Вчера баш ми излезе видео од еден пар, мажот боди билдер а жената пополничка и во коментари пишувано ,,Не ти е страв дека ќе те изневери?" Луѓево ај што се мешаат во туѓи животи ами и осет нула. Колку само површно општество сме.
Многу беше чудна конструкцијата на реченицата, како треба сите да сме слаби за да не им биде грозно на другите да нè гледаат. Така барем ми делуваше, затоа прашав.
Па има и така што размислуваат. Еден од членовите пред 2-3 години имаше пишано: Не сакам кога на плажа ќе гледам дебели и/или стари и збрчкани.
Па еве, прочепкај низ темава пред се, ќе прочиташ мислења и искуства. Нема ништо поубаво во животот од тоа да научиш да се сакаш и да не дозволуваш неинтелигентни и ископлексирани особи да ти влијаат на сликата за себе си. Некои луѓе тоа го сфатиле и иако тебе ти е ѕоа многу тежок концепт за разбирање you should try it sometimes.
Во право си дека ми е тешко да разберам како може да биде некој среќен дебел. Јас незнам да се носам со оваа + килажа што ја добив од ад, па дополнителна депресија имам. И во право си дека не треба да дозволам да ми влијаат другите мислења, како што ми рекоа дека сум како ѓуле направена, треба да го игнорирам тоа. Ама за ова е потребно време, неможеш да се засакаш преку ноќ себе си, од толку негативни мисли за себе самата што си ги имам, а не пак од другите. Сфаќам дека морам да се прифатам ваква одреден период, додека мозокот не ми се среди. Па после ако треба и ќе се изгладнувам, ама сега неможам. Како што ветив дека нема да јадам благичко веќе, сабајле пак земав каснав. Неможе сега на диета многу ми е проширен желудникот. Ама ќе се обидам количината на оброците да ја намалувам полека. Не гледам друго решение засега. Иначе кога ќе имам повеќе време, баш ќе ја разгледам темава да видам како успеале да се прифатат тие што имаат вишок кила. Јас еве признавам неможам да се прифатам. Многу ми е тешко, ама изгледа морам да најдам начин, за свое добро, па на второ место ми е што ќе кажат другите. Сеуште на некој начин допира до мене иако се трудам да не биде така, ми треба само да се навикнам. Ама најлошото е што самата неможам да се навикнам со оваа килажа.Како што веќе кажав неможам да се погледнам во огледало, а не па да се сакам себе си. Затоа ќе мора да се потрудам повеќе, знам.
Ако вака се чувствуваш побарај стручна помош. Не тие до дебелината тебе. Ако имаш нормална тежина,а не ти се допаѓа телото тоа е проблем кој се решава со психолог/психотерапевт/психијатар. Не е воошто наивно да има телесна дисморфија и/или анорексија/булимија. Навистина ти треба стручна помош. @Dashing:) не знам пред колку вреем си породена, ама и хормоните играат улога во дебелеење и слабеење. Знам по себе. Имам полицистични јајници и цел живот мака мачам да се одржам на нормална тежина. Сите околу мене се слаби, јас стрчам цел живот. Ама од толку напор и труд цел живот изгледам „нормално“ (дури и лекарката што ме водеше на ГАК после една интервенција ми рече не сум видела жена со ваков нормален изглед на тело, а ваков изглед на јајници. Според јајниците би требало да сум со многу висока килажа). И се беше супер до бременост (до која стигнав мнооогу мачно и со многу хормони, стимулации и лекови). Се сдебелив во бременост и качив плус уште нешто во првиот месец кога воспоставував лактација. И сеуште не успеав да се вратам на почетната килажа дури ни по 5 години. Се измачував и изгладнував себе си, отидов на нутриционист и од ригорозната диета што ми ја даде ми се намали железото екстремно многу. И потоа баталив. Едноставно престана да ми биде гајле за другите, почна да ми станува гајле за сопственото здравје (и ментално колку и физичко). Решив здраво да се хранам колку што можам, како растеше детето ми се отвори простор да почнам да ја применувам исхраната што мене ми одговара (што беше тешко со мало дете за кое посебно се готви и кое не спие ноќе и слично). И сега телото полека ми се враќа во некоја нормала за мене, ама научив дека тоа е тоа. Едноставно сум се сменила и тоа со добра причина. Имам едно дете што бескрајно ме радува. Битно е сите да сме живи, здрави и насмеани, а не детето да расте со мајка што не се сака себе си и го мрази огледалото. Инаку не ми беше лесно. Имам мајка што на една продавачка и рече неа ова нема добро да и стои дебелка е во бутките (а продавачката и вика јас број 40 и давам не е дебела). Така што мора да научиш притисокот од околината, особено од блиските.
