Форумџика на годината 2020

Убаво му е со мене, а се допишува со друга

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sinolickata, 24 мај 2011.

  1. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Zdravo......ideme so decko mi 4godini, se ni e ok vo vrskata-onaka, ali pred nekoe vreme doznav deka si pisuva so edna tipka-ali po muabetot sto go procitav vidov deka taa celo vreme mu se pusta vo smisla da se najdat za da se zapoznaat podobro, a toj na toa i vika-vazi nema problem,koga sakas a pritoa i kazuva deka ima devojka i ubavo mu e so nea....stvarno ne go razbiram...ako mu e ubavo so mene zosto ima potreba taka da si pisuva so drugi.... E sega druga rabota....vo posledno vreme retko ispagame 3-4pati vo nedelata nekogas i pomalku, i toa nekogas koga ke ispadneme, mi vika lele ic ne mi se ispagase , ama aj da ne se lutis posle ke zboruvas ne sum sakal da ispagam so tebe...Seto ova me naveduva da mislam deka mu e zdosadeno od mene, deka mozebi saka da smeni....a jas go sakam....ve molam kazete mi nekoj sovet, dali e podobro da raskinam i da mu ja olesnam situacijava....VE MOLAM KAZETE MI NEKOJ SOVET, NEMAM NA KOGO DA SE ISKAZAM ....OVA MI E EDINSTVENIOT NACIN DA SI GI KAZAM MAKITE......BLAGODARAM ODNAPRED
    [mod-kirilica:2rlu6bli][/mod-kirilica:2rlu6bli]
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.357
    Допаѓања:
    103.179
    Пол:
    Женски
    А, да пробаш отворено да поразговараш со него за вас двајцата, прашај го едноставно за сите работи што те мачат без нервоза без расправија, дали му е убаво со тебе, дали сака да е со тебе, дали му е досадно, дали ќе му е подобро да се разделите. Што знам, пред да донесеш било каква одлука или разговарај со него или пак самата дознај за оваа работа со девојкава како ќе се развива. Ако работата со девојката се развива како што таа девојка сака, тогаш не да му олесниш него, него олесни си на себе и барај си го она што го заслужуваш кај некој друг.

    едит: очигледно и нешто во врската престанало да ви функционира, не е баш се стабилно, штом искачањата ти ги зачинува со коментар од типот, да не речеш не сум сакал, т.е ти дава до знаење дека демек прави компромис за тебе, што мене би ме иритирало страшно многу.
    Но, по се изгледа тргнало во некое еднолично, монотоно нешто. Или двајцата само сте си се опуштиле демек тоа е тоа, или е нешто друго во прашање... а опуштањето, некако не е нај нај.
    Без разговор, без да си ги потврдиш сама сите твои сомнежи мудро и итро ако треба ништо.
     
  3. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Saka da mi kaze deka tuka e krajot....ili ???

    Za devojkata prestana, mu kazav deka mu gi citav porakite i deka sum im go sledela muabetot, i on onaka kako posramote oti su mu procitala- sekogas taa prva mu pisuvase, on nikogas prv ne i pisal ama krivo mi e zosto da i vraka na takvi provokacii......a za izleguvanjevo....sto mislis vo red li e , kaj site li e taka....koga ke vidam parovi sekogas zaedno ztvarno krivo mi e...... vo red li e vo 4godisna vrska 3pati nedelno da se gledame??? blagodaram sepak i na toj sovet pozzz
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.357
    Допаѓања:
    103.179
    Пол:
    Женски
    Се случува тоа во долгите врски луѓето да се опуштат ко што ти реков. Такво нешто се имаше случено и во мојата претходна врска беше прилично долга. Ако се друго кај вас функционира во ред, можеби и не треба да вклучуваш аларм. Но, штом веќе имаш напишано тука и самата се прашуваш, значи имаш некое претчувство дека нештата не одат како што треба да одат. Веројатно и веќе си му кажала сто пати дека сакаш да излезете и излегувате само три дена и пак низ нос ти го вади тоа. Освен со разговор со него и да си потврдиш дека се е во ред меѓу вас, дека едноставно станува збор за таков човек можеби дека нема потреба да излегува не знам како поинаку да си го решиш проблемот.
    Се разбира дека не е во ред ништо што тебе те тера да се чувствуваш несреќно. Барај си да се сменат работите. Кажи си што те мачи. Јас знам дека многу од паровите што одат долго време не излегуваат, но се гледаат, дома си одат еден кај друг, гледаат тв или било што друго. Има да парови кои што излегуваат како да се се уште тинејџери, ама па тоа не значи дека врската и на нив им е рози.
    Ти најдобро си го знаеш и познаваш човекот крај себе.
     
