1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Kochoski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Д-р Горан Кочоски одговара на прашања поврзани со царски рез.
     
  2. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Почитуван д-р.Кочоски,би сакала да Ве прашам од името на една блиска личност дали се препорачува породување со царски рез на жена прворотка која има проблеми со циркулацијата во долните екстремитети и неколку пати и е правена склерозација на проширени вени?
    Однапред Ви благодарам
    Поздрав
     
  3. n0704983

    n0704983 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Почитуван докторе, би сакала да ве прашам, со првото дете се породив природно, но после породувањето добив покачен крвен притисок, тахикардија и зголемени болки во пределот на кичмата. Не можам да се одлучам на второ дете, бидејќи се плашам дека нема да издржам повторно да се породам по природен пат. Дали во вакви случаи може да одбирам да се породам со царски рез? Ви благодарам!
     
  4. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Проблемите со венскиот систем и системот за коагулација во текот на бременоста и породувањето, ги разгледуваме и решаваме во сорабтока со колегите од институт за трансфузиологија. Со оглед на тоа што имате актуелен проблем со вените на долните екстремитети, потребно е во консултација со матичниот гинеколог и специјалист трансфузиолог да се испита функцијата на системот за коагулација, со цел да се утврди дали постои зголемен ризик од забрзано и засилен згрудчување на крвта, и дали има потреба од т.н антикоагулантна терапија. Самото присуство на проширени вени не е причина заради која бременоста треба да се заврши со царски рез. Што се однесува до склерозацијата, тоа практично подразбира дека вените кои што биле проширени се затворени и нефункционални. И оваа интервенција сама по себе не е причина бременоста да се заврши со царски рез, освен доколку васкуларниот хирург кој ја извршил интервенцијата не смета поинаку, за што ќе треба да издаде писмена потврда со своето мислење.

    Со почит Д-р Кочоски Г.
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.479
    Пол:
    Женски
    Јас се породив пред скоро 6 месеци по природен пат и без проблеми, но читајќи го вашиов одговор би сакала да ве прашам за мислење.
    Во последните 3 месеци од бременоста примав Клексан инекции поради зголемени дидимери (цело време ми беа повисоки од 4500 и не се симнаа воопшто) и лоша хемостаза. По породувањето се намалија и трансфузиолозите ми сугерираа да се боцкам уште 10 дена и да престанам.
    Морам да потенцирам дека цело време одев на контроли на трансфузиологија и примив вкупно 170 инекции.
    Но за жал 28 дена по породувањето добив длабока венска тромбоза на левата нога и бев во постела две недели. Со интензивна терапија со Фраксепарин а сега со антикоагулантна терапија апчиња Фарин некако се доведов во нормала. Дидимерите последните два месеца ми се добри а и хемостазата.
    Би сакала да ве прашам дали мислите дека е паметно во наредните две години да имам уште едно дете и дали треба да превземам некакви мерки на претпазливост пред останувањето бремена, за време на бременоста и породувањето.
    Ви благодарам.
     
  6. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Покачувањето на крвниот притисок во текот на бремноста, за време на породувањето или во периодот по породувањето спаѓа во редот на т.н хипертензивни нарушувања во бременоста. Состојбата може да се манифестира само преку покачување на притисокот, но може да биде и дополнително отежната со нарушување на функцијата на бубрезите и црниот дроб, губиток на протеини преку мокрачата и појава на отоци. Овој тип на хипертензивно нарушување е познат како прееклампсија, и доколку не се третира соодветно може да доведе до сериозно нарушување на здравјето на трудницата кое се манифестира со пореметување на свеста и појава на грчеви (феномен налик на епилептичен напад) што е познато како еклампсија. Состојбата постепено се нормализира и симптомите се повлекуваат во првите две недели по породувањето. Податокот за болки во пределот на кичмата по породувањето не се поврзува со покачувањето на крвниот притисок, но може да укажува на промени во рбетниот столб кои се развиле како последица на бременоста и породувањето, или што е поверојатно, биле претходно присутни, а само дополнително се влошиле со зголемувањето на тежината во текот на бременоста. Во секој случај, доколку проблемите со кичмаат се одржуваат подолго време по породувањето потребно е да се консултира ортопед и да се направат дополнителни иследувања.
    Кога е во прашање покачениот крвен притисок, за жал морам да напоменам дека кај оваа категорија на пациентки, ризикот од појава на покачен крвен притисок во следните бремености е повисок во однос на останатите пациентки. Сепак тоа не е правило. Поради постоечкиот ризик, кај ваквите пациентки се советуваат поригорозни контроли во текот на следната бременост, посебно од аспект на редовно следење на крвниот притисок, редовни месечни проверки на мокрачата за присуство на протеини, следење на порастот на телесната тежина.
    Доколку како последица на покачувањето на крвниот притисок, претходната бременост завршила со предвремено породување, доколку бременоста била искомплицирана со застој во растот и развојот на плодот, посебно доколку имало манифестација на потешките облици на заболувањето (еклампсија, тешка прееклампсија) неопходно е уште од почетокот на бременоста да се консултира трансфузиолог и нефролог, да се прават редовни ехо контроли и да се следи протокот во крвните садови на матката, постелката и плодот.
    Сепак морам да напоменам дека доколку состојбата е добро регулирана во текот на бременоста, и доколку пациентката и плодот не се загрозени на било кој начин, породувањето не мора да се заврши со царски рез, т.е може да се направи обид за вагинално породување.
    Исто така, психолошката траумата на пациентката од претходното породување не представува апсолутна причина поради која породувањето треба да се заврши со царски рез. Се препорачува пациентката да посетува часови за психо-физичка подготовка, на кои подетално ќе се запознае со текот на породувањето и со методите за само помош во текот на породувањето (техники на дишење, положби во текот на породувањето) со кои се намалува нелагодноста, а секако на располагање стои и епидуралната анестезија.
    По конкретно, желбата на пациентката не представува причина за завршување на породувањето со царски рез, ниту кај нас ниту во било кој реномиран медицински центар во светот. Царскиот рез е сериозен оперативен зафат кој се изведува само по медицинска индикација.

    Со почит,
    Д-р Кочоски
     
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Со почит докторе, јас се породив пред два месеца со царски бидејќи плодот не се сврти надолу туку остана карлично и по совет на докторот се породив на закажан датум т.е во 40 г.н . Јас не сакав да се породам царски сакав вагинално бидејќи немав никакви проблеми (висок притисок или инфекции), но сепак ми е прво дете и не сакаа да ризикуваат, па моето прашање е дали ако во иднина планирам второ дете ќе мора повторно царски или не.
     
  8. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Во неколку наврати досега нагласив дека породувањето со царски рез во првата бреманост не представува причина за породување со царски рез во следните бремености. Шансите за нормално породување се зголемуваат кај пациетнките кај кои првиот царски рез бил направен заради причини како што се - страдање на плодот во текот на породувањето или т.н фетален дистрес, висок притисок во текот на бременоста, неправилна поставеност на плодот во родилниот канал т.е кога главчето на плодот не е адекватно поставено па тешко поминува низ родилниот канал. Исто така шансите за вагинално продување се зголемуваат доколку помеѓу првиот царски рез и следната бременост поминат 2 или повеќе од две години. Сепак во одредени ситуации породувањето со царски рез е неминовно како на пример кај пациентки кои што се еднаш породени со царски рез кај кои плодот е поставен карлично во втората бременост, пацеитнки кај кои поминале помалку од 16 месеци од претходнаат бременост.
    Се надевам дека, со оглед на вашата желба да се породите спонтано, во следната бременост ќе имате прилика да го искусите и тоа чудо на природата.

    Со почит,
    Д-р Г. Кочоски
     
    На Eli23 и love23 им се допаѓа ова.
  9. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Длабоката венска тромбоза е сериозна состојба, која доколку правилно не се третира и сериозно не се свати, во својата акутна фаза може да биде дури и живото загрозувачка. Ме радува што вашата состојба е комплетно нормализирана, барем од трансфузиолошки аспект т.е имате нормална хемостаза и нормални D - димери (Де - димери). Сепак не сте напоменале во прашањето дали состојбата е соодветно следена од трансфузиолог и васкуларен хирург во насока на контрола на повторно воспоставување на проодност низ зафатената вена, дали е правен доплер на зафатениот венски сад, дали е истиот соодветно реканализиран, дали имало потреба од контрастно снимање на венскиот сад т.н флебографија.
    Да ве охрабрам, оваа состојба не е контраиндикација односно не е причина заради која не би можеле повторно да останете трудна и да родите второ дете. Сепак потребна е сериозна контрола на системот за коагулација и на претходно заболената вена во текот на бременоста и по породувањето. Имено бременоста, заради своите физиолошки карактеристики, го зголемува ризикот од длабока венска тромбоза особено кај жените кои имаат други ризик фактори (гојазност, проширени вени, податок за тромбоза во претходната бременост или надвор од неа, податок за тромбемболија).
    Затоа, доколку се одлучите повторно да останете трудна ви посакувам се најубаво и секако редовно да ја контролирате својата состојба уште од самиот почеток на бременоста. Секако дека е потребна и консултација со трансфузиолог окулу актуелната состојба и желбата да останете повторно трудна.

    Со почит,

    Д-р Г.Кочоски
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Sakam da prasam dali ako majkata vo bremenosta ima streptokoka ili ureoplazma mora da se porodi so carski rez i dali toa garantira deka bebeto nema da bide inficirano. Odnapred vi blagodaram za odgovorot.
     
  11. teos

    teos Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Почитуван докторе сакам да ве прашам пред 5 месеци се породив со царски рез зошто имав покачен крвен притисок и отоци а исто така и екстремитетите на бебето беа помали за разлика од главата и стомакото.Откако се породив притисокот ми се нормализира и немам никаков проблем посетив два пати нефролог и тој ми препорача scan на бубрези, колку време треба да помине за пак да останам бремена во таков случај,и дали е можно притисокот да ми се појави и во втората бременост.ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРАМ
     
  12. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Почитувана госпоѓо. Вагиналните инфекции, не се и никогаш не биле причина породувањето да се заврши со царски рез. Исклучок се тешки форми на т.н кондиломи (генитални брадавици) предизвикани од одредени типови на HPV и Херпес симплекс тип 2 вирусни инфекции во својата активна фаза. Присуството на стрептокок (претпоставувам дека се работи за група B стрептокок) и присуството на Ureaplasma во вагиналниот брис го зголемуваат ризикот од појава на инфекции кај новороденото по породувањето, но не е задолжително новороденот да има потешкотии предизвикани од овие инфективни агенси, особено доколку во текот на породувањето се превземат соодветни мерки и мајката прима соодветна антибиотска заштита. Покрај тоа, породувањето со царски рез, особено доколку претходно дојде до прскање на воденикот, а мајката не прима антибиотска терапија, и покрај сознанието за присутната инфекција, не претставува гаранција дека инфекцијата нема да се пренесе на новороденото.

    Со почит,
    Д-р Г. Кочоски
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    По еден извршен царски рез, колку време треба да помине за да се планира втора бременост? Сето ова под претпоставка дека нема никакви други здравствени пречки. Благодарам.
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мене после првото породување кое беше со царски ме советуваа да чекам 2 години за второ дете .Ова ми го кажаа и на клиника и мојот матичен гинеколог. Е сега има и жени кои веднаш останале бремени па немале никаков проблем ,но кога ќе се земе в предвид дека тоа се резови фино е да им се остави време убаво да зараснат.
    p.s.Поздрав до докторот и можам да кажам дека е особено внимателен и нежен со родилките и е еден од ретките на клиника кој навистина си ја знае работата !
     
