А девојкати колкава е Да знаеме што да ти препорачаме или ако знаеш нешто што посакуваа таа подолго време, може некои обетки, блуза, џемпер, парфем за женско имаш повеќе избор па нема да згрешиш многу
тој обожава благо,му давав торта за роденден...па би сакала некоја идеја со чоколада да ми кажете,покажете,препорачате и нешто во стил те сакам затоа што.. (или без тоа ) битно ми е некоја идеја за чоколада украсување,уредување..како да ги направам,во една кутија пример повеќе милки или било каква чоколада затоа што само чоколадаа сакам да подарам
Можеш исто некоја романтична книга со добро смислена посвета и чоколадо, сето тоа убаво спакувано или нешто од тоа што ти набројав
Со дечко ми се договоривме дека нема да си подаруваме ништо за св. Валентин, ама јас сакам да му дадам нешто мало, јас да го направам, или да купам, ама да не биде многу скапо.. имате ли некој предлог? btw. веќе му имам подарено слики од нас, парфем...
нешто слично со мојава ситуација...затоа сакам во кутија или некоја идеја да дадат,за повеќе чоколада (обожава милки па такви ќе земам најверојатно )да купам...и некоја порака зошто го сакам..
Со убаво спакувани чоколадца никогаш нема да погрешите. Спакувајте ги во кутија во вид на срце + една машничка и средена работа.
Ова со чоколадото ми даде добра идеја... Има, во КАМ мислам го гледав, а може и во другите маркети, Love You чоколадо... многу сака се што ќе му дадам за јадење, како мало дете е, па ова баш ќе го зарадува инаку SunnyGirl2, можеш секаква кутија, од чевли дури, да ја обложиш со украсна хартија, и во неа да ставиш многу чоколада и плус некои пораки да ги напишеш на ливчиња со украсни пенкала, и срценца мали да изрежиш од хартији во различни бои, и се да ставиш во кутијата
а бе се утепав од мислење сакам да биде нешто романтично,па ми текна да напраам срце од свеќи у двор кај него,ама заедно сме неполни 2месеци..да не е премногу романтично и се за толку кратко време?
Не, немој никако. Само после два месеци врска да правиш такво нешто нема смисла, според мене. Подобро купи му нешто, било што. Само да не е толку романтично. Али сепак твој избор.
Јас само што завршив работа На дечко ми му купив комплет маичка + боксерки, а ќе купам и едно малечко милка срценце и ќе го завиткам Мислам дека е добро, а?
Од Sara Fashion. Црни се, памук и ликра, онака мн ми се допаѓаат. Боксерките беа 130 ден. а маичката 300 Имаат и други бои и модели
јас и дечко ми двајцата си порачавме http://www.ladybook.mk/mk/post/4063/Hum ... ish-buvche , им пишавме посебно порака и да стават и име, само не знаеме кој какво бувче избрал.
Што мислите кој подарок би бил поубав, планирам на дечко ми да му купам или пица срце, или торта срце.. Што е поубаво?