1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хормонални нарушувања

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Trajkovski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За ma4ence-d:
    Ви советувам да Ви земат комплет брисеви за микробиологија, и се разбира дека матичниот гинеколог знае како да постапи според наодите. По однос на циклусите, секогаш може да се пронајде соодветен третман да бидат регуларни. Слободно обратете се во нашата амбуланта на клиниката
     
  2. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    зошто сите не добија одговор? јас на пример не добив ...
     
  3. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    ЗА Д-Р ТРАЈКОВСКИ ....мојот проблем - полицистични јајници поради кои пред два месеци ги почнав диане35 а д-р матичен ми кажа да ги пијам една година. имам во некои денови мачнини.се плашам да не ми се прејаки ? се советував со матичниот и ми кажа дека е во ред и тоа да се случи.сепак сакам совет од друг . морам ли да ги пијам цел живот....сепак се тоа хормони па се прашувам ако ги пијам една година а потоа ги прекинам .каков резултат ке добија,....поздрав
     
  4. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43

    и јас,а и многу други,,,само 2-3 девојки добија одговор....а ние кога???
     
    На maca22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Здраво Имам 30 години, и еден проблем. До пред еден месец имав мој матичен гинеколог Но Др-ката реши веќе да не работи со Фондот за здравство и мене и многу други како мене (а трагично и веќе со поодмината бременост)не остави на милост и немилост.Од причини што сега немам каде да се обратам и соочена сум со фактот дека сега сето ова треба да го направам по приватни ординации имам едно прашање. Значи се справувам со пореметување на хормонот Пролактин кој е многу висок од дадената референтна вредност (38,4) а крајната вредност е 25. Е сега направив и ПАП тест кој е уреден. Последниот гинеколошки преглед го направив на 20.03.2012 година и тогаш докторкава ми рече дека сум уредна во секој поглед. Во резултатите од хормоналните статуси освен овој проблем со пролактинот се останато е во нормални граници со дадените референци.
    Како да го решам овој проблем од причини што со сопругот се обидуваме да останеме бремени а досега не сме имале никаков проблем.
    ВИ благодарам на можноста што ни ја давате за поставување на прашања поготово на таквите како мене што сега останаа без матичен гинеколог.
    Поздрав
     
  6. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    doktore imam problemi so neredovni ciklusi.dobivam sekoj vtor ili tret mesec i potoa krvaram obilno po nekolku nedeli i zavrsuvam so kiretaza.imam policisticni jajnici,pijam antidepresivi,papa test redovno proveruvam vo red e ,hormonalen status vo red a sepak nemam redoven ciklus.inace imam prekumerena tezina i vo poslednite devet meseci pijam samo polovina tabletka endometril deset dena i dobivam redovno kako sto treba a i cuvstvoto od strana na depresijata mi se podobri.na dva pati probav da gi ostavam tabletkite endometril i pak pocnuvase isto da se slucuva.dali se stetni ako gi prodolzam i ponatamu da gi pijam.inace imam 33 godini i od sekogas imam neredoven ciklus.imam dve deca i eden abortus.imam provereno materijal od matkata i toa bese uredno. za sto se raboti???vi blagodaram ako mi odgovorite na prasanjava....
     
  7. najnova

    najnova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Имам 42 години и имампроблем со циклусот во смисол многу оскудни крварења (изгледа во климакс сум). Пред две години имав полип на грлото од матката кој успешно ми беше отстранет. Одам редовно на контроли докторката вели во ред е, но уште пред две години на прегледот ми рече да направам хормонален статус. Може ли подетално да ми опишите што е тоа идали може да имало штетни последици што се уште не сум го направила. поздрав
     
  8. goca.trzan

    goca.trzan Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    zdravo sakam da prasam imam 32 godini imam rodeno dve deca nemam abortusi otkako go rodiv vtoroto dete pose toa pocna da mise namaluva vreme traenjeto na denovi od sest na pet i se taka i sega posleden pat mi dojde samo dva dena i toa nogu slabo samo kolku da receme deka mi ied redovno do sega see redovno nemam skoknato ni mesec sakam da znam dami odgovorete od sto moze da bide toa posto osekam i bolka na desnata strana redovno odam na ginokolog vikat deka e vo red se samo mala infekcija a vo posledno vreme zabelezuvam kako na nekoi mesta mise javuvat modrinki po teloto od vreme na vreme keve molam dami odgovorete
     
