1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминки ПОМАГАЈТЕ да си ги отворам очите!!!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Feminkabezshminka, 25 декември 2013.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Срц, значи имај на ум:
    1.не си ослабела поради него, туку поради себе, затоа што ТИ САКАШ да изгледаш подобро и се осеќаш поздраво!
    2.никој нема поголемо влијание на твојата психа одколку ТИ САМАТА НА СЕБЕ СИ!
    3. НЕМОЈ да дозволиш да ти кажува приказни од типот „ ЈА КО ШТО ТЕ САКАМ/САКАВ, НИКОЈ ДРУГ ТАКА НЕМА ДА ТЕ САКА“ -тоа се лаги кои машките ко него ќе ги користат за да те доведат во заблуда;
    4. ако сега те манипулира, утре во брак ќе те затвори и заклучи и секој чекор ќе ти го следи и ќе те направи зависна ПСИХО-ФИЗИЧКИ од него, а ти ќе се надеваш на подобро, кое никогаш нема да дојде.
    5. времето лечи се, ЌЕ ГО ПРЕБОЛИШ!
     
    На SparkyAngel и broke им се допаѓа ова.
  2. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    269
    Вие сте биле заедно 3 години, но тој е во странство. Длечината го прави своето , вие сте биле заедно но на скајп и на телефон. Зошто би ти требала таква љубов. тој се враќал овде 2-3 годишно, згора на тоа те навредувал и удирал таму каде што те највеќе боли. Не ти е потребна таа љубов... На секоја девојка и е потребен некој да ја милува да ја сака, да ја гушка секогаш...
     
    На fairy90 и broke им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    8.787
    Пол:
    Женски
    Ај погледни се во огледало !!! Здрава, права, паметна , убава да дозволиш еден неранимајко да те понижува . Се нервирам вака кога читам иако никој лично не ве познавам. Замисли утре со него да имаш деца, девојко бегај од него додека е време. И што ако имаш 60 или 120 кг , човек треба да те прифати таков каков што си .Остави го, најди некој кој ќе те цени и сака. Такви будали има на секој чекор.
    Зошто да плачеш за некој кој те тепа и кој те навредува. Пред се научи да се сакаш самата себе. Како сакаш да те почитува кога ти самата не се цениш и почитуваш, си дозволила да те стави под нозе :@ .
    Под итно најди си некоја занимација, оди спортувај, излези со другарки, обнови стари пријателства, не седи дома. Таква личност не заслужува да те има . Која и да ја има покрај себе со секоја така ќе се однесува, лудак :envy: .
    За почеток продолжи си со факултетот, најди начин да ги отргнеш мислите, разговарај со некој да ти олесни, еве макар и овде пишувај , верувај еден ден ќе бидеш многу среќна што на време си се отргнала од него.
    Аман бе девојки јас разбирам и заљубеност и сакање, ама ова бе не го разбирам, некој да ве навредува и тепа , кога 90 проценти од вас ни од родителите не добиле ќотек кога биле мали !
    Научете да се почитувате и да се сакате себе, ако вие не се цените самите не очекувајте некој тоа за вас да го прави. Животот е премногу убав и премногу краток за да се губи време на вакви дебили .
     
