Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминки ПОМАГАЈТЕ да си ги отворам очите!!!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Feminkabezshminka, 25 декември 2013.

  1. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Ви благодарам за советите.Свесна сум дека сте во право но јас немам самодоверба и бев тотално под негово влијание.Ме интересираше само неговото мислење.и сега затоа кога ме навреди свиња и сл само тоа ми одекнува во главата и помислата како тој се загледува во секоја девојка (и кога бевме заедно пред мене се вртесе по секоја како никогаш во животот да не видел женско). Не ми е тешко што не сме заедно туку ме боли што не ставивме крај на мирен начин туку мораше со навреди.
     
  2. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ах девојче...Јас можеби дум последната особа што може да ти даде совет бидејќи и самата сум изгубена. Јас тој проблем го имав и се лажев и себе а и другите околу мене. Еднаш, два пати трипати...до модринки...и на крај сфаќаш ако некому си му дал зелено светло еднаш за таква работа...после црвено не функционира. И јас бев во мнг слична ситуација како што си можела да прочиташ...Од курва до тепање...за на крај да се свртам околу мене и да сфатам дека моите страдаат најмногу затоа што ме гледаа како не личам на ништо. Барај чаре на време...Јас уште не можам да си дојдам при себе, излегувам, талкам ама си викам барем никој не ме тепа, никој не ме навредува...и веќе почнав мирно да спијам...Проблемот не го барај во него проблемот е во нас...барај начин да си ја вратиш самодовербата, вежбај, прави нешто до кое на крајот на денот ќе си бидеш горда на сама себе, дотерувај се, смеј се и кога не ти е до тоа, дружи се...само немој да се водиш по она "клин со клин се вади" оти ја така се за*бав и сфатив колку незрело реагирам на случки што се неминовен дел на животот. Само тоа е лек...САМОДОВЕРБА САМОДОВЕРБА САМОДОВЕРБА...Знаеш кога девојките сфаќаат дека созреале? Кога повеќе не веруваат во принц од бајките туку веруваат во себе ;) Се надевам малку сум од помош и јас некому :)
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    се согласувам
     
  4. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Ми се јави денес од бројот на другар му бидејки го блокирав неговиот број и ми вели дека ме сакал да се смириме неможел веке вака.Реков ако ме сакаш зошто тогаш ме навредуваш и нервираш.Па намерно го реков да ти вратам бидејки јас сум го нервирала. И кога свати дека сум ладна и не ме интересира ништо за него реков нема никогаш да се смириме почна пак да ме понижува и вели дека јас ке се каам ама касно ке биде тогаш а тој нема да се кае и сигурно сум била со друг. Неможам да разберам како може некој да ти вели те сака и истовремено те понижува. Незнам што да правам :(
     
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    A што ти е тука чудно од таков човек? Hе ли гледаш дека далеку е од тоа дека спаѓа во рамките на нормален??Hе ли сфати до сега дека си имаш работа со психички лабилна личност??? Oвој тешко и да го откачиш толку лесно,само треба упорна да бидеш и на игнор,никаков контакт.
     
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ах знаеш што треба да направиш, прашањето е дали сакаш! Немој да му се враќаш, цел живот ќе се каеш
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Брук неговото малтретирање кон тебе нема да запре од искуство го велам тоа оти сум го видела пред мои очи,а многу повеке боли кога утре би имале дечиња и кога тие ке го гледаат тоа а не можат да ти помогнат на никаков начин добро е што навреме си го покажал лицето,девојко дигни глава ти заслужуваш некој сто пати подобар од него нема ниту една оправдана причина за насилство врз жената па што сака нека е имаш срека што не сте во брак и немате деца па се може да заврши како што почнало мој совет ти е започни си нов живот и него избриши го од се,што сака нека ти каже не му се вракај никако ке направиш огромна грешка за која ке се каеш верувај ми,јас едно имам кажано колку и да го сакам ако ме удри еднаш одма развод ке му барам па што сака нека е.
     
    На broke и SimonaTino им се допаѓа ова.
  8. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Живеев 3години со мисла дека ке се промени и сега ми е претешко кога свакам дека сите овие години паднале во вода и единствено јас сум била таа што се трудела да опстои нашата врска. Неможам да се помирам со фактот дека решителен крај е спас за се и дека немам никаква иднина со човекот за кој и животот си го давав.Немам желба за ништо затворена сум во 4зида во депресија западната само се сакавам на неговите навреди и плачам.Неможам да се помирам.Знам дека ке си дојде од странство пред 1мај и знам дека ке ме побара ке го зменам бројот но тој ме бара и на врата доага. Од една страна не ме сака како порано само ме малтретира а од друга страна зошто ме бара и вели дека ме сака???
     
