Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што да направам или што би направиле?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Soncko, 5 декември 2009.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ама си го тепала тоа е факт! :lol:
    И незнам како да му се извиниш мислам дека би било џабе, преголема слобода си земаш да удираш некого да шлапаш по лице. И тоа не е инат тоа е начин на однесување, и на другарките ли им правиш така?
    Искрено јас не би те трпела, мислам дека дечкото е во право.
    Му се извини ли веќе, разговараше ли со него.
    Кажи му дека имаш глупа навика и дека несакаш поради тоа да го изгубиш и дека веќе си ја сменила таа наваика, ептен е лошо тоа, утре истото ќе ти се случи со друг дечко.
    Дури и на шала да е тоа не е вкусно тоа однесување.
     
  2. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    му се извинив 100 пати... му кажав дека сум згрешила он ми вика епа од грешките се учи ова нека ти биде лекција.. и после тоа ми вика дека многу ми се налутил и дека нема да сум поминела така лесно кај него... јас моето си го направив и више не го барам неможам да го молам на колена да не сака да му клекнам... ако ми пише он ако ме побара ок ако не ;( :(
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Епа тогаш ти си го направила своето, не го барај повеќе, ако му нзачиш сеуште ќе ти се врати сам.
    Само да нека ти биде ова лекција за друг пат да си ја искорениш таа навика да ги шлапаш луѓето ;)
     
  4. dekce

    dekce Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    леле луѓе помагајте ... врска од 3 години за 20 дена ќе правевме, вчера ми се сруши како гром од ведро небо ... значи ми вели дека многу ме сака не може без мене .. ного последните месеци му грешев нешто и сега вчерАа ми се налути затоа што сум отишла со другарките кај нивни другари у куќа и раскинавме поради тоа -.- многу ми е мака незнам што да правам го сакам назад како да му се извинам што да му направам ... :(
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Зборувај со него кажи му дека си згрешила и дека не сакаш поради такви глупости да го изгубиш.Со разговор може се да се реши. Пробај, немаш што да изгубиш.
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    плавуша
    ПОСЛЕДНО НЕШТО е да кренеш рака на некој, и тоа на машко-што не се толку толерантни како нас женските. и јас како тебе еднаш кренав рака на машко-беше тоа пред неколку години тој ми врати и дојдовме до тепачка-верувај дека и ден денес се каам заради тоа, да ти кажам искрено ми се плаче кога ке помислам на тоа дека станав агресивна-смири се , изброј до 10 пред да направиш нешто, затоа што ти ке ги трпиш последиците :!:
     
  7. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Мислам дека заради глупост сте раскинале. Како може врска од 3 години така да заврши поради една ситница? Ако продолжи да се однесува со тебе како да му е гајле, за се да ти се лути мислам дека не те заслужува, но мислам дека и ти треба да внимаваш како се однесуваш со него. Една врска да опстане треба во неа да има слога, толеранција и љубов. Никој во врската не смее одма да се лути, се се` решава со разговор а не со „раскинавме и не ми досаѓај„. Мислам дека ти помогнав, обидисе да се смириш но ако повторно така се однесува со тебе мислам дека треба да ставиш крај на оваа врска.
     
