1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Урогенитални инфекции и заболувања

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Isabeau, 7 мај 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Isabeau

    Isabeau Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Здраво,
    не знам кој од докторите е стручен за ова, но се надевам дека ќе ми помогнете. Уште од малечка имам проблеми со уринарниот тракт, постојано сум подложна на инфекции, болно мокрење со печење, понекогаш и крв во урината, меѓутоа сето тоа си заминува и по еден период повторно се појавува. Последниот пат кога се случи тоа, додека чекав резултати од крв и додека да однесев урина на микробиологија, мене веќе ми помина, така да никаква бактерија или инфекција не ми најдоа. Исто така, ми рекоа дека најверојатно ми е тоа гинеколошки проблем, што и јас мислам дека е. Имам и односи, постојано се грижам и водам хигиена, но никако не можам да се излечам или заштитам како што треба. Имам и еден полицистичен јајник, па не знам дали и тој ги прави тие проблеми, бидејќи и менструацијата не ми е редовна. Моментално повторно ја имам инфекцијата, веќе 5 дена, на почетокот беше со болно мокрење и болка во мочниот канал и меурот, а сега е со чешање и печење во пределот од клиторисот до влезот на вагината (надворешно и некои 1-2 цм внатрешно во вагиналниот отвор).

    Ви благодарам многу
     
  2. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    dokolku imate infekcija , pijte mn voda!
     
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Ако не си успеала да успеала да добиеш соодветен совет од доктори, обиди се со чаеви. Од лично искуство- кога имав проблем со бубрезите и над милион бактерии при анализи пиев чај кој го купив од билната аптека во Скопје- комбинација е од 5- 6 чаја кои ти ги даваат таму плус увин чај (јас не пиев увин оти ми создава вртоглавица). Исто така, за редовен циклус пиев маточина- исто чај- ама не редовно па резултаите поминаа. Исто така имам читано дека при мали инфекции (алергија од прашок за перење или тоалетна хартија) може да се миеш со чај од боз наместо со чиста вода. Тоа е од мене. :!: Не сум воопшто стручна за ова само споделувам лично искуство-кое досега се покажало добро, зашто на крајот на краиштата чај во умерена количина не може да наштети, само следи го организмот.
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    најверојатно имаш гиниколошки проблем( како што ти кажал докторот), а зошто не посетиш гиниколог? додека да одиш на гиниколог ти препорачувам да се миеш со чај од камилица, или стави на тампон исто како вагиналета. Можеш да си купиш и вагиналети Полигинакс (мислам дека така се викаа) и да понеделеник правец на гиниколог :!: , мислам дека се работи за кандида
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Можно е,ама можно е и да е Еширихија Коли или некоја друга бактерија,штом има уринарна инфекција.Треба да си земиш нешто за неа,ама подобро е да одиш на болница да ти испитаат урина и да знаат за која бактерија се работи,за да знаат што да ти препишат.Додуша тоа можи и на гинеколог,и таму испитуваат урина,а и штом имаш чешање и вагинално) И кажи дека предходно си имала проблеми,дека имало и крв во урината понекогаш.А јајникот е посебна приказна,тој не е сврзан со инфекцијата.
    За тоа време додека ти препишат многу вода и чајчиња,особено е убо од црвена боровинка за тоа,а и почесто водење на хигиена и не чекај долго за да одиш на лекар.
     
  6. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    имам проблеми со јајниците ми најдоа циста била водна,ми дадоа апчиња арно ама се напив и прокрвавев,па ми рекоа де пиј ги па не ги пиј незнам откај проблеми па уште ова ми беше кусо ај нема веза јас сум си учена сите малери помене ако некој имал нешто слично нека каже
     
  7. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Многу често ми се случува после односи со презерватив да имам пецкање кога мокрам, и болка во долниот дел од стомакот, исто како и при уринарна инфекција и тоа трае неколку дена. Бев на лекар, правев микробиолошки тестови, се е во ред немам никаква инфекција. Сакам да прашам дали може да сум алергична на некоја од состојките на презервативот? Дали на некој Ви се има случено ова? Што од тие состојки може да предизвика алергија? Ви Благодарам :)
     
  8. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Да можно е и мене ми се има случено истото од латексот, избегнувај да ги користиш и после однос одмивај се веднаш само со млака вода.
     
    На tikvi4ka992 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6

    тоа и го правам ама продолжува.... :?: ама скоро сите комдоми се од латекс :| има ли некои со поинаков состав? non latex? :)
     
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    а да пробаш со пиење чаеви? бидејќи и мене ми се има случено при уринарна инфекција брисевите да не покажат ништо, а со пиењето на чаеви за уринарни инфекции за 3 дена бев нова, никакви болки, ни чешање, ни пецкање... пробај и без кондом доколку сте подолго време заедно, да видиш дали е од латексот или не
     
  11. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Пиев капсули од брусница ми стана подобро за неколку дена :)
     
  12. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Не знам дали на соодветно место го поставувам прашањето, ама ми беше сугерирано да прашам гинеколог. Проблем има мојот партнер. Врвот на половиот орган му е како побелен и сув, а врвот на внатрешниот дел од кожинката исто бел, ама со помала растегливост. За сега се плакне со хипермангам раствор. Дали е во ред да користи канестен крема и капсула флуконазол?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.