Фала ти, викендов ќе ги направам сигурно. Баш изгледаат супер, како колачиња а верувам и дека се вкусни.
Заборавив да напишам во рецептот, со квасецот стави третина лажичка мед или шеќер. После ќе си регулираш сама мед-сол како што ти одговара. https://forum.femina.mk/threads/Рецепти-без-глутен.25536/page-2 На оваа страна имам напишано убави рецептичиња за палачинки и солена торта од хељдино брашно, можеш и тоа да пробаш. Тортето е ептен убаво, а ако не јадеш млечни може да ја замениш изварката со нешто растително. Или со било која крем салата комбинирај. Спојлер
Можно е да има згуснувачи, како скроб, нишесте и слично, може да ти прават проблем ако имаш нетолеранција на глутен.
Ги направив лепчињава Малку го модифицирав рецептот, наместо со хељдино брашно чијшто мирис ми е многу непријатен, ги направив со мелени односно блендирани снегулки од хељда, а во смесата додадов и некои 50гр чиа семе. Другите состојки сите по рецептот. Пак мирисаат, ама не толку јако како да би ги правела од чисто брашно, и кога ќе им намачкам хумус и ставам патлиџан се вкусни. И имам за цела недела за јадење. Следно ќе пробам од рецептите на линкот што ми го прати
И јас сум забележала дека некои брашна лошо мирисаат, а и хељдата со српско потекло. Затоа правам залихи од руски продавници во Бугарија и Грција, таа хељда е скроз поинаква. За брашно, пакуваното од Биокосмос ми е единственото што го поднесувам.
Ти прави проблеми оти не е сигурен, затоа. Во групата на фб читав баш. Пиј Бучен Козјак или на Алпско, ок се.
Овде кај што живеам јас се наоѓаат еден куп брашна од хељда од различни производители, и домашни и увезени, најверојатно не сум го погодила правото Ќе пробам со различни, па ќе видиме, некое мора да се погоди.
На детето му открија алергија на пченично брашно. Сега сме закажани во клиниката за детски болести за испитување за celijacna bolest. Дали можи некој да ми објасни какво е испитувањето и дали ќе завршиме работа во еден ден, бидејќи не сме од Скопје.
Жени ај вие што се подолго време на исхранава без глутен ако може да ми набројте неколку производи од продавница што можам слободно да ги користам без да губам време да читам етикети пола саат Освен делот што е за здрава исхрана, само тестенини безглутенски има друго се е како кокошка да треба да храниш, само зрна некои... Би сакала да знам на која фирма купувате кашкавал, сирење, салама итн итн кечап... ајде да не набројувам...сакам да одам и право да го земам производот (многу барам знам) .
Здраво. За почеток да ти олеснам,не мора се да читаш, освен ако имаш некоја нетолеранција плус, туку директно барај алергени. Тие се нагласени со болдирани букви а на производи што не содржат глутен уште на предна страна на производот пишува дека нема глутен. За храна предлог хммм, па има многу. Во супер Тинекс имаш дури цел штанд..
Фала ти за одговорот, но, не сум од Скопје и затоа потешко ми оди со производиве. Немам Тинекс во градот, јас да сум од Ск лесно ќе беше вие имате цели продавници специјализирани за здрава исхрана. Кај нас, бев во Зегин пред некој ден, немаат воопшто брашно без глутен, тој од хељда или било кој. Ич не сме снабдени затоа и тешко ми иде. Ок, во секој случај не се откажувам. Подуена сум целата во стомакот, качив кг. јадам се помалце. Немам направено тест за целијаклија, ама сигурна сум дека глутенот ми е цел проблем во телото. Поздрав срцка до тебе
Ќе им кажеш во Зегин да ти нарачаат. Месото нема глутен. Овошје и зеленчук можеш исто така. Ориз на сончева долина земи. Компир можеш исто така. За почеток тоа нека ти е бејзик.
Лили на оризот од Сончева долина пишува траги од глутен. Од Кам нека земе или пазар, нека го мие повеќе и ок ќе е мислам.
Ориз било каков, пченкарно брашно да не речам палента, оризови галети, брашно било какво безглутенско па прави лепчиња или лепињи за врапови. Месо, јајца, зеленчук, млечни производи... Избегнувај јогурт бидејќи скоро во сите има скроб а тој најчесто е глутенски. Во било која продавница замоли да ти донесат од новите лепчиња на Жито Лукс, нека носат макар и само за тебе, не се без глутен ама се подобра опција од бел леб. Почни полека и на крај се ќе исфрлиш. И да дојдеш до Ск или друг поголем град да набавиш што ти треба се ќе ти трае, брашното задолжително во фрижидер ставај го. Имаш на Виталиа без глутен тестенини, во Жито маркет баш ги видов викендов. На крај краева замоли некој да ти испазари да ти испрати по Карго, суви работи се, може да стојат подолго. Направи овесни бисквити со банана, тие се добра замена за грицкање. Барај рецепти кои може подолго да стојат и се прават лесно. Набави поголеми количини јатки, смели ги и во колачи ставај ги место брашно... Траги од глутен сметаат само при докажана целијакија или поизразена интолеранција, во процес на исфрлање на глутен нема да сметаат. Кај мене покрај подуеноста проблем ми прави и на рацете, пределот на надлактиците ми е цел кокошкина кожа, и лактите и петиците ми се суви и ми пукаат.
Значи млечни производи дозволено е да јадам. Фала богу, немом без сирење, путер, млеко. Инаку и јас имам по лицето и надлактиците кокошкина кожа. Свашта пробав од креми, само глутен не пробав да тргнам досега да видам дали ќе се повлечат. Пченка да запомнам, пченица не. Ги мешам овие две Јадев 5 месеци тонус, демек само од зрна незнам ти што накрај излезе дека и тој има глутен. Сакам готов леб да најдам не да печам секој втор ден ептен е мачно. Ок девојки фала ви, ке продолжам понатаму, вие супер ме насочивте, да не лутам ко ке влезам во маркет. Лав ју
јас па имав инфо дека тој е безбеден, ама ете, моја грешка. иначе не јадам ориз. и тој ми е проблем.. Ангел и ти ли???
Ехеее, одамна. Пред неколку години цела година бев на безглутенска. Зошто не слабеам јас што мислиш, ко да имам голтнато гума за пливање сум. Ама со карантинов се опуштив со лепчиња и тоа е. Кога јадам глутен во грло осеќам кнедла цело време.
јас сум на рекордно ниска килажа. 54 моментално. 58 се трпеше ама сеа ова на нишо не личи. ги гледам сликите од роденденот вчера и...