1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    130.382
    Јас не мислам дека е крива. Само не сфаќам. Одете у труднички муабети и видете дека у 20та недела жените прашуваат оти не сеќаваат бебе не да чекаат 40 без ни една клоца.

    Не дека ќе се сомнева дали е трудна туку дали е во ред бебето што не мрда?
     
    На ЕденЧлен и Black girl им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Лекарската комора на Македонија веќе неколку месеци знаела за случајот со гинекологот од Скопје кој девет месеци лажел своја пациентка дека е бремена, иако таа немала плод во матката, но оттаму велат дека не извршиле стручен надзор врз работата на гинекологот, бидејќи имале технички проблем да го формираат тимот од екесперти, кој ќе го направи надзорот.

    Претставката против гинекологот од Скопје пред неколку месеци стигнала со Лекарската комора, поднесена од семејството на пациентката. Од Комората тврдат дека според правилата за надзор во вакви случаи треба да се исклучат сите стручњаци, кои би можеле да имаат конфликт на интереси, потоа стручњакот да биде од соодветната област, а оние што ќе се нафатат да го направат надзорот треба во исто време да бидат присутни во државата.

    „Добивме претставка, но стручен надзор не е направен, оти имаме технички проблем при составување на тимот. Работиме на тоа да се формира тимот и да се изврши стручен надзор“, велат од Комората.

    Порталот “Нова ТВ“ вчера го објави случајот со пациентката од Скопје, која имала неколку неуспешни бремености и добила ваучер од Фондот за здравство за бесплатно ин-витро оплодување. По оплодувањето, гинекологот ја уверувал дека е бремена, со тоа што и покажувал лажни ехо снимки од плодот, и пуштал срцев ритам, а цело време била и на хрмонска терапија. Според тврдењето на пациентката, лекарот им кажал дека цело време ги лажел дури по девет месеци, кога практично дошол терминот за породување, со објаснување дека на тој начин сакал да ја подобри функцијата на нејзините репродуктивни органи. Семејството поднело тужба против лекарот, кој не сака да го коментира случајот додека не заврши постапката.

    Извештајот од стручниот надзор на Лекарската комора треба да покаже дали поплаката против гинекологот, во моментов вработен на Клиниката за гинекологија и акушерство, е основана или не. Овој извештај потоа Комората ќе го достави до семејеството и до Министерството за здравство.

    Од Лекарската комора објаснуваат дека во вакви случаи нивниот извештај или мислење не се обвзувачки, туку дека се советодавни.
    „Клиниката за гинекологија во случајов не може да го суспендира докторот врз база на поплака, за која не е докажано дали е основна или не. Ние пак како Комора не може да му одземеме лиценца се додека не добиеме правосилна судска одлука“, велат од Комората.

    Извор: sdk.mk
     
    На Espadrila, theowndemon и mira.mira им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.022
    Допаѓања:
    76.495
    Пол:
    Женски
    Има и мирни бебиња во стомак,не клоцаат сите исто.На моја другарка братучетка(полничка)ја заболе стомак и отиде на лекар ,кога 8-ми месец трудна,а малото годинка само што и направи,шок,сега има три деца,непланирано вика она.Така да не можеме ние да знаеме што и како осеќала жената дур била наводно трудна.Башка хормонска терапија не е играчка,го пореметува цел организам,те здебелува премногу и имаш шокови у организам.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    130.382
    Жена што не била трудна не видела трудна жена како и мрда мев? Видливо е. Маж ми од сон се будеше кога мрдаше бебето не па јас. Се гледа.
     
    На AURUA, cresa-jagoda и manja666 им се допаѓа ова.
  5. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    од хормоните и те како се дуе стомакот, 2 недели што ке ги ппа делував ко 5ти месец бремена а не 9 месеци пиела, башка може жената да е пуничка па плус хормони кога ќе се додаде на тоа ете ти стомак ко за бременост.
     
    На mira.mira и ivi1987 им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.717
    Допаѓања:
    322.679
    Во Николче немав доверба, па после ова?....:tmi:

    Кога останав бремена (пред малово да го родам) матичниот гинеколог ми потврди бременост но ми напомена да не се надевам многу, рано е сеуште за да потврди здрава бременост и ми препорача самиот да одам на второ мислење.

    Отидов во Св.Лазар.
    Ми се ,,падна,, др. Никола Дамчевски.

    Откога возбудена му раскажав , од прва на ехо виде дека се работи за Blighted ovum и ми препорача веднаш да ме исчисти.
    Уплашени со мм и двајцата, без двоумење прифативме, бидејќи ми ги предочи последиците ако не ме среди одма.

    После една недела се враќам кај матичниот на контрола и кога му кажав што се деси со ембрионот се зачуди...ми рече само дека требало да причекам , да не брзам и дека требало да му се даде шанса на плодот да се развива.
    Значи, со други зборови кажано - избрзано !


