека ако до сега не завршил со девојка му нема ниту од сега. (Нема да одговараш на телефон/ќе го смениш бројот, ќе го блокираш на фб, ќе го избегнуваш максимално и крај ќе си се држиш до твојот став.) И не се гадиш самата од себе да бидеш нечија играчка со која тој си пополнува слободно време? Тој девојка му си ја води во јавност, пред неговите ваму таму оти таа му е ДЕВОЈКА а ти никој и ништо само играчка. И еден ден кога ќе му дојде јајцето под газот кога ќе дознае девојка му тој тебе ќе те шутне, па ако сакаш чекај го тој ден. А ако евентуално девојка му му раскине и тој продолжи со тебе немој да бидеш 100% сигурна дека и тебе истото нема да ти го прави.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Јас бев на таков начин изневрена, бев првата, неговата девојка, со други зборови кажано жртвата. Се почна кога тој престана да има време за мене, а имаше време за сите другари. Нашата врска трае 5 и пол години од кои 4 живеевме заедно бидејќи студиравме во друг град. После студиите јас се вратив во родниот град, а тој остана да работи. Од моментот кога заминав започна да ме запоставува дури и да ме заборава, па го немало и по цел ден да се јави. Од време на време одев кај него на неколку дена, но и покрај тоа што јас правев толкав пат за да бидам со него, тој не наогаше ни саат време за мене. Седев сама по цел ден кај него дома, се враќаше во раните утрински часови со најразлични изговори: му се расипала колата, а бил далеки па иделе да го влечат, бил уморен од работа, работел 2 смени морал да спие и сл.приказни. Еден ден беше цел ден недостапен, не се јави воопшто. Полудев, незнаев што да направам, а не можев да седам така и да чекам. Во 3 часот по полноќ имав воз, измислив нешто дома за да заминам и тргнав кај него. Пристигнав во 7 наутро, ја прескокнав оградата од куќата, вратата беше отклучена. Влегов. Очекував дека ќе го најдам во кревет кај што спие, но куќата беше празна. Немаше никој. На масичката имаше 2 празни пивски шишиња, полна кутија родео тврдо и празна розова кутија од слимс цигари. Испаничив. Каде би можел да е кога од 9 часот е на работа?Немаше начин како да го најдам. Ми преостана само да го чекам. Дојде кај 8. Се изненади кога ме виде. Рече бил кај колега после работа и таму заспал, а цигарите, тие розевите, биле на колешка од работа која ја префрлале успат до дома, па бидејќи немал цигари и побарал неа, а таа му ја дала цела кутија со 2 цигари внатре бидејќи имала уште една-неотворена. Тргнав да си одам. Само ме праша каде ќе одам и рече немаш воз ова врме и не ме спречи. Излегов. Надвор врнеше силно. Ми текна дека го заборавив чдорот кај него, но продолжов да одам. Бев сигурна дека ќе трне по мене. Слушнав кај што сврти клучалката и ка заклучи вратата. Направив можеби сто метра од куќата, се свртив назад: него го немаше. Застанав на сред улица и плачев. Незнаев кај да одам. И не сакав кај никого да одам. Се вратив. Повторно ја прескокнав оградата. Луѓе врвеа, ми се чудеа што правам. Ѕвонав на вратата. Отвори. Влегов, си го зедов чадорот и му пререков за тоа што не ме спречи да си заминам. Застана наа врата. Не ме пуштше да си одам,ме молеше да останам. Рече ќе ми се јавел за некое време да ми поминела нервата, не мислел да ме остави да си заминам, знаел дека нема да си одам бидејќи немам воз. Се смиривме. Легнавме да спиеме. Не можев да заспијам и погледот случајно ми отиде на полицата под масичката. Здогледав некакво кутивче, не можев да видам што е, па станав го зедов. Беа неотворено кондоми. Повторно почна кавга. Рече биле на колегата. Му поверував некако. Се смиривме. Замина на работа. Јас се наспав па тргнав на кај една другарка. Додека бев во автобусот добив на фб понуда за пријателство од некоја девојка. Видов дека му е колешка, пишуваше дека работат на исто место. Ја прифатов. По 5 мин ми заѕвона тој на телефон. Рече се искарал со некоја колешка во врска со работата и дека таа му се заканила дека ќе му ја расипе врската. И рече ако ти пише некоја нешто, не паничи, таа е, игнорорај ја. Јас збеснав. Слегов од абтобус. Му се прејавив, барав подетално да ми објасни. Ме смири некако. Вечерта се врати од работа, ме праша дали сум гладна да одел до пекара. Излезе да купи пециво. Го немаше долго време. Му се јавив. Рече му се расипала колата и тргнал назад пешки. Го прашав на кое место, ми кажа. Чекав да се врати. Му звонав пак, му реков земи такси, рече дека нема број од такси, му дадов број. Чекав. Уште го нема. Пак му звонав. Рече немале кола од компанијата. Му реков ќе ти дадам друг број, рече не, ќе си дојдам пешки. Чекав, саат и пол помина. Го нема.