  8. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Ве молам за совет !!
    Пред 2-3 недели на фб. ме боцна типот кој го свиѓав долго време . му вратив , и видов дека е стаен у врска па мислев онака .. и после дознав дека е у врска уствари со турчинка ..
    се запознав и лично со него и цело време смешкање погледи и све тоа..и ми кажа дека иде со таа..и дека се сакаат ама ми покажува знаци дека сака и да има нешто со мене..ептен ми се засвиѓа..јас со другарите негови сум ептен блиска и си скоро секој вечер седиме заедно и така седев една вечер со нив и се погоди до мене да седне и така муабет праење и утредента требаше на базен да идеме..и и кажале на неа дека не виделе некои таму кај седиме заедно и одма на фејсбук ми праќа покана за пријателство ..
    Ми врти он сабајле да се договориме што како за на базен и отидов со другарка , седнуваме таму сите и кога да видам женска му со него , а уствари кога дошол он на базен другарки нејзини ја викнале и она да дојде..
    Прво ме изнемќори , а одкога си отидов ми пиша на фејсбук у стил нешто не го замарај ова она , одалечи се нејќам да праиш муабет со него..ги видела повиците на телефон..
    А типката покрај тоа што е Турчинка, има правише пари , го части нонстоп му купува све и не смее ништо да и каже..све е она како што ке каже..кога е со неа не смее никоја да погледне ...а за некој ден ке иде у странство на месец дена..
    Не ми е фората да го вара со мене, зашто имам човечност и знам како е кога сакаш некој, ама ептен ми се засвиѓа типот и ми покажува знаци дека сака да има нешто ..ми вика не значи дека ако несум ја варал нема ни да ја варам , ми намигнува ..
    Типот и ја сака , ама и убаво му е пошо све она му купува , го части и нема намера да и раскине..
    Во ред е , и ја така би постапила да сум на нејзино место нема да сакам да ми се меша некој
    е сега незнам дали само да сум на здраво и да го кулирам цело време , или што да праам..нејќам лошо мислење да си има за мене и да се одалечи а у исто време и типката да ме мрзи мене..
    Ве молам помогнете ми ..у фрка сум
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Teenagers ruining relationships. My favorite... |(
    Не дека јас до вчера не бев тинејџер де, па да се правам ау ама...
    Е сега настрана глупостиве мои. Тотално те сфаќам. Хормони вријаат, се’ што лета се јаде, секој што се однесува слатко спрема тебе го мислиш дека те сака итн итн. Сфаќам, сфаќам.
    Тебе моментално ем ти иска, ем ти стиска.
    Од една страна чувствувам како да бараш некој вид на одобрение и поддршка од нас овде за да почнеш нешто, ама истовремено и убаво од твоја страна што сепак не се полетуваш веднаш.
    И немој. Ќе бидеш само пролазна авантура, чисто онака за проба и за „зошто да не кога се има шанса“, за на крај и ти и девојката да завршите повредени, а само ќе се гледате една со друга ко ривалки.
    Небитно е Турчинка ли е, што ли е. Човечко суштество со чувства е. А ако денеска ја остави неа и појде по тебе, утре кој ти гарантира дека истото нема и тебе да те снајде?
    А ќе те снајде, штом така вели за неа, ќе вели и за тебе. И тоа ти со твојата тинејџерската наивност ќе си многу полесна за манипулација. Штом толку лесно со намигнувања и слатки муабетчиња си паднала веднаш, толку, за понатака ќе е боза.
    Мислам, никој овде не може да те премисли во она што ќе го наумиш и што ти го налага срцето, ама мала си уште за да би растурила врска, за која е очигледно дека нема да трае многу покрај таков тип. А не би траела ни твојата. За мување па да не се ни брукаш...Ќе му мине меракот, ќе се освести и пак ќе си ја бара старата назад или ќе оди по нова, а ти само ќе се јадосуваш.
    Кога-тогаш врската со Турчинката ќе пукне, ама не си дозволувај да биде поради тебе.
    Нема ништо поубаво од мирна душа. И кога ќе го видиш од страна кај што го прави истото со друго девојче кое си можела да бидеш ти, и кога пак ќе оди по бившата, па се’ така во круг, тогаш ќе сфатиш дека само си се заштитила себеси од повредување. :)
    А ако не сака да ја остави, ти второ шупелче и златна резерва да изиграваш, немој па ич.
    Само што почнуваш да живееш, ќе си најдеш некој што ќе те сака само тебе.
     
    На MorgaNa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11

    Фала ти ;) Делиме исто мислење
    Па така и мене ми изгледаше од моја гледна точка работата, не планирам да бидам златна резерва, а кога више она ми кажа тоа...не го замарај , си има женска , а он знае за тоа и си преќуте само , толку и му значам . Значи типот ке сака 1-2 мувања додека е у странство она и после пак стара песна со неа ке си е...да патам и да се нервирам за некој - не планирам . секое чудо трае 3 дена..ке ми е тешко и ке помине а само ке сум у плус ваљда ке ме гледа одкога ке раскине со неа како некоја што ја немал , а не како пролазна девојка..незнам што и како, секако дека нема да правам ништо
    Незнам со што да постапам за да му зафалам , дали да избегнувам да го гледам или што , и што би мислел он ако така си се понашам за у индина ладно со него , дали скроз ке се тргне на страна и нема да му е гајле или ...?
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Избегнувај го и понашај се ладно, нема потреба да се зближуваш со него кога веќе му ја знаеш ситуацијата каква му е и јасно гледаш на работите какви се и какви би биле. Којзнае можеби ако се однесуваш ладно ќе сфати дека ти вредиш и ако сака да е со тебе прво ќе мора да ја прекине врската, или пак ќе го загуби интересот за тебе... Ова неможе никој да ти го каже, можеш само да се обидеш и да видиш како ќе биде, во двата случаи ти ќе си бидеш со мирна глава и со добивка.
    А девојка му па тебе најде да ти се заканува да не го замараш |( не гледа таму дека дечко и е тој на кој што му мрда газот се пуштила одма по тебе, ко ти да го замараш него. Никогаш нема да ги сфатам ваквите девојки што вината ја бараат во женските во околина на дечко и наместо во него |( Нареден пат кажи и дека тој тебе те замара, а не ти него.
     
