1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храна без глутен

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од awl, 17 јули 2013.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас на телефон убаво ги прашав, ми треба проверка на толеранција на глутен. И ми ја дадоа таа опција.
    Можеби требаше да прашам како алерго тест, ама не ми текна :| сигурно би било поефтино така.

    Инаку, фала на совет. Секако решив сама да пробам, со внимавање на исхрана.
    За брашното и шеќерот не ми е проблем, ќе се навикнам, и така не сум некој што ептен јаде тесто или конзумира шеќер. Работата е во скриениот глутен....:^)
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Ако се работи за целијаклија, тогаш и најмали траги пречат. Ама таа состојба доаѓа со сериозни симптоми што ќе дадеа сигурен знак. Кај тебе има можност за нетолеранција, па полесно е да одбереш исхрана. Едноставно исклучуваш леб и производи што содржат брашно. Се’ друго можеш да јадеш. На почетокот не ги избегнував оние производи на кои пишува 'може да содржи траги од глутен' и пак почувствував огромна разлика. Тие не мора веднаш да ги исклучиш. Скриен глутен има во солени бадеми, индиски ореви, зачини (особено црвен пипер), последно што дознав и кочански ориз (благодарение нa една феминка).

    Домашна храна со одбрани состојки не би требало да ти прави никаков проблем. Е сега, внимавај да не печеш твоја храна откако во рерната се подготвувало нешто глутенско. Не мора секогаш да ја чистиш рерната пред да ставиш твој оброк, ама гледај да не биде веднаш откако се печело тесто. Во ресторани е малку потешко, има во сите сосови и скоро секоја опција на менито, па најчесто изборот се сведува на салата и скара.
     
    Последна измена: 17 ноември 2015
    На do-re-mi и starfish им се допаѓа ова.
  3. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Старфиш, проблемот околу скриениот глутен се решава со исфрлање (или барем минимизирање) на индустиски преработената храна. Така ќе имаш увид во тоа што точно конзумираш. Кога веќе еднаш ќе се научат продуктите (во изворен вид) без глутен, не е толку тешко.

    Единствено, предизвик може да биде хранењето по ресторани, бидејќи ретко (скоро воопшто) се посветува внимание на оваа целна група како клиенти но, не е толку невозможно.
     
    На Antebellum, Antolinaa и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    На Antebellum, tamara85, karmenka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam како тоа кочански ориз содржи глутен, дај сподели.
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    @Mayyya веројатно се контаминира при обработка. Искрено, не сум сигурна дали, како и зошто.

    Едит: @sencence со тебе го правевме тој муабет. Може ли нешто подетално да ни кажеш за оризот?
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Толку е во Авицена.
    Има и во Јане Сандански за 7000.
    Толку се овие испитувања секаде.

    Јас вчера јадев бурек... и денес се тркалам.
    Се каам, цела потеков, стомаков ми е 9ти месец.

    И само да знаете нетолеранција и алергија на глутен се две различни работи.
    Јас ги имам и обете.

    А ако сте сосема здрави бесмислено е да избегнувате храна со глутен, дури е и штетно.

    Кочанскиот ориз содржи глутен ако на истата производна летна поминуваат и други производи кои содржат глутен.
     
    На Antebellum, tace73 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе го разбарам утре ливчето со анализите да видам точно што пишува и во која лабораторија се правени. Инаку знам дека проверував само глутен, никакви други алергени. И околу 1000 денари платив.

    Нетолеранција не се ни проверува со чист тест. Само тоа е чарето - се чистиш без никакви грешки, па пак се враќаш некое време со глутен и чувствуваш какви промени има. Постои како состојба, но не може да се докаже лабораториски. Затоа и гледаат чудно кога прашуваш кај матичен. И да испадне негативно на алерген, пак можеш да имаш нетолеранција.

    Инаку да, многу е глупо да се откажуваш ако не е потребно.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Чекај, не се доизјаснив јас уствари.
    Ова е цена за 91 алерген, а само за глутен треба да е околу 100 денари.

    Абе стана мода веќе, не јадам храна со глутен. Зошто? Не било здраво. Значи не дека не е здраво, туку некои луѓе се алергични и нетолерантни и тоа е тоа аман!
    Или луѓе кои не разбираат дека не смееш да јадеш работи со глутен, па смртно се вреѓаат што не сакаш да им пробаш од кифлите и тортите. Носи се и ти и тортите твои.
    За бога милога, како би да смацам сега едно фурнаџиско лепче, топло, со макало и путер, биена сол и сирење... а они не јаделе глутен... смотлевци.
     
