1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уништена сум

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sunlove, 1 јануари 2014.

  1. sunlove

    sunlove Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Го сакав.Навистина...Потрошив многу нерви и време за него.Секогаш премижував затоа што го сакав силно.
    Секогаш велеше дека ме сака,секогаш ме смееше се до последните два месеца.Кога и да му пишам смс,не врака секогаш со изговор немал кредит или бил на работа.
    Сето тоа го премолчував.Дојде време за слава на нова година,тој наводно на работа а јас останав дома со болки заради мојот мензис.Тој тоа го знаеше но ниту еднаш не можеше или не сакаше во текот на нокта да ме праша како сум..Не му честитав нова година бидејки рано легнав,и не сакав да му пречам...Утрото тој ми пиша кратка смс порака со префрлување како не му честитав...Требаше денес да отидам кај него и да прославиме заедно.Тој наместо да се разбереме како луге го избришал фејбукот и го исклучил телефонот.
    Се обидувам да стапам во контакт со негов роднина...
    Не знам дали да оставам или да продолжам да го барам.
    Уништена сум зошто вака ми направи,а знам дека не заслужив,со ништо не заслужив..Можеби очајнички се трудам да ги средам проблемите..И очајнички ги молам останатите да разговараат со него...Ама љубовта е слепа.

    Досега разговарав со мои пријатели,исто и со мојата мајка...Ми рече дека сето тоа е намерно направено од негова страна,или дека има друга девојка.

    Ваше мислење феминки?
     
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Мила,љубовта се покажува со дела,а зборовите постојат само за да ги направат делата уште поубави.Така да,штом веќе два месеца се случуваат нови и неубави работи,штом неговото однесување е сменето,сигурно постои некаков проблем.
    Само едно незнам,а тоа е како си издржала толку време да не збориш ништо околу тоа,да прашаш и да пробаш да дознаеш во што е проблемот.Ти си сигурна дека до тебе не е,така да сигурно е до него.Можеби постои друга девојка,можеби ви станало монотоно па тој нема желба да внесува нови работи кои ќе ја вратат врската во нормална состојба.
    Искрено,тоа што го исклучил телефонот и што не се јавил да праша како си,воопшто не ми се допаѓа.Јас не би го ни побарала,а камо ли да молам други луѓе да разговараат со него.
    Мој совет ти е да го оставиш да му дојде памет,зошто ако сакал да се јави-ќе се јавел.
    И мојот дечко оди секој ден на работа,па секој ден го гледам па макар било тоа и на 15 мин.Ако сакаш некој да видиш-нема ништо да ти биде изговор.Секако има денови кога навистина неможе,ама затоа постои и нешто што го викаат разбирање.
    Ако неможе да се види,може на една минута да крене телефон и да те слушне.
    Затоа не го оправдувам.Работите што ги прави се детски и кукавички.Едноставно бега од решавање на проблемот.
    Во врската сте ти и тој,неможеш ти постојано да решаваш работи за кои викаш дека не си виновна.
    Знам дека е лесно да се каже остави го и чекај он нека ти се јави,ама верувај подобро е за тебе.
    Колку и да е љубовта слепа,има работи што се трпат и што не се трпат..така да,останатото е твое :)
    Пс.Среќна нова година,среќа,здравје и помалку проблеми. :*
     
    На sunlove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603

    Мое мислење е дека си била и предобра со него. Машко што те сака сигурно нема да оди да слави н.г сам додека ти си дома болна, и згора на се да не ти се ни јави да ти честита па дури и префрла што ти не си ср јавила... Хммм.
    Извини вака ама мене овај дечко ти ме потсеќа на еден мој бивши, гомнар.
    Ако нема девојка има некоја со која се слуша и секса од време на време. Тебе те третира вака оти повредувајќи те он си го храни егото. Знаеш што значи за него што го бараш и простуваш се во име на ТВОЈАТА љубов спрема него? Ехеее си мисли дека појак фраер ид него не постои на светов.
    Мој совет, стави му пепел, избриши го и продолжи си напред и око да не ти трепне за него.
    Ќе ти е тешко можда некое време ама кога ќе помине периодот на разочарување ќе видиш дека подобра одлука не си можела да донесеш.

    Кој е тој да се понаша вака посебно кога не си направила ништо? Ајде бе, ѓубриња скапани, ми се повраќа од ваквите машки!

    Не го барај повеќе и уживај во празниците, не дозволувај да ти го расипе првиот ден од новата година, почни ја насмеана и среќна ;) мисли малку повеќе на тебе.
     
    На ditrih, stetoskop, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sunlove

    sunlove Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Tи благодарам многу на одвоеното време,ке се потрудам да не го барам,но се ме потсека на него.
    Ризикував многу работи,мегу кои и некои пријателства,само за да му угодам...секогаш бев покрај него,и кога беше болен и кога имаше проблеми,го ислушував и го смеев...од мене добиваше љубов сите овие шест месеци,ништо не му недостасувало,да не зборуваме за внимание.Никој друг не ја добил оваа љубов,на олку силен начин.Ке почекам некој ден.Ако го нема,истото и јас ке го направам.Ке исклучам телефон и ке го избришам фејсот.И онака се измачив.