  9. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Аман остај го не е за тебе,како можеш да поминеш и покрај сетто тоа што ти го направил и да имаш добро мислење за него не се убедувај самата себе значи стави крај колку ида те сака зарем немашжелба да му вратиш така што нема да контактираш со него и неема да бидеш со него,кажи му дека ке го пријавиш во полиција накрај па кажи и на татко ти дека тој те вознемирува тој што те сака не те тепа.
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    имаш два избора во секој случај :)
    првиот ти е да избереш да го поминеш остатокот од твојот живот со него и неговите експлицитни испади,навреди и борби(да не речам психо напади)
    а другиот избор ти е да си живееш нормален и мирен живот без него.
    све е до тебе ,ти си кројачот на твојот живот,ти како ќе си одбереш во животот да си живееш ,така ќе биде.

    3 години ништо не се,затоа се тие врски ,да се види дали тој човек ти парира за понатаму во животот,за заеднички живот..брачни парови се разведуваат после години години,со деца створени,па си продолжуваат даље во животот ,ти не можеш да се помириш со фактот како ќе живееш без него |( ,како и пред да го сретнеш :emo:
     
  11. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Еве ти ја причината зошто не би требало да бидеш повеќе со него. Ти си живеела 3 години со мисла дека ќе се промени и воопшто не си го сакала тој човек што е он, туку замислениот во твоја глава каков би сакала тој да биде т.е. каков да се промени. Размисли си дали би сакала да останеш во контакт со другарка што така ќе те навреди и полесно ќе ти биде да ставиш крај во твојата глава. Имаш буквално идеални услови да го заборавиш :!: не само што е далеку од тебе, туку работи и во друга држава, така е избегната можна случајна средба. Си го блокирала од единствениот начин на комуникација (интернет и телефон), како што јас те разбрав сеуште си во контакт со најдобрата другарка, имаш запишано факултет, не мора да одиш на предавања, посвети се на учење... Е сега кога ќе дојде кажи им на блиските дека не сакаш да се видиш со него да кажат дека не си дома или дека не сакаш да го видиш, а дотогаш би требало и тој малку да се смири.
    И уште нешто се прашуваш зошто ти вели дека те сака? Па добро де, нека продолжи да те сака, што би ти сменило тебе понатаму во животот тоа дали он те сака или не. Може и сега има некој во твоја околина што те сака а ти не го ни знаеш тоа. Главата горе и продолжи си со животот како тој воопшто да не постоел во него. Ќе дојде ден кога ќе ти биде смешно што си се замарала со некој како него 8)
     
    На broke и fairy90 им се допаѓа ова.
  12. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    И повторно тој.Се јави пак денес од некој другар и ми вели имам добра вест за тебе.нашол стан да живееме заедно.Дали сакам да идам таму и да престанеме со караниците ако не отидам оваа била последната шанса и после нема каање ке тргнеме секој по свој пат.реков како можеш така да размислуваш вчера ме навредуваш а сега како ништо да не било.Зошто да дојдам да ме навредуваш и понижуваш. Тој вели знам се ама кажаното неможе никој да го промени. Реков не ти незнаеш ништо. Знаеш ли како ми беше кога ме понижуваше пред цимерите? кога неспиев со ноки од нервирање? Знаеш ли колку пати се онесвестував само заради сите нервирања и понижувања.Знаеш ли како ми беше кога спиеше до мене мирно без совест а јас до сабајле плачев и немав ни една прегратка од тебе и утеха само се прашував каде отиде онаа твоја љубов и кога те молев да дојдеш да ме видиш ти си одмараше дома а воопшто несакаше да ме видиш.Ти незнаеш ништо се што поминав заради тебе. Тој само трае. Му велам јас за тебе секогаш бев курва и дебела свиња и со овие болни навреди ми го отвори очите конечно да се тргнам од тебе.Нема да те молам да знаеш ми вели размисли си ке си дојдам за 3дена и ке правиме муабет. Едвај издржав и реков нема потреба да правиме муабет уште сега ке ти кажам дека никогаш повеке нема да бидеме заедно ни да си последниот човек на планетата.Несакам ни да ме молиш сакам само засекогаш да ми исчезнеш од животот.Доста ми беше од твоите навреди.Кога ми беше најтешко ти несакаше ни да ме видиш па сега не си ми ни потребен. Бедник вика ок ти си знаеш ти си родена само за кавги.Биди срекна чао
     
    На Abeja и fighter им се допаѓа ова.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ич да не ти е гајле! Навредите негови само може да продолжат а не да исчезнат.Вака стави крај на твоето понижување.Нраво, ти си одлична личност и човек кој засчужува повеќе од такво г...до.
     
