Здраво на сите, не успеав да најдам ваква тема па ја отворив. Од пред 3 дена десната рака почна неконтролирано да се тресе при движење, најпрво мислев дека е нели од товар (бидејќи носев ташна во таа рака) но како денот изминуваше тресењето не престана а забележав дека и другата рака почнува да се тресе. Земав да јадам па и благо, си реков од шеќерот да не е ама ништо. Треперењето не престана туку стана се по интензивно при движење па дури и главата и говорот треперат еве и денес после 3 дена, пак истиот проблем. Дали има некој вакво слично искуство? Не се работи за привремено краткотрајно тресење на рацете од стрес, возбуда, кафе и слично, туку баш за вакво искуство дали имал некој? Се ми е страв да не имам некоја болест. Денес бев на матичен, ми рече утре да пробаме со едно апаратче да видиме што ќе покаже, од руска медицина може ви е познато, нешто има улога како магнетна се држи во едната рака и го снима телото со него сака да види дали има доволен доток на кислород во мозокот (од вратот). Исто така закажав и крвна слика за сабајле. Ве молам за совет!
Што направи? Мене ме асоцира или на Алцхајмер или на Willcinson desist ако почнало цело тело да ти се тресе.
Како толку брзо постави дијагноза за Алцхајмер? По кој критериум? Кои симптоми ти укажуваат на Алцхајмер и дали можеш само врз основа на тие симптоми да поставиш таква дијагноза? Тресење на телото? Млада девојка? Алцхајмер не е лесна дијагноза за така лесно да донесиш заклучок за истата. За втората болест првпат слушам.
Вака значи јас не поставив дијагноза кажав мене на што ме асоцира а иначе и недајбоже и млад човек може да добие алцхајмер. Втората болест е ретка болест на црниот дроб каде што организмот не може самостојно да го исфрли бакарот од храната што се внесува и настанува тресење на телото, најмн на рацете па затоа се дава соодветна терапија.
Алцхајмер не се манифестира толку интензивно преку ноќ. И, не гледам што е спорно ако некој изнесе мислење. 9 од 10 насловов го асоцира на Алцхајмер.
Не можеш така виртуелно и одприлика да му кажеш на некој "Еј слушај, мислам дека имаш Алцхајмерова болест. Според симптомите што ги кажуваш, мене на тоа ми личи". Не дај Боже да прогугла Алцхајмер, се може да си помисли човек. Од Алцхајмерова болест најчесто заболуваат лица во поодмината возраст, најчесто над 85 години. Точно е дека може да се забележат знаци и симптоми за истата и кај помлади лица, но во најголем број од случаите тоа се лица на возраст од 65 години, многу ретко да се забележи истата кај 40 годишни луѓе. Губењето на меморија и нарушување на когнитивните функции се едни од најраните симптоми на Алцхајмер. За да поставиш дијагозна за болеста, па макар и да претпоставиш дека станува збор за истата треба да го имаш човекот пред тебе, да спроведиш когнитивно тестирање. Ако постојат било кави знаци за Алцхајмер, неврологот е тој што ќе иницира дополнителни тестови и ќе ја постави дијагнозата. Willson disease мислиш? Како и да е и дијагноза за Вилсонова болест не може да поставиш без лабораторија и соодветни испитувања.
Фала ти на информациите што ме свести дека не можам да подтавам вака дијагноза. Ти свесна ли си дека ова е форум и се споделуваат мислења а не дијагнози. А ти па ја знаеш ли личноста што упорно ме напаѓаш па да знаеш дали и од што боледува. Затоа постои 300 испитувања не реков дека боледува скраја да е. Е ај ти пошто мн знаеш кажи ми на што те асоцираат симптомите?
Кога споделуваш мислења во врска со нечие здравје, треба да имаш сенс и да знаеш што ќе кажеш. Ти не и кажа дека има обична настинка, туку и рече Алцхајмер или Вилсонова болест Не знам воопшто и дали ја сфаќаш сериозноста на тоа што го кажа. Јас пошто многу знам ќе препорачам девојката да оди на лекар. Симптомите може да ме асоцираат на многу работи, ама немам м*да да го кажам тоа виртуелно, а и не сум доволно компетентна за да го направам истото.
