Феминки ПОМАГАЈТЕ да си ги отворам очите!!!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Feminkabezshminka, 25 декември 2013.

  1. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Имав сериозна врска, постар беше од мене и врската беше така-така...Цело време попуштав за се, угодував за се што че посака бидејќи цело време си мислев Што можам против веќе изграден карактер, тој нема шанса допрва за промени. тој е во 30тите јас сум во 20тите и цело време мислев дека промените треба да следуваат кај мене..кај него веќе се завршени. Го сакам неизмерно, ете не знам да кажам конкретна причина ама ваљда стабилноста што ја носел со годините ме заробиле и сите неправди ги трпев под тој изговор ГО САКАМ и А што ако не најдам некој така стабилен во денешно време бидејчи ги гледам што мушкарци се движат во ова време...Све е жива превара. Да ја скратам причата. Еднаш при една кавга ми залепи шамар, за кој непрестано се извинуваше и молеше и му простив бидејќи стварно не беше таков човек...Се случи ПАК да ме удри при друга кавга. Пак му простив со убедување на смаата себеси дека тој кога ми велеше да престанам да зборувам јас упорно продолжував. Последнова кавга толку ме извади од такт, што после две три чаши вино се отворив и почнав да удирам таму каде што највеќе го боли дека е ерген неженет дека го искинал така животот и дека не створил ништо зад себе на свои 35 години и тој ми велеше Престани, ама пијаниот и будалиот исто се, и јас не прекинував да зборувам и пак се залета и со сета сила почна да ме куби и ми залепи три шлаканици од кои едвај успеав да се соземам и да дишам...Добив нервен слом и почнав све живо да фрлам и да викам се тресев ко ЛУДА. Жими се не знаев што бев спремна у моментов да направам, ми доаѓаше да фатам уџум. На крај јас излегов психопатот и тој беше среќен што Господ му ги отворил очите за мене.Каква иронија. Да бидам уште поглупава после два дена кога ми помина бесот, почнав сама да се обинувам дека можеби јас сум крива што ја испровоцирав оваа ситуација и дека немаше да дојде до ова ако јас не го буцнев. Како да се откачам од ова чувство на вина? Зошто и покрај модринките на лице сеуште барам надеж да се смириме? Како да продолжам? Ме боли уште повеќе тоа што после се ова немаше ни едно Извини од негова страна...Како наближуваат празнициве уште повече ми се корни душава :(
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Заборави го мила, таков не ти треба. Не си ти ништо виновна, можеби си му ја погодила болната точка но во никој случај не смеел да те удри ниеднаш, а не па да му се повтори и тоа со кубење. Ако сега нема трпение со тебе, што би било понатака во животот?
    Животот е пред тебе, ќе најдеш некој што ќе те цени и почитува, не се потценувај себеси и не се ограничувај со тоа размислување дека можеби нема да најдеш стабилен човек како него. Стабилен човек не тепа жена, а најмалку па неговата сакана. Секогаш имало и ќе има и стабилни и лабилни, и џентлмени и идиоти. Ич не се замарај, главата горе и тој нека мисли што ќе прави на 35 години со тоа однесување, а не ти на 20.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    88.205
    Пол:
    Женски
    Искрено неможам да трпам такви муабети но ќе ти кажам мое мислење . По сите овие работи ти бараш помош од други ? Те малтретирал физички а со тоа и психички и ти сеуште ГО САКАШ како што велиш ?
    Бараш причина дека ти си крива што тој е такво спрема тебе ?
    Оваа е премногу верувај ! Значи ти самата не се цениш себе,или незнаеш колку вредиш (без навреда)
    Девојче кое животот е пред него размислува на глупи работи дека можеби нема да најде друг дечко :x
    Извини ама не ми се верува. Мислам дека ти си ослепена од него ... пред се премногу е голема разликата во годините но ајде тоа нема врска .Штом еднаш кренал рака на тебе верувај дека нема да му е последен пат ! Тоа не се менува и не се заборава колку и да се извинува и да моли во друга ситуација ќе се напие пак или при кавга и пак ќе бидеш со модрици.Па и каков зрел маж е тој ако крева рака на девојка :?:
    Мислам дека не треба да мислиш негативни работи ,остави го не те заслужува а и не заслужуваш ти да бидеш физички малтретирана,верувај дека постојат секогаш луѓе што се среќаваат и заљубуваат кога најмалку го очекуваат тоа ... Затоа ослободи си ја душичката и мозокот од него и бегај подалеку за твое добро. Ти посакувам среќа :*
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Тој само ти ја префрлил вината на тебе. Ти навредите во афект што си ги кажала си ги кажала-ама чекај бе... те удрил!?!??! Извини девојче.Очигледно затоа и не створил фамилија до сеа-ќе да му фали некоја жичка во главата. Така да мислам т.е. тврдам дека ти си таа што си се спасила. Сега си мислиш твоја вина е,го сакаш уште, кревка си но...ако ова го издржиш ќе дојде ден кога во лице ќе му се смееш.
    А тоа што викаш-ги гледам низ град машките жива превара се.Извини-Ретко кое машко не било жива превара, па со тек на време си легнало и тоа на брашното.
     
