1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цела година во лаги - што понатаму?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unfaithful25, 31 август 2011.

  1. unfaithful25

    unfaithful25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Ова се решив да го правам пред се за да му вратам на некој начин, му кажав дека ќе го исцедам како лимон и дека кожата ќе му ја соголам, а кога ќе го искористам максимално ќе го шутнам како партал, и тоа кога најмалку ќе очекува. А и претходно во караница ( во лутина или во афект) ме има наречено спонзоруша. Ќе постапам ли исправно?
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Сето тоа навистина му го кажа? Браво бе :clap: е тек сега нема ништо ни да искористиш ни да видиш |( навистина доста се прашуваш дали си погрешила ти, дали си ти виновна, дечково те лажел, најверојатно и те варал, така да доста прашување, реагирај и ОТКАЧИ ГО :!: не ти треба ништо од него, ни броеви, ни телефони, освен ако не бил во право за тоа дека си спонзоруша, извини вака ама така ќе да му доаѓа ова
     
  3. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Мое мислење е да не губиш време со него... па сега ти што сакаш прави.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Ќе постапиш патетично и глупо и да,делуваш ко спонзоруша вака сакајќи да изгледаш ко фатална девојка. Вака му даваш повод за утре кога ќе го шутнеш да има за што да те збори и руга и ти да испаднеш негативецот.Многу наивна игра играш.
    Прво,ајде бројот,ама бројот е за девојки за на кафе за кои ти не знаеш и зошто да не знаеш е прашањето?! Значи не е толку наивно се ова,не е бројот,туку причината зошто го има бројот и се комплет на крајот,плус те игра ко мало дете,час му чиниш,час не,плус те нарекол спонзоруша (а зошто?!),што повеќе сакаш?!
    За ваков,чао дечко и толку,нема дискусија.Ти вака изгледаш и наивна и површна,а плус со бројов (која е поентата со бројот боже господе?!).Не ми се верува дека од цела ситуација тебе ти пречи само бројот и тоа е твојот начин за тн одмазда...ооооооф...
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mecheto

    mecheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Ти од нас сакаш да слушнеш да дечкото те сака биди со него би сакала да можам да ти го кажам тоа бидејки тоа ке те направи срекна бидејки се гледа дека го сакаш а тој тоа не го заслужува и не мисли дека си крива што и да си правела сигурно тоа не било доволна причина за он да купи нов број и да скита низ град со девојки
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    И ние се чудиме исто.
    Во право е момакот.
    Те мота како сака, а ти си играш според негови правила и желби.
    Откачувај го без да се свртиш воопшто по него.
     
    На GeorGinnA и Li0ness им се допаѓа ова.
  7. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Те лажел 1 година !!! Те мотал , ти ги замачкувал очите !!! Не е за мене тоа една мала лага , ова е лага која се повторувала цела година. Замисли што од тебе правел... Најголема глупача која ја мота на малиот прст. Не , не ... не треба да поставиш прашање што понатаму. Убаво те лажел година дена , дозна .. а што ако лаже нешто пострашно 2 или 3 години а уште не си открила ? Да не почнам да зборувам и што се има замешано во оваа лага. Женски , договори со нив и уште што ли не !!! Ако се почитуваш себеси тргни се подалеку од таквата личност.
     
  8. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Најпрво ни малку не ми е јасно како може да не ти пречи што дечко ти одел на кафе со разни девојки, а тука е и тоа дека цело време тоа го правел зад твој грб. И никој не ти тврди дека тоа биле само обични кафиња без уште нешто проследени. Мене тоа да ми се случеше буквално ќе се избезумев. Не сум сигурна дали би му раскинала, но дефинитивно со тоа би ја изгубила довербата во него.

    Со тебе се слагам дека кога сме во врска не треба да се губи контакт со пријателите. Но кога велам пријателите мислам на оние пријатели кои тој ги познавал и пред тебе , а не ново запознаените пријатели со кој тој се дружи скришум од тебе. Мене искрено тука нешто ми смрди и ако немало ништо не сметам дека тој би го криел овој број од тебе како и се останато. :shake:

    За негови години ова е доста незрело понашање. Но ни прв, ни последен. |(

    Немаш потреба ти да се осеќаш виновна. Едноставно некои луѓе ја имаат онаа способност за секоја своја грешка да ги обвинуваат другите што дури сета таа работа би стигнала до тој степен да ти самиот поверуваш дека си виновен и започнеш да осеќаш кривица.