сме живееле близу тоа место каде шт рече дека ми се расипала колата. И често тој пат сум го правела пеш до факултет. И сум сигурна дека патот не може да трае повеќе од пола час. Дојде. Рече не смее да ја остави на тоа место колата, ќе ја дигнел пајак и дека ќе го земе другар да одат да ја влечат колата. Излезе пак. Јас сум заспала, веќе беше доцна. Утрото кога се разбудив него го немаше. Му ѕвонав, рече доаѓал. Дојде, рече отишле как друар му после тоа, и замина на работа. Јас повторно останав цел ден сама...за нова год мене ми е роденден. Рече ќе дојде. Уплатив за него за таму каде што сакавме да одиме. На 31ви рече морал да остани подолго на работа, дека ќе задоцни но ќе дојде. Викав, се лутев- не помогна. Потоа се јави и рече и автобуси и возови биле преполни и дека не доаѓа. Бев уништена. Па мене ми е роденден. Не беше фер. Требаше јас да бидам наксреќна на тој ден. Се јави во 11 и пол. Рече се јавувам порано да ти честитам оти после вво 12 можеби ќе нема мрежа, наеднаш се прекина врската. Не се јави повторно. Му ѕвонев во 3 сабајле беше недостапен. Цел ден беше недостапен. Полудев. Почнав да се јавувам по другари. Џабе. Се јави во 7 попладне од друг број. Рече ми снемало батерија и кога ги менувал картичките му се скршила картичката. Спиел. Ќе тргнел во 7 и пол. Дојде со к*рот в раце и си замина наредниот ден. Од воз замина во дискотека. Се лутев. Каравме преку телефон. Си отиде дома и птодолживме со кавгата. Потоа почна со муабети дека не сакал да ме изгуби, дека нема никој во животот освен мене, дека сака да го помине животот со мене, дека ретки биле таквите ко мене, јас сум била многу добра, паметна, образована и сл. Муабети. Дур го правевне муабетот ми ѕвонеше некок број на втора линија. Се јавив. Беше женски глас. Рече: ми требаше тој, ти ѕвонев оти не можев да го добијам, ама сега ја осллободи линијата чао. Им ѕвонев и на двајцата беше зафатено. На фб видов слика од него и од таа што ми пушти понуда за пријателство, сликана на 31.12.2014 во 21:25 часот. На сликата имаше линк, го отворив ми излезе песната од john legend- all of me. Збеснав. Му се јавив него. Рече дека била ненормала дека му се одмаздува за кавгата на работа. На вторљ линика повторно ми ѕвонеше таа. Се јавив, ми рече: бедна си. Дур ти седиш таму во твојот скапан град, во провинција, јас тука уживам со дечко ти, 6 месеци сме заедно. А точно толку врме јас сум вратена во родниот град. И реков дека измислува, а таа почна да наведува факти. Кажа за цигарите розови дека биле нејзини, рече сите ноќи дур го чекаше тој беше со мене. Тогсш кога ти рече дека му се расипала колата беше со мене, јас го донесов на 10 мин дома па отидовме кај мрне спиеше, а ти такси му бараше. За нова година не ти се јави после 12, оти јас му ја зедов картичката и му ја скршив за да не може да ти се јави. А сега јас ќе се најдам со него и ќе ти се јавиме заедно, и среќен ти роденден.... Се шокирав.незнаев каде сум.никој, ама никој не може да претпостави колку ми беше тешко. Се јави дечко ми. Се негираше. Рече сега ќе ја најдам и ќе и ја скршам вилицата. По пола саат ми ѕвони тој. Се јавувам и слушам таа кај што вика,офка, тресоци, тој ивели те боли а? За тебе само боксови е решението. А таа вика на цел глас: оти? Да не излажав нешто? Можеше да кажеш дека нема да и раскинеш. А тој удирајќи ја ја прашуваше: сега која е бедна? А? Ти или таа? ..... Потоа се прекина врската. Мисе јави пак. Рече ќе ја донесел уште истата вечер да ми клекни на колена да ме моли на колена и дека тргуваат одма. Ја слушав неа во позадина се дереше: не доаѓам, дечко ти ме однесе в кревет ама таму нема да не однесе. Се прекина повторно врската. И после тоа и двајцата беа недостапни. Се загрижив. Како ќе вози толкав пат со таква кола, има и мраз по патиштата, ќе направат сообраќајка. По неколку часа ми се јави. Речесе онсвестила па ја освестил со вода и ја однел дома. Се негираше, рече другар му му раскажал за проблрмите шо сме ги имале па така таа знаела за се и го искористила тоа. Секако, не му поверивав ништо. Наредниот ден таа ми пиша порака да мо се извини што ме вреѓала. А јас? Јас се распаѓам. Умирам. 2 дена око не сум склопола, пиев и дијазепами. Ништо не помага. Не сум јадела ништо. Стомакпт плачи за храна, но што и да кснам ми се повраќа. Де тресам целата. Очоте ми се потечени. На нозе не можам да стојам, колената ми се тресат. Јас, навистина незнам како ќе преживеам. На никој, ама баш на никој, не ми ја посакивам оваа болка.
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Немам коментар...:x Првин мислам дека си трол, ај може и не си. Прво што можам да кажам и дека дечко ти не те сака, си прават филмови со тебе. И он и таа се за во Бардовци дефинитивно.
     