    На Eli23, Antebellum, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Охридско ѓеврече со јогурт. ;(

    Во секој случај, јас излечив хронична анемија со оваа промена на исхраната, а по првите две недели веќе почна да има промени на кожни состојби што се сметаат за речиси неизлечиви. Да не зборувам за метаболитички промени и за замаглениот ум. Во последниот период пред да го исклучам глутенот (и тоа време баш многу јадев) едноставно се движев ко дух, се’ заборавав и не функционирав.
     
    На LollySky и do-re-mi им се допаѓа ова.
  11. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Ме интересира дали компир грашак и грав имаат глутен? А месото?
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Немаат, имаат само житарките.
    Овие може да имаат ако се индустриски обработени.
     
  13. irena hemolog

    irena hemolog Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    веке сте веројатно повекето информирани но безглутенската храна е на позитивна листа и е истата донесена преку програмата за ретки болести, со тоа барем минимум ке имате подобар третман во иднина. мојот син има глутенска интолеранција со херпетиформен дерматит две години на упорна диета и сега е во латентна форма веке 3 години без симптоми и потешкотии од глутен. инаку суботичка млекара има без глутенски производи, за пиење е сигурно и алпското млеко. ципирипи од кремови и чоколади се безглутенски со пристојни цени. испитувањата ги прават и кај нас за деца на педијатрија на гастро возрасни на гастро секако и имунолошките тестово на физиологија. биопсијата е најдраматична меѓутоа и таа се прави кај нас.
     
    На Antebellum, Elaria, tamara85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Девојки, правев испитување за нетолеранција на93 видови храна и ми стигнаа резултатите.
    Најмногу алергени имам на грав и пченица. Нешто помалку на јачмен, рж и просо. Овие сите содржат глутен.
    Покрај овие, ми стојат и јајца, кравјо млеко, марула и какао.

    Е сега, треба еден месец да бидам на режим, односно да внимавам со внесувањето на овие продукти, со тоа што грав и пченица мора апслутно да ги отфрлам во период од месец. И после тоа повторно да направам тест, за дефинитивни резултати.

    И тоа е тоа, како што претпоставував. Со тоа што баш се изненадив за гравчето.... а многу сакам гравче во бестрага!!! |(
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.642
    Пол:
    Женски
    Просото нема глутен.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    Citajki gi komentarive moze i jas da imam netolerancija na gluten. Drzev eden mesec UN dieta i ne jadev mnogu leb, skoro ic, predtoa imav grcevi, poduenost na stomakot, a so dietata nisto, ramen stomakot. Ja prekinav dietata i pocnav da si jadam pak se i sesto i pak sum poduena so strasni grcevi i bolki vo stomak... Pa i onaka poradi tiroidnata zlezda sakam da prekinam so glutenot, gluten free da si bidam :D samo sto vrska nemam koi jadenja nemaat gluten, a koi imaat, help?
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Прочитај ги првите мислења на темава, ќе најдеш информации. На кратко, глутен има во пченица, јачмен и ’рж. Овесот обично е контаминиран при производство, па и тој се избегнува.
    Можеш да јадеш грав, грашок, боранија, месо, јајца, овошје, зеленчук, млечни производи, компир, пченка/пченкарно брашно, ориз, просо, киноа, хељда, соја... листата е предолга и има многу избор.

    Ама не мора да значи дека грчевите после диетата ти биле од глутенот. После секоја диета се случува истото. Со УН си му давала на организмот иста храна во текот на денот, а потоа го шокираш со разни комбинации и затоа се грчевите. Плус, во јаглехидратен ден сигурно си јадела глутен. Не го има само во лебот, а ете и не си го исклучила лебот целосно. Велиш "не јадев многу, скоро ич". Многу или малку не прави разлика - и едно залаче прави проблем ако имаш нетолеранција на глутен.

    Пробај да исклучиш скроз па да видиш дали ќе се чувствуваш подобро и да бидеш сигурна.
     
    На bella.s и tamara85 им се допаѓа ова.
  19. tamara85

    tamara85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    Den mi e super, den katastrofa vo stomakov, poduen i bolki strasni i gasovi, kako balon se disam vo wc... A takva bev i pred dietata, so dietata kade kade bolje mi bese na stomakov. Kje probam skroz da go isfrlam, citav i za tiroidnata deka kje mi pomogne. Kje bidam nekoe vreme na hrana bez gluten, pa da vidam dali ke mi bide podobro na stomakov, inaku strasno e ova, kako pominuva denot mene mi e se beter poduen so bolki, navecer najloso mi e, kamen tvrd i grcevi imam, a vo wc pa poradi tiroidnava odam po 2,3 pati dnevno, znaci ne sum poduena poradi toa sto ne sum bila vo wc... Kje razlistam ubavo, kje napravam spisok za hranenje za nekolku denovi i kje vidam kako kje bide se... Znaci lebce mozam od pcenicno brasno da jadam? Koe lebce e najdobro da mi preporacate i provereno gluten free?