  12. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    што би направиле вие ако тој што го свиѓате и тоа премногу, он вас не ве свиѓа и не сте негов тип на девојки, и да ве избрише од фб за тоа што јас го свиѓам и сеа незнам што да правам а мн го засвиѓав сес иаме запознаено и неколку пати имаме седено заедно со друштво... што би направиле на мое место и што мислите дека е најдобро??? :(
     
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    нема што да направиш ,не му се свиќаш и толку , ќе си најдеш друг симпатија и готово ;) ,ако не имаш втора опција трчај по него и нека си игра потоа како што сака со тебе :fubar:
     
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Откачи го...Ни е прв па ни последен... |( И дај прекинете да бидете глупи и да трчкате по тие што вас не ве погледнуваат и се заебаваат со вас... :emo: Колку и да си го засакале не вреди мила..НЕ ВРЕДИИИИИИ...
    Или истото би ти го кажала,како што кажа fallenangel..Трчај по него и ќе му бидеш играчка и предмет за заебанција... :!:
     
  15. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    можеби сум досадна затоа што веќе трета тема како си пишувам истото, ама што да правам, се побудалувам.. ми треба совет што би постапиле да сте на мое место.... значи јас и дечко ми ја немаме веќе таа хемија која што ја имаше на почетокот, се прераснува во навика.. од секогаш имало расправии (не за сериозни работи, туку само за глупости), а знам и дека ќе ги има понатаму.. многу ми е долга приказнава, можам да се оставам од пишување, ама ќе се обидам да бидам најкратка што можам.. Заедно сме скоро 3 години, секогаш сме се карале за што не, а и секогаш сме опстојувале поради мене затоа што сум таква личност што ќе преќути за да не дојде до тешка расправија, ќе оставам да мисли дека е во право за да не се расправаме.. а дечко ми е таков карактер што е одма избувлив, само он е во право, он е најдобар се он.. кога и да се расправавме јас ќе корнев коси, ќе плачев, а он после пола саат ќе си дојде исто како ништо да не било, како ништо да не рекол.. и после сиве овие години ми дојде преку глава.. си ќутев ама полека во мене чувствата се намалуваа, почнав да имам одбивни чувства кон неговата фамилија, ме нервира начинот на кој се однесуваат неговите родители затоа што не се однесуваат како семејство а и му го немаат доловено поимот семејство како што тоа го направиле моите за мене.. не знам како да ви објаснам.. стравувам дека утре кога ќе бидеме во брак он ќе ги има истите карактеристики, истото однесување како и неговите родители, нешто што најмногу ме нервира и ми е одбивно.. многу мисли ми се вртат во глава.. а премногу ми е сериозна врскава, моите со неговите се знаат.. плус дечко ми многу добро стои со моите дури повеќе со нив се сложува отколку со мене.. се зависи од мене.. а и пред 2-3 дена го слушнав како се договара да иде на едно место и се обиде да скрие од мене, ме лажеше дека спие дома.. видов дека ја нема колата од паркинг, отидов до тоа место (кај другар) и беше таму потпрен до друга девојка (а да не заборавам ретходно на телефон збореше “има ли нешто за мене“).. и кога го видов таму ми се пресекоа нозе.. знам дека ме нема варано со неа, ама од друга страна не сакам да бидам будала за утре да зборат еј види ја дечко и ја лаже дека спие а он шета и она уште си е со него.. ај за тоа мање-више ама па може утре ќе сокрие нешто друго од мене, може утре ќе ме извара.. може ова не му било ни прв пат.. многу работи ме мачат.. многу работи ни се заеднички многу сме поврзани.. од една страна сакам да почнам нов живот да најдам некој подобар и повисок ( понизок е од мене, воопшто не си одговараме ни физички, ни според хороскопските знаци) изгледот на крај, ама карактерот ме јаде од внатре.. во целосна дилема сум.. знам дека во секоја врска има кризи, оваа криза зависи од мене.. јас сум таа што треба да одлучи, ама не знам што да правам, да продолжам или да прекинам.. од една страна сакам да прекинам, ама од друга не сакам да го изгубам, некако многу повеќе во него гледам како близок пријател отколку нешто друго.. за разговор неможе со него да се прави асален затоа што не можеш на крај да излезеш со него, одма се расправа по негово си кажува што му дојде, се само за он да биде во право, а јас таа кривата.. многу работи изнапишав, демек кратка ќе бидам, ама пократко од ова неможев.. може ќе ве збунам, ама стварно се надевам за некој совет кој добро ќе ми послужи, затоа што утре морам да му кажам што сум одлучила.. а инаку заборавив да пишам вечерта кога го видов таму му раскинав и наводно не ми е дечко ама пак исто ни е се, само што јас сум ладна а он ко ништо да не било.. а да и уште ми вика не ми е јасно зашто се лутиш, јас легнав да спијам и ми се јавија само да ги однесам до таму и одма се враќав, не те варав, за глупости се лутиш, ќе ти кажев сабајлето дека сум ги донел до тука.. а да сакаше стварно да ми кажеше ќе ми кажеше од претходно кога се договараше на телефон а мислеше дека јас не го слушам.. што мислите вие, јас се побудалувам не знам што да правам, он пауза не сака, или продолжуваме или раскинуваме.. а знам во себе дека ме сака многу, се гледа тоа, дури и татко ми ми го има тоа кажано.. а ја самата сум 50-50 и сакам и не сакам да продолжам.. ни со него-ни без него..
    Поздрав до сите се надевам ќе ми помогнете да одлучам што ќе биде најправилно!! :*
     
