Девојче, тој не те бара затоа што знае дека те има на РАСПОЛАГАЊЕ во секое време, бидејќи ти очајно чекаш да те побара. Излези, најди некое пријатно друштво и само смеј му се на глупавоста!! Не очајувај, се во животот помина, верувај, само времето изгубено на глупости и погрешни луѓе неможеш. Ти нему нема да му ВРАТИШ со тоа што ќе се изнавикаш на телефон, со тоа само покажуваш колку ти е мака. Насмевката на лицата кои сме ги повредиле боли најмногу. Тој ако се плаши да не те изгуби, нема да прави така!! Тоа што ти го нарекуваш ВРСКА, не е врска девојче. И не му пишувај, зарем не гледаш дека те игнорира?! Се гледа дека го сакаш, но тој тебе изгледа не. Прави го истото што тој ти го прави. Излегувај, не му одговарај на повиците, фејсбукот нека ти биде пристоен и веле (но не претерано-проѕирно е!!), и ако му значиш навистина, тогаш ќе направи се за да те врати. Се надевам дека ќе ме послушаш и дека повеќе никогаш нема да го побараш, а ако тој те побара ќе го игнорираш. Со среќа мила, и пиши ни како се одвиваат нештата.
Секогаш сум јас виновната според него, секогаш сум јас лошата според него а тој жртвата. Никогаш не ме ислушува до крај,според него јас се однесувам како мало разлигавено детенце. Еве што се случува. Вчера бил на работа, без да ми каже... ни да ми се јави ниту пак да ми пиша порака. Кај го барам цел ден и ми одбива и не ми врака на пораките според него јас сум се однесувала детски само затоа што му пишав кратка смс: ти благодарам што не ми се јави. Кој има право да се лути? Дали јас ? дали тој? Бега секогаш од разговор, и глуми жртва. Му давав ултиматуми да се среди му ветив дека и јас ке се обидам да не избувнувам.. И секогаш одново ги прави истите грешки... Го сакам, му ја давам целата љубов и внимание, ништо да не му недостига а тој и покрај мојот труд не е задоволен. Секогаш кога сме заедно ми го дава сето внимание. Покажува како наводно ме сака а на крајот сето тоа пропага во вода само заради неговиот инает. Размислував за тоа да му раскинам, да не го барам повеке...ама љубовта е посилна, љубовта.. не сакам да го молам ама не сакам ниту да го загубам.. Ми е потребен само што тој тоа не го разбира. Понекогаш се сомневам во неговата таканаречена љубов, понекогаш ми го дава сето внимание на свет... Не знам што да направам да сфати дека ме губи... Ми значи, го сакам... 10 месеци сме заедно.. сепак не е лесно да ги заборавам, да беа помалку можеби.. Но не знам...би го оставила...не би го барала.. но до кога ке издржам? И како да издржам?
ke ve molam za pomos unistena sum potpolno.....kako da najdam razlika dali uste go ludo sakam...kako da razlikuva dali e ljubov ili opsesija ili navika kako da naporavam razlika megu tie tri custva?????
Не само што сум уништена туку и во манијак се претворив.Имаше еден се дружевме околу 1 година но не го сакав.Се беше океј до пред некое време го гледав како другар и ништо повеќе(иако знаев дека ме сака) незнам која беше причината но еден ден изгубив контрола и се испукав на него како никогаш.Од тогаш не се слушаме,не се јави,не ми пиша..Буквално бев странец за него и не го осудувам знам дека го повредив..Се гледаме скоро секој ден на факс и ни здраво немаме повеќе.Не го сакав но ме фаќа некоја носталгија за него ми недостасува се што правеше за мене,начинот на кој ме гледаше,начинот на кој ми зборуваше..Почнав да го манијачам и да трчам по него за да бидам во негова близина а тој како да не ме познава..Ми недостасуваат деновите кога бев неговиот живот.. но одамна ме има заборавено..Неможам да продолжам барем да ми беше поддршка сега во најлошиот период во животот..
Мила,мое мислење е дека немаш моментално некој во животот да ти обрни внимание пошто самата пиша дека правел се за тебе,си била неговиот живот. И ние луѓето сме интересна појава кога и да сме тажни,да имаме несакани настани,макар и малку психата да ни падне веднаш имаме потреба од некој друг кој и во 2часот по полноќ да му се јавиме да ни крене и да истрча кон нас(тоа кај секој од нас е присутно). Додека тој ти нудел многу работи ти само си ги примала а не си возвраќала бидејќи тебе ти било убаво. Доколку сметаш дека си изгубила вистински другар тогаш пиши му,побарај средба со него да поразговарате. Можеби тој се одалечил од тебе се со цел да ги скрие,изгуби подлабоките чувства кои ги имал кон тебе. Се надевам ќе разговарате и ќе го решите случајот. Чекаме убави вести