ЦИН I, II, III

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Aluloski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Д-р Игор Алулоски одговара на прашања поврзани со ЦИН I, II, III.
     
    На tinavip и lulce им се допаѓа ова.
  2. natalija86

    natalija86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    175
    ПОЧИТУВАН Д-р Игор Алулоски,
    КОН КРАЈОТ НА ФЕБРУАРИ БЕВ КАЈ МОЈОТ МАТИЧЕН ГИНИКОЛОГ, МИ НАПРАВИ ПАП ТЕСТ ОД КОЈ РЕЗУЛТАТОТ БЕШЕ ЦИН 1, И МИ РЕЧЕ ОДМА ДА МЕ ПРАВИ ЛАСЕРСКА ОПЕРАЦИЈА, НО ЈАС НЕ ПРИФАТИВ БИДЕЈЌИ ВО ПРЕТХОДНИ КОНСУЛТАЦИИ СО ДРУГИ ЖЕНИ ИМАМ РАЗБРАНО ДЕКА НЕ Е ДОБРО ТОА, ПОТОА ОТИДОВ ВО СИСТИНА КАДЕ МИ НАПРАВИЈА БИОПСИЈА И ОД ТЕСТОТ РЕЗУЛТАТОТ Е ДЕКА ИМАМ ТЕШКА ДИСПЛАЗИЈА,ДОКТОРОТ ШТО МИ ПРАВЕШЕ БИОПСИЈА МИ РЕЧЕ ДЕКА ОДКАКО ЌЕ МИ ЗАВРШИ МЕСЕЧНИОТ ЦИКЛУС ОДМА ДА ИДАМ НА ОПЕРАЦИЈА ( КОНИЗАЦИЈА )
    ПА ВЕ ЗАМОЛУВАМ АКО МОЖЕТЕ НЕШТО ПОДЕТАЛНО ДА МИ КАЖЕТЕ ОКОЛУ ОВА,КАКВА Е ОВАА ОПЕРАЦИЈА,КОЛКУ Е ОВА РИЗИЧНО,ДАЛИ ЌЕ ИМАМ НЕКОИ ПОСЛЕДИЦИ,БИДЕЈЌИ НЕМАМ РАЃАНО ДАЛИ ОВА ЌЕ МИ ШТЕТИ ЗА ВО ИДНИНА
    ВИ БЛАГОДАРАМ
     
  3. Nikce

    Nikce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    Pocituvan D-r Aluloski,

    Na mene vo 2010 mi otktija HPV 16 megutoa go kontorlirav celo vreme so zdrav zivot, potoa vo 2011 mi bese veke cin 1 i doktorot povtorno mi prepisa vaginaleti i zdrav zivot,za po nekolku meseci da nemam veke nisto. Megutoa jas imam citano i na ovoj forum i na drugi strani na internet deka i pap testot ne e vo celost siguren i dokolku vi otkrijat takvo nesto treba da se pravi biopsija ili konizacija, a znam i nekoj devojcinja koj sto gi imaat praveno laserski a imale cin 1 i navistina nisto ne mi e jasno. Za nekoja nedela treba da odam na pregled i veke me faka strav :(
     