    На fairy90 и broke им се допаѓа ова.
  14. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Најжално е што во овие 3години немаше ни едно извини. Како очекува да идам со него. Барем да се потрудеше да се смени да мрдне со прст за мене.И што и да отидам.Тој пак ке почне со навреди. Барем да се бори за мене да покаже навистина интерес а тој само ако сакаш дојди ако не секој по свој пат нема да те молам. како бе може да има мирен сон после се. Неможам никако да се соземам. Таман почнам да се навикнувам и оддалечувам и еве го него со неговите безмислени реченици. Девојки ве молам совет како да го надминам ова уништувачко чувство. да излезам од депресијата и нервирањето. Ова ме убива ;(
     
  15. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Луѓето во карактерот тешко се менуваат!!
    Зошто дозволуваш некој да ти ја одзема целата енергија и како успева?
    Изгледај комедија ако не друго барем ќе те расположи :)
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Брук,браво за тебе така и му треба,кога не знае да цени кога има нешто вредно до него повредно и од него,сега јас би ти препорачала повеке излегувања со другарките и не мисли на него избриши го,па тој не е последен на светот ке си најдеш ти човек што те заслужува,главата горе.
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  17. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Најголем проблем е што јас бев целосно под негово влијание немам воопшто самодоверба во себе и не сум решителна. Психички сум слаба немам свое јас. Порано бев сосем спротибна но неговите навреди и нервози сосема ме сменија.Сега по цели денови плачам и само тоа мислам.Страв ми е сега кога ке си дојде пак да не опростам бидејки уште го сакам и знам ке се нервирам цело време каде е и со кој ке размислувам. А самата знам дека воопшто не заслужува ни да го спомнам.
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Како можеш да сакаш некој кој те нарекувал курва и дебела свиња??? :o
    Ма ти си требала уште тогаш збор да не му прозбориш.
    Зар би паднала толку ниско, да му простиш на такви навреди. Ако му опростиш тогаш засекогаш збогувај се од твојата самодоверба и своето јас.
    Тоа дека немаш самодоверба и психички си падната, нема врска, тоа само си замислуваш дека ти е тешко (а и не знам како може да ти е тешко за таков). Продолжи без него и пронајди се себеси, уживај во животот, зошто се затвараш дома? :@ Пред тебе се кариера, љубов, убав живот, зошто би го отфрлила тоа за некој бедник кој не вреди.
     
    На Glasna и broke им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.683
    Пол:
    Женски
    Ако и овојпат простиш како што ти кажа Абеја никогаш нема да можеш да си ја вратиш самодовербата и да имаш свое јас ... Порано бев во слична ситуација секогаш простував со надеж дека ќе се промени но таквите луѓе не се менуваат .Еднаш ако те навреди а не му преговориш ништо ,секогаш ќе те навредува како и еднаш ако крене рака нема да биде последен пат.
    Затоа застани си на свои нозе и заборави го таквите луѓе не вредат.
    Имаш свој живот и кога најмалку очекуваш ќе го добиеш тоа што го заслужуваш.
    Верувај во тоа што посакуваш да бидеш и во тоа што сакаш да го имаш :)
    Ти посакаувам среќа :*
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  20. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Кога ке се сетам се што ми изнакажа особено на последниот случај за дебелината осекам дека го мразам и гневна сум. Кога се фативме бев навистина дебела и само заради него ослабев 30кг па многу тешко ми падна кога ме нарече дебела свиња а сега сум нормална. И дебела да сум ако ме сака ке ме прифати. Кога се слушнавме му реков ВЕКЕ НЕМАМ НИ ЕДНА ПРИЧИНА ДА ТЕ САКАМ А ИМАМ 1000 ПРИЧИНИ ДА ТЕ МРАЗАМ И КОЛКУ И ДА САКАМ НЕМА ДА МОЖАМ НИКОГАШ ДА ЗАБОРАВАМ СЕ ШТО ДОЖИВЕАВ ЗАРАДИ ТЕБЕ. Почнам да излегувам и да комуницирам со старите и од моја страна отфрлени пријателки. но сепак постојано размислувам за случувањата со него. Тоа е. Неможеме некој да натераме да не сака и почитува ако самиот тој не е свесен колку заслужуваме но животот продолжува и во најтешките моменти :(