    На Name, tessie и Daydream им се допаѓа ова.
  5. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ти воопшто не си крива... не ти треба веќе тој, те малтертирал и психички и физички, па што ќе ти е таков, запрашај се зошто толку се изнервирал и почнал така да се понаша во последната кавга? затоа што сето тоа е вистина што си го рекла, има 35 години, а ти уште да немаш ништо створено, па што си чекал бе до сега човече, почекај уште 3-4 години, млад си уште :fubar: треба да биде пресреќна што си се спасила од таква будала, млада си уште, ехее животот е пред тебе, ќе најдеш некој што ќе те сака повеќе од се, и тоа никогаш нема да го осетиш... ќе го заборавиш со текот на времето, само ќе ти треба голема желба, и биди сигурна дека си се спасила и дека со таков животот не би ти бил убав ;)
     
    На Theodora2014 и japanize им се допаѓа ова.
  6. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Си го испровоцирала тоа да, но тој во никој случај не смеел да стигне до таа точка. Како може личноста што ја сакаш толку многу да ја повредиш. Тој ако уште сега ти прави вака замисли што ќе се случи ако се земете еден ден. Прво смири се, па размисли убаво. Мила тој тебе не те заслужува, не заслужува ни да го погледнеш. Млада си уште ти треба да уживаш во животот, не си должна да трпиш таков насилник. Земи здив, стегни заби, собери храброст и продолжи понатаму. Можам да замислам колку е тешко да се одделиш од личноста што ја сакаш, но верувај во иднина ќе ти биде многу подобро. Земи излези со другарки, забавувај се, уживај си во годините.
     
  7. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам на сите. Не знаете колку ме боли душава што сум вака патетична и кога си го читам напишаното ми доаѓа да плачам од што не ми се верува што ми се случува. Добро знам што совет би дала некому за ваква ситуација ама за себе кога се работи секогаш е тешко да бидам Мудра како што знам кога е во прашање некој друг. Ви благодарам на сите уште еднаш. Нова сум на форумот но ќе полудев ако не го споделев ова со некого...а од срам тешко дека би можела да поразговарам со некој лично така да ова ми беше надежна опција :*
     
    На ADOKI и Lovely93 им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Шта речи...
    И после ќотек не ти доаѓа паметот, па не ги отварај, затвори ги најдобро очите, преспиј за да ти се разбистри што правиш и со што си го губиш времето (а можеби и ти си била крива за шамарањето, не те знаеме ние овде што мустра си и ти, ама кај паднал ќотек без разлика кој е крив, тука нема иднина)

    [​IMG]

    [​IMG]


    [​IMG]
     
