1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво му е со мене, а се допишува со друга

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sinolickata, 24 мај 2011.

  1. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Не е работава дека немам другарки, се гледам и со нив секој ден, али и тие имаат долги врски и секојдневно се со дечковците, а моментално сум дома не одам на работа, многу ми е досадно.Ок е се согласувам и јас со тоа дека можеби не треба секој ден да се гледам, и јас не сакав кога идев на работа, ама досадава тоа прави....Фала ви многу за советиве , мислам дека сте во право дека можеби навистина треба малку да му недостигам, и да не го давам секој ден хахах....навистина ми помогнавте...позз
     
  2. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Не дозволувај поради досадата светот да почне да ти се врти околу него.Најди си некое хоби,посвети си време на себе,слушни се со стари пријатели обнови пријателства.
    За тоа дека пишувал со друга.Пишувал,си видела,си му рекла дека знаеш и кога на фб си се ставила сингл си ја видела неговата реакција.Солзите кажуваат нешто.Криво му паднало,несака да се скарате поради тој флерт на фб.Машките се такви,во било кое време од врската флертуваат и вака и на фб,сакаат да видат дали се сеуште привлечни.Зарем и ние девојките не го правиме некогаш тоа? :) Твое е дека си го опоменала,стави му јасно до знаење дека нема да толерираш вакви подмолни работи кои се прават зад грб,дека те налутило и повредило.Верувам ќе разбере.Се најдобро.
     
  3. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    ФАла на искрениот совет...позз, веке нешто почнав да применувам хаха
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Читам повеќе постови и се прашувам дали јас сум нормална :lol: во сите овие постови се пронаоѓам и незнам кај терам...се прашувам дали е во ред се ова што ми се случува?! :?: Во истата ситуација сум се пронашла демек ај еве излегувам заради тебе, а јас попрво би останал дома ... а најлошо од се што денеска дечко ми ме откачи заради фудбалот на ТВ :@ и што да правам? Ќе седам дома вечерва, пошо сите другарки како што кажа и ти и моите така- си имаат подолги врски и веќе си го испланирале времето заедно да си бидат со дечкото-никој не ми е должен мене да ми праи друштво знам :( И овој мојов ми вика ај демек утре ќе се видиме...и сега незнам што да правам дали да одам да се видиме или и ја да откачам со некоја глупа причина како тој ...фудбалот кој трае до 11ипол најкасно :devil: ... Совет плиссс :(
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас не знам зошто идете со типциве.
    Сфаќам 1 2 3 пати да ми рече дека не му се искача,уморен е,има некоја работа..ама цело време да ме откачува така?
    Јок бре,клоцата в га* и чао пријатно.

    Најдете некој што ќе сака да минува време со вас, а не некој што едвај ќе чека да ве шитне. :worried:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Знаеш што, фудбалот е наркотик на сите мажи, не си ни прва ни последна што била откачена поради тоа.Ако твојот дечко гледа фудбал дома, без друштво, купи пиво,грицки, кикирики, или било што слично и придружи му се!
    Ејјјј, пилешки крилца се супер комбинација за пиво!!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Хахахахах... не ме изнервира тоа што ќе гледал фудбал туку ме изнервира тоа што се договориле со другарите па незнам ќе се собирале кај него и ќе гледале...е тоа ме нервира-за другарите секогаш е се со план средено и организирано.. а за мене...па ја ќе почекам-тука сум јас кога тој ќе посака-да не речам, на повик :( :*
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не се замарај со глупости аман :) ко што ти рече Геа така е во сите врски. Ако се друго ви оди ок зашто би се потресувала што гледа фудбал со другарите. Еден ден ако прескокнете со гледање е ок. не е страшно. Секоја го претрпела тоа.

