Па добро бре како можеш да дозволиш некој да крене рака на тебе мене мајка ми и такто ми ме немаат удрено а не некој бездомник кој живее од мене .Јас веднаш би го исфрлила на улица,а не да се мажам со него,ако тој те тепа сега замисли си само како ќе биде кога ќе бидете во брак бре! всушност незнам ни што чекаш ти? Диезепам и кои ли не други апчиња ги имаш пишано му требаат на него + еден добар психијатр. Подитно остави го и врати се на твојот живот и другарките,јас би се запрашала дури и колку тој те сака, едниствено нешто што тој направил: си заминал од кај очувот- нешто што секој на негово место едвај чекал да го направи,ти си му била само повод,а не причина. Барај ги другарките а не него , а кога ке го заборавиш целосно-барај некој кој ќе те заслужува девојко! Spoiler Извини што pишувам вака налутено и изнервирано, но навистина кога прочитав што се ти направил да беше до мене ќе ти го задавев дечкото
Заедно сме веќе 4ипол месеци.. секако не сме постојано заедно затоа шо оде на факс амаа.. проблемо е овоа: Синоќа имавме секс за првпат.. кај него дома .. Се беше супеер и мислам дека ни не знае дека ми е втор (туку мисли дека ми е прв) амаа типчето се понаша ногу забегано.. не ми одговара на повиците,(2пати) на пораките .. некако незнамм шо да мислам.. утре ќе оде на факс и некако како да избегнува да разговара со мене.. појма немам. .. вистината е дека неќам да бидам изиграна! неќам јас да сум таа шо ќе трче по него и шо му звоне а фала богу не сум ни била тоа.. ама сеа мислам дека е нормално коа веќе имафме односи барем да разговараме за тоа.. незнам шо да правам.. не планирам повеќе да му звонам а не гарантирам за моите постапки ....
Искрено, и без навреда, мислам дека многу рано си му се предала. Али, ајде тоа биднало, неможе да го вратиш назад. А за другото, реални да сме, не го ни познаваш доволно човекот, дечкото. Што се 4 месеци?!?! Прво викаш дека нејќеш да си таа што ќе трча по него и ќе му ѕвониш, а после викаш дека не планираш понатака да му ѕвониш. Значи ти више си го бомбардирала. Остави малце. Крени раце. До душа и не знам што да те советувам. Ти си сакала секс, си добила. Он сакал, добил. Епа сега ако продолжиш да го напнуваш со повици и контролирање, сама ќе си крива ако се оддалечи. Остави малце на него, види како он ќе се однесува. Ако ти се јави и почне нешто од типот на “ сакав да те чујам, па како си, што правиш, сакам да се видиме скоро...“ и таков муабет значи дека ете на некој начин покажува внимание и интерес за тебе. Ако не ти се јави и се однесува поладно.....сама знаеш кој му бил интересот.
Што да правам?! Другар ми што веќе некое време го свиѓав вечерта на новата година ми се отвори и ми кажа дека бил заљубен во мене, и сакаше да се муваме, но јас му кажав да почекаме некое време да видиме што ќе се случи ,незнаев што да правам бев возбудена, сакав да се смувам, но незнаeв дали сум спремна.Минатата "девојка" ја смува неклолку месеци откако одеа заедно,а мене сакаше да ме смува истата вечер,незнам што да правм. Некој совет не би ми било лошо. :/
Што да правам?! Смувај се би ти рекла ама незнам дали сметаш дека тоа е во ред да ти се случи на 14,освен ако се немаш мувано претходно. А ако е вистински заљубен во тебе,можеби и ќе ти рече девојка да му бидеш.
Што да правам?! Jaс со мојот сегашен дечко бев претходно другарка 5 год.исто лани за Нова Г.почнавме да се гледаме и еве веќе цела година сме во врска.Супер ни е.Мислам и дека поубаво функционираме како пар отколку како другари . Spoiler Може вака зборам зошто премногу го сакам Па пробај бе,чим вака си во двоумење што да правиш јас сепак мислам дека и ти имаш некои чуства кон него,зошто ако не беше така немаше да бараш совет,да си возбудена... Среќно
Девојки преку фб запознав еден дечко, тој прв ми пиша, ми честита нова год. и се почна така,се запознавме малку и некако ми се допадна како ми пишува, ,како ми се обраќа( мислам дека се вљубувам во дечково- нешто не карактеристично за мене),за два часа успеа да ме орасположи како никој досега.сакаше да се видиме вечерва но јас го одбив без да му кажам причина.Е сега незнам што да правам ако се работеше само за мување не е проблем но изгледа дека дечково сака врска,а јас несакам такво нешто,а несакам ни да го загубам.Што да правам??
Ме потсети на мене и на мојов. Верувај нема да згрешиш дури и ако се фатиш со него,преубаво ќе ти биде. Никогаш нема да бидеш тажна со него. И јас ко почнав да си пишувам со мојот сегашен дечко,имав исто чувство како и ти,знаеше да ме насмее и расположи за секунда и сеуште е успешен во тоа,и цел живот ќе знае. Мојата среќичка.
Значи вака.. за цело време шо сме заедно ниту еднаш му немам звонето така.. дури само 2-3пати му имам звонето баш за ДА НЕ СУМ ТАА ШО ЌЕ ТРЧЕ ПО НЕГО!! синоќа да.. бомбандирах го и се каам за тоа ама најверојатно пошо не сум очекувала коа му звонам јас така да реагира.. а инаку сабајлево ми се јави и се извини за се - бил болен имал температура и си легнал.. не ни слушнал кога сум звонела, сега кога разговараме е дури послаток и секогаш ми вели те сакам.. сум немала причина за нервоза но тоа е .. ФАЛА НАЈИСКРЕНО И ОД СРЦЕ за советот и планирам да те послушам и ќе гледам да се воздржам од лоши постапки..
