Вафли https://moirecepti.mk/post/утрински-вафли Рецептот е овој ама јас додадов 3 лажици од сокот од слаткото од јагоди, требаше повеќе - барем 5-6.. сакав да декорирам со слатко од јагоди затоа ја исцрпив течноста ама домаќинот сакаше нешто чоколадно со јагоди..јбг ќе се јаде онака слаткото или тоа што остана од него Декорирано со крофни, јагоди, крем, сладолед и несквик прелив
Без размислување @Dust Браво бе девојче И сирење не барам повеќе , само од ова да ми направиш кога ќе дојдам
Нова тема - сладолед или сорбет ако сакате чоколаден, лешник, со вкус на јагода... каков ви душа сака Знам дека на сите ни е полесно да одиме и да купиме една кутија сладолед, но домашниот сладолед има поинаков вкус, треба време за да се направи па можеби затоа ретко кој прави.. Ве предизвикувам на почетокот на летната сезона да пробате да направите ваш домашен сладолед (не од ќесичка ), да видите дека не е тешко.. ..можеби ќе ви стане слатка навика Сакав тема грчка кујна ама ми текна дека жештините се на прагот, па да разбиеме малку монотонија Ја повикувам и лејди @Val-Dim на натпреваров.. не прифаќам не за одговор
Сладолед од чоколадо и сладолед од банана.. За сладоледот од чоколадо ви треба хопла (од онаа со млечни масти, не растителни), кондензирано млеко, нешто за заблажување и добивање на чоколаден вкус - јас ставив несквик (од тој во прав за млеко што е) и 2 лажици нутела. Прво се мати хоплата па се додава млекото, па несквикот и нутелата.. на крај додадов чоколадни топчиња.. Точни мерки нема, се е по желба. Ќе пробате, ако ставите премногу кондензирано млеко или нутела може да ви е преблаго.. Сладолед од банана.. Неколку банани и кондензирано млеко (јас ставив 3-4 лажици за можеби 400 грама банани).. моите банани беа бејби банани така да немам мерка ама и онака не мерам, се од око ставам.. Се ставаат бананите во блендер заедно со кондензирано млеко и се прави каша од нив И се замрзнува.. Ќе ставев и слики од кутивчињата ама ич не ми се лични, не дека сликата од погоре е достојна за натпреваров
Оддамна ме немало на темава... нооо "означена" сум и неможам да игнорирам Ке биде сладоледот за кратко... Spoiler: Подготовки @Dust ПС Читам нов наслов... да не е сменета темата? Додека јас се логирам на Фемина... отишол сладоледот
Касниш од вчера е грчка кујна. Помина неделата за сладолед НО Секогаш сакам да ги читам твоите рецепти, така да го очекувам Знам дека те бива за сладолед, затоа те тагнав ама ти....парти брејкер
А што па ти не стави некој рецепт? Се знае правилото, до недела рецепти, после гласање а ако е еден пријавен нова тема и цела недела се ставаат рецепти, се до недела кога се затвара пријавувањето
Редот на темата е: 4 дена да се направи (зготви) зададената тема и да се постави слика - четврток, петок, сабота и недела 3 дена за гласањe - понеделник, вторник и среда Кој постирал- постирал, кој не здравје. Да не се губи редот, си се задава нова тема. Ништо страшно што бил 1-2 рецепти.
не ставив,чекав од други да си прочитам рецепт. страшно ич,чекав некој рецепт онака лагано да си приготвам да не барам на гугл па реков да прашам зашто малку рецепти ставиле али ок е. Се почитуваат правила ништо страшно
Ете идеја за внуците кога ке ми дојдат,што да правиме Ова повеќе е за во италијанска кујна тие се познати за вкусен џелато.
Може Долмадес, саганаки, пастицио, локумадес, каламари, тиропита, креатопита, спанакопита, бакалиарос, малиџаносалата, тирокафтери, магирица (супа што се прави за велигден кај нив), цуреки нешто како нашиот милиброд.. и мал милион други рецепти. Секако и познатите мусака, гиро и салата.. Еве слики по ред како што сум ги напишала Креатопита (месо), спанакопита (спалаќ), тиропита (фета или др сирење) Бакалиарос (бакалар риба) Мелиџаносалата (модар домат) Тирокафтери Магирица Цуреки (може и без да е чоколадиран) Клефтико (јагнешко) Меломакарона Галактобуреко Итн итн Се надевам појасно е .. Има и по интернет 1000 рецепти, може да се изгугла некоја.. Грчката кујна е преполна со различни јадења..
Да.. Ти ма бубо киснеш во грција, никогаш не си седнала нешто да јадеш? Па со узото оди ѕаѕики, мелиџаносалата, тарамасалата, тирокафтери .. Не си била во грчка ако не си пробала меломакарона, па таа и кај нас се прави. И гурабиите исто.. Тиропита или спанакопита ако не си смачкала за доручек... Долмадакиа дома не правиш? Амори Бубо ме разочаруваш
Јадам ма. Месо свинско , риба , рижото со школки , пица и обична салата ( краставица ,патлиџан и сирење ) . Добро , и ѕаѕики. Овие не сум ги видела у мени . Ама и да ги видам не можам да ги прочитам ваљда . Долмадакиа да ме утепаш не знам што е . Едино долма ако е ( пунети пуперки со ориз и мелено )
Горе имаш слика што е. Сармички од лозов лист. Во прав грчки ресторан нема рижото со школки .... кременадла со компири и пица Ај ако сакаш на есен ќе те грабнам на 3 дена и ќе те прошетам по мојот крај ем и на бања ќе те однесам за нашите стари коски Па да видиш како се кршат тањири па како се јаде грчка храна онаа правата - "домашната" Се друго е мамка за туристи т.е тие имаат мени какво што сакаат гостите
Земи ме . Ќе кршам тањири. Само не ме терај да јадам од јадењата што си ги постирала Сирење , ориз и грчка ми е доволно