Во Швајцарија и за возење во алкохолизирана состојба се лежи затвор и се одзема возило и возачка . Ама во држава од трет свет каде ракија се пие за секоја прилика и неприлика на дневна база не знам како би спроведувал закон некој кој не го почитува истиот. Една чашка била за циркулација а со една нога не се оди па стануваат две и идемо даље. Еве нека најават дека ќе се конфискуваат возилата на пијани возачи па да видите колкава маса на народ ќе се побуни.
За огромна жал, 14 мислам дека е. Ама поентата останва дека согласност за секс треба од секогаш. И после има подкатегории кои се подложни на злоупотреба и не можат да дат согласност. Тука се децата и зато сексуален однос меѓу возрасни и деца секогаш е силовање. Во мои очи и над 14 се деца и дека возрасни со здрав памет ставиле 14 како возраст за согласност ми е педофилски af. Само зошто е "легално" не значи дека е исправно.
Па ваљда претпоставува дека двајца малолетници може да имаат консензуален секс, мислам дека ако едниот има 18 а другиот 17, пак е некако ,,кривично дело,,. Значи претпоставувам, по некоја логика, не знам како е точно законот.
4 dobi od apelacija, dali namalile posle ne znam mislam ne. Vo odnos na drugite kakvi kazni dobija t.e ne dobija nikakvi a bea vo polosa polozba od ovoj slucaj na ovaa ic ne se cudam.
Па се надевам некој кој знај (правник) би ни разјаснал дилемите. Ме интересира дали е отворен (законот) за злоупотреба од возрасни, а вака према ова површно шо прочитав ми личи ко да е.
Таман работа дека е исправно. Негоо друго да прашам. Викате од 14, дали истиот закон важи, за секс меѓу двајца малолетни, и малолетен /полнолетен, после 14 години ?
Има и тема за ова https://forum.femina.mk/threads/Возраст-за-давање-согласност-за-сексуален-акт.29221/ Од 14години законски може да даде согласност за сексуален акт дури и со полнолетна личност. Пијани,дрогирани не можат да дадат согласност бидејќи не се при чист разум.
Сексуалната зрелост не се смета за психичката зрелост, туку за кога телото реално е подготвено односно телесна зрелост. Во телесна зрелост се влегува со прв месечен циклус. Така да, ништо чудно што е 14.
Да ама нели сексуална зрелост треба да е многу покасно.. Мене на 13 ми почна циклус. Уше на маало седев, крижи мижи играв. За тоа законов многу рано ми изгледа...
под сексуална претпоставувам мислиш полова зрелост. таа е после телесна, ама е дел од телесна зрелост. иначе да не ме цитираше немаше да видам дека сум згрешила. во ПОЛОВА зрелост се влегува со прв месечен циклус. Телесната е веќе започната.
Еве ви споредба во Словенија: Силување казна до 5 години. Употреба на сила, до 10 години, најстрога е до 15, ова ако е на грозоморен начин На малолетно до 8 години, ако употреби сила од 5 до 15 годони. Сообраќајќи без смртни последици минуваат со парична казна или затвор до 3 години. Со смртни последици до 8 години и одземање на возилото. Ако има присуство на алкохол, дрога, голема брзина итн, затвор од 1 до 12 години и одземање на возилото. Ако е само повредено лицето има парична казна и до три години затвор. Ова е отприлика да видете како се казните. Би рекла поблаги. Во Швејцарија како што се сеќавам уште поблаги. И за убиство се поблаги. Значи не е до висината, туку до почитувањето и релаизацијата. И да важи Законот подеднакво за сите. Генерално, судиите и не пресудиле погрешно. Се е во рамките на законот. Значи она што го зборувам, мора да се работи, ама не на висината на казните, туку на правичноста, на искоренување на корупцијата, и на важењето на правото за сите подеднакво. Секако и зголемување на сообраќајната култура и изнаоѓање на решение како да се намалат несреќите и газењето на пешаци.
И добро да те прашам Јуле. За сообраќајка со смртни последици + ако има дрога ,алкохол ....законот вика 1-12 год. Од што зависи дали ќе му се дадат 2 или 11 год затвор на обвинетиот?! Оти тоа е баш голем распон ,од 1-12 год затвор. Смртни последици се смртни. А според законот некој може да пројде значи и со една година затвор
Лично немам работено ни пак сум била на такви судења, ама обично е пракса и зависи од околностите. Дали една или повеќе жртви, па алкохол, дали е на црвено итн. И каков адвокат има. Обично затоа зимаат адвокати како Дукоски и слични. Таквите адвокати се доста поврзани и они баш тоа им е целта, да извлечат мала казна. Некаде на пола досудуваат. Видете овие лица и не се криминалци. Имавме доста дебати и идеално би било во затвор да се одвоени од убијците на пример. Исто и со перачите на пари. За такви мора казната да биде соодветна. И друго, казна затвор подразбира ресоцијализација и рехабилитација. Тие лица треба да одговараат за своето дело, да се вратат назад во општеството рехабилитирани. Е кај нас се враќаат како уште поголеми криминалци. Темата е комплексна, од една страна е ова, од друга поради негово неправилно однесување во сообраќајот, загинал некого. И која е правдата?
Сега го гледав поткастот со Ландов околу случајот со Викторија. Нели имаше некои информации дека они претрчале на улицата? И дека детево што е осудено откако се случила несреќата почнал со психички проблеми? Зошто и тоа не се даде во јавност?