  16. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    ТЕ СВАЌАМ ЗАТОА ШТО И ЈАС ГО ИМАВ ОВОЈ ПРОБЛЕМ .НАЈПРВИН ОБИДИ СЕ ДА МУ ОБЈАСНИШ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАШ,ШТО ТИ СМЕТА , ШТО ТЕ НЕРВИРА ВО НЕГОВОТО ОДНЕСУВАЊЕ И ИАКО ТОЈ ПОСЛЕ СЕКОЈА РАСПРАВИЈА СЕ ПРАВИ КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО ТИ СЕПАК ИСКАЖИ СИ ГО МИСЛЕЊЕТО АКО НЕМА ПРОМЕНА РАЗГОВАРАЈ ОТВОРЕНО СО ТВОИТЕ И КАЖИ ИМ СЕ.
     
  17. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Значи вака, има еден многу ми се свиѓа, не се запознавме, ама ми кажувале дека ме сака и дека знае се за мене, а и јас знам се за него, добро сеа не се ама... и вака, јас и го покажав на другарка ми и таа го засака, и сеа таа си мисли тој ја сака, тој ја гледа и незнам што не друго, а нема врска тоа, само си фантазира, а тој има и еден другар исто така убав, и сеа она вика ти ќе одиш со него јас со тој другиот, а јас не сакам јас сакам со овај првиот шо ви го спомнав, она коа запнала ја сака па ја сака, и да и речам а од кај знаеш дека тебе те сака а не мене, ама не сакам да се карам со најверната другарка за едно машко. Ме разбирате? Што би направиле вие на моето место? :)
     
  18. IvanaOneD

    IvanaOneD Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Значи никад не ме бивало за вакви работи (љубов) никад не се ни вљубувам,само некој ќе ми се засвиѓа и толку и сите ми зборат за љубовни проблеми,плачат за машки,а ја НЕПИСМЕНА на оваа тема,хех
     
  19. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    912
    ...кога ќе почине?????
     
  20. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.816
    Што би направиле ако дечко ви ве фати дека се имате договорено со друг дечко за излегување, за да го изневерите, но ви простува и цело време ве контролира, но вие сепак сакате да одите со другиот без да дознае дечко ви и без да се скарате со него. :lol: