1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цела година во лаги - што понатаму?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unfaithful25, 31 август 2011.

  1. unfaithful25

    unfaithful25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки, нова сум на форумов, но сепак ве читам константно ;)

    Ми треба совет од вас за проблем што го имам со дечко ми. Значи вака, одиме скоро три години и имав целосна доверба во него. Но се се смени откако случајно на неговиот фб профил дознав дека нешто помалку од година дена има нов број кој што патем го крие од мене. Останав буквално ваква :x со оглед на фактот дека сме заедно скоро секој ден. Овој број го давал на повеќе девојки, што од нашиот град, што од други градови, и се договарал за одење на кафе. Во ред, не ми пречи тоа што одел на кафе со други девојки, не сум некоја премногу љубоморна личност, но најмногу ме повреди фактот што го криел од мене толку време, а јас не сум забележала. Сега се прашувам самата себеси дали вреди да продолжам со него. Го сакам, вели дека ме сака, но на моменти е ладен кон мене и се однесува како да не му значам ништо. Откако разговарав со него и му кажав дека знам за се, тој ми рече дека е зачуден како не сум раскинала со него после сето тоа што го дознав :fubar: :fubar:
    Кога го прашав зошто го правел тоа ми рече дека јас сум виновна и дека не сум му посветувала доволно внимание :fubar: па заедно сме скоро 24/7, колку повеќе сакаш од мене???
    и да, факт е дека сите други околу него го знаат тој број... На крај излегува дека само јас сум изиграната и само јас не сум забележувала.

    Ве молам за помош, дајте ми ваши размислувања во врска со ова, бидејки за овие работи сум тешко решителна личност.
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.949
    Пол:
    Женски
    Велиш не ти пречи што идел на кафе со други девојки? Останав ваква :o А сигурна си дека само кафе пиеле или и нешто друго правеле? ;)
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Дечково колку години има, многу ме интересира?

    На твое место би го шутнала искрено, не толку за бројот, туку за реакцијата после-мајтап си игра со тебе и ти вика дека си требала да му раскинеш, па ти ја префрла вината тебе, а не се ни потрудил да објасни, не покажал никакво каење.Е затоа највеќе заслужува еден силен шут, па нека си купи уште еден број за да стигне да се слушне со сите обожавателки, а тебе око да не ти трепне, ќе си направиш услуга ;)
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. unfaithful25

    unfaithful25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Ми рече дека е само кафе и ништо повеќе, не ми пречи бидејќи сметам дека секој треба да одржува контакти со пријатели и познаници, секако кога дознав се почувствував изневерено, но подоцна размислив и сфатив дека тоа е пред се затоа што го криел бројот од мене и сите други го знаеле тоа, освен јас.

    Неполни 23 години.
     
  5. mp46

    mp46 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Премногу очигледно е дека твоето типче не може да биде со една. Паѓа во вода изговорот дека не си му посветувала доволно внимание. колку му требаат за да се почувствува задоволен 100 жени? Најверојатно е женкар. Неспорно е дека можеби чувствува нешто посилно за тебе. Ама од друга страна пак неможе а да не се забавува со други, па макар тоа било и обично допишување, слушање по телефон или излегување на кафе.
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.949
    Пол:
    Женски
    Да одржува контакти со другарки и познаници ок е , но дечково сигурно излегувал на кафе со девојки кои ги запознавал во текот на таа една година,бидејќи да му беа другарки немаше да има потреба да купува нов број и тој да им го дава. Дали те изневерувал или не можеме само да претпоставуваме , а ти веднаш расчисти со него, очигледно е дека не му е баш до тебе, пошто она што ти го кажал на тоа упатува, а исто така упатува и на тоа како да сака да му раскинеш и мислел дека поради ова ќе се деси тоа. Кретен |(
     
    На ivana--aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  7. princezzza

    princezzza Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    уф браво на толерантноста сигурно дека многу го сакаш па затоа :( му гледаш низ прсти но верувај од искуство ти кажувам после тоа што си го дознала постојано ке се сомневаш во него :wasntme:
     
  8. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    И ти му поверува дека е само кафе :^) да сум на твое место не би му поверувала, ако е само за кафе зошто го криел тоа од тебе, кога ти самата се декларираш како девојка што го оправдува тоа. Јас мислам дека дечко ти те е*е во здрав мозок, а ти му го дозволуваш тоа. Мој совет е да го откачиш, можеби не е тоа единствената работа што ја крие од тебе. Но како и да е твој живот, ти најдобро си знаеш. Со среќа! :*
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Причината му е типичен обид да се префрли топката кај другиот, кога чувството на вина е неминовно.

    Исто така, после нешто вакво, дури и ангел да стане, тебе длабоко во себе ќе те копка онаа недоверба која веќе силно влијае на твоите мисли и постапки.

    Затоа, мислам дека ова да се среди е можно само преку еден многу сериозен разговор во кој тој ќе вети, а потоа и ќе докаже дека е подготвен на промена во позитивна насока.
    Во спротивно, време е (за жал) за крај...
     
  10. unfaithful25

    unfaithful25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Кога е со мене, чувствувам дека ми е целосно предан, но кога не сме заедно секако дека чувствувам доза на недоверба кон него, му се јавувам и го прашувам за се, кај бил, како, што. Сега се прашувам дали навистина сум виновна јас, со тоа мое однесување?
     
