1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цисти на јајниците

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од simonceee, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Zaljubena11

    Zaljubena11 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски

    Девојки сакам да ви кажам дека нема некои посебни симптоми. Јас немав никаква болка ништо, си бев едно обично ДЕТЕ кога видов крв на гакичките. Мајка ми е мед. сестра ме однесе на гинеколог и така ми ја открија. :)
     
  2. Zaljubena11

    Zaljubena11 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Преку ехо е без гајле ;)
     
  3. Zaljubena11

    Zaljubena11 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски

    Јас имав ендиометрична циста од 6.5 цм. Бев во Скопје кај др. Славејко Сапунов и тој ми рече дека мора да се направам операција и дека немаше шанси да се реши тоа со вагинална операција (пункција). Со пункција се прават цистите кои се водени, а бидејки ендиометричните уште се нарекуваат и чоколадни се исполнети со некоја течност и ако ја пукнат со игла таа повторно ке се формира. Затоа мене лапараскопски ми ја извадија во Ре-Медика и фала богу веке 3 години јас си немам никаков проблем. :)
     
  4. Zaljubena11

    Zaljubena11 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Лапараскопија во Ре-Медика нас ни земаа 1000 евра.
     
  5. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Моја братучетка беше во Плодност, искрено не знам колку точно плати, мислам дека беше прилично скапо но многу добро помина :)
     
  6. Irena8888

    Irena8888 Нов член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Најдов уште една тема со 74 страни за цисти на форумов ја прочитав незнам колку пати.
    Ми касни веќе 10 дена тоест ми е негде 40ти ден. Отидов на гинеколог мислејќи дека сум трудна отидов цела весела ми констатираше чоколадна циста. Незнам веќе што се не си помислив , од ракови од се и сешто. Ми рече да помине една недела да види случајно да не има бременост пошто вториот тест за бременост ми покажа бледа црта. Тумур маркери се тоа ми звучи страшно, операции. Срцево си го слушам како ми чука цела недела, сите ми зборуваат ја не ги ни следам исклучена сум. Читам дека чоколадните можат да бидат и канцерогени. Паника тешка. Цистат е релатино мала 2 цм. ама јас неможам да функционирам. Секоја чест на некој што ги читам тука за храброста тоест за смиреноста.
     
  7. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Дали е некоја од вас запознаена со причините поради кои се појавува ваков вид на циста? Ве молам за информации
     
  8. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Здраво феминки, денес ми констатираа полицистичен десен јајник и тоа во некоја си блага форма и докторката ми даде Diane 35, многу сум загрижена и сакам да ве прашам дали потешкотии за забременување има дури имаш полицистични јајници или пак и откако би се излечиле тоа останува последица,или пак после се е во ред??? Ве молам за помош,совет,искуство,мислење???
     
  9. Koneko144

    Koneko144 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Здраво ве молам ако знаете да ми одговорите
    Со полицистични јајници се раѓаш или се добиваат?
     
  10. detelinkaaa

    detelinkaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Вака .. имам циста на десниот јајник е околу 4 цм . Ми препорачаа лапроскопија. Меѓутоа страв од самата интервенција немам , тука дали со самата подготовка или пак самата интервенција можат да увидат дека не сум невина. На докторката и кажав дека сум невина бидејќи неможев тоа да го кажем пред мајка ми .Дали можам да си направам здравтвени проблеми од тоа што не им ја кажав вистината ? Дали може да се забележи ?
     
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    5.885
    како ви открија дека имате циста?
     
  12. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    Станав со ненормална болка во јајниците, одма отидов на лекар мислејќи дека се работи за слепо црево. Ми кажаа дека не е тоа и ми рекоа да си отидам на гинеколог. Ме погледнаа на ехо и ми кажаа дека имам две водени цисти и дека кога ќе ми дојде менструација сами ќе пукнат. Гинекологот ми препиша Спазмекс да пијам, во случај да имам пак болки. Од тогаш ми се немаат појавено. :)
     
  13. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Здраво девојки
    Минатата недела бев на гинеколог и ми кажа дека имам циста на десниот јајник. Менструацијата ми доцнеше 19дена.Добив вчера.Со доаѓањето на менструација значи дека цистата е пукната или немора да значи?
     
  14. sevdalinkaaa

    sevdalinkaaa Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    ne mora da znaci, zavisi od vidot na cistata a se razbira i od goleminata, sekako ginekologot trebalo podobro da ti objasni sepak posle menstruacija odi pak kaj ginekologot i ako ne e puknala ke ti prepisat lekovi najcesto primolut nor go davat :) so srekja
     
  15. sevdalinkaaa

    sevdalinkaaa Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    немора да значи сепак зависи од видот на цистата а се разбира и од големината, има цисти што сами пукаат, но има и такви за кои е потребно да се користат лекарства и не дај боже хируршки зафат, мој совет после менструација да одиш кај гинеколог и да се прегледаш, сепак гинекологот требало да ти го објасни видот големината најчесто го препишуваат примолут нор. Не е страшно скоро секоја девојка/жена има циста :*
     
  16. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617

    Ми дојде на 30ти, неколку дена после циклусот бев на гинеколог и ме виде докторката на ехо кажа дека цистата била пукната и немало потреба од терапија.
     
  17. sevdalinkaaa

    sevdalinkaaa Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    супер си поминала многу ми е мило :inlove:
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    аааии ја дури сеа ја читам темава.... добиено имав еден ден во тоалет по мала нужда одам мн често а имам болки во десниот јајник кои не се мн чести нај јака болка осекам коа ке ме здоболи навечер додека спијам... да не спагам и ја во ова?(facepalm)
     
  19. ikss

    ikss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Драга Емилѕ,според тоа што го знам мислам дека секако не спаѓаш во оваа група :)
     
  20. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Кои се најчестите симптоми на цисти на јајниците?
    Дали некој може да сподели искуство од направена лапаросопија и хистероскопија ?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.