  5. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Уффф не знам што да кажам,се ми угодува, но еве вака кога ке стане збор за испаѓање ме убива он кај мене ретко иде -не сакам многу блискост кај мене, немам памет сто да мислам....
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    2.956
    Велиш дека убаво ви е заедно , но кога си сама мислите за вашата врска те поплавуваат и веќе незнаеш кој е кој во ситуацијава и што можеш да очекуваш од него .Според муабетов добив впечаток дека не е тип кој е јак на карактер но се труди да ти угоди на секој можен начин па нормално , секоја врска бара внимание..
    Не и пишува прв - па и тоа е нешто ... Сепак запрашај се дали тој го има она нешто кое тебе ти треба и дали врската ви продолжува во правилната насока или скршнала од патот.. Јас би рекла ако имаш некаква можност да отидеш на викенд заедно со него некаде и да си ги средите мислите. Кога ќе почуствуваш дкеа си навлезена во неговата психа ќе знаеш дека можеш да му веруваш и тогаш целосно препушти му се . Колку паровите стануваат поблиски со тек на време , толку врската е постабилна.
     
  7. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Фала ти многу за советов...ке пробам се, но сепак си размислувам дали ова е доволна причина да ја раскинам врскта.....
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    4 години е долг период, да не случајно му станало монотоно па се допишува со неа ? Ај да е од факултет/работа ајде де, ама непозната за тебе значи некоја која пробува да се вмеша во врската штом таа му пишувала. Тој можеби ништо лошо не прави, смета дека имаш ти доверба итн. а пак се допишува со неа иако знае дека тоа ќе ти смета. Негова грешка, нема што тој да посакува да се допишува со друга девојка ако не му треба нешто од корист или ако не е некоја женска на другар и сл. оправдани причини. Сомнително во секој случај, кажи му нека ја избрише прво нека ти признае се па ваљда после 4 години сте искрени еден спрема друг, нека ти каже се како мисли и видете си вие. Знам еден пар што идеа 3 години па раскинаа, и тој сега има друга. Веднаш најде друга. Ни на матура не ја покани!! Значи, не се реагирало на време, а и тој имаше премногу слобода изгледаше како на женската да не и е гајле тој што прави и можеби намерно ја провоцираше, ама еве до кај стигнаа а таа кутрата само му веруваше. Разговарајте која му е потребата да се допишува со неа нека ти каже се искрено можеби го привлекува што знам јас не дај боже а ако е така вие си знаете. Ако нема никаква причина нека ја избрише.
     
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Синоличке, нека не ти доагаат такви идеи сеуште. 4 години не се за фрлање, види дали ке продолжи пак со муабети со неа, и ако продолжи, закани му се со раскин. Ама, само ЗАКАНИ му се, и види реакција. :*
     