    Не се слагам со тоа дека си му наложила да ти земе нов број и претплатата тој да ти ја плаќа. Може да е најлошиот, па дури и да те изневерувал тој нема што тебе да ти плаќа претплати. Ако си сакаш нов број, тоа си е твое право, земи си. Мене тоа ми изгледа како тој да сака да те купи со едно бројче и претплата во замена ти да му ја простиш грешката и ти за жал го прифаќаш тоа. :fubar: Не, не и пак НЕ !
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Замисли да не си му го открила бројот на фб профилот?Којзнае уште колку ке те лажел?Ај еднаш да те излажал ке си прогледнал низ прсти ама цела факинг година?а не ја исклучувам можноста сите три години да те лажел.И сега прашуваш што понатаму?Па биди со него ако сакаш и понатаму да прави будала од тебе |(
    Воопшто и не треба да прашуваш.Тури му пепел,стави крај и продолжи понатаму со животот.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Па ти веќе си го информирала што се ќе му направиш и прашуваш дали е исправно.И што корист од тоа?Он веќе истото ти го направил на тебе и според неговото однесување веќе те шутнал како партал.
    А бројчето со претплата што тој ќе ти го плаќа чекај го.Можеби Дедо Мраз ќе ти го донесе за Нова Година.
    Зачувај си го она малку достоинство што го имаш во неговите очи и бегај што подалеку од него.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сака да ти раскине, ама не знае како. Па и затоа ти рекол така. Сигурно очекувал дека ќе му раскинеш. Сирот. И ако се почитуваш самата себе макар и најмалку, нема да дозволиш некој вакви работи да ти прави. И ти ништо не добиваш со одмазда, тоа е чисто изгубено време.
    Стави крај и продолжи понатаму.
     
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Уште со одењето на кафе со други, требало да ти е јасно дека типов мати нешто на страна. Па кој нормален дечко кој си ја сака девојката, сака цела година, значи цела година :!:, да се наоѓа со други девојки за кафе? :?:

    И тоа значи оти ем што не си му доволна, ем не те сака доволно, ем најверојатно и те изневерил некогаш. И уште тука си требала да прекинеш со него. А после тој одговор што ти го дал :tmi: ..... само ти покажал оти е стварно едно големо ѓубре. Стварно не знам што правиш уште со типов, али на твое место, не би дозволила мајтап да си игра некое теле глупо со мене и би му ја удрила клоцата. Колку и да го сакаш, некој кој нема почит кон тебе, не те заслужува. А овој твојов, ни најмалце.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Одите 3 години.. Да речиме дека на типот му се здосадило. Ама цела година да се мафта со други, а ти да не се посомневаш?! :|

    Веќе се ти кажале феминките, мене ми останува само да ги поддржам дека треба да му раскинеш и да завршиш со него. Без одмазди, злобни планови, ти реков-ми рече шпанско-сериски работи. Разделба како двајца созреани умови. Крај и готово.
     
  14. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Девојко не ми е јасно како може од се што се случува ти баш за бројчето да се фатиш.
    Да дознаам дека маж ми година дена криел број од мене и излегувал на кафе со ``пријателки`` абе бројот ке ми биде последна грижа. Би се запрашала прво какви се тие пријателки што го бараат на швалерскиот број и дали е само кафе со нив, а секако дека не е. И би го шутнала ко партал одма, а не да се потсмева зошто не си раскинала....
    А ако сакаш да му се одмаздиш иди дај оглас у 24саата огласникот.
    Изнајмувам глупав момак, со тајно бројче, за на кафе, па и нешто повеќе.
    и Пиши го новото бројче пошто тоа е швалерското. И стави им услов да ти носат по едно припејд бројче на тебе, така ем ти задоволна со ново бројче, ем он со нови ``познансттва``.
    И терајте си цел живот срекни без сметки за мобилен ако не за друго. :)
     
    На zvezda4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Ние жените сме значи многу нерешителни створчиња. Стигаш до момент кога апсолутно немаш за што здраво да се фатиш за да ја зачуваш врската.. и се фаќаш за - новонастнатата ситуација- да ти земе ОН ново бројче..и да ти го плаќа...Па ќе бидете на чисто.
    Знаеш кога ќе бидете на чисто? Кога ќе му раскинеш и ќе имап уште два-тројца после него..па ако те моли да се смирите...- Повторно нема да е правилен избор, но барем ќе сте на чисто.