    На sj *O*, fificaaa и tessie им се допаѓа ова.
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ок. Фала за навредата.
     
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.641
    Допаѓања:
    3.119
    Пол:
    Женски
    moon- Nemam komentari i jas nemam pojma sto da te sovetuvam samo ke ti kazam deka ako ti e prasanjeto dali da se smirite edno ogromno NE od mene prekini da se ponizuvas, pretesko ti e znam, no cim ova si go pretrpela ke go prebrodis i ova. Otkaci go, izlezi od negoviot zivot. Nasmej se, posveti se na nekoja rabota sto ja sakas. Izlezi, zabavuvaj se. Zivotot e ubav i veruvam deka si dovolno vozrasna i hrabra i imas dovolno vreme da pocnis nova stranica od nova kniga so vesela sodrzina vo tvojot zivot. Nemoj da krevas slusalka! I da go zapali gradot ne mu obrnuvaj vnimanie takvi luge ne zasluzuvaat. Ti posakuvam najmnogu srejka i zdravjeto da te sluzi pred se. Veti deka ke kazis kako ke se odvivaat rabotite. Nemoj da me razocaras... ja imas nasata poddrska.
     
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам, ветувам :)
     
  10. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    moon1 биди храбра! не ти треба таков во животот! Ти ја посакувам сета среќа и храброст на овој свет.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Незнам на која навреда мислиш, текстот ти беше како филм според мене и човек што си помисли тоа си кажува и нема потреба да се навредуваш. Јас незнам како не си увидела дека кога го немало и постојано те лажел, не си ги видела знаците дека он и она си играат. А
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Било навреда, мислење или незнам што, не ме допира. После се што доживеав последниве денови (што ти го нарекуваш "како филм"), ни на крај памет не ми доаѓа твојот коментар. Ама, знаеш, лесно е да речеш дека сум трол, глупача или незам што, ама кога ќе доживееш вакво нешто од некој со кој си бил толку долго време, со кој си делел се во животот, на кој си ги кажувал и ти ги кажувал најдлабокоте тајни, желби, проблеми во животот, не е така лесно да поверуваш во она што го гледаш. Едноставно си велиш "не е можно да е вистина, не може да биде" и ги затвораш очите и ди велиш " па можеби е навистина така како што кажува, можеби навистина не лаже". Џабе не рекле луѓето од памти век дека љубовта е слепа, дека ги замачкува очите. Немав намера да раскажам овде, искрено, но кога видов дека пишуваат само оние вторите, швалерките или незнам што се, и како да ги наречам, си реков, ете нека ја видат и другата страна, страната на изневерената, на жртвата. Оти можеби мене ми е претешко, ама сигурно и неа не и е полесно од мене, одобено после онај ќотек.
     