    На Papillon.Papi, Marossa, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    hahaha :D Abela (i can always make you smile)... sure you can :) Smejem se al plakao bih e mojava rabota u momentov :)
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Па имаше една песма - смејем се ал плаче ми се еве дури ја изсурфав
    Тие случајности со песните не се само случајности, има нешто тукааа... :rofl:
    Миле вика вино му е мајката
    http://www.youtube.com/watch?v=KCe5yHNycN8
     
  11. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    ^^ Таа е многу депресивна и не вклучува лечење со алкохол па не би ти ја препорачала. Со Миле можеш и чаши и флаши да кршиш и кошула да посипеш со црвено вино и ич да не осеќаш вина, само вино :rofl:
     
    На Feminkabezshminka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Девојче ти покажал каков всушност е..
    Не ти треба таков насилник.
    Бегај додека е време од таков.Во спротивно,константно ќе си ги гледаш модринките на лицето и ќе се прашуваш кој е виновен.И се така до недоглед..
     
  14. Pastuv91

    Pastuv91 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    девојко под итно да си го оставила, маж што ќе крене рака не жена не е маж. А тој не кренал рака еднаш на тебе таков не ти треба ќе си најдеш некој кој ќе те сака и цени.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ah be devojki...No kako razumot da go nadvladee srceto? Kako da prestanam da mislam na ubavite raboti? Kako da ja zadrzam lutinata sto ja imav toj den koga "mi vleze gjavolot i kazav i sto treba i sto ne treba'? kako da ne se obvinuvam sebe si deka ete mozebi jas bev nedorasnata (so 25godini) i kako da go izbijam od glava negovoto postojano povtoruvanje " Nemash personaliti" ? I pokraj se jas bev taa sto mu prati poaka izvini zatoa sto i jas ne mozam da razberam kako ishisterishav i razbaciv sve okolu mene ko nekoja ludaca a toj na toa nisto ne odgovori i eve vekje pominaa 5 dena ni traga ni glas od nego. Do sega na niedna devojka ne krenal raka (barem taka imam slushnato), kulturen e i vazi za dete od familija, dobro vospitan i so dobri maniri...se macam so pomislata " zosto mene mi krenal mi raka"? da ne sum jas taa sto ja pominala granicata? Vo celo nashe gledanje sme nemale problem so neverstva, nitu e imal pricina za ljubomora kon mene no ete...i koga vide sliki od mene po kupaci od plaza (normalni sliki ne provokativni) ili pri nekoja kavga me navreduva so zborovi ' drolja" itn... a nikogash nemal motiv za toa da go kaze...celo vreme ja baram vinata vo sebe, kade zgreshiv??? Na kraj znaete shto me boli? Pomislata deka nema vreme za cekanje, ne mozam da se pomiram so toa kako bi mi bilo ako doznaam deka si nashol druga i deka se ozeni a imavme tolku zaednicki planovi :( Kako da se izboram so samata sebe :( Boli u pizdu mater ova
     
  16. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ама ти упорно и упорно гледаш да бидеш ти крива, зошто? како може така да ти вика? па што ако си на купаки, кој денес се нема сликано така? и што сите да го добиеме тој епитет? од кај знаеш ти како му било во претходните врски? едно е што зборува тој, друго е што навистина се случувало... нека оди каде сака, нека прави што сака, тој ако те сакал и ако сакал да биде со тебе во рок од тие 5 дена ќе дошол, ама ете го нема, што повеќе од тоа сакаш за да ти покаже дека не се интересира за тебе? и да се ожени, нека му е со среќа, ти си млада, ќе си најдаш некој што те заслужува ;) па нека ја удира на жена му, не на тебе... ти биди среќна што на време си се отргнала од него, што не сте се вериле/ стапиле во брак, па тогаш каква мака ќе видеше... ќе дојде ден кога ќе помине се, кога ќе го заборавиш и тогаш само ќе се запрашаш како сум можела да сакам таква будала :)
     
    На Feminkabezshminka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Сега те „плеска“, во брак ќе те дроби од мавање и тоа пред сите, и пред децата и пред твоите. Ти секогаш ќе бидеш крива, ти секогаш ќе бидеш лабилна личност.

