Не можеш да ја натераш. Љубовта или ја има или ја нема а тоа се гледа на почетокот. Колку време се знаете?
прво грешка е што си и дал до знаење дека ја сакаш, олабави се малце, остави ја на син и ти по некад, почни да се однесуваш ладно кур да не те боли... ако осеќа барем нешо према тебе ке почне да те бара кога ке види дека те нема у рака у спротивно ке ти треба магија
Здраво Николааааа (во ист глас со сите што коментирале). Нема магичен рецепт, супер ќе беше некој да знаеше.
Јас дечко ќе ти кажам една финта. До сега си и го посветувал цело внимание на светот, си се трудел да ја освоиш, а таа ти глумела и те игнорирала. Пиши и уште еднаш нешто, ако не ти врати ништо не и пишувај повеќе. Ќе се запрашува секој ден кај си што не и пишуваш, па ако не е некоја дигната крава може и ќе ти пише. Животот е премногу краток за да се замараме со тие што не игнорираат.
И јас сум во слична ситуација на твојата. Се запознавме на факултет, таа година и неколку месеци постара од мене девојка прекрасна, моментално нема дечко, ама ајде сега таа во нејзиниот град, јас во својот, се допишуваме и таа знае дека ја симпатизирам ама премногу дипломатски се однесува кон мене. Исто, и seen ми мава не ми одговара, ама живеам со надежта дека еден ден ќе ме засака.
Хмм.. Не можеш да натераш некој да те засака..или има хемија или нема. Ама ако ти толку сакаш, седни и искрено збори со неа, кажи и како се чувствуваш и дека сакаш да знаеш дали има шанса за вас. Затоа шо нели малку не е фер кога ќе почнеш да се дружиш со некој и се океј и супер ви е и на двајцата и оп дечкото се заљубил и сега ако ти не ги имаш истите чувства ќе те игнорира или нема да се дружи со тебе намерно.. Детски е. Иако мислам дека типката не е заинтересирана, ако толку ја сакаш, седни збори, па ако ништо не биде не се секирај, па ќе си засакаш некоја.
Види вака ќе ти кажам нешто од искуство.Имаше еден тип што премногу ја сакаше другарка ми, цела година и више трчаше по неа и изненадувања и правеше, но таа не го рецкаше.Беше премногу напорен постојано и ѕвонеше.Искрено ние женските не сакаме лесни мажи, како и вие машките што не сакате лесни девојки.Но, по некое време типот се откажа од неа и се фати со една девојка и постираше слики на фејс и другарка ми го виде неколку пати со неа.Но тогаш се сврте кругот.Другарка ми се заљуби во него,но тој тогаш и врати за сето изгубено време што го потрошил на неа.Ова ти е добра тактика секогаш успева зашто кармата се враќа.
Со сила никого не можеш да натераш да те сака. Но, лично мене ми годи внимание и кога некој се труди за мене, па често и се затрескувам ако некој знае да ме привлече како што треба.