1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултетот и дечкото

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bundaa, 2 јуни 2014.

  1. Bundaa

    Bundaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    13
    Простете ако има слична тема на оваа,веднаш нека биде сместена таму каде што и е местото.

    Мојот проблем е следниов...
    Мојот дечко е премногу опседнат со моето образование.
    Буквално знае кога полагам,по кој предмет,неизвесно чека резултати.
    Цело време ми вика да учам,и буквално ме изморува со муабетите како јас ќе останам неписмена,како никој не би посакал таква девојка,како ќе ја изгуби почита кон мене. И ми се заканува дека ќе ме напушти ако не положам по одреден предмет.
    И како тоа ќе ја работам последната работа.
    Психички многу ме изморува,Иако сака да ме мотивира,потсвесно ме демотивира.
    Незнам како треба да му објаснам дека,тоа е мој живот со мои правила...
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    По се изгледа како да се грижи за тебе и за твојот успех и иднина, како што многу девојки би посакале. Ама тоа дека ќе те остави ако нешто не положиш, не смее ни на шала да го каже. :tmi: Тој треба да е покрај тебе во добро и лошо, па макар изгубила и година, а не еден предмет ако паднеш. Нормално е да му е криво и можеби малце да те освести ако не се однесуваш одговорно кон факултетот, ама вакви работи не.... Ти треба да си разговараш со него отворено, а не од нас да бараш совет. Кажи му го истово, дека ти влијае контра, дека не се чувствуваш пријатно, веројатно и јас не би. И дааа, прашај си го што му значи тоа дека ќе те оставел ако не положиш, прашај го дали е озбилен и кога ќе проба да врти на шала (се надевам ќе проба), ќе му кажеш дека не сакаш веќе такви работи ни да ти спомне ако навистина те сака, во спротивно ќе почнеш да се сомневаш во неговата љубов.
     
    На WarriorAngel и Bundaa им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Боже,што не оди на земјава.
    А добро,он има завршено,учи или само знае памет да соли?
    Твојата едукација е само ТВОЈА,што има он да се меша,не ти е татко ниту пак ти го плаќа факултетот.
    Земи ржни му таму,ако не Чао,Пријатно.Личности што не те сакаат каква што си и бараат исполнување на одредени критериуми(во твој случај образование) не заслужуваат да го трошиш времето на нив.
     
  4. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85

    Бунда јас мислам ти дека си доволно паметна да знаеш дека си учиш за себе и дека никој не може и не смее да те уценува за тоа ако положиш ќе те сакам повеќе, ако не не те сакам скар готово. Смешно е! Дечкото си е дечко, факултетот факултет. Нема никаква поврзаност за себе учиш и полагаш тој не ти плаќа за факултетот (сигурно твоите).... како може да се дрзне така божеее... Мој совет батали го како смее така да се понаша, тој е тука да те сака и почитува без разлика на се , сега ти си знаеш ;)
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^^ Аман бе, сите одма ѝ ја наполнивте главата да го откачи, не вредел, не ѝ требало таков, не ѝ го плаќал факултетот.... Добро бе, дечко ми треба да се грижи за мене само околу она тој што ми платил? Што врска е тоа ако не се грижи за моите постапки? Како што кажав, за мене се ова е во ред, освен делот каде што ѝ се „заканувал“ дека ако не положи ќе ја остави. Ама и тоа не знаеме во каков контекст е кажано и колку таа преувеличува зашто се осеќа „загушено“. Типични детски размислувања. Ако гледаме така на секој ќе му најдеме маана и не треба воопшто да имаме дечко или маж. Да го остави зашто се знае, кога и по што полага. |( Најдете кретени што нема да им е гајле ни кога сте болни или здрави се додека им го правите ќеифот, па после зборете дека момците што премногу се грижат требало да се шутнат. :^)
     