  4. prolet34

    prolet34 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Би Ве замолила да ми кажете шо значи бенигни клеточни промени 7-17. Тоа ми го пишува во резултатот од неодамна направениот ПАП тест.
    Однапред ви благодарам
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.098
    Допаѓања:
    28.729
    Пол:
    Женски
    На пап тестот ми покажа Плочеста интраепителна лезија од низок степен LSIL-CIN 1. Јас сум сексуално активна помалце од една година, па се прашувам како толку брзо се развил хпв и стигнал до овој степен? Дали може да има грешка во резултатите?
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  6. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    98
    Здраво почитуван докторе!
    И јас имам едно прашање до вас. Имам 21 год. и пред 2 години ми беше дијагностициран HPV. Се држев кон упатствата на докторката нели за контрола, да го подобрам имунитетот и сл. но за 6 месеци кога отидов на контрола ми беше дијагностициран ЦИН1, пак истото ми го препорача докторката, смирувајки ме дека не е ништо страшно. После 6 месеци кога пак требаше да отидам на контрола ми се појавија и кондиломи, а на пап тестот покажа дека имам ЦИН2, докторката ме праќаше на криотерапија кај д-р Анчевски, но јас побарав мислење од друг доктор кој ми даде гинекс форте, спреј глизиген и кондиломите се повлекоа. Ме прати да правам хпв типизација и хистолошка верификација. Наодот од хпв типизацијата беше негативен, покажа дека немам хпв, а хистопатолошкиот наод покажа дека имам CERVICITIS CHRONICA VEROSIMILITER VIROSA... Ми кажаа само дека не е ништо страшно... Ќе ве замолам да ми објасните што всушност е ова, како дошло до него,дали има шанси да се влоши состојбата...? Што со хпв-то? Дали има шанси пак да се врати, иако имам заштитени сексуални односи? Ќе ве молам за подетално објаснување, бидејки не најдов никакви информации...
    Однапред ви благодарам, секое добро!
     
  7. lulce

    lulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво и најпрвин да ја поздравам оваа иницијатива, ке ни биде од голема корист.
    Па да преминам на мојот проблем
    Во февруари правев пап тест и на него покажа дека имам ХПВ И ЦИН 1, а брисот Што го однесов во МАНУ за типизација имаШе отсуство на ХПВ ( само да напоменам дека периодот кога ги правев испитувањата бев под стрес и многу бев нервозна и напната....ако ова има врска ). Потоа бев кај мојот матичен гинеколог кој ми правеше колпоскопија и кога ме премачкувасе со првата течност ми реце дека се сомнева во резултатите, но веќе со втората течност останаа некои делови необоени. Потоа ми даде упут за горе на клиника да одам на второ мислење за да знаеме што понатака ( станува збор дали да правам биопсија или не ). Јас бев на клиника поточно кај Вас и Вие ме прегледавте и рековте дека нема некои видливи промени. Ги зедов и резултатите од ПАП што ги правев и на нив имаше ЦИН 1 , но немаше ХПВ, а на тие од МАНУ исто се беше во ред. Сакам дда прашам сега кој е мојот следен чекор, дали треба некоја интервенција. Имам редовен партнер веке 6 години и сакаме да имаме дете дали има некој ризик, дали е дозволено да имаме односи без заштита. И уште едно прашање многу често имам кандида, сум забележала дека ми се појавува кога ќе претерам со благо, но сега внимавам и пак ми се појавува....знам дека сите имаат кандида ама не знма дали ова моево е нормално многу често имам.
    Инаку имам 24 години.....заборавив да пишам

    Ќе Ве замолам за одговор

    п.с Јас многу се израдував кога видов дека и Вас Ве има на листа на гинеколози, бидејќи Вие пред неколку години ја правевте мајка ми операција и јас од срце сум Ви благодарна.
    Поздрав
     
  8. mama83

    mama83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Kako prvo pozdrav do doktorot i imam edno prasanje za vas:

    Pred edna godina pravev pap test i mi ispadna deka imam HPV 31 i Cin1 , no vo toa vreme bev bremena i doktorkata rece deka so poroduvanjeto moze se ke se procisti. Megutoa, otkako se porodiv posle nekolku meseci pravev pak pap-test i mi bea zaokruzeni cin2 i cin3 zaedno i hpv 31 ostanalo isto . Doktorkata me prati na konizacija i rezultatite posle konizacijata bea deka se e dobro , ama sepak preporacuvat tipizacija. Tipizacijata ke ja pravam za nekoj den, samo na doktorkata i e cudno zoso e pisano deka se e vo red no imalo nekoi promeni i se preporacuva tipizacija. Ke mozete li da mi objasnite sto ponatamu kako se grizam za da ne stigne do nekoj polos stepen ? Inaku imam 28 god i 2 deca.
    Blagodam odapred! POZDRAV !
     
