Карактер и карактерни особини на поединецот се во прашање. За да успееш во нештото пред се ти треба амбиција, мотивација, истрајност, многу труд и работа. За тоа не треба да си добар или лош човек, туку едноставно да имаш желба и карактер за да ја постигниш замислената цел. Е сега себичност, па до некаде и да. Ако ти не се ставиш на прво место и не се посветиш на тоа што го имаш замислено дека треба да го реализираш, не би успеал. Докторот пример, не би бил доктор ако не посветил доволно време на учење и пракса. Го спомнав докторот, заради тоа што професијата захтева помагање на другите и правење добри дела. Секако постојат исклучоци, ама времето и посветеноста, резултираат со успех. Што се однесува до успехот, релативно е. За некој успех е да ослабне 20 кг. И за тоа треба желба, мотивација, труд. Или успех може да е положување на возачки испит. Или правење на некоја позахтевна торта. Што се однесува до темата, со тоа успешни луѓе мислам дека се мисли на успеси во професионална смисла. И пак, не мора да значи дека сите луѓе кои се успешни се намќори тешки, човекомразци итн итн. Не е до успехот, до човекот е.
Можеби треба да ја прошириш твојата дефиниција за успешни луѓе како и твојот круг на познанства... Јас не би ги коментирала екстра успешните луѓе, како Стив, Илон.. Знам делови од нивните приватни животни од гледање на документарци, ама којзнае што се случува зад сцената и зад тоа што му дозволуваат на обичниот народ, да види, да конзумира, да знае... Мислам дека се луѓе кои се пораснати/се нашле во вистинските околности за да им се случи тој успех... Патот на нивниот успех не е баш како патот на успехот на секојдневниот народ, и не верувам во нивните приказни дека почнале од нула (чест на исклучоците) Bill Gates was first introduced to computers at his Seattle private school. From his dorm room, Gates calls MITS, the maker of the world's first personal computer. Замислите колку Бил Гејтовци би имал светот, доколку тоа време (1975) повеќе луѓе би имале пристап кон компјутери. Сега за кажаното погоре..Таквиот муабет дека себичноста е добра особина, за жал не се сложувам. Па само тажен човек може да мисли дека со газење се успева. Сум била и на двете страни. Претходно премнг сум давала (преголема наивност) , после премнг сум земала (чиста себичност бидејќи сум била повредена претходно од сопствената наивност)...Никаков баланс, а душава катастрофа ми беше кога бев себична..Бидејќи тоа те прави слепа и срцето ти е камен...и така живееш мнг површно.. Се надевам дека сите ќе го мериме сопствениот успех само со самите себе... Од каде си почнал, кои ти се целите, како си постигнал, и дека секој ќе си го цени сопствениот живот според мнг подобри стандарди отколку пари и статус...
Како може личност што се занимава со нечесни работи како продавање на дрога да биде успешен. Тој може да биде само мафијаш, а успешна личност сигурно не може да биде. Имаш погрешна дефиниција за тоа што значи да се биде успешен.
Успех е релативна работа, да, за мене е можеби успех да имам некое свое хоби кое ќе прерасне во работаво која ќе уживам иако нема да ми носи огромен приход, за друг самото создавање семејство е успех, трет признава успех само доколку е има одредена моќ во заедницата и е натпросечно богат... Е сега зашто најверојатно во темава се алудира на успех на професионален план, многу е едноставно.Колку поголем залак земаш и се искачуваш на повисоко и повисоко скалило, толку повеќе се појавуваат пречки и предизвици и со тоа мораш повеќе да газиш преку нешто и некого.Ништо не се добива бесплатно и без жртвување на себе си/другите, приказните дека само со труд и несебичност ќе станеме милионери се само тоа, приказни.
Успех е широк поим. За некого ако успех е да добие највисока титула од образование, за друг можеби е да се омажи/ожени и да создаде семејство и секој би го дефинирал успехот на свој начин и секој би сметал дека неговиот успех е поголем од туѓиот. Според насловот доколку членката мисли на успех во општествен статус, мислам дека да, може. Тешко е, не секогаш оди под рака успешен-лош, но човек треба да биде доследен на свои принципи и начела, да не се изгуби низ животот, да не заборави дека е гостин на овој свет и се што има му е подарено и дадено на владение.