    На WarriorAngel, SuperGirl24, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    ^Мене па не ми личи дека "загрижениот дечко" ова измачување и го прави од преголема љубов,туку од дување во воздух и глумење лудило.
    Јас ни пет минути не би трпела такво психопатско понашање,со постојан притисок.
    Твојот факултет е само твој и твоите испити сигурно не ги полага тој некој,така да треба да му испееш една лекција и да имаш свој цврст став.
    И дај бе ве молам не се плашете ако ве остават дечковците,зарем толку сте зависни од нив???
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    83.825
    Пол:
    Женски
    И јас потполно се согласувам со тебе за оваа :)
    Не би можела и јас да поднесам таков притисок и некој нон стоп да ме замара со истата работа посебно дечко ми .
    Ти штом си веќе на факултет сигурно си свесна колку и како треба да се учи а со неговоите муабети сигурно само те заморува и психички те пореметува.
    Океј да ме советува и да ми каже еднаш но цело време оваа да го збори па дури и да се заканува дека ќе ме остави ,не не такво нешто не би трпела.
    Извини повеќе одговарав како за мене но мислам дека треба да застанеш пред него и да му дадеш до знаење дека таквото однесување не ти се допаѓа,сптористави му се па и да те остави што не е еден и единствен.Мора да си имаш свој став гордост и граница за се и секој !
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85

    Секој има право да си го каже мислењето не мора да бидеш толку нападна со твоето и дека само ти си во право. Јас имам дечко и да го интересира што полага ама никогаш не се осмелил да ме уценува така или да ми кажува што да правам (што не го прави помалку грижлив и слично), и не се сите како твоите кретени дека сите не се грижат. Да се грижат ама не форсираат и тупат.... ;)
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Извини, моите кретени? Нема множина, јас имам еден дечко со години кој се грижи за мене, иако немам зашто да ја споделувам приватноста со тебе. И не реков дека е во ред да ја уценува, само за тоа замерив, ако прочиташе добро ќе знаеше. 8) Но мислам дека си прочитала убаво, ама се осети навредено и мораше некако да вратиш. Нема потреба, не нападнав јас никого лично и конкретно, за разлика од тебе. Си изразив свој став како и ти и толку. Поздрав.
     
  10. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85

    Глупав ти беше коментарот. Фала што сподели нешто со мене не мораше детално толку... незнам што беше толку приватно... Позз
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека дотичниот треба да те поддржи кога мислиш дека не можеш да научиш, да те остави на раат да учиш, да биде покрај тебе кога се плашиш, кога паничиш, а во никој случај не треба да ти се заканува и да ти врши притисок, верувам дека доволно проблеми имаш и на факултет.
    Баш ме интересира дали тој има завршено?
    Не значи дека толку се грижи за тебе што толку те тупи и ти прави притисок. Да се грижеше, ќе те оставеше на раат да учиш. Си има некој комплекс изградено. Може неговите дома не сакаат он да иде со "необразована" или слично. Дај му до знаење дека кога веќе си тргнала сакаш да го завршиш факултетот, дека и сама си свесна која одговорност ја носи. Не си мала ти. :)
    Исто така, не можам да го разберам. Тој утре ќе те почитува САМО затоа што имаш завршено факултет? О, па има луѓе со купени магистратури што се понеписмени од забаваче. :^)
    Студент си, фала богу, некој пат може да се случи и да се добие пониска отцена, па и да се падне. Верувај, треба да ти биде поддршка и да ти пружа само разбирање, не и закани.
    Пробај да разговараш со него, ако не успее со разговор нема друго чаре, неговото однесување психички те изморува.
    Размисли си убаво, најверојатно за секоја наредна работа во животот може да ти прави вакви проблеми.

    Доволно е да ти посака среќа, да те праша како си поминала и готово.

    А баш сакам да ме прашаше мојов како поминав во понеделникот. Ете, изгледа заборавил дека бев.
    Дали тоа значи дека не се грижи доволно за мене ? :?:
    Ах, таа далечина.