@Emaema, пред се, важно е колку години имаш, зошто покачувањето на тој хормон се поврзува со менопауза. Ако имаш над 40, можно е да се очекува повисока вредност (нели, се ближиш кон климакс), но ако си помлада, треба да се регулира, особено ако немаш раѓано. Јас мојот го спуштав со екстра ригорозна диета (уште не е во граници на нормала) и пченична трева (ама тревава веќе спаѓа во алтернативна медицина и стварно не знам дали помага). Исто, помагало и суви смокви во маслиново масло оставени 40 дена ама го немам направено тоа, некако не ми е верно (а и да бидам искрена, мразам и суви смокви и маслиново масло). Само ќе нагласам, јас покрај висок fsh имав и поткачен шеќер, поткачени триглицериди а и- поткачена тежина Ако не ти се пишува тука, слободно пиши ми лп
.... Ќе ги направам па со сила ако треба ќе ги бутам во себе...Маслиново масло ми има вкус на нозе... Еден убав ден, ако нели Господ така сака и се роди дете, има бре на нос да му ги извадам и пченичната трева и смоквите со маслиново- „Јас ради тебе што се не јадев, а ти сега не сакаш домашна да пишуваш блаблабла“
А колку време треба да ги користиш смоквите. Јас редовно секое утро скоро еден месец ги земам и пред некој ден направив повторно испитување фсх ми беше исто 17
@Emaema, веројатно додека да се намали хормонот, навистина не знам. Прашај во https://forum.femina.mk/threads/Поддршка-за-сите-оние-што-сакаат-да-забременат.3956/ , кога на форумов го гуглав fsh, сите мислења што ми се појавија поврзани со него беа од таа тема. Секоја планина со своја тежина... Исто, заборавив претходно да пишам, извини, пијам и јасмин, кој (колку што разбрав) сам по себе не лечи туку ги замрзнува јајниците за да му се даде време на организмот сам да го стабилизира хормонот. **** Ама пак ќе повторам, кај мене постоеше сомнеж дека поради енормно внесување на шеќери (благо и јаглехидрати), сама си имав направено хаос во организмот и затоа бев и на посебен режим на исхрана, кој за среќа, даде резултати зошто мојот fsh беше повеќе од дупло повисок од твојот. ****** @Meckicja, гледам по слични патеки сме чекореле/ уште чекориме...
Stavi I maticen mlec vnatre vo smokvite nez dali pies dhea no prasaj go dr I izbegnuvaj jaglehidrati I blago smokvite mozes da gi jades bez prekin
Користам Dhea i Profertil капсули со препорака од доктор.... Рече три месеци користење па тогаш проверка на хормони
Дечки ајде предложете ми некој ендокринолог, што стварно е добар. Преферирам да е приватен, по болнициве е хаос. Имам хашимотов синдром, па би сакала да побарам стучен преглед.
Здраво, денес бев на гинеколог и докторката ми даде упат за клиника на биохемија да проверам некои хормони. Сакам да прашам дали мора на 3 ден од циклус? Бидејќи докторката ништо не ми спомна за тоа и ми рече да отидам кога ќе можам
Може некој да ми каже за овој хормон? Не е од мене.. за др прашувам Што терапија даваат за да се среди? И дали истата знае да наштети на друго нешто?
A testosteronot I drugite hormoni kade se. I dali se rabote za maz ili zena ako e kaj zena ukazuva na pcos megutoa treba da se ispitat I drugite hormoni FSH lh ogtt test so insulinemija testosteron androstenedion pa da se kaze dali stanuva zbor za pcos
Другите хормони се во нормала, само овој е висок. Немаа реагенси еднаш ги испита другите и тие и беа океј, па само овој и тестостерон испитуваше сега, тој беше 67.2 (во нормала ваљда). Инаку е 22год девојче, едниот јајник и имаат кажано одамна дека е полицистичен... но една година проблем има со бубулички, влакненца поизразени (дури и на брада) и мн косата и паѓа.. И рекле ке зима некоја терапија, ама се исплашила дека и рекле некои познанички дека другите хормони ке се пореметеле од терапијата, па не отишла на гинеколог, за карање е... и затоа барам совет и охрабрување тука
Nema vrska zasto bi se poremetile ako se sledeni od endokrinolog moj sovet I e da si zakaze na endokrinologija I tamu da I ispitaat vit d I ogtt test so insulinemija da I napravat oti obicno pcos ode so insulinska rezistencija e sega sakav da prasam dali lh e povisok od fsh ako e povisoka vrednosta I da se vo normala ukazuva na pcos I dali hormonite se ispitani od 2 do 5 den od ciklus
Дали овие испитувања на ендокринологија се истите што ги има и во приватниве лаб како адриалаб и авицена? И што се испитува при опаѓање на коса и зголемена влакнетост?
Некој со искуство ве молам.. Имам полицистични јајници, гин. ме праќа на испитување хормони, а немам добиено подолг период. Она не ми дава терапија пред да ми испитале хормони, а јас онака лаички колку што знам најдобро е да се испитуваат за време на циклус...?! Стварно ме збунува гин., не знам не знае ли да објасни или не се замара.. а јас се нервирам и не знам што да правам?!
Што користите за да го намалите фсх хормон и дали тој предизвикува доцнење на мензис. Три месеци ми доцни