Јас ти дадов совет ама пак ќе ти речам. Бори се додека има за што и има за кого, ако гледаш дека не иде, дека ситуацијата не се средува или станува бетер, остави. Подобро е да бидеш сама, отколку во врска која, барем засега, не води никаде.
Устата не ни стои џабе на лице, ќе ја отвориш и ќе гугнеш `душо, извини ама мора да ти кажам...`. Што врска ќе беше тоа да се преќутуваат важни работи? Или дечкото е голем фан на Ацо Шопов па се раководел според `ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече`. Поетска душа дечково, нема што sunlove , не затварај профили, не исклучувај телефон, не се спуштај на негово ниво. Кажи му дека си разочарана, кажу ми дека мора да разговарате и води се според тоа како тој ќе реагира. пс Викаш дека поради него имаш изгубено пријател, си се расправала со родителите па претпоставувам дека уште од почеток имало некој фрки со дечково, штом другите не го прифаќале.
нели дечкото се изјаснил дека не и верува и дека помислил дека таа него го лаже, сигурно такви мисли не му се вртат чисто од љубав, сигурно нејзините постапки го водат кон такво размислување, има девојки/момци кој знаат како да се однесуваат и внесад доверба кај својот партнер има и такви што незнаат, а не секој работи се кажуваат директно има и такви кои се кажуваат индирекно, исто така спомнаа погоре што е многу важно ја знаеме само едната страна и според неа одма осудивме...
Зборевте пред некоjа минута?! Не бараj вина каj никого,врската е готова и подобро сега да прекинете отколку да се влечкате во лаги со години и слушаj си ja маjка ти, таа не ти мисли лошо.
Koи мои постапки?зар љубовта не беше доволна или сега ке се бара постојано некој изговор за прекинување на нешто што траеше и беше убаво? Со тоа што му давав внимание,со тоа што мисли дека имам славено нова година со други? Со тоа ли да не ми верува?А јас се кинев од болка дома во кревет?и го чекав да ме побара? Па јас ли постојано треба да сум таа што прва ке му пишува и ке го бара? Со тоа ли заслужив да не ми верува? Нема јас што да кријам. Ако некој требаше да не верува тоа бев јас кога го немаше да ми врати на пораките и кога го немаше со денови.
е ова повејќе нема што да се коментира ова е од оние момци кои се болни од љубомора од тоа лек нема, подобро прекини на време отколку да се мачиш
Епа мила прекини си ги маките и стави и пепел на таа искомплексирана будала. Подобро да бидеш сама верувај ми. Ќе се најде некој што че знае да ги цени овие работи. На сила убавина не бидува.
Убаво ти вика мајка ти. Според пишаново, дечково нема храброст да ги прифати “последиците“ од прекинувањето на контакт, не е доволно маж ко човек да ти каже дека нешто не оди и сака да намести да мислиш дека ти си виновна. Батали го, таков не ти треба.
навистина незнам колку години има типов ама навистина си пре добра за него очигледно дека те прочитал и манипулира со тебе како што тој сака гледам имаш само 20 години-животот е пред тебе и јас како тебе имам многу пропатено во љубовта па затоа од искуство ти кажувам не си го троши времето и годините на некои што дефинитивно не заслужува
Ми треба помош, очајна сум. Во врска сме повеќе од 6 месеци. Прекрасна врска со многу љубов, разбирање, планови за заедничка иднина, живеевме заедно 1 месец, имаме незаштитен секс, пробувавме да правиме бебенце. Го сакам, мислам дека ме сака. Сме имале кавги како и во сите нормални врски, но ништо страшно и нерешливо. Но има нешто што многу ме измачува и мислам дека може да ја уништи врската. Неговата поранешна девојка (вереница). Имаат раскинато пред повеќе од една година. Точна причина незнам, но имало многу кавги, неразбирања, љубомора, таа не е од Македонија. Знам дека многу ја сакал, но мислев дека ја преболил. До сега му има пишано неколку пати на меил, но никогаш ништо и нема вратено, што и самата ми потврди, бидејќи на последниот обид да стапи у контакт со него преку меил, морав да се замешам и да ја замолам веќе да не му пишува, но пред она да дознае дека јас и пишувам, сама кажа дека неможе да сфати зошто никогаш ништо не и враќа на пишаното. Но пред 3-4 дена откив дека дечко ми има лажен профил на фб и преку него речиси секој ден и го отвара профилот. Ова ме уништи, се уште неможам да се соземам. Му пишав порака дека јас неможам да се борам со неговите мисли, дека се уште ја нема преболено, дека меѓу нас е крај и несакам веќе ништо со него. Се колнеше дека ме сака, дека неможе без мене, дека она ништо не му значи, јас сум му најбитна во животот, имаше мн плачења и од моја и од негова страна. Му реков дека и да сакам неможам да му простам, неможам да заборавам дека додека јас го љубев он мислел на некоја друга. Викаше дека нема никакви чувства кон неа, ми се колнеше во внук, ма во се живо се колнеше и попуштив се смиривме. Ама неможам и неможам да ја сфатам таа потреба од тоа секој ден да ја пребарува на фб демек од чиста радозналост. Секој ден, секој момент ме измачува тоа. Незнам, незнам што е паметно. Ве молам феминки дајте ми совет, мислење, збунета сум комплетно.