  9. labebitola

    labebitola Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo na 3 april imav dobieno ptoa pak imav dobieno na 29 april ova veke dva pati mi se slucuva da dobijam dva pati vo mesec sto se slucuva a sum majka na edno dete i sakam da dobijam uste edno a ne se pazam od februar mesec ve molam za odgovor
     
  10. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За sundream:
    Во колку сакате регулирање на хормонскиот дисбаланс и нередовниот циклус потребна е хормонска терпија што ќе Ви ја препише матичниот гинеколог. Доколку сте во заедница со партнер со кого сакате потомство, за постигнување на овулација потребен е поинаков медикаментозен пристап. Сепак обратете се кај Вашиот матичен гинеколог а тој во колку смета дека е потребно нека Ве упати во нашата амбуланта.
     
    На najnova му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За sexybitch122:
    Немојте да се нервирате, сите сме посебни на свој начин. Можеби треба корекција ако се работи за екстремно отстапување од нормалните димензии. Во колку не е така, ниту еден од партнерите не Ви спомнал за тоа и ако поголемиот дел е плод само на заклучоци од Вашето сопствено набљудување, верувам дека немате проблем. За да Ви оговорам точно на прашањето потребен е преглед
     
  12. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За SIMONA 45:
    Потребно е што поскоро да се обрати кај својот матичен гинеколог. Следуваат повеќе испитувања. Слободно обратете се со специјалистички упат во нашата амбуланта
     
  13. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За Iko:
    Треба да направите хормонски анализи на третиот ден од менструалното крварење (се почнува да се брои од првиот ден на крварење) со напомена дека не треба претходно да сте пиеле таблети за да настапи ментруално крварење. И Ви советувам да не примате Ерготил. Се разбира, за дополнително објаснување дојдете во нашата амбуланта
     
  14. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За Offtopic15:
    Во колку нагло сте ја намалиле телесната тежина со промена во квалитетот и квантитетот на исхраната, многу е веројатно тоа да е причина на Вашиот нередовен ментруален циклус. Потребен е одреден временски период за да се нормализира, без хоирмонска терапија. Може да се обратите на Вашиуот матичен гинеколог и да дојдете да направиме хормонски анализи на нашата клиника
     
  15. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За ednostavna-d:
    Со испитувања се започнува за шест месеци до една година по живот во заедница со партнерот и редовни сексуални односи. Секогаш најнапред се прави анализа на спермата кај партнерот, а потоа сите останати испитувања по протокол
     
  16. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За slatka.malaa:
    Најнапред треба да изберете матичен гинеколог и потоа да направите хормонски анализи. И за другите прашања може да дискутирате со него како и во семејството. Сепак обврзно Ви препорачувам заштита при сексуалните односи (кондом) за да се заштитите од несакана бременост и сексуално преносливите болести
     
  17. Dr.Trajkovski

    Dr.Trajkovski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    За hipi:
    Вашиот доктор Ви објаснил се. Се примаат подолготрајно, а негативните ефекти најчесто се минимализираат по неколку месечна употреба, бидете трпеливи
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Добив на 19ти ден, а имам слушнато дека мин. треба 21 да помине. Онака добивам на 25ти ден редовно... Треба нешто да превземам или? Фала :)
     
  19. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    koga ke dobijam odgovor na moeto prasanje ve molam
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Почитуван доктор Трајковски,
    Јас имам прашање за мајка ми. Таа има 43 години. Пред една година менструацијата и стана нередовна, некои месеци има и по два пати и по три, и тоа обилна менструација која трае по 7-9 дена. Пред два-три месеци почна да има редовен менструален циклус-на 30 дена. Но во април, доби еднаш на 1ви април и траеше до 8ми, па повторно на 18ти април. Заедно со менструацијата има обилно крварење и ужасни болки во пределот на матката и десниот јајник и во пределот на крстната коска.
    Ви благодарам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.