Дали била некоја побргу во ремедика на контрола/скрининг? треба да се носат маски? и дали го пуштаат сопругот на преглед?
Сега бев оваа недела. Маски се носат, и докторката носи додека прегледува. И да не носи некој, јас носам за своја заштита. Некои си влегуваа со сопругот, не забрануваат.
Јас еве 7 накај 8 апетитот мн ми се намали а не ни можам да јадам многу, од многу малку сум сита, воопшто не чувствувам глад некогаш заборавам и да јадам
И јас бев исто таква во тој период. Секоја посебно и индивидуално ја поминува цела бременост. А за млеко мислам дека големината на градите немаат никаква улога. Пред тебе имаш убав период од бременоста, уживај го. Ќе ти фали после
Мислам дека големината нема врска со тоа дали ќе имаш млеко. Стимулацијата на жлездите според мене е пресудна, многу течности и трпение. Јас општо имам големи гради, не се пораснати, а сум 8ми месец веќе. Истите градници од претходно ги носам, може само некогаш да ми се како отечени, ама не се такви цело време. Во минатата бременост ми беше исто, а млеко ми дојде одма. За јадење и јас не сум стрвна. Во последно време се осеќам најадено од помалку храна, веројатно ради намалениот простор во желудникот. Исто и јас немам мачнини, лесна бременост до сега. Се си е индивидуално и нормално.
Здраво девојки, тие што имаат искуство, од кои шишиња и цуцли сте најзадоволни за новороденчиња? И дали има некоја посебна тема со совети за производи за новороденчиња? Ме интересира пример дали треба да купам две различни врсти на цуцла/шише па да видам кое ќе му одговара, или само еден бренд и да се обидувам со него?
Еве тема. Всушност, во тој подфорум има многу преубави теми за бебе, читкај си. Јас сум презадоволна од шишиња на Томи Типи. На цуцли не се навикна. Пробав неколку различни, не ги сакаше. Додуша не ни инсистирав, не бев нешто ЗА за цуцли.
Еве ти две теми кај што можеш да најдеш совети за новороденчиња и шишенца. https://forum.femina.mk/threads/Шишиња-цуцли-и-чашки-за-хранење.18899/ https://forum.femina.mk/threads/Што-сè-е-потребно-за-новороденче.10854/ Јас за почеток купив едно мало на Филипс Авент. Битно ми беше да има антиколик систем за да се спречува голтање вишок воздух и создавање дополнителни гасови. Исто гледав да има цуцла што бара активно влечење од бебето, за да не му дојде голема промена од цицање на града. Сакам паралелно да терам и цицање и шише. Трето гледав да е стаклено, зошто и јас за себе бирам стакло пред пластика. Ќе видиме за некој месец дали добро сум одбрала. Види во темите, има некои што испробале многу па ќе ти помогнат сигурно со совет.
Која е разликата помеѓу двата вида душеци за бебешки кревет во Симпо знае некоја? Во салонот и не знаеа баш да ни објаснат. Ни покажаа пресек, едниот е со обложени, другиот со необложени федери. Алое е поскап и некако ми се чини по ок, не само ради цената, потврд е.
На мене на децата душеците ми се од симпо од алоето искрено ќе земавме од поевтините мислам адмирал се викаа (дека и тие ни ги испофалија) ама немавме време да чекаме ѓи немаа на залиха.. а со тоа обложен секој посебно федер и необложен ни објасни пример за нас за спална душек као од едната страна едниот ако мрда нема да се осеќа на другата страна нема и другиот да се буди... ама искрено добри се душеците во симпо кој и да го земеш ама за бебе и колку ќе се искористи верувам докап ќе нема..
За што би се користело шише во првите месеци ако бебето е на ексклузивно доење? Јас уште пред да разгледам какво да купам добивме на подарок на Nip стаклено. Не знам добро е или не? Дали да земаме друго?
Моето не беше на ексклузивно, комбинирано бевме доење-ад. Ако само цица, не ти треба шише. Секако вода не се дава додека не почне со цврста храна. Чај никогаш не сум дала, а вода од цуцла не пиеше. На почеток со лажиче, па директно од чаша почнав да му давам.
Па најпрво за мој мир и сигурност не би се оставила дома без никакво шише додека да се воспостави лактација. Не знам кога и колку ќе надојде млеко, дали во прво време ќе треба дохрана со молзено или со ад и така натаму. А инаку јас лично би пробала и понекогаш маж ми да и даде да јаде ако осетам потреба дека така подобро ќе функционираме сите. Се надевам на доење и јасно ми е дека 95% од времето таа задача ќе е само моја ама се бива па би испробувала и комбинации со шише без разлика дали станува збор за молзено или ад. Веќе земав и пумпа, па ќе видиме како ќе оди. Искрено се уште се информирам и јас и немам свое лично искуство за да споделувам, но отворена сум на опции да видам како ќе биде. Ќе се одлучува на лице место, секако во најдобра корист за бебето. Шишенцево во иднина ќе може да го користам и за вода/чај со друга цуцла посоодветна за возраста, здравје после неколку месеци. Дали сега, дали после верувам дека ќе му најдам примена.
И јас сакам да земам шише баш заради ова, а читав дека колку порано се даде како опција, толку подобро (се додека шишето е со слаб проток и наликува на формата на градата). Јас би сакала барем еден/два оброци во денот да се задача на мм, идеално со молзено, но здравје ќе видиме. По тоа што прочитав досеа, од Dr.Brown се најзадоволни, најверојатно ќе земам такво.
@0ли @Giovanna Да да, јасно дека треба да се има план Б. И покрај желбата за ексклузивно доење свесна сум дека не е сигурно дека ќе има услови за тоа. Како и да е, имам едно шише, па ако има потреба ќе се земе дополнително. Фала ви девојки.
Ви препорачувам да почнете да ја читате темата Доење во подфорум Бебе. Чисто да сте спремни и да знаете што да очекувате ако давате и шише додека доите. Онака, искуствата на другите многу помагаат. Ниедна цуцла без разлика на протокот и на изгледот не може да ја замени градата, бебето ќе прави разлика.
Ни цуцла ни шише моево не фати, шишенцето го имавме на авенет што одеше заедно со пумпата и беше доволно за да видам на почеток како ќе тераме. Иначе тие на мам што се против грчеви исто велат дека де добри и не пропуштаат вистина воздух.