  9. roksandra

    roksandra Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Pred 15 dena na PAPtestot pokaza deka imam CIN1 ginekologot mi dade da pijam tableti betaglukan kapsuli 1 na den od 500mg 1 mesec a potoa da go povtorime PAPtestot .Jas imam 38godini i dosega site kontroli mi bea uredni no vo posledno vreme sum pod stres dali toa ima nekakva vrska so rezultatot i sto bi me sovetuvale.
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Јас имам раничка на грлото на матката уште од 19години (тогаш за прв пат отидов на гинеколог бидејќи станав сексуално активна) тогаш ја открив. Од кога ја имам не сум сигурна, но сакам да знам како се создава?. Сега имам 24години.Најпрвин ме интересира дали може да има некаква поврзаност со наследување, генетски, бидејќи и мајка ми имала раничка, која не ја контролирала за потоа на 36години да биде оперирана од карцином, а знам дека причинител била раничката на грлото на матката.
    Од првиот гинеколошки преглед па до денес кај мене во ПАП тестот пишува или ХПВ или цин1 и дали тоа е поврзано со раничката која ја имам. Некогаш ги има заокружено и двете некогаш, поединечно. ХПВ типизација правев пред година ипол и беше добра, т.е. негативна.
    Имам проблеми и со хормони и нередовна менструација ми доаѓа на 6-7месеци па ме интересира дали и раничката има некое влијание врз нередовниот циклус. Дали има опасност за бременост?
    Првиот лекар ме советуваше ласерски да ја третирам, но во консултации со други лекари ми рекоа дека нема потреба бидејќи немам раѓано (не сум мажена). Дали направив правилен избор што оставив да не ја третирам (горам).
     
  11. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    51
    Д-р Игор Алулоски би сакала да добијам стручен совет и од вас,пред една година кога правев пап тест имав хпв од типот 16 и цин 1.докторот ми даде витамини после 6 месеци направив контролен пап тест ,цин немав но хпв беше сеуште присутен.докторот не ми рече ништо освен за една година да направам контролен пап тест.јас одвреме навреме земам витамини и внимавам на имунитетот.но ме загрижува зошто сеусте беше активен вирусот и што треба да напрам за да се неутрализира?поздрав
     
  12. Jullie28

    Jullie28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo! Bi sakala da prasam, jas imam HPV 48 i 62, me interesira dali so zdrav zivot i vitaminska terapija bi mozele ovie tipa da isceznat? i normalno so redovni PAP testovi? Isto me interesira kolku zemanjeto na oralnata kontracepcija moze da vlijae vrz rezultatite od PAP?
    Blagodaram
     
  13. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    24
    Поштовање Д-ре...
    Јас ќе ве прашам општи работи кои верувам сите ги интересираат...

    1.Што да се превземе доколку се утврди еден од типовите на хпв вирусот...нискоризичен..високоризичен...?

    2.Што да се превземе доколку се утврди еден од Циновите...цин1,цин2,цин3....????

    Ве молам малку да ни ги разјасните работите околу ова...некоја има цин 1 ја праќаат на ласер....дали е ова потребно???

    Ве молам да ни разјасните,,,што..кога се прави?..а не без потреба да не праќаат од врата на врата...а ние незнаејќи што треба да превземеме!!!
     
  14. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.376
    Пошитуван,

    Пред една година на пап тестот се покаѓа ЦИН 1. Гинекологот ми кажа дека не е нешто страшно и пиев Селен и некое време користев вагиналети Гинекс Форте. Направив и ХПВ типизација и беше негативна. На следната контрола по 6 месеци имав само инфекција Кандида и ја лекував со Канестен. На наредниот пап тест излезе ЦИН 2. Направив биопсија и резултатот е CERVICITIS CHRONICA( во стромата се најдени ретки агрегати од густо пакувани линфоцити и сочувани ендоцервикални жлезди со аспект на хроничен неспецифичен цервицитис). Сега имам терапија со Сумамед и вагиналети. Досега сум имала само 2 партнери. Што е причоната?
     
