Дали некој вадел циста ендометриоза од околу 2цм. Не предизвикува болка за сега се е нормално како да ја нема. Но го покачува CA 19-9 тумор маркерот. Другите тумор маркери се во нормала
Девојки,да споделам и мое искуство,имам редовна менструација овој месец ми дојде редовно ама ми беше чудно уште кога дојде беше многу кафено и во помали количини, дури 5 ден почна да имам чиста крв и да тече се повеќе. Се зачудив што имав 9 дена и цело време течеше кафено, никогаш не сум имала толку долго и еве денеска при бришење само пак кафена крв. Лицето ми се нафрли многу но веќе со месеци ми е така, и имам тапа болка во стомакот. Јајниците знаат на моменти да ме заболат по неколку секунди. И почна многу да ми се нафрлува лицето и на брадата, Некој совет?
Оди ехо да ти направат да видат што е како е, можно е да имаш циста. Се се решава не се плаши само оди.
Имам корпус лутеум циста и гинекологот ми препиша Цикло прогинова два месеци да ги пијам.... Уште ги немам почнато, читав упатство и ми е страв да ги почнам.... Дали некој ги има пиено за корпус лутеум или воопшто пиено овие таблети?
https://forum.femina.mk/threads/cyclo-progynova.4887/page-2 Еве има тема конкретно за тоа, може ќе најдеш нешто корисно тука
Jas sum imala nekolku pati cisti na corpus luteum, megutoa ne sum piela nisto. Sami isceznuvale za 2-3 ciklusa.
Како знаете каков вид на циста е вашата? Мене докторката ми кажа само имаш циста... ме прати на дополнителни лавораториски испитувања(CA-125 и НЕ4) и ми кажа во зависност од резултатите да знае дали да ми даде терапија. Цистата е 29мм, друго не ми кажа ништо.
Здраво Анета, Јас имам ендометриозна циста од околу 3.5 см, и кај мене само тумор маркерот СА19-9 е покачен со 10единици над граница. Цистата ја контролираме со контрацептивни таблети. Дали доби второ мислење дали треба да се извади цистата?
Да. Бев кај доктор Таше во болница Плодност ми рече да не ја вадам во никој случај бидејќи ќе ми изгорат јајникот и после пак може да се појави. Рече дека се вади кога е над 5цм. Исто така ми даде јаз таблети. Кај мене вредноста на ca 19 - 9 е 69 затоа ме загрижува ми рече дека не е од цистата а правев магнетна на абдомен се е во ред.
Девојки,имам циста на десен јајник 5,8 цм веќе година дена си стои иста. Примив една доза примолут нор но без успех. 24 год сум немам раѓано сеуште. Ако може да ми споделите искуства за лапароскопија, дали да одам во ГАК или во Чаир. Приватните се многу скапи. Од каде сте задоволни?
Zdravo, sakam da prasam dali nekoja od vas koristi Diamel i kako ste zadovolni. Imam pcos no so hormonite e se vo red. Momentalno sum na hormonska terapija so Jasmin, no sakam da prekinam so niv. So koristenje na Jasmin se popraviv na kilaza. Ginekologot mi gi preporaca i mi veli deka so ovie tableti ke se normalizira ciklus i jajnici ke se sredat.
Здраво. За покачениот тумор маркер ца 19-9 што ти кажа докторот. Дали се покачува од цистата? Какво објаснување ти даде?
Zdravo, jas imam policisticni jajnici mislam uste od koga znam za sebe. Imav neredovba menstruacija megutoa drugo nemav problem. Imam dve decinja i sega pred 2 meseci imav krvarenje ne obilno taka kako kafeav iscedok cel mesec sekoj den. Bev na pregled kaj maticnata mi rece samo cista e ovapiev 20 dena primolut nor i dobiv menstruacija posle 3 dena. Otkako mi zavrsi menstruacijata sega po edna nedela povtorno krvaram bolki vo dolniot del na grbot i stomakot kako pred ciklus sigurno povtorno mi pravi problem toa. Dali ste imale iskustvo vaka so krvarenje a drugo nisto ne mi kaza ni koja golemina e ni kakva e cistata... treba pak sega da odam na pregled da vidam sto ke mi kaze no do togas da se oslobodam malku da ne mislam vednas deka ke treba operacii... Fala odnapred na vasite mislenja i iskustva
Hiii... Пред 12 дена ми открија прилично голема циста (7цм). Направив ЦТ, ТУ маркери, вагинален преглед и вагинално ехо. На ЦТ се гледа, ТУ маркери се мирни, на почетокот имав болки, сега повремено, денес ми заврши циклус меѓутоа имам тапа болка во пределот на јајникот. Еден доктор ми рече дека е хеморагична циста на C.luteum и ќе се повлече з 2-3 циклуси, другиот беше испаничен (тој ме пушти веднаш на ЦТ и ТУ маркери) радиологот ми рече дека не е канцер, 4от лекар се сложи со првиот, но доколку не дојде до повлекување ќе мора да се оперира цел јајник. Што се однесува до мене, веднаш нека извадат се, ионака имам друг океј јајник. На мисла ми е дека сите рекоа, 100% ќе се знае, само со операција и хистопатолошка анализа. Дали имате некоја искуство со ваква циста дали се повлекла или сте се оперирале, или не дај боже прераснала во канцер?