    На крај се добро се заврши (останав бремена со Рефче) и не ми паднала случкава на памет, се додека ова не го прочитав.
     
    На SexiLy, kjukli, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    13.325
    Мене два дена ако не ми мрдне се загрижувам што се вика. Зашто еве од сите што биле трудни, ми кажувале дали клоца бебето. Јас не мислам дека е крива жената, само некако ми е чудно сето ова.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Различни жени, различни искуства. Мои 3 другарки имаат деца ниту една мрдањето на бебето не ми го раскажала на тој начин како ти на пример. Дури едната ми викаше само како пеперутки у стомак осеќам, благо мрдање. Сигурно има и такви и такви искуства.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    13.325
    За стомакот да, еве јас сум почеток на осми, па немам некој стомак ко што сум гледала други каков имаат. Дури и се споредувам и се мислам зошто ми е така помал. Ама тоа е и до градба и до тоа како е сместено бебето. А јас во 4 месец изгледав ко да сум 8, и од утрогестанот може тоа.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    130.382
    Да пеперутки на почеток. После клоци. Прашај ги у 9ти дали биле пеперутки
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Мене на крај на 8ми ми се случи да не го осеќам бебето цел ден и цела успаничена отидов во Систина. Докторката ме стави на цтг, па ме гледаше со ехо и ми рече дека се е во ред, дека бебо се превртел, и така како што е поставен зад плацентата не можам толку да го осеќам, а за секој случај и следниот ден да одам на цтг.
    Женава никогаш не ни осетила клоцање на бебе и не можела ни да знае дали е толку чудно. Плус докторот и вика дека е добро, слуша срце, и лесно може да ја убеди дека заради килажа нејзина/мирно бебе/предна плацента и не знам што, не го осеќа. А психичи некои симтоми самата си створила, па нешто веројатно и осеќала во стомакот.
     
    На galapce, AURUA, anel и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    HCG хормонот е достапен во инекции. Многу лесно можел да и’ стави една па да добие позитивен тест. Човеков си имал шема, се’ било добро испланирано.
     
  14. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Мене целата приказна ми е сумлива.Докторот поминал многу години во учење за на крај од неколку пациентки да изгуби углед и работа.И приватно да им наплаќал тоа се малку пари во споредба со сите проблеми што ќе ги има.Знае тој многу добро како поминаа негови многу поискусни колеги.Ако е вистина позади него стои цел тим соучесници.Исто и жената ми е сумлива,да оди на прегледи и слепо да верува на еден доктор ми е чудно, бидејќи кој се лечел од стерилитет и поминал многу тој не верува само на еден туку бара повеќе мислења.Баш таа има повеќе познавања кој лек за што е,од која терапија или стимулација се дебели.На толку години неплодност нели сакала и очекувала да доживее мрдање и клоцање на бебето?Ако таа слепо верувала на докторот или имала лажна бременост зар околу неа никој не знаел да ја подучи или никој не приметил дека воопсто не е бремена.Се разликува полна жена и бремена жена.И најчудно што ми е зошто чекала толку време да ја објави приказната?
     
    На *Amethyst* и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    134.429
    Пол:
    Женски
    18051655_1750944301613087_2069478446_n.png
     
    На SexiLy, kjukli, kukla21 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Колку што знам и нее баш исфилувано докторот не го негира целиот процес дека не е вистинит он вика тоа било за здравјето на зената дека правел експеримент
     
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Докторот не негира. Напротив, имаше изјава дека е за нејзино добро.
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.511
    Допаѓања:
    34.653
    Пол:
    Женски
    Само на форумов се појавија две членки кои го потврдија карактерот на докторов. Така да... не се чуди. Не се сите експерти во секоја област, има и такви кои едноставно решиле да му веруваат на докторот. Бидејќи еј, доктор е, положил заклетва, кој ќе помисли дека има вакви склоности и дека лаже, а и зошто би, нели?
     
    На galapce, darcy, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.712
    Допаѓања:
    145.067
    Направила тест преку кај него. И покажал лажна висока бета. Има многу можеби.
    Каде на кр.слика се гледа бременост? На целосна крвна слика бета нема.
    На мокрача пак ич. На обична рутинска мокрача имаш само + - или в.о. Па и на уринокултура ако има има бактерии ако не нема. Бременост не се гледа.

    И упорно @Cka индирекно ја критикуваш жената. За жал во животот не знаеме што не чека. И она не се надевала оти доктор при здрав разум ќе ја прави луда.
    Замисли здравството не ни цути.
    Жал ми е за жената пак ќе кажам, ама упорно да бараме вина во неа? Оти бебето не мрдало?
    Психата чуда прави-па и да мрда.
     
    На SexiLy, kjukli, ivi1987 и 28 други им се допаѓа ова.
  20. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Е баш така доктор е положил заклетва и ти бескрајно му веруваш
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.