Но, има и многу обични луѓе како што кажаа погоре кои во ништо не успеале, па се ароганти, сурови, умислени, себични. Работа на карактер е. Кај нас не сите кои успеваат се чесни, добри, и со труд се исакчиле на врвот. Овде се знае, мнозинството со парите, врските, мама, тате, партија постигнале нешто, а примерите на оние кои сами успеале се малку.
Не се сложувам со тоа дека оние кои што успеале со свој труд се малку, напротив и во нашата држава ги има многу, ама тие се како што кажа, чесни, добри и не толку познати, не сакаат да се истакнуваат си тераат свој живот.
Па да. Обично најмногу се фалат оние кои постигнале нешто на туѓ грб. Ќе се убијат од фалење. А и луѓето се некако такви, се воодушевуваат кога некој партиски ќе се вработи, кога некој има татко директор, шеф, итн. Самите ние ретко ги издвојуваме оние кои сами успеале.
Темава од сурово јасна ја направивте филозофска. Се подразбира дека треба да си отракан, итар, снаодлив, саможив манипулатор, и имаш врски за да стигнеш до "врвот", oдносно до висока професионална позиција. Тие муабети околу чесноста, перспективноста, трудот и амбицијата звучат убаво и идеалистички, ама се приказни за мали деца во оваа држава. Па, и не е баш така. Ако ги исклучиме Скандинавците и Источниот цивилизациски круг каде што се почитува мислата на колективот, наспроти индивидуалноста ќе сфатиме дека сите народи активно работат на уништување на Планетата земја. И тука нема никаква солидарност. Нуклеарните централи кои предизвикуваат полуција се дело на тој ,,високо професионален состав" на уважени господа кои обичниот народ нема ниту сила а ниту волја да ги спречи, така да сите сме дел од тој дегенерички себичен свет.
Глобалното општество учи на немање емпатија. Прочитајте книга за менаџмент, ќе видите. Прост пример: Работниците се ресурс -не се луѓе Ако ги гледаш ко луѓе, нема да бидиш добар менаџер... во денешниот profit driven свет. Како да не. Некои не се истакнуваат јавно, оти полесен им е животот така, а не оти се многу 'фини'. 'Ќути си-дупи си'
Прво, зошто во насловот стои ,,контрадикторноста на нивните особини"? Нема правило дали успешните луѓе треба да имаат добри или лоши особини па да има некаква контрадикторност. Успешните луѓе имаат амбиција, верба во себе, истрајност, визија. Тоа им е заедничко, а останатите особини се различни, секој си е приказна сам за себе. Второ, успехот не го дефинираме сите исто. За мене успех е да си ги остварам своите цели што ги имам зацртано, да го постигнам тоа што го имам замислено. Притоа, достигнувањето на тој успех не наштетува никако на некој друг. Успехот кој сакам јас да го достигнам не е да биде моето име познато и луѓето да ме знаат по нешто, нема ништо посебно да оставам зад себе на овој свет, можеби само нови генерации. Успехот кон кој се стремам е успех лично за себе. Работа, семејство, исполнет живот. Има луѓе кои се труделе да постигнат, а и постигнале многу повеќе, а сепак заминале од овој свет незадоволни. Дискутабилно е дали е тоа успех.
Малце вон темата: Кога се говори за карма (законот на причина и последица) треба да се земе в предвид и знаењето за реинкарнација (повторното раѓање) т.е. сфаќањето дека создадените причини во текот на овој живот, до израз како последици нужно не мораат да дојдат во текот на овој, туку можат да избувнат во текот на некој од следните животи. Ова чисто да ви биде појасно како концепт, не велам дека морате да верувате... За контроверзите околу Мајка Тереза, имавме на форумот и засебна тема.
Некои спомнаа себичност. Ако јас сакам да напредувам во кариерата, и фокусот го ставам на тоа, па избегнувам пречесто или често да одам на кафе со пријателките, тоа за мене не е себичност. Некогаш мора да се направи избор. За да се успее мора да има човек цел и напорно да работи. Но, верувајте дека тие што газат преку други луѓе за да успеат сите ги знаат во вака мала средина. Тие можеби имаат пари во џебот, но почит никогаш. Напротив мнозинството ги презира. Еве пратениците имаат високи примања, министрите исто, па дали во очите на народот се успешни? Дали неколку од 120 пратеници се вредни за почит, другите или не гукнале или тропаат глупости цело време.