    Зае*и и празници и се, и нека не те боли многу душата за едно говедо. Замисли се себеси за 10 години, во брак со него, постојано напаѓана за се и сешто, истепана , со едно/две деца за рака......кои празници тогаш ќе ги имаш, ќе се каеш најмногу на свет, а назад враќање нема.
    Сепак,
    секоја чест за твојата искреност и храборост ова да го кажеш и да си ги признаеш и слабостите дека се уште го сакаш. Ти си совршена личност и од тебе во иднина ќе биде прекрасна жена и мајка,и затоа тоа ѓубре покрај тебе не ти треба, тој ти е лошиот патоказ во животот, кој ќе те однесе во провалија. Биди храбра, истрај и дај му предност на разумот
    п.с За да памтиш секогаш, сликај се со модринките на лицето, и така тие можеби ќе исчезнат од лицето, ама од сеќавањето не, па погледни ги секогаш кога мислиш да му се вратиш
     
    На tessie и Feminkabezshminka им се допаѓа ова.
  18. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Feminki da vi go kazam prodolzetokot na pricata: Izdrzav nekako bez da mu upatam povik nitu poraka, pomina i Novata godna i pocna da pishuva i da probuva da stapi u kontakt ama namerno go staviv na ignor. Vo megjuvreme zapoznav eden decko so koj pocnav da se gledam i ne mozam da Vi opisham kolku ubavo se odnesuva so mene i ne znaete kolku mi pomogna vo celava situacija, no od druga strana se plasham da ne mi e samo "momentalen zanes" ? Bivshiot si udri na shetanje po stranstvo go nemase edno dve nedeli i izgleda se vratil pa sea pak pocna so poracinja, pesni i sl. Mu kazav na deckovo deka sum izlezena taze od "turbulentna vrska"...Da se razbereme, ne se gledavme javno nitu so namerna da predizvkam nekoi provokacii...Se gledavme tajno, zaradi toa shto stvarno mi se svigja i stvarno mi e ubavo..ne deka se vpushtiv vo pohod vednash po nekoj ama ete taka mi uleta, najdobar drugar na moja koleska koja mi kaza preubavi raboti za nego i toa uste tolku go zapali fitilot... :sweat: No zosto seuste tajno dzirkam po profilot na bivsiot? Zosto me boli pomislata ako mi kazata deka go videle so druga? Dali e premng rano da se vpushtam vo bilo kakva ''vrska''? Mislam deka ne sum dovolno silna sama da go odigram seto ova...Dajte mi pamet :worried:
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.986
    Пол:
    Женски
    Cекако дека ќе ти е тешко,но мораш да оладиш да си ги средиш мислите и чувствата.Mора да се тргнеш извесно време и од двајцата и мислам прерано си почнала да се гледаш со друго момче,тоа уште повеќе ќе те растажи.Tвојот бивши ќе го преболиш,сети се каков е и заблагодари се што не со останала со таков кој ќе те тепал и ќе ти го уништел животот!A и не мораш сама да го преживуваш сето ова,искажи се на најблиските,шетај повеќе ,ќе преболиш со тек на време ,ја имаш нашата поддршка :hug:
     
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    сестроууу Feminkabezshminka бараш од нас совети и да ти делиме памет,оти не си го отворила чадорот кога Господ направил да врне памет , се сеќавам ко капки дожд ама шарени беше.


    Те удрил и ти го сакаш? Свашта, ја сум си сеа среќно мажена,имав врска 4 години и тој при крајот на врската ми залепи шамар,додуша малку одповеќе,со требаше јас раката да му ја бакнам ???
    во 20 години си и плачеш ... не биди будала со извинење на израз,цел жиивот е пред тебе ,не губи живци со такви дудуци. ОДИ НАПРЕД,остави гомното нека мириса зад тебе додека не го исчисти некој.