Да така е во општеството нормата за убавина стандарди сфаќаш?Мене барем ми имаат наметнато другите, дечко ми се десило да каже ослабеј , роднини по слики ми коментирале дали сум ослабена,општо земено јас така го имам прифатено да бидам искрена.Јас лично не барам некој да е 50кг или мн слаб слаба но кон мене сите така се однесуваат и имам осет како да изгледам за себе а и за другите.Повеќе ми е како јас се чувствувам откако се здебелив потешко се движам нозете ме болат , грбот .И за здравјето па внимавам на храната
Жал ми е што си опкружена со такви луѓе и што ти се блиски. Посебно за дечко ти не е во ред бидејќи телото се менува и не ни е секогаш исто. А љубовта базирана само на физички изглед, па, не е љубов, физичка привлечност е само. Ќе бидеш трудна, теоретски нели, телото претрпува огромни промени, потоа се има други приоритети, можеби нема да можеш веднаш да се вратиш во форма, дали би требало да се грижиш и за тоа дали ќе бидеш се уште сакана поради изгледот на телото? Или, не дај боже, секакви работи се случуваат, еве јас сега имам поголем вишок поради некои проблеми, дали требаше маж ми да ме остави? Едно е ти самата како се чувствуваш и твоја да биде одлуката дали ќе ослабеш зашто не ти е удобно во твоја кожа, а друго е притисокот да ти е наметнат од страна и да правиш само за другите, од психолошка гледна точка тоа воопшто не е здраво, Размисли убаво.
Не ми се сите блиски такви ниту јас имам такви гледишта ,и името ми е такво кое асоцира на слаба девојка ,па ми коментираат и непознати.Неудобно ми е и сакам да ослабам заради се инаку да речеш и дебела не сум околу 70кг но така сум навикната да бидам слаба и сакам заради здравјето на прво место ми е
Мене крвната слика ми беше супер.Јас имам психички проблем, значи до мозокот е. Кога јадам храна си ги хранам убавите емоции, едноставно се чуствувам преубаво тогаш. Се сомневам дека имам емоционално јадење.
ОуЕмЏи! Кажи ми дека нависитина не веруваш во сите глупости пишани погоре. Според ставовите изнесени погоре немаш многу животно искуство, и се надевам само дека ќе ги надраснеш, а во меѓувреме нема да си наштетиш свесно по здравјето.
Никој не е среќен со вишок кг, но не можам да ги сватам тие што навредуваат на физички изглед Дебелина може да се добие од здраствени причини не е секогаш од јадење, али што ке правиш балкан си е балкан
убавината е во големината и ,,дебелината,, на срцето и душата,секој човек си е убав на свој начин и убаво пиша ти-балкан си е балкан во кој ги величаат квази певаљки,старлети кои личат една на друга,јас сум висока,слаба,атлетски градена,па ми е жал да коментирам за дебели луѓе,дебелината не е секогаш од јадење,во многу случаи кај женскиот род е од хормонален дисбаланс,тироида,хемотерапии кои подуваат итн
Океј луѓе. Дај да не се преправаме...од кога бе тоа нормализиравте дебелина? Ама зборам за нездрава дебелина? Очекувам сеа да бидам нападната ,океј е тоа, ама ке ве молам немој да ја советувате членката дека и со 130 кила треба да се сака и да има самодоверба и не секој сака партнерот да му се здебели +20 Не не може секој со 130 кила да се сака и да има самодоверба. Јас со +6 се нервирам. Зашто ми е дозволено откако ке родам дете да се запуштам? Исто важи и за маж ми. Цело време му викам дека треба да припазува. Ем заради здравје ем заради изглед. *Преместена дискусија од темата Брачни совети
Баш така. сум била со такви кои имаат слаби сопруги, згодни... да не речам... Дебелината не е здрава, ама да ми трпи животот оти сум била дебела, нема шанси. Нема да престанам да имам секс заради тоа, нема да престанам да одам на плажа ради тоа.
абе остај секс, плажа, живот само за слаби е. Еден што го знам жена авион има. Швалерката му е да не ја погледнеш.