  10. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Абе знаеш како е работава, последниот пат кога се расправавме ете за неа кога го открив, го прашав зошто така, зошто имаш потреба да пишуваш со друга, а он на тоа - абе шо има врска, божем сум направил нешто, знаеш ја тебе 100пати сум ти кажал дека кога сум со тебе СО ТЕБЕ СУМ! - а од моја гледна точка не изгледа така штом си пишува со друга. Веке и самава помисла на фејсбуков колку парови имаат раскинато, ме плаши...се има слуцено и тоа се расправаме и ми вика ако не, ако мислиш дека сум таков и дека си пишувам со други ај нека биде крај и со да ти кажам повеке кога не мозам да ти докажам дека немам ништо направено, после тоа пошто бевме кај него дома се ставив слободна на фб и му викам -така сакаш така нека биде, и му се насолзија очите, ми вика озбилно ли, и почна со убаво да објаснува ....не знам....уффффф
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Те сака он, само да не има другари најнормално се допишуваат со женски и овој не може да каже дека не се допишува се осеќа ко у затвор да е или ко да праи криминал а не праи и затоа да не го праи тоа, за да осети слобода? Тој нејќе да му забрануваш, и немој сега само стај му до знаење дека не е океј тоа што го праи, за сам да не го праи а не ти да го спречиш туку сам да не сака. :)
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Ќе се вмешам во муабетот и јас! :)
    Ми влезе во очи тоа што дечко ти те убедува дека ти грешно мислиш па дури е храбар и да ти каже дека ако немаш доверба тогаш нека биде крај на врската! Но ти не мислиш дека тој си пишува со друга,ти знаеш и си сигурна дека тој си пишувал со друга,ти го имаш фатено во лага нели? Сепак не му е толку сеедно... штом се заплашува дека стварно си спремна да ставиш крај тоа значи дека не е подготвен и не сака да продолжи без тебе! ;)
    Затоа те советувам да бараш ветување од него дека ќе ја блокира ,,дотичната,, дека нема да контактира со неа бидејќи за тебе тоа е предавство,бидејќи тебе те повредува такво негово дружење! Во врска сте 4 години и имаш право да кажеш што ти смета а тој треба да ја почитува твојата волја! Па ти не бараш од него да го прекине дружењето со неговиот другар (да речеме) ти бараш да престане да контактира со личност која може да ја загрози вашата врска!
    Инаку немој да се чудиш и да се прашуваш зошто си пишувал со друга и што му фали во вашата врска! Сите имаат некогаш потреба од флерт,најверојатно и кај твојот дечко станува збор за флертување и ништо друго! Се разбира дека не го оправдувам,но многу неубави работи во животот ќе мора да се преголтнат,за жал!
     
  13. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Се надевам дека се добро ке испадне, а срцка ова за испѓањево,мислам дека му досаѓам за секопј ден да испагаме, го оправдуваш ли тоа .... леле не знаете колку ми помага муабетов вака, се не можеш да и кажеш на другарка се љубоморно, стварно го ценам ова.....:*
     
  14. Sophie.m

    Sophie.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Јас ке се согласам со горенаведените совети, и само ќе ти кажам дека немора да значи дека ќе му здосадиш ако искачате секој ден, но колку што приметив ова се случува еден период, не постојано. Што значи смао период е. Сепак 4 години сте во врска, не е мал период и нема потреба да се плашиш од глупости. Единствено треба да го решиш она со таа дотичната за се да биде ко што треба :))
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.357
    Допаѓања:
    103.179
    Пол:
    Женски
    Синоличка, секоја од девојките тука имала милиони проблеми во текот на врската, посебно кога биле така долги како твојата. И тоа не е само кај девојките, него и кај машките на форумот и сепак останале и ја одржале понатаму врската.
    Прашањето е што ти сакаш. Веројатно сакаш да останеш со тој човек. Јас ако сакам да останам со тој човек искрено ти кажувам ќе направам се за да се одржи, макар на крајот да испадне дека грешам, ќе знам дека сум направила се’ да го одржам тоа, сум се борела за човекот што го сакам крај себе, пак на крајот ако испадне дека тој не бил искрен со мене ќе ме боли, но сепак душата ќе ми е мирна бидејќи сум сторила се за него, а неговото само ќе ми покаже дека треба да си продолжам со животот.
    Само отворен разговор. Човекот те сака тоа е дефинитивно така, доколку е вистина неговата реакција како што ја опиша. Проблеми секогаш ќе имате, но важно е да заедно ги решите. Ако не му се искача секој ден, доволно е да сте заедно и да ви е убаво едноставно кога сте заедно не мора да одите по дискотеки, кафичи, пак и од финансиски аспект тоа е некако тешко изводливо.
    Направете си го времето заедно интересно, потруди се и ти самата. Живнете си ја малку врската и посебно за тој дел зборувај дека имаш потреба да се променат работите на подобро, сакаш да останете заедно но дека и тој треба да се вклучи во тој дел. Глеј и да не го гушиш претерано со овие муабети и настојувањата затоа што машките знаат да сакаат и прават многу компромиси, но пак и нејќат некој премногу да им стои над глава. Бар јас така мислам.
     
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Најчесто се земам јас за пример, па ќе ти кажам вака! Во долга врска сум (подолга и од твојата) па се гледаме секој ден! Не велам дека понекогаш не е помалце досадно (најискрено има и такви вечери) ама у суштина сепак ја минувам вечерта со човекото кој го сакам и толерирам и доседни вечери! Па не може секогаш да ни биде интересно,нели?
    Разбирам да му е некогаш досадно на твојот дечко и да не му се излегува,ама ако тоа е често тогаш мислам дека грешка се поставени работите во врската! Тебе убави ли ти е секогаш ти да го молаш за излегување? За твој ќејф ли треба да излегувате? Ти сама ли си во врската? Па нели треба и на двајцата да ви биде убаво и двајцата да настојувате често да се гледате?
    И би те сметала за досадна ако му напињаш секој ден за излегување односно ако немаш разбирање за тоа дека нему некогаш не му се излегува ! Но ако секогаш не му се излегува тогаш проблемот е во него! Каква врска сака тој? Еднаш во неделата средба, почести тел. разговори и повеќе слободно време за дружење на фб??? :wasntme:
     
  17. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Па за досадна ??? Што знам мозеби сум, ама ете баш тоа ме иритира, значи кажуваш еве ти на пр. дека си во долга врска ама се гледате скоро секој ден, мене тоа ме нервира што кога ке речам за испагање ,(зборувам за преку недела ) или не му се испага или ај да не се лутиш-тоа за мене е како со сила да испага со мене а тоа вистински не го сака,мака му било , на работа одел бла, бла, тоа е тоа што највеке ме боли, кога ке ми рече ај ке испагаме да не се лутиш!!! инаку петок сабота недела обавезно се гледаме, али за преку недела кога ке ми рече така...уфф ме убива ....а ако треба на другарите да им помогне нешто ако работат или слично може и од 3та смен на сабајле да си дојде и да отиде да им помогне....
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    И јас сум била во таква ситуација, неколку пати си пишував со еден тип кој сакаше да се видиме но јас ништо не направив...И секогаш тој ми пишуваше прв а јас му враќав не дека ми се свиѓаше туку најверојатно си го полнев егото само, ми ласкаше тоа што ме свиѓа едноставно... можеби и со дечко ти е таков случајот, како со мене...
     
  19. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    34
    извини вака ама мислам дека му досаѓаш за секој ден да излегувате. а не ми е јасно и ти како сакаш секој ден да се гледате, нели одеш на работа, немаш ли другарки со нив да излезеш еден ден, па да отидеш кај некоја пријателка, другарка, на кафе, да сменеш малку, па како не ти е досадно и на тебе секој ден да се гледате. остави еден ден, два па и три да не се видете, да почнеш да му недостигаш па да видеш дека самиот ќе рече да излезете. извини ако нешто те навредив
     
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.537
    Пол:
    Женски
    последната личност за која знам дек одела 4 годиникога раскина со дечко и 3 месеци беше во депресија. поради таа причина би те советувала, дане раскинуваш. ама од свое лично гледиште, ако и тебе ти едосадно раскини му, не вреди да се нервираш. и јас одам 1 година, па веќе ми станува досадно на моменти, и спремна сум и покрај тоа што го сакам , некогаш ако ми пукни филмот да ставам крај. инаку од ко знам за мојата врска излегуваме со растојание од ден-два. НИКАКО секој ден! таквите врски брзо пукаат, спрема она што го имама видено кај мои другарки. сепак не наведуваш возраст, возраста има големаулога, друго се 4 години кога си тинејџер, друго е кога си возрасен и зрел човек, нормално после дваесеттата година да очекуваш таква долга врска, да премини во брак , ане да се распадни. сепак нешто што е најдобро во вакви моменти е пауза или отворена врска, очигледно на двата ви е здосадено, колку и да се сакате.сепак прати ја ситуацијата некое време,ако видиш дека не оди како што треба. притисни пауза,па одлучи.