Си го прашала зошто е така? Разговарај со него. Смирено но без попуштање и без да дозволиш да те омекне за пак да сте заедно! Прашај го зошто ти прави така и од која причина. Однесувањето не му е на место, а пред да реагираш со очигледно разидување, прво нека ти објасни зошто е така за да не ти е тешко после неколку години заради „а што ако...“.
Со дечко ми сме заедно 5 месеци...Но од почетокот на врската него се му смета...ми ги брише пријателите на фб,не ме пушта да излагам по дискотеки,морам да му се јавувам пред да излезам од дома и за најобична работа(пример. му се јавувам да му кажам дека сум отишла до продавница) но сега му смета моето понашање сум се понашала како дете...ако продужим така да се понашам нема да стигнеме далеку..не сакал да ме запознае со неговите зошто не бил сигурен дали ќе остенеме заедно подолго.. Кажете ми што да правам ? Да го сменам понашањето ? Како? Благодарам однапред
Искраено незнам како може да ти забранува се кога ти вика дека незнае дали ќе останете заедно...немој да се менувас заради некого и ти имаш свои права аа и многу си млада за да се затвориш дома и да го слушаш него покажи му малку заби да види дека неможе да ти наредува како што сака се најдобро позз
Ама јас го сакам и сакам да се сменам за да бидам со него но...не знам како да го сменам понашањето.. Инаку благодарам за советот tina-kiki но мислам ако постапам така ќе ме остави а не сакам да ме остави бидејќи ми е прв..не можам да му покажам заби на за секоја работа тој вели -Ако не ти се свиѓа најди си друг..но не можам да најдам друг бидејќи го сакам него..сите понуди што ги имав ги одбив поради него.. Позз
Не му попуштај и не биди добра. На глава ќе ти се качат. Ти кажувам од искуство. Не се менувај за никој. Јас така се сменив па сега незнам главата кај ми е. Де ме сака, де не ме сака. Ако сакаш да трча по тебе ти биди таа лошата.
Јас и сум лошата и секогаш грешам ..секогаш е тој во право па се љути и морам да му се извинам за да ми се смири
Извини ти да се смениш за тој да биде добро?кога и самата знаеш дека човекот е тотално во заблуда и греши?твоето размислување е премногу глупаво и апсурдно да му кажам на некој дека одам во продавница? па што се замислува овај DON KORLEONE ако има некој комплекси нека оди нека се пресипита а не да мачи,а ти за да му угодиш како што сакаш земи облечисе од глава до пете дома стависи шмија и залеписиго телефонот на уво немој случајно да не му си се јавила ако одиш и во ВЦ ок? а и чекајго човекот една година да се одлучи дали ќе сака навистина да е со тебе или не ...
Се лути?? Нека му стои. А што толку си грешела па да мора постојано да се извинуваш или пак него така му се храни егото?? Верувам дека го сакаш и затоа ја бараш вината во себе, ама обвини го и ти еднаш, макар во себе и стави се на прво место. Никој не е вреден за да се менуваш.
Го имав истиот проблем.Една цела година.Не знам ни јас како издржав.И јас како тебе го сакав најмногу на свет.Бев спремна на се за него.Но тој... не можеш да дозволиш да ти прави такви работи.Знам како е.Постојано плачев и се нервирав,дојде до тој степен и да се разболам ради постојано расправање,недоверба и слични работи.Истите муабети што ти ги кажал на тебе и мене ми ги имаше кажувано бившиот.Но јас после една година успеав да му кажам НЕ.Сфатив дека доволно се понижив ради него,а тој воопшто не ја ни ценеше мојата љубов.Освести се,и не живеј во заблуда.Во врска треба да се има разбирање,љубов,а најмногу од се почит.А тоа кај вас го нема.Така да размисли си уште еднаш подобро и среди ја работата.Но моето мислење е да ставиш крај.Во почетокот ќе ти биде многу тешко како што ми е и мене,ама мора да издржиш.Сочувај ја и таа малку гордост што остана. Се најубаво
немој да се нервирас и да плачиш за џабе мажи има колку да сакас по мажи и по автобус не се трча. тебе стравот ти излегува од тоа што ти е прв се осеќаш потиштена. свртимуго грбот и ако те сака ќе тргни по тебе ако те неќи си го направила правилното нешто зошто не е достоен за тебе и не вреди да трчаш ти по него и биди среќна што си го оставила ти пред да те остај тој тебе наместо да плачис ти нека плачи тој а верувај еден ден ако не сега ке му текни на тебе е тогаш ке си ја чука главата. позззззззззззззз биди ти среќна можи ке најдиш а то е сигурно некој што сака тебе да те види насмеана и среќна инаку мажите се мажи да му растеа нозе на глупавоста до сега ке беа стоногалки.
Тоа негово условување, и забрани...јас не би ги толерирала. А, не пак да си менувам однесување. Како прво неговото однесување е погрешно. Тоа бришење пријатели, тоа буричкање по приватност, тоа забарани за излегување...итн итн. Значи не ти е родител да може да те ограничува. А, што му смета твоето понашање...тоа незнам што да ти кажам. 14 години си, ако е постар од тебе и позрело се однесува....може затоа му е твоето понашање детско, спрема неговото.