Па твоето баш личеше дека даваш дијагноза, а не споделуваш мислење. Си кажа, цитирам Ова ти го напиша, а ниеден лекар не би лупнал ваква дијагноза од ракав со само еден симптом. Иначе мене на друго ме асоцира, најмалку на Алцхајмер, имајќи предвид дека се работи за млада личност, ама нема да давам мислење, само би препорачала лекар, невролог, да си направи соодветни испитувања.
Мене може да ме асоцира на 100 работи па не мора да значи дека е тоа. Непотребно напаѓате како да сум и пресудила за цел живот али нема везе, секој има право на свое мислење
Ама проблемот не е тоа што те асоцира, туку тоа што без да изброиш до десет му лупна на девојчето дека имала Алцхајмер. Пак ќе спомнам, не обична настинка, АЛЦХАЈМЕР.
Јас и ти на различни јазици збориме реков ме АСОЦИРА не дека е болна скраја фа е. Како и да е не планирам да се докажувам кој како сака нека мисле и нека збори убав ден
не си единствена ТУКА ! ... треморот на раце, нозе, глава па дури и гласот може да биде кога мируваме, па со движење се намалува или како што било кај тебе да во движење (акционен тремор) се појавило тресење т.е.тремор или неповрзано движење на повеќе мускули! објаснуваш дека тоа не е физиолошки тремор предизвикан од кафе, стрес, возбуда, и ти мислиш дека е од некоја болест? па ако ја имаш во ДНК како наследен материјал болеста може да се појави во постара возраст, но не сега! ... најчесто некоја болест дава симптом да во мирување на телотот се појавува тремор (како Паркинсон), а не во движење како што си ја носела ташната, така да тоа може е некој симптом како резултат на некоја друга состојба во моментот на телото... како што рече ти и си јадела благо, ДА ! еден од симптомите на пад на шеќерот во крвта е појава на таков тремор на телотот, ...можно е исто така недостаток на витамин Б12- при што нервниот систем не може да функционира како што треба ( како рече треба да се направи крвна слика), исто може да се појави тремор при хиперактивна штитна жлезда при што доаѓа до проблеми со спиењето, со срцебиење покачено и појава на тремор (тресење) на рацете, треба да се испитаат и тироидните хормони!
Жал ми е што не одговорив порано, бев на докторот ме прегледа прво ми рече "Од вратот ти е" .. го снимав вратот испадна дека имам шилци и благо искривување што речиси сите млади го имаат.. ми препорача машко пливање.. лекови никакви не ми даде, не знам зошто сметаше дека не треба. Па така со тремор после неколку дена решив на своја иницијатива да правам и крвна слика се беше ок.. Во меѓувреме не сакаше да ми даде никакви лекови повторно па на своја рака земав појачан Б-комплекс од levisane и за два-три дена треморот ми престана.. Од што и како го добив не знам, не се работеше само за тресење раце како што често ми се случувало од кафе, туку имав тремор на цело тело, врат, стомак, нозе.. сегде.. Не е во ред да се поставуваат одма дијагнози и да се плаши народ како тоа што го направи некоја членка и фала богу што не сум го прочитала тогаш тој коментар.. Јас прашав дали некој имал слично искуство па врз основа на тоа да сподели мислење.. Сега сум ок, такво нешто не ми се има повторено од тогаш. Според мене можно е да беше некоја моментална повреда, лошо истегнување на вратот што делува врз цел 'рбет, или на нервна база, не знам ама ако некој нешто слично почуствува нека проба со поголема доза на Б-комплекс неколку дена. Јас пиев од горенаведениве по една на ден само неколку дена. Интересно беше што апчето имаше дејство 24 часа и кога дејството ќе поминеше, дур не се напиев пак повторно ми се враќање треморот и по тоа знаев дека треба повторно да пијам. Не знам ни сама да си опишам што се случи и што ми беше (се надевам трајно поминало што и да било).
како ги решивте шилците на врат? јас денес правев рентген на врат а имав проблем со голтање како да ме боде некој во грлото и излегоа шилци