  15. sofce

    sofce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    NAJPRVO GOLEMA BLAGODARNOST NA DR KOCOVSKI
    Se porodiv pred 2.5 meseci so carski rez i sum mn. zadovolna od celiot personal na ginekologija i ve pofaliv na direktorot.
    mojot problem e seuste osekam bolka kaj ranata i trpnenje (operirana mi bese i cista na lev jajnik) a sakam da pocnam da vezbam stomacni za da oslabam.dali moze da koristam medicinski mider bidejki imam dr dete 7 god so cp i epi koe mora da go krevam a mi kazaa deka moze da se dobie kila na ranata.sto ke mi preporacate vie?
    blagodaram
     
  16. ikss

    ikss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Dobar den doktore
    Sakam da Ve prasam dali koga ke treba da se poragam ke imam nekakvi komplikacii ili problemi so ogled na toa sto mi e utvrdeno deka imam aritmija?
    Odnapred Vi blagodaram
     
  17. viki-viktorija

    viki-viktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Zdravo Doktore.Sega sum vo vtora bremenot.So prvata se porodiv carski rez i ja ima kerkickata Aleksandra koja ima tri godini i cetri meseci.znam deka docekame dovolno vreme od prvata bremenost da pomine za da se bide vo red i da nemam nikakvi komplikacii.samo sega imam golemam dvoumica okolu raganjeto na ovaa bebe,mojot maticen ginekolog me sovetuva deka mozno e i prirodno da se porodam no misli deka verojatno ke sum i carski rez poradi sigurnost deka taka ke saka ginekologot koj sto ke me poraga.da vi napomenam deka kerka mi ja rodiv carski rez zatoa sto imase pominato deset dena od terminot a i bebeto oslabnelo za eden kilogram i morase carski rez.kerka mi se rodi 2.200kg.sega ne znam dali da cekam do krajot na 9 mesec ili da odam da si zakazam carski rez,da vi napomena so ovaa bremenost imam problemi so bubrezite i so kicmata pa sakam vase mislenje,mnogu ke mi bide drago ako mi odgovorice i cenam se sto ke me sovetuvate.pozdrav cenet doktor i mnogu uspeh vo karierata.
    p.s.ako mora da zakazam carski rez vo koja nedela od bremenosta da bide toa, treba da se porodam do 10 avgust 2012g.
    B L A G O D A R A M !
     
  18. Cecka23

    Cecka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Prvo da ve pozdravam Doktore , se vidovme nie vo nedelata bas koga me ispustija od bolnica posle carski rez na 04.07.2012. Vie mi preporacavte da proveram hemostaza i d-dimeri , hemostazata ispadna vo red d-dimerite se 2740 pokaceni. Doktorkata koja edvaj me primi, voopsto ne sum zadovolna od transfuziologot mi preporaca uste 4 Clexane inekcii. Dali povtorno treba da ispitam d dimeri otkoga ke ja zavrsam terapijata i do kolku treba da se simnat toa me prasa maticnata lekarka.
    Od vas sum zadovolna mnogu i vi posakuvam mnogu uspesna kariera.
    Poz
     
  19. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Здраво почитуван доктор Кочовски
    Минатата година редовно доаѓав кај вас на прегледи во 9 ти месец од бременоста и скоро секој ден бев на трансфузиологија поради покачени Д- Димери. Примав Клексан инекции, но и пред самото породување тие не се спуштија. Иако трансфузиологот рече дека не е ништо страшно, мене сепак ми се случи абрупција на постелката една недела пред терминот за породување. Добив болки , а на ехото не се гледаа абнормалности на постелката , освен две мали лакуни. Моето прашање е , поради што би можела да се случи абрупцијата, немам висок крвен притисок. шеќер, ниту пак сум со голема телесна тежина. Од 33 недела имав вишок плодова вода, ни тоа не откривме од што е, немав скриен шеќер. Сега ми е страв од втора бременост, за да не ми се случи истото. Совет?
    Однапред благодарам.
     
  20. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Bi sakala da prasham dali e mozno i preporaclivo da se porodam prirodno po poroduvanje so carski... Carskiot mi beshe pred povekje od 2 godini zaradi nezgodna polozba na bebeto i slabo napreduvanje, a sega ubavo e namesteno, 9ti mesec sum... Pozdrav i odnapred blagodaram za kakov bilo odgovor
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.