Мислам дека кратко време сте заедно.Потребно е многу повеќе време за да го запознаеш некој човек како што треба.Ако имал долга врска мислам дека нормално е до некој степен тоа.Ако те сака навистина може ке го поминете овој период.Ти посакувам се најдобро
Се средуваат работите па пак нешто оди на лошо.Ме иритира што не врака на смс пораките.Па морам да му звонам на мобилен.Тек тогаш се чувствувам понижено кога го молам бидејки како негова девојка имам право да знам каде е и што прави така? Единствена пречка да не го молам е мојот страв,моите црни мисли дека нешто ке му се случи.Ми е страв да ги отворам интернет медиумите.Еднаш доживеав толкуу голем страв од една вест што почнав да се тресам.Кога го слушам неговиот глас тек тогаш можам да се смирам и да знам дека се е во ред. Не,тоа не сум јас.Не знам што ми се случува наеднаш за да се однесувам така непромислено и детски да се јавувам постојано. Не сакам да го правам тоа,не знам како да се спречам да му се јавувам, по некој договор требаше да дојде утре кај мене ама не знам како ке испаднат работите.
Почекај да помине одреден период да видите какви ќе ви бидат односите, тешко е човек да излезе од долга врска а притоа некој временски период да не мисли на неа...научи се првин за причината на нивната разделба, зошто раскинале?? а секако , ако бил заљубен во неа не може да ја заборави за месец,два ...и секако дека ке бара утеха во некоја друга да биде со неа со цел да ги запостави мислите кон другара особа..дај му шанса , продолжи со него ќе видиш како ќе се одвиваат работите, ќе видиш како се однесува со тебе, дали те сака, дали нешто прави само поради тебе... сепак ти посакувам среќа
Aј да те мисли и секира за тебе,ќе разберам за паниката што си ја создаваш во главата,ама тој извини ни на г*з не те става,а ти со сила зависна ќе се правиш.Kога гледаш дека не бива,олади,остави го,што изиграваш дворска будала во негови очи.Bакви ко него ги има со лопата човек да ги рине,него работата е да најдеш некој што ќе те цени,почитува,сака и држи ко последна капка на дланка,е за таков човек вреди да се бори за таа врска да трае бесконечно.Kај му е џентлменоста ја изгубил по пат ,тој како прав џентлмен требал да ти се јави и да ти честита Hова год.,ама овие типови веќе се изумрен вид ко диносауросите,не третираат жени повеќе ко дами,него полека полека,маживе улогиве си ги заменија во жени,све свиленковци.Hикој не бега од арно,така да овој твојов или нешто мути вода или е настран човек(несигурен во самиот себе) и си пати од мозокот.Eте и да реши да биде со тебе,зарем ќе живееш со таков драматичен човек,да не можеш нормално да функционираш во животот оти тој режира стално филмчиња? земи излези си,дружи си се луѓе,уживај во животот,млада си,запознавај нови луѓе,симпатии,дечковци ехеј во најубавите години си,а ти дремеш по дома и се замараш со тешки трипови .
не сакам да те разочарувам но верувај не ве чека иднина,и мене ми правеа некои од овие работи и на крај се ожени со типката ,така да тргај се со време а знам дека е многу тешко
Mоже ,а може и не,како викаат некогаш и радозналоста ја убило мачката Bиди како понатаму ќе се одвиваат работите од негова страна(биди со резерва),може навистина самиот со себе си нема расчистено од предходната врска,кој знае ,или ептен ако не можеш сега за сега да поминеш преку тоа,стај се на малку пауза,додека расчистиш мисли,пошто вака е само измачување.Bрати си го филмот уназад за шест месеци и анализирај каква ви била врската и неговото понашање,не е работата да му потполнуваш време? биди искрена со него и разговарај,кажи му све ова што го чувствуваш,па ако му стало до тебе ќе направи се од дното на душата да ти ја врати довербата кон него.
Денес ми се јавувал а во мене не бил телефонот,то ест го оставив на полнење.Му се јавив и ми одби,мислев дека возел. Поминаа неколку минути му пишав неколку пораки за да ми се јави,од кога ми пукна филмот му реков ако не сакаш да си со мене во ред ке сфатев.Речиси го напнав. И по некое време ми пишува порака као јас сум се однесувала детски и дека ми е лут на тие пораки,а наводно кога сум се јавувала тој спиел. Сега гледам го исклучил телефонот. Ме запозна со неговите,една недела се во ред беше а потоа пак исти испади и тој правеше. Ми го заборави роденденот,можеби навистина го заборавил бидејки беше претрупан со работа,не знам девојки што да кажам и што да правам. Знам дека треба да оладам и да го оставам но не знам како да постапам.Освен вашите совети никој ен сака да ми помогне а мајка ми ми ја отежнува работата уште повеке.
А неговото однесување не ти покажува колку тоа му значеш ти? Не биди детинеста,и не ги затворај очите пред реалност. Заврши веќе се фарсава,наречена врска.