    едит: и мој совет :wasntme: помалку читај вакви приказни, ако ти влијаат, а пак немаш причина да го мислиш тоа. Ти го кажувам од лично искуство некое мое од поодамна :lol: слушајќи ги туѓите проблеми бараш влакно и кај што го нема и креваш паники кога нема потреба. :)
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам...вечерва е финалето...нормално е да бидеш откачена :!: Секоја од нас била :D
    Не се замарај со вакви глупости...
    Очигледно дека дечко ти знаел дека не сакаш да гледаш фудбал па се договорил со другарите...ништо страшно, ништо трогателно ниту нешто што вреди да се нервираш...
    И не си земај толку на срце...едно се другари, друго се девојки...немој да правиш споредби ;)
    Ако другарките се договориле и имаат планови за вечерва, пушти си некое добро филмче и уживкај си :)
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Знам дека сте во право ама деновиве многу сум нервозна и само барам некои причини да се карам... Не сум без причина изнервирана-зошто кога му се јавив тој што се вика едвај зборуваше па јас го прашав што планира за вечерва па кога ме откачи заради фудбалот одма почна со срце злато незнам што, а дотогаш со клешти му ги влечев зборовите од уста.. и што сега демек ме откачил па ајде ќе биде добар...
    не му е прв пат !! :@
     
  11. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    ете и јас сум за тука очигледно... идам со дечко ми 6 години многу се сакаме не сме се скарале никогаш за ништо и покрај тоа што не сме заедно што тој е во друга држава секогаш кога ќе се видиме ни е најубаво секогаш ми кажува колку многу ме сака и се но сепак за несреќа видов како со една си пишува сонце па бакнежи па гушкања.. тешко ми е разговара и ми вика немам ништо направено а тоа зосто го правеше па нз ми вика не ми е јасно како незнај.... ми кажува дека само мене ме сака дека не сака да се разделиме но зошто го прави сето тоа .. нз дали да му верувам искрено многу ми е тешко ве молам да ми помогните затоа што и јас едноставно немам на кој да му кажам и кој да ми даде совет искрен многу ми е тешко ... ;( ;( ;(
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Дечко ти барем се трудел колку-толку околу тебе :lol:
    Зошто го прави тоа?! Тој одговор никогаш нема да го дознаеме... Кој и да прашаш (женско) тој одговор неможе да ти го каже... Машките се толку двосмислени што и самите себе не се разбираат! Тоа можда го правел поради своето машко его, во смисла да не се осеќа како некој папучар 6 години "побледен" по женскаму...демек еве има и други некои за мене, онака за провод...можда стварно ништо немале и можда стварно тој не планира ништо со неа ама ако продолжат тие гушки, бацки итн итн малце веројатно е и дека нема ништо да има во иднина. Разговарајте (уште еднаш), кажиму дека сето тоа те повредило и дека не сфаќаш која е причината за тоа допишување со неа , па побарај он искрено да ти објасни се. Само така ќе ти биде многу полесно. Поздрав... :*
     
  13. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    искрено се трудам и само тоа му го кажувам а тој нема никаков коментар мислам дека е малце застрамен и дека знае оти ме повредил и се прави за да ми е убо а јас му кажувам дека не ми е убаво дека го мразам :) иако тоа не е така само да видам што ке направи.. но се плашам ако продолжи да го прави тоа штоо??? ;(
     
  14. sinolickata

    sinolickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Уф сто да кажам....во многу напреден свет живееме, па и фб, мислам дека миљон врски иам расипано баш се заради тие пишувања со други како што е и во мојот случај.Добро би било ако таквите работи ги факаме на почеток ако можеме барем нешто да спречиме.Ама веројатно сите го имаме истиот проблем.Мене најискрено ми беше криво лишно за мене кога го фатив како пишува со друга,не за друго туку би беше криво што, јас значи одам со него 4год, и не сум имала потреба да си пишувам со други иако се случувало да ми пишуваат така како нели да се видиме,ама јас или не одговарав или ги бришев од пријтели-глупача, а ОН како добра душа испага па ај да врати.Значи кај мене за сето ова време не се јавила таква потреба да флертувам со други, што е знак дека навистина го дакам и немам потреба да загледувам по други- за разлика од него....али вака можеме да правиме муабе до 101 и назат ама фактот е тој, сите се исти ѓубриња.... :(