    На broke, fighter и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  4. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Девојки еве ме повторно.Бидејки е блокиран дојде на мојата врата.Ме бараше и разговаравме ме молеше вели дека се кае многу и ке се смени заради мене.Дека нема повторно да биде така и реков дека нема да се смирам бидејки неможам да заборавам се како ме повреди и ме нарече дебела свиња а некоја келнерка што не го ни погледнува е најубава за него.рече намерно ми го рекол така да ме изнервира но зошто тогаш ја бара на фб.сака да идам со него да живееме заедно платил стан и за мене.Кога свати дека не попуштам вика немој да мислиш ке те молам ако сакаш дојди ако не ништо ке си најдам некоја што повеке ке ме сака и цени од тебе.реков најди си и наречи ја курва свиња проста и удари ја па ке видиме дали ке те погледне уште еднаш. реков дека нема повеке зошто да ме бара.неможам да заборавам никогаш и сите знаат колку патев заради него.Наредниот ден пак дојде на мојата врата.истото му реков и се изнервира рече добро нема веке да те барам.Ти само потврдуваш дека никогаш не ме сакаше и ме изневеруваш.Знам дека ме сака ама нема никаква почит многу ми е тешко бидејки знам дека ова беше последната шанса за нас.нема веке како да му верувам дека ке се промени,Многу шанси му дадов и ветуваше дека ке ме цени а се полошо беше но ние се караме само кога не сме заедно и тој рече единствен спас за нес е да живееме заедно а сега и тоа го направив ти пак несакаш да бидеме заедно.Рече дека досега не пишувал на други и не се удварал но одсега ке живеел како што сака штом јас не сум знаела да го ценам. Ве молам советувајте ме што да правам се плашам дека многу ке се каам за оваа шанса што ја пропуштам.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Девојко тој нема да те цени и понатака колку и да моли. Помири се со тоа. Машко штом еднаш нема да почитува женско нема ни по втор пат. Ќе си најдеш подобара.
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Арно си викаш, ептен јака шанса ќе пропуштиш. Еден за друг сте. Врати се со него, најарно ќе ти биде.
    Мислам што друго сакаш, после секакво малтретирање, божем си завршила крајно со него, а уставри напиша толкав текст дека си одлучила, за да на крај, со последната реченица напишеш во стилот дека повторно би сакала да си со него.
    Ама никакво изненадување не е ова, обично таквите идиоти секогаш ја наоѓаат совршената жртва.
     
    На Theodora2014 и Glasna им се допаѓа ова.
  7. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Нема за што да се каеш.... едноставно за такви работи не треба ни да размислуваш, тој што сега не те цени кога сте во врска што ќе биде понатаму... и ако те сака, тој ќе те сака и кога сте заедно и кога не сте... не вреди да се нервираш за такви како него...
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  8. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    јас сум голем песимист и се плашам дека нема со никој да бидам повторно дека ке останам сама самотијата ме плаши бидејки јас бев навикната 3години со него.знам дека не заслужува но ми рече дека никој немало да ме сака како него.затоа напишав така. :$
     
  9. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Не е последен на овој свет, и биди сигурна дека еден ден, кога најмалце очекуваш ќе си најдиш сродна душа која ќе те цени, почитува, сака, кој што нема да може да дише без тебе..... дури тогаш ќе сватиш што значи да си навистина сакана :inlove: (знам од искуство ;) )
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Е поради таквите како тебе, кои се плашаат од самотија, многу мажи си земаат за право да ги малтретираат и физички и психички девојките.
    Добро девојко, ти немаш гордост?
    Барем малку достоинство?
    Ќе останеш засекогаш сама |(, и порадо би избрала да бидеш со него, макар секој ден да те нарекува курва, дебела свиња и со секакви други погрдни зборови, проследени со малку ќотек.
    Чудна теорија :^)

    Во овој случај го оправдувам дечко ти.
    Смири се со него, и секое понатамошно негово насилно однесување е оправдано и е резултат на твоја вина.
     
    На Glasna и fairy90 им се допаѓа ова.
  11. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Значи кога сме заедно ние не се караме.Сите навреди ми ги рече само преку интернет многу е нервозен. но тој ме навредува пред неговите цимери и пријатели преку скајп.
     
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    па нормално дека те навредува пред другите, зошто така се осеќа по силен и по моќен.
    Како пишуваш, како да го оправдуваш, а вака ако продолжиш и ќе се смириш со него.
    Ама ти најдобро знаеш која одлука да ја донесеш!
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    И што ако тој бил нервозен?
    Тебе тоа ти е оправдување на место?
    Па фала богу, во најмала рака барем еднаш дневно се изнервираме, па ако ги навредуваме и тепаме сите, далеку ќе стигнеме.
    И што мислиш ти, како на тебе гледаат неговите цимери и другари?

    Јасно е дека умираш од желба да му се вратиш, се гледа по постовите.
    И можеш до утре да не убедуваш, само не гледам потреба од тоа, дека нас конкретно воопшто не не тангира.
    Твој дечко е, а не наш.
    И секако, утре тебе ќе те нарекува дебела свиња и курва, проследено со некоја шлаканица,а не нас ;)

    Се извинувам што сум сурова, ама ме иритираш кога одиш со глава кроз ѕид.
     
  14. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Сериозно го оправдуваш? И што сакаш да ти пишеме ние? "Оф епа чим само преку скајп те нарекува курва и свиња тогаш фин е дечкото, смири се со него". А чекај нели пиша и дека те тепал? Преку скајп да не те тепа случајно...