Особено ако тебе лично ти наштетиле, намерно те згазиле, те манипулирале...Тие луѓе секогаш ќе поминуваат со наведната глава покрај тебе и комплетно ќе ја избегаваат твојата појава (доколку се свесни дека вие сепак сте ја дознале вистината) Сега кажете ми, каков живот е тоа... Кога сум сам/сама можам да си го фурам филмот и да се гледам во огледало, но кога вистината ќе ме погледне во очи главата наведната, грбот свиткан..
Мене уште ми е нејасно дали треба за мегаломани и успех во пари да зборуваме или генерално успех во животот и кариерата. Не верувам дека можеш да си многу богат и чесен. Не верувам на приказни почнав од нула, стигнав до милионер со чесна поштена работа, зошто едноставно не се вистина. Никој од нив не почнал од нула, прво. Второ, Бог знае во какви кругови треба да бидеш и што да правиш за да стигнеш до тоа. Верувам дека можеш да си чесен и да бидеш успешен во својата професија. Ама дека со нормална 9-17 работа ќе станеш милионер или супер богат, нема. Ама тоа не значи дека не си успешен.
Ти мора да се шегуваш. Каков презир е тој, што на демократски избори ти донесува функција, не знам. Кој народ, кога народот е бетер, каков народ, такви политичари крај краева. Министри, пратеници, градоначалници им се дно, во случај да се од противничката партија. Тие од партијата за која гласаат, им се идоли и баш со почит се изразуваат за нив. Во општествово, и човек кој е чесен и принципиелен, поинтелигентен, го гледаат со презир. Можеш да бидеш беспрекорна личност, народов ќе измисли нешто, ќе клевети. Тешко тој што зема при срце народот што ќе кажел, а лоповите не ги погодува како се перцепирани, тоа да знаеш.
Кога Оливер Спасовски беше премиер, на еден пост на портал прочитав коментар „мрсољко ќе се обрати до нацијата“. Вака ни овчарите не ги коментираат. Имаат гласачка машинерија која ја вработиле, плус по неколку члена дома, и ете ти ги гласовите. Со почит се однесуваат само оние кои имаат интерес, а таквата почит не е почит. Тоа е гребење за работно место, улизување. Еве сега Јанкулоска дали е успешна и почитувана? Кој би ја тапкал по рамо неа сега? Значи таквите не ни имаат пријатели, имаат круг на луѓе кои се само од интерес до нив. Ако интелигентните ги гледаме со презир, затоа сме на дното. Во тинејџерски години имав две другарки кои секогаш исмеваа други, потценуваа, пушеа, пиеја вотки, мислеа докторки ќе бидат, и баш со презир гледаа на оние кои учеа и беа одлични. Знаеш кај се сега? Домаќинки, не знаат Скопје кај е, да ги пратиш до главниот град ќе се изгубат сироти. Сите кои тие ги сметаа за „мутави“ денес се средени, со работа, кој куќа, кој стан, прошетани итн. Ние дека се исмеваме на чесните затоа сме дно. Инаку, принципиелноста ја сакам многу како особина. Јас сум принципиелна. Кога ќе кажам нешто кажано е. Ако ветам некому нешто гледам да не извисам.
Плиз, во оваа држава секого вака го коментираат. Не си јавна личност и не си се видела на некој портал, ама сигурно на форумов те има навредено некој безвезе што поим нема која си. Тоа е културата на народот, поготово на интернет просторот. Не си им дома да знаеш дали имаат пријатели и блиски. Јас ти кажувам дека грешиш. Секој има барем некој. А од Јанкулоска ќе направат поранешен политички затвореник кога ќе се смени власта. Има разни примери. Некои деца кои беа третирани со подбив, до ден денес имаат проблем со самодовербата и не успеваат да се снајдат од што се затворија во себе. Друго дете кое го исмеваа, стана поголем вагабоонт од нив, тепач. Можеше да стане интелектуалец бидејќи учеше како помал, а и фамилијата му е ситуирана. Трети во школо беа бараби или воопшто не учеа, потоа се променија и се средија. Не ти е во ред коментарот. Животов не е бајка, ниту сапунска серија за секому да му следува заслуженото. Тоа во наредна реинкарнација, МОЖЕБИ.
Да, така е, ама убаво кажа, некои се смениле. Проблем е кога човек ги исмејува сите, а не е ништо подобар од нив, туку е бетер. Значи се промениле и се средиле.