  15. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Добар ден .

    Имам Цин 1 на пап тестот а типизацијата е негативна, не покажа присуство на хпв вирусот. Дали ова значи дека јас всушност немам цин или пак цин може да се создаде и од нешто друго? Што да превземам понатаму?

    Благодарам.
     
  16. zokic84

    zokic84 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Почитуван д-р Алулоски, пред два месеци на ПАП тестот ми беа дијагностицирани бенигни клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции и инфламација со типична клеточна обнова. Направив и тест за ХПВ вирус - беше негативен. Гинекологот ми предложи колпоскопија и дијагностицира REE PERIFERNO И SCH POZITIVНА, по што ми предложи ласерска терапија. Почнав да пијам Colostrum, Матичен млеч, Селен + А, Ц, Е; Б-комплекс + вит. Ц., и ставам вагиналети на база на млечна кислеина - Вагисан. Сметате ли дека во мојот случај е неопходен ласерски третман?
     
  17. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    65
    ПОЧИТУВАН Д-р Игор Алулоски, сакам да ве прашам, пред 1 година ми беше откриен Цин 2, но се терапија од неколку месеци на следниот Пап излезе цин 1, ( направив и биопсија ), пак излезе Цин1. Исто така направив и ХПВ кој излезе негативен. Ме интересира дали можам да останам бремена? Дали Цинот може да ми направи некои проблеми и мене или на плодот? Или подобро би било да почекам да се среди овој проблем... Инаку имам 30 години.
    Многу ви благодарам и голем Поздрав
     
  18. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Самата цин промена нема влијание врз забременувањето т.е. не е фактор кој предизвикува инфертилитет. Во однос на тоа дали може да се искомплицира во тек на бременост, одреден процент на веројатност постои, но и во тек на бременоста покрај другите прегледи се земаат пап тестови а ако има потреба и хпв типизација. Се избегнува да се прават биопсии или други поагресивни дијагностички постапки во тек на бременоста. Но нетреба да се загрижувате. Промената веројатно има тенденција на повлекување во вашиот случај.
     
  19. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Во вашиот случај конизацијата е неопходна интервенција која мора да се направи поради поставената дијагноза за тешка дисплазија. Операцијата всушност представува отсекување на дел од грлото на матката во форма на конус а ова парче се испраќа за хистолошка анализа за да се утврди степенот на промената на грлото на матката. Постапката може да биде дијагностичка и тераписка во сто време. Тоа значи во исто време помага да се постави дијагноза и доколку целата промена е извадена во целост представува и тераписка. Се изведува во регионална анестезија т.н. спинална анестезија. Првите 24 шаса лежите во кревет а потоа се вадат газите кои се пласирани во тек на операцијата во вагината со цел да вршат тампонада на местото каде е извршена интервенцијата. Доколку нема крварење во наредните неколку часа од операцијата ве испуштаат дома со соодветно дадени препораки од вашиот гинеколог. Во поглед на евентуални последици во поглед на бреност, да постои извесен стешен на ризик во смисол на можност од абортус, предвремено породување или пак потешка дилатација на грлото на матката при актот на раѓање. Но ова не значи дека тоа апсолутно ќе се случи, само значи дека пациентките со конизација имаат нешто поголем ризик од вакви проблеми во однос на пациентки без ваква операција.
     
  20. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Тоа значи дека кај вас е утврдено постоење на некакви промени на клетките кои не се загрижувачки. Најчесто се работи за постоење на некаква инфекција предизвикана од конкретен предизвикувач, кандида, трихомонас, бактериски вагинитис итн., ила пак дека се работи за некакви неспецифични инфламаторни промени или атрофични промени зависно од возраст итн.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.