    На Purelove92, sj *O*, grl208 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ако тој е спремен да тепа женско, немој да мислиш дека и ти некогаш ќе бидеш поштедена.
    Немој да се ситиш не е ни таа виновна што се вљубила. Самото тоа што ти кога си била кај него и си го чекала цела ноќ, а тој преспивал кај неа и нему не му било сеедно, така да и двајцата се виновни за состојбата во која што си се нашла, ако веќе треба да осудиме некого.
    Не е гаранција ако сте сеуште во врска, дека тој истото нема пак да го направи со некоја друга, пак ќе го истрпиш и ќе преминеш преку се!?
    Можеби и таа другата ќе ја истепа за да направи сцена пред тебе дека таа му се пика, а тој не сака.
    Зарем малку те лажел!?
    Зарем и понатаму ќе му веруваш дека само тебе те сака, а останатите курви ќе ги тепа!?
     
    На Purelove92, ku4ence, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како трпите вакви драми во врска, кој и да бил крив во ситуацијава од нив двајца, пак ти си испаднала повредена. Мислам да се тргнеш од него, да не се замараш со неизживеани и недораснати луѓе. За џабе потрошена енергија, замисли цел живот некој вака да се однесува со тебе...
     
    На sj *O* и tessie им се допаѓа ова.
  15. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Не јас не сум веќе со него. Само сакав да им потцртам на сите тука што напишаа дека се втори што може да ги снајде и дека кога де ќе излезе на видело дека нема да излезат од приказната неповредени.
     
    На lunchy и galapce им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Убаво.
    Сите сме биле повредени на овој или оној начин. И другата страна излегува поведена (девојката).
    Не дека и таа не е виновна, ама не знаеме тој нејзе што и ветувал, така да добро што си го откачила има време за се па и за нови врски, со среќа.
    Сега си повредена, ама некогаш ќе се смееш на сево ова..:hai:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.946
    Допаѓања:
    30.784
    Пол:
    Женски
    И да е вистина, и да не е, мене оваа приказна ме допре до дното на мојата душа.
    Ова е ужас човече!! Искрено ти посакувам побрзо да ти прекине таа болка што ја имаш. Почни да излеваш со другарки, кажи му дека ти се потребни да го заборавиш. Не ти препорачувам овие месеци да имаш мотач или слично, бидејќи кога ќе го погледнеш во очи ќе се сетиш на тоа ѓубре што си го имала за дечко цели 5 години. Верувај од искуство ти кажувам. Гледај да се средиш, разговарај со мајка ти, барај совети..
    И како што кажа Далерон, сега си повредена, но некогаш ова ќе ти биде виц.
    Со среќа!
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.352
    Допаѓања:
    83.756
    Пол:
    Женски
    ^Тие што не почуствувале вакво нешто на своја кожа или нешто слично на твојата приказна верувај дека ќе ти кажуваат дека твојата приказна е измислица.
    Ти верувам,те разбирам и верувај дека знам како се чуствуваш ....
    Колку и да ти објаснувам и да зборувам за таквите како него џабе е само ќе ти кажам исправи се и остави се позади тебе.
    Биди горда и не го барај ,заборави се иако е тешко,биди со друштво излегувај лечи си ги раните на начин кој што најмногу ќе ти одговара.
    Ти си човек кој заслужува подорбо утре ,подобра иднина и некој кој навистина ќе те сака и почитува.
    Ти посакувам многу среќа ,остани силна :*
     
    На ku4ence, sj *O* и Alisa22 им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.629
    Допаѓања:
    152.261
    По вакво конфузно и не средено мислење сум сигурна дека девојката не лаже ,она навистина го доживува овој пекол
    Девојче немој ни случајно да му се вратиш цел век ке те матка ке те земе за жена ама цел век ке си се ебава со други Млада си изплачи се некое време не потиснувај чуства потоа кога ке бидеш спремна дотерај се насминкај се и излегвај ке те бара ке те моли биди сигурна само тогаш немој да попустиш и да се смириш со него остави го овие се толку бедни и двајцата што верувај навистина се заслужуваат еден со друг
     
    На sj *O* и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.081
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто некои мислат дека ова е измислица. Приказната е толку секојдневна, изневерувања, љубовни триаголници, лаги, теми од (за жал) секојдневието на луѓето. Да знаете на што се се спремни да направат оние кои се фатени во лага, тоа е тажно и вистинито.
    Само храбро, @moon1 , и не давај му да те залаже. Ако сакаат со таа очи нека си вадат, ама ти чувај си се на страна од нив. Очигледно се будали.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.