    Не знам како не те фрустрира моментот на лажење толку долго време, кога сте биле интимни и ти си му се предала и си му верувала .... ?

    Дечково е крајно себичен и сака да е сам, но после 3 години не знае како да ти раскине, па те нведува ти да го напраиш тоа..ама ако може и ти да се осеќаш крива нели, пошто внимание не си му посветила. |(
    Немој да паѓаш на овие плитки плитки ..плитки манипулации.
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Macoola

    Macoola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    А да не се замараш и да не си ги поминуваш залудно годините?? зошто и повеќе од очигледно е дека дечково те лажел и ќе те лаже и во иднина... и не е проблем бројчето, уште помалку да одржуваш контакти со другари/другарки. Проблемот е тоа што после 3 години врска ти треба да му го знаеш друштвото, а не он позади грб да пие кафе со другарки кои ти не ги знаеш. Тоа не се другарки...и која му е причината да се крие и да користи тајни броеви ако му се другарки. И не само тоа, тргни од себе, ако ти вака се однесуваш цела година, колку ти е важна тебе оваа врска?? Ич!! Од таму и неговата ладна реакција, дали се потруди да те задржи, дали искажа било каква доза на каење?? Напротив, дрскост до коска, и уште те прашува зошто не му раскинуваш.
    И не се замарај да му враќаш и да го цедиш и што уште не. Не ти требаат нервози и шпански или турски серии во животот. Зошто да се симнуваш на негово ниво....и уште да те нарекува спонзоруша, на тој начин само ќе го потврдиш тоа.
    Сврти си нов лист и уживај си во годините...
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Уште се прашуваш ШТО ПОНАТАМУ? Нема понатаму!

    Кај ти е тебе гордоста?
    Не и пречело што одел на кафе со други.. МОЛАМ???
    Сигурно само кафе си пиеле и се гледале, ахам, зашо да ти пречи...

    Има разлика во тоа да бидеш љубоморна, и да бидеш глупава (со извинување), ама ако не ти пречи дечко ти да ти се швалерисува со други (да пие кафиња зад твој грб), тогаш продолжи си со него, можеби ќе живеете среќно засекогаш.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Што се нема да се прочита на феминава :D.

    Да не почнам да коментирам, си го сака девојката зашто и викате да му раскине кога она сака обратно да чуе :D.

    На моја женска вакво нешто да и направам и да дознае би очекувал сатар у глава, штикла у око или 5 чинии упатени кон витални точки :D :lol:.

    Ах жени, жени и после мажите не чинеле (за отварачката на темата се однесува) :lol:.

    Пс. Другите ќе ме сватите зашто сум ироничен :lol:.
     
    На srcekrsacka, viktorija26, Iva-Mici и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Абе 20 години имаш, како можеш како прво воопшто совет да побараш за оваа работа. За оваа работа не ти треба совет, искрено. Па тој те прави будала на очи бе. НЕ гледаш? Леле не ми се верува што читам. Па ја без размислување би му рекла чао пријатно, заборави ме! Кафе со другарки? Не ме засмејувај, те молам. Цела година го криел бројот, ЕЈ! Мижи да те лажам е работава. Се мислам како воопшто ти текна на прашањето ШТО ПОНАТАМУ? Нема ништо понатаму. Продолжи и ќе видиш ;)


    Е со ова мора да се согласам со Маја.

    И да, кога ќе видиш, СИ СПОНЗОРУША со оглед на тоа што си побарала број, за кој тој ќе ти ги плаќа сметките. Извини, ама искрено. Гордост, скраја да е.
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Имав една другарка порано, со истиве размслувања и истиов проблем како тебе и после една година зборување од моја страна дека дечко и ја прави будала видов дека нема промена кај неа, па зошто ти би послушала било кој од советиве?

    Не ти пречи тоа што одел на кафе со 'пријателки', не си била љубоморна?
    Се додека се лажеш себе, ќе имаш вакви проблеми. Не е тој крив де.

    Аман батали го и не се замарај, какви одмазди какви глупости, со тоа покажуваш дека на овој или оној начин уште сакаш да бидеш околу него.

    Ауф..до кога вака..