Ти си виновна за ова?! Не си му посветувала внимание?! Па нападот е најлесна одбрана! Остави го без ич око да ти трепне. Знам ќе помислиш дека не е лесно,3 години се во прашање,но што од нив кога ти година дена си се шетала наоколу и луѓето те гледале со сожалување? Немој девојко,не дозволувај да те газат,на светов има момци за кои ќе си се,и кои на друг начин ќе ти го крадат вниманието.
Девојче не знам од каде да почнам.Искрено се надевам дека додека го пишувам ова ти веќе си ставила крај на оваа бесмислена врска.Знам дека од нас очекуваш да ти кажеме дека сепак има надеж за оваа врска и дека може да продолжи но од мене нема да го чуеш тоа.Ако дечкото одлучил да земе број кој ти не го знаеш и тајно се среќавал со други девојки ,,на кафе,,зошто ти не му посветуваш доволно време значи дека врската нема иднина.Ако тој сакал да поминува повеќе време со тебе можел едноставно да разговара со тебе и да го побара тоа а не сега да те окривува и да те убедува дека на тајниот број закажувал средби за кафе,наместо тоа дека е во потрага по нова девојка.Врската се гради врз доверба и меѓусебно разбирање а не на надмудрување како идејата што си ја добила и ти да земеш број а тој да ти го плаќа.Ова не води никаде и да одлучиш да му простиш никогаш нема да ја повратиш довербата во него.Затоа продолжи понатаму и најди ди некој кој ја заслужува твојата љубов. А за девојката која и се потсмева на онаа девојка со чиј што дечко спие мислам дека треба да подразмисли дали нејзината постапка е за потсмев или тоа што таа го прави.
Извини вака, ама не си свесна и ти и девојката колкави овци сте, а прчот само си ве потстрижува по кеф. Таа си се теши дека е единствена, а ти си ја плукаш и си се тешиш дека си цура ипол и подобра од неа пошто нели, си „мазнала“ зафатен фЛаер што е огромен успех и треба на врвот на Ајфелова да ти се додели чварка околу вратот како медаља во присуство на CNN и BBC кои ке го овековечат свечениот момент. Е, за тоа со мачоменот ке се сложам. А за девојката што ја отворила темава, се надевам дека си го решила проблемот и дека донела правилна одлука бидејќи никој не ја знае ситуацијата како таа самата. Искрено и не сум баш компетентна да давам совети на темава бидејќи донекаде и јас испаднав овчичка (не дотолку како во случајот во темава, туку онака малку. Јагненце де ) ама затоа од гледна точка на личност која едвај, со сите сили се изборува со тоа, знам колку е тешко во такви моменти да се размислува трезно и правилно и затоа не би можела да ја судам девојката што толку очајнички бара совет и надеж. Но сепак 3 години од кои една цела (знак прашалник дали е само една) да се прави такво нешто, искрено и незнам колку е за простување и трпење. Недај Боже и да дознам и јас и било кој овде...
ЛУД.......................ЗБУЊЕН = НОРМАЛАН ЈЕБЕ ЗБУЊЕНОГ А ПОВРЕМЕНО И ЛУДОГ на това ми личи мене ова
Како што кажаа некои Феминки како може да оди на кафе со други а да не го видиш..Ќе си кажеш во Лас Вегас живееш...и плус незнам како не си осетила цела година дека нешто не е во ред..Колку и да се преправа некој сепак се познава со тек на времето , вие одите долго време незнам како не си го приметила..
Абе ти нормална си?! Не ти пречи што се договарал за кафе со други девојки? Биди сигурна дека имало нешто друго освен кафе бидејки ако било само за кафе пиење можел да се договара и на стариот број а не да крие од тебе и да си има друг број. Извини ама ти екстремно многу сериозно свакаш дека треба да се одржуваат пријателства и дека е нормално тоа што дечко ти го прави. Не ми се верува дека си 23 години имаш жими се памет на 13 годишна!
за ваков блок, делит и во рисајклбин не вреди да си трошиш ни време ни нерви сврти нова страница во зивотот, и размислувај позитивно
Како е можно да си ти виновна кога си му посветувала време 24/7, значи сте биле многу блиски, а и со оглед на тоа што сте имале долга врска можеше да ти објасни дека сака повеќе посветеност од тебе и готово... не е решение да се крие Најверојатно тој знае колку ти го сакаш, му здосадило од врската, не знаел како да ти раскини, си земал друг број си се забавувал со други девојки без твое знаење и на крајот му било сеедно дали ќе дозаеш и кога ќе дознаеш.. затоа и ти рекол "како не ми раскина после ова што го дозна" - значи тој очекувал да му раскиниш и да се откачи од тебе. Ако продолжиш со него само ќе се уништуваш и ќе живееш во сомнежи, а тој кога успеал да те излажи за таква работа дури цела година верувај дека не е само таа лага,најверојатно има и други лаги. Паметно ти е да разговараш отворено со него - макар да јас мислам дека кој лажел еднаш ќе лаже до крај за да се оправда и пак на тебе да ја фрли кривицата, сум имала такво искуство!
Ништо нема да постигнеш со тоа ако сакаш да му вратиш, без разлика на кој и да е начин. Фактот што тој имал број, за кој ти не си знаела и го давал на девојки со кои се гледал, е повеќе од очигледен.( кафето е најглупиот изговор- замачкување на очи). Дечкото сака слободен живот и не се замара за тебе и твоите чувства спрема него. Не знам како досега ви опстанала врската. Или тој е добар глумец или ти си многу наивна. Знам дека ти е тешко да погледнеш подалеку од твоите „заљубени очиња“, но тој и сам индиректно ти посочил дека сака прекинување на врската. Ако ти е тешко да ставиш крај, пробај да се оддалечиш од него одредено време и види како тој ќе реагира. Ако се кае ( што се сомневам) ќе се обиде постојано да ти покажува и докажува дека му е криво и дека сака да ги промени лошите нешта, а ако му е сеедно тогаш е повеќе од очигледно....СРЕЌНО!!!
Одма би го сутнала и не би размислувала за него веќе воопшто,вакви слицни слуцаеви знам и други само прасанје е на време кога он тебе ке ти раскине ,стом така се однесува веќе не го интересирас бас
Најстариот, најбедниот и најпровидниот начин на кој мажите се бранат од напад во вакви ситуации: не ми посветуваш време.....оффф дебилизми!!!! Значи од контакт ме вадат ваквите мажи! Не ти треба таков незрел вошкар, има многу други машки со кои можеш да имаш убави мигови кои патем ти е страв да не ги изгубиш ако му раскинеш. Само тој може да ти пружи нежност? Душичке, немој веќе да се замараш со недораснатиов, ај шо си губиш драгоцено време, можеш уште толку да се приврзеш за него и после назад враќање мноогу тешко. И запомни, кукавиците и слабичите го бараат решението за врската надвор од неа, а луѓе со кои вреди да останеш го бараат решението во самата врска.
Devojko iskreno spored mene,batali go odma ,baraj nov ne te zasluzuva ! [mod-kirilica:2u5187xl][/mod-kirilica:2u5187xl]
откачи го,мислам те лаже...и онаа реченица се чуди дека дотогаш не си го оставила..мислам дека тој уште тогаш те оставил ,Мое мислење