    Мислам дека доволно е кажано излишани се сите други зборови што ќе ти се кажат бидејќи се вртиш во круг. Нема сомнеж, сите истото ти го кажуваат дека треба да прекинеш со него, но ако сама не се опаметиш тоа е твој проблем. И самата пиша дека 3 години си фрлила во надеж дека ќе се смени, тогаш не го фрлај во вода и остатокот од животот.

    Не е единствен, соземи се, ќе најдеш некој што навистина те цени и нема да дозволи да бидеш тажна. Твојата среќа треба да е и негова среќа, а не натпревар за тоа колку може да те повреди. Штом волку те прави несреќна зарем не би ти било подобро без него? Не дозволувај да те газат.
     
    На broke и Glasna им се допаѓа ова.
  15. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Не го оправдувам воопшто и му кажаб дека единствена причина што нема веке да бидеме заедно се навредите и никогаш нема да ги заборавам колку и да сакам.но тешко ми е без него и размислувам што ако навистина некогаш се каам што сум ја пропуштила оваа шанса. навистина се кае но проблемот е што веке не верувам дека ке се промени многу ке се смени да но во некоја расправија пак ке го покаже вистинското лице. многу шанси му дадов и се полошо беше.
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    83.694
    Пол:
    Женски
    Еднаш штом те навредил ќе те навреди пак верувај... таквите луѓе не се менуваат.
    А тебе да тибиде криво ако ја пропуштиш шансата :o Ако мислиш дека оваа ти е последна шанса да бидеш со некој и не си способна да најдеш нов дечко океј слободно оди кај него...
    И самата велиш дека си му дала многу шанси но секогаш било полошо,еве самата го знаеш тоа и упорно има нешто што те влече накај него ...
    Обиди се да го заборавиш и да живееш живот како и секоја слободна девојка.
    Треба ти да одбереш а не они тебе да те бираат ;)
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    имам впечаток дека не знаеш ти што сакаш :?: Hе си ми јасна воопшто..нај сериозно :geek: за што да се каеш ако го откачиш??? за ќотекот што ќе ти фали??? за епитетите што ти ги лепи при секоја расправија???? за тоа ли ќе се каеш??? Aко за тие години,ништо добро не ти пружил,зошто си убедена дека од сега па натаму дека убавини ќе видиш поред него!!! Hе ли сфати до сега дека тој не е со сите чисти :fubar: ....ти навистина плачеш за ќотек :emo:
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  18. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Teшко ми е да прифатам дека едноставно немаме никаква иднина заедно. Се сакаме а веке неможеме да бидеме заедно. Многу време поминавме 3години и првата година беше се најубаво но потоа започнаа навредите и некако се намали љубовта. ме боли што тој за се мене ме обвинува кога свати дека веке неможе никако да ме врати рече ке заборавам се со тебе ти веке непостоиш во мојот живот а јас се надевав дека ке дојдеш и платив стан за двајцата.Тој ми рече штом несакам да бидам со него значи дека имам друг и да умира веке никогаш нема да ме моли колку и да му биде тешко. не свака дека премногу трпев навреди од него и мене ме обвинува за се. Многу сме приврзани и сега многу ми е тешко што се видовме а не го ни гушнав бев огорчена од него а знам дека за 2дена ке си иде. незнам како да продолжам понатаму немам работа а живеам во мало место каде нема ни што да правиш и каде да прошеташ.Немам обврски само размислувам за него и плачам
     
  19. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ми се чини дека многу ја тупиш, аман истото, веќе цела тема на тебе посветена со истиот проблем.
    Ете те советуваа многу феминки, доста е веќе.
     
  20. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    па не знам како би можела нешто да промениш,нешто што поминало,каде се чувствуваш навредено,понижено...освен опцијата сите што ти ја дадоа да свртиш нова страница во животот без него.
    и предходно мислам дека напишав,луѓе брачни партнери сосе деца ,па се одлучуваат на разводи и си продолжуваат во животот како ништо да не било,а не ти за некој си три години ти било мака :?: нешто што не иде не иде ако сакаш ти цел живот трпи го,ама длабоко во душата ќе си знаеш дека сакаш понормален однос,а веќе ко си свесна за тоа,зошто упорно бараш да го поминуваш остатокот од твојот живот со некој кој нема никаков респект и нормална искрена љубов кон тебе :emo: ...со боринче си го бараш ,да си знаеш :!:
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.