    Срекни празници и тебе,само добро да те следи :*

    Unica,мила баш затоа што не сум направила ништо ми е мака..Мака ми е бидејки после многу падови во мојот живот,после многу разочарувања јас си дозволив да сакам пак,да го дадам срцето некому кој ми беше се во мојот живот.Некој со кој имав муабети на сите теми,некој со кој дознав многу работи за кои не ни знаев.Ме научи на многу нешта.За кои сум му благодарна и сега?наеднаш се сруши се.

    Ти благодарам и тебе и срекни празници.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Ете гледаш дека си свесна за се што си направила за него.
    Следно што треба да го направиш е да си го поставиш прашањето дали вреди?
    Секако дека не вреди,зарем не?
    Зошто да трошиш време со некој што не те цени како човек?
    Самата ако не си помогнеш,никој неможе.
    Немораш ништо да бришеш,нити па да исклучуваш телефон.
    Зошто да бидеш иста како него?Да правиш исто онака како што прави и тој сега?
    Немаш потреба.
    Ако ти се јави,слободно кажи му дека повеќе не сте ништо и дека таков човек не сакаш да биде дел од твојот живот.Биди силна,зошто ако тој незнаел да те чува,ќе знае некој друг.
    Знам дека збучи излишно,ама времето е лек за се.Не брзај да бараш некого одма,само за да не мислиш на овој.
    Ти кажувам од искуство,и јас имав сличен будала порано ;) :emo:
     
    На sunlove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Едноставно, се осеќа кога нешто не е во ред. Не е доволно само ти да сакаш и само ти да се обидуваш, во врска се двајца. Ако гледаш дека не иде, прекини со време. Мачно е и тешко е но натака само полошо и полошо ќе станува. Не ти треба човек кој не се грижи за тебе.
     
    На sunlove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sunlove

    sunlove Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Мака ми е за прокоцканото време со него,мака ми е што отстранив пријател кој ми значеше.Мака ми е што се карав со моите родители заради него.И за крај мака ми е што сум голема наивка...

    Ви благодарам девојки,и тебе Dee.
     
  8. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Ако те сака и усвет да си ќе најде време да ти се јави.. Мм дечко ми бил па во Бугарија сме се слушале, ова одамна...
    Остави го не го губи времето со некој што не вреди, посвети се на себе, сега е почеток на годината и уживај.
     
    На sunlove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sunlove

    sunlove Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Сакам само да ме бара,за да му кажам се што ми лежи на душата,тоа што го имам..А знам дека нема да ме бара.
    Останува да продолжам понатаму како знам и умеам. :)
     
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    машките се најголеми слабичи во свет,старв им е вистината да ја кажат и да се погледаат во огледало,и за се криви им се девојките....
    за тебе вака да можев трансмисија на искуство од минато да ти направев да сфатиш и јас низ што имам минато и колку посилна на крајот излегов и потрезвено понатаму се сптавувам со животните тегоби не ќе имаше потрба да те тешам со зборови.инаку остани си доследна за себе,тешко е ќе помине,памети го убавото и продолжи понатаму,од каде знаеш од кој ќош ќе излезе некој кој вистински вреди и те заслужува лично тебе,ајде глава горе и само напред :)
     
    На sunlove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Дошло ли време да се правда со толку прости изговори, тури му пепел и подмочни го ко кучињана по цртанине. Не сакам да бидам песимист, но таквото однесување, ладење и наоѓање изговори водат само кон пропаст - твоја и тоа.
    Не е лесно, ама ќе си бидеш благодарна на себе. Еден не може да се бори сам.
    Колку се имам нервирано, па уште и себе кривено дека можеби моите цели 1-2 пораки дневно се премногу, па затоа не добивам одговор. Јок. Себично е и дебилно некој што наводно те сака, да не најде 5 минути во денот да те праша како си или да одговори.
    Па ако треба на шоља дури седи, ќе пише.
    Што подалеку од такви што секогаш за своето отсуство имаат оправдување, а што се вика, за живот или смрт да се работи кај другиов, они ќе се дуваат ко петли на буниште.
    Искрено, сега не гледам ни како воопшто некој може да се држи до некој што ми глуми cold-hearted bastard и чека извинувања на златна тацна за да те почести со своето величенствено битие, нели, дури не му прдне дека друго не му чини. Во врска си за љубов, поддршка и ред други работи што се добиваат со секојдневна комуникација, не за некој да си игра курташак кога нему ќе му текне, па и да се лути. Ма немој.

    Јасна ми е целата ситуација. По архивите на форумов ми стои сопствената глупоќа за речиси идентичен проблем, ми се чини и уште ми е срам да се активирам по темиве од патетиките што ги имам тресено. Којзнае колку виртуелни боксови имам изедено од девојките што си трошеа нерви да ми објаснат. :lol:
    Ее, какви златни дечки што не ти се ни дечковци може да ти посветат повеќе внимание и грижа, би се изненадила. А, ситуацијава во која си, не е ништо повеќе од нечие изживување. Батали.
     
    На ditrih, stetoskop, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Драга овој дечко не те сака , а лошото е тоа што не е доволно човек да ти каже туку се крие зад глупави изговори .Ова се тактики да те натера сама да разбереш и да си заминеш, нема доволно храброст да ти ја каже вистината па демек лут и повреден се крие .. Многу ме нервираат вакви манипулаторски и кукавички постапки ..

    Продолжи си без него и не го барај , рачунај го тоа како подарок за нова година што си се ослободила од лош човек .
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nov.neotpakovan

    nov.neotpakovan Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    сите го исплукавте дечкото а можеби не е проблемот во него, можеби се обидувал подолг период да направи промени во врската за да им биде подобро, но кога нешто неоди неоди, можеби си многу себична дали си се запрашала некогаш да направиш промени?
     
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Како се обидувал да направи промени за да биде подобро?
    Со тоа што не враќал на пораки?
    Со тоа што не ја прашал како е,и покрај тоа што не и било добро?
    Со тоа што не и се јавил да и каже среќна нова година?
    Со тоа што се вади на глупи изговори?

    Самата кажа дека секогаш правела да биде добро и позитивно,а за возврат не добила одговор на ниту едно од прашањата што ги напишав погоре.
    Ама не се работи за два дена,туку за два месеци.Така да,не е она најдена на улица за да дозволи некој да ја третира така...
    И на крајот на краиштата,можел да каже дека едноставно не оди,а не да биде кукавица и да се крие.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nov.neotpakovan

    nov.neotpakovan Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    можеби е повејќе од два месеци, и сега зависи во што е проблемот можеби му смета нејзиниот начин на облекување и како да и каже еј се облакаш ко курва данк у фаца, можеби не им оди сексот и што да и каже више не ме палиш, можеби начинот на нејзиното однесување не му се баш допаѓа и сто да и каже?
    можеби се обидува да ги смени ама гледа дека неоди, можеби ја сака несака да стави крај на ова врска и мисли дека така мозе да ги поправи работите.
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.310
    Пол:
    Женски
    Kолку што сватив,тој те игнорира и понижува.Tоа е банално за една порака да те замара,може и ти да се налутиш оти не ти пишал и уште поважно ти било лошо а тој не те ни прашал како си.Jас мислам дека премногу си добра кон него,па он ти се качува и на глава затоа.Mногу добро знам какви се тешки тие моменти ама ќе помине болката подобро сега да расчистите отколку да те мачи доживотно.Tој не те почитува тебе,себичен е и преку се она што го прави јасно се гледа дека не му е дојдено до вашата врска.Tоа е моето мислење,а твое е ти што ќе решиш дали да продолжуваш со таков дечко или не :)
     
  17. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Зошто да не и каже? :worried:
    Најмногу се залагам за отворена и искрена врска.Посебно важи тоа за оние "сериозните врски".
    Јас имам таква врска и сум имала многу ситуации кога било монотоно и кога се чуствувала потреба за нешто ново.
    Е сеа,сите врски не се искрени и отворени.
    Не гледам причина зошто да не и каже дека не го пали,или дека не и се допаѓа начинот на облекување.
    Јас кога купувам нешто,што можеби нема да му се допадне на дечко ми,и ако ми каже дека не чини,треба аутоматски да се налутам? Kaко што разбрав јас они биле во врска повеќе од пола година,така да ако се облекувала лошо тоа ќе го видел уште првата недела и од тогаш до сега имал милион прилики да изреагира.
    Или пак,ако не му се дигне неколку пати по ред,треба да помислам дека не го палам?
    А можеби е изморен или едноставно не му е до секс.Како што и мене некогаш не ми е.
    Од тоа што се премолчува,настануваат после големи работи.И ситница да е-кажи ја.Биди човек и не го прави тоа што не сакаш да ти го прават.Лагата е најголем непријател на љубовта и на секаков вид однос.
    Ја земав мојата врска за пример,зошто јас така функционирам.Да не забегуваме од темата,сепак немам јас проблем туку sunlove,која можеби имала поинаква врска :D
     
  18. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
    Обично незнам колку може да се помогне со совет ,кога ја слушаме само едната страна без да ја слушнеме и другата страна што се случило,а секогаш секој за себе си мисли дека е во право а тој другиот греши.
     
  19. nov.neotpakovan

    nov.neotpakovan Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    така е тука сме да помогнеме ама треба да ги имаме сите опции во предвид, треба да се запрашаме како да се реши проблемот, најлесно е да се излезе од оваа врска, ама прашањето е да не наиде на истиот овој проблем и во наредната врска,
     
  20. sunlove

    sunlove Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Врти сучи според некои овде јас ја имам вината?Во врската цело време јас се борев а не тој,цело време гледав да биде погодено..цело време го мислев да не му се случило нешто лошо.
    И сега кога зборевме пред некоја минута,се појави ми рече дека го лажев...А тој зошто не може да сфати како ми било мене кога го немало?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.