  11. mp46

    mp46 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Верувај дечкото е типичен женкар, никогаш нема да биде задоволен со една. Секогаш ќе прави тајни работи, можеби тоа што го знаеш е само мал дел од целата вистина. Обично секогаш е така. И кога ќе се признае нешто, се признава само мал дел, многу работи остануваат скриени. И жена да му бидеш, ќе има потреба од друг паралелен живот кој ќе му носи забава во животот. Волкот влакното го менува, а умот не. Секогаш ќе е таков...
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.949
    Пол:
    Женски
    Девојко дај , знаеш ли што пишуваш, го оправдуваш него, и неговото лажење цела година |( Како може заради тоа што му се јавуваш ова да се случува, па и јас му се јавувам на мојот, и сите им се јавуваме :lol: очигледно е дека дечково сакал нешто ново и тоа и го направил, си купил ново бројче, си договарал "пиење" кафе со други девојки, и сето тоа позади твојот грб, а пази , сите останати знаеле ]:) јас на твое место смешта би го откачила, ама смешта без ни секунда размислување. Да прави некој будала од мене, епа нема 8)
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Постојат еден куп прашања кои водат до еден одговор.
    Иако сте заедно три години, што не е период за потценување, сепак тој решил да внесува новитети, кои според мене се мизерни, исто како и неговото оправдување дека не си му свртувала доволно внимание.
    Ми личи како намерно да прави потези,кои ќе те наведат ти да ја прекинеш врската,затоа и се чудел како до сега не си му раскинала.Значи, тој воедно го дава и одговорот на прашањето, што би било ти да си постапила како што постапил тој? Би се налутил и би ти раскинал.
    Треба да расчистиш некои работи сама со себе.Колку би била спремна да добиеш уште некој ладен туш од негова страна?Дали кафето се сведува само на кафе или има нешто повеќе во тие негови дружби?Зошто на кафе не оди со другари,туку другарки? И колку може некоја личност да му биде блиска од друг град, за тебе да те стави во втор план?
    Многу недоречености има во вашиот однос.Ако овој пат простиш и не изреагираш навремено, тој ќе ја сфати твојата попустливост здраво за готово и наредниот пат ќе ти приреди уште понепријатно изненадување.
    Некогаш човекот треба да размислува со разумот, а не со срцето.
    Ти си знаеш колку можеш да поднесеш на своја кожа,а ако ме прашуваш мене, јас би си го свртела грбот и без никакво објаснување би си заминала од неговиот живот.
    Мислам дека со своите постапки, тој всушност и доволно ти кажал...
    И не ја барај вината во себе, тоа е и неговата цел,да ти создаде грижа на совест, за нешто што самиот го направил.
    А тоа што е фин со тебе додека сте заедно, секој може да изглуми заљубеност неколку часа во денот.
     
    На srcekrsacka, Hopeful, GeorGinnA и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Девојко па имаш 20 год, а годините кои требало да ги поминеш во дружење, излегување и забава ти си ги поминала 24/7 со некој кој како прво НЕ ТЕ ПОЧИТУВА.
    Според мене тука никаков разговор не помага, кога ќе види дека после ова ти му простуваш ќе знае дека има сигурна карта и уште толку ќе си собере сила за други потфати.
    Главата горе и подалеку од него, не дозволувај да си игра со твоите чувства, а очигледно е дека тоа го прави.
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Твоето однесување е во ред! Па нормално дека ќе прашаш = каде, со кого, како... тоа е секојневна комуникација. Зарем за глобалното затоплување ќе правиш муабет (секој ден)? Па и со другарка на улица да се сретнеш истите прашања ќе ги поставиш, со таа разлика што прво ќе прашаш - како си.
    Не го барај проблемот во себе.
     
  16. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Аман брееее па има ли некое машко саглам ?!
    Сите се исти значи, секој ке ја искористи можноста да изневери.
    а ние девојките будали им веруваме па одозгора и низ прсти им прогледуваме
    И да знаете колку и да мислите дека дечкото ви потполно верен верувајте не е така ;)
    И девојко шо да ти кажам. ако сакаш да останеш со него купи си и ти некое бројче така од вип поефтино е па почни и ти малку да шириш познатства да види тој како е :)
     
  17. unfaithful25

    unfaithful25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Порано беше многу близок со другарите, за некои работи прво ќе се договореше со нив, а потоа со мене, но сега сите другари си имаат девојки и се гледаат поретко, а јас токму тоа и му го реков, дека ќе дојде ден кога дружењето со неговите другари веќе нема да биде со ист интензитет, па ќе го видам тогаш - и го видов ова :( :( :(
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Дечково е типичен женкар очигледно, неможе да биде само со една. Немој да бидеш изненадена, ќе налеташ уште на многу такви. Немој да му веруваш, затоа што секој збор му е лага, верувај...
    Не вреди да си го трошиш времето на него. Не дозволувај некој да те прави будала, сега сигурно ќе ветува дека ќе се поправи, дека тоа нема да му се повтори... Не наседнувај на лаги и слатки зборови. Тој си го покажал вистинското лице.
    И никако немој да се обвинуваш, нема зошто.
     
  19. unfaithful25

    unfaithful25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Се решив да го ставам на топло-ладно, на пример еден ден ќе сме заедно, ќе се слушаме, а некогаш ќе го ставам комплетно на игнор, за да ја видам неговата реакција. И да, му реков дека и мене ќе ми земе ново бројче, со тоа што телефонот и претплатата ќе ги плаќа тој :)
     
  20. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    И ти се купуваш со едно бројче? Незнам, не можам да те разберам, а и самиот тој ти кажал дека не те разбира, затоа што најочигледна постапка е да му раскиниш, ама ако може да те купи со еден број алал нека му е. А биди сигурна дека не било тоа само кафе.