Во врската постои едно многу важно правило за таа да опстои: Не се менувај затоа што на другиот така му одговара и не се труди да го промениш партнерот. А ти се чудам и на умот како не ти пречи на личноста, така самата себе да се понижуваш и да го слушаш, да му вртиш и за до продавница, незнам што таму... Eдно е грижа, умерена контрола, умерена љубомора, но се што е претерано во животов е непотребно, штетно, а дури и болно. Немој девојко, не се глупирај за таа пуста љубов, тој несака ни со неговите да те запознае, ти се занесуваш по него, а да не зборам и дека тој самиот ти кажал дека иднина немате Да се дополнам од постот на Ilusionist, кај што вели дека имаш 14 години. Чекај имаш 14 и сакаш со неговите да те запознае, ОЧЕКУВАШ ГОООЛЕМА ЉУБОВ ? speechless
Како да го натерам дечко ми да се видиме,се немаме видено 3 недели,му викам да изл а тој е нон стоп на раб или му е мака,ама сепак има време да оди на кафе со др и да изл, петкот беше слободен не ми кажа и не изл,оти долго време сме лути и не ни разг како луге туку секој ден после полнок бега од раб и се слушаме по 3 до 5 мин и толку, вчера требаше да се видиме и незнаел до колку сум на школо наместо да ми се јави си замина дома, и мн ме изнервира и сабалје му пишав дека има рок до викендов и ако не изл ке биди готово се,оти само за мене нема време, и ако има друга поарно нека ми кажи а не вака да ми прај ме боли тоа мн,ама никако да изл сакам очи в очи да разг а ние ни преку мобилен неможиме да разг,а со поракиве јас едно му пишам тој др ми враќа оф леле како да дознам дали ме сака, и како да го натерам да изл? Секоја вечер е на раб од 12 и пол до 12 и пл вечер по 12 сати оди на раб се врака спија станва се капи заминва и мегу времено случајно наога време понекогаш за другари му а за мене не!? Што да прам дали да му викам насекое да изл да му досадувам,или пак да не го барам повеќе и нему нека ми текни да ме викни. Му имам речено да раскиниме ако не сака да одиме,но тој ми вика ако сакав ќе ти кажев, е тогаш зш не сака да изл?(пред некое време му бев налутена и бевме изл со негово друштво и цела нок н ему зборав ни нему ни на никој и тогаш се налути и ми вика дури не се расположиш нема изл, но еве помина време чекам му велам да из ама не и не) Што е раб ве молам за помош,денес му пишав две пораки и тој ми врати еднаш само ми тит и му тит и јас а можеби и не требаше да му враќам,и после ни тој ни јас не се побаравме! Дали е можно да има друга?Сакам да сум начисто или да раскиниме или да се смириме веќе еднаш неможам повеќе!!!
кики,како прво смири се.ако наеднаш се променил,можно е да има друга,па не сака да се појавува со тебе.логично,нели?што мајка би барал цело време со другари да шета ?па машко е бре,сомнително е... потсети се во последно време дали сте имале некои кавги,нешто да не сте се спречкале вака не оди,провери што и како,не дозволувај да те мота така,сепак го трпиш неговото однесување 3 недели. осмели се и кажи му збогум. биди цврста и одлучна пред него кога ќе го кажеш тоа,и биди ладнокрвна.ако и тогаш не ти рече ништо,тогаш навистина е крај.
Имаме по 26 години со дечко ми и одиме скоро 4 години. Можеби ќе звучам чудно, но по 4 години сеуште не знам како да се поставам спрема него. Секогаш одиме каде тој сака, ако не е расположен тогаш јас сум крива, ако е расположен зошто јас сум била цело време намуртена, и сметам дека е премногу себичен. Чуствувам дека не се интересира ништо што јас правам и како се да му смета. Ако јас си поминам некогаш убаво без него и тоа му смета. Ако имам убав работен ден, му кажувам и тој само онака пасивно слуша и скоро секогаш ќе рече: Е што е убавово тука? - на циничен начин. Кога ќе размислам поубаво, последниве 2 години ме нема ни гушнато ни бакнато, освен кога имаме односи. Секогаш јас го правам тоа и му ја ставам раката околу мене, бидејќи тој најчесто знае со рацете во џеб да биде. Ок е, го сфатив дека не сака да биде "лигав", што и да му значи тоа, но не мора со зборови да ми прави филмови, нека ми покаже дека ме сака. Не се чуствувам сакана воопшто. Кога ќе му го направам тој муабет, ме прави дека јас сум виновна, ми вика дека јас можеби не сум заслужила да ме бакнува и криво ми е. Се мислам каде сум згрешила. Последниве 2 дена сум болна, тешко ми е многу и не станувам од кревет. Знае дека сум сама по цел ден во соба и вчера вечерта му реков да остане со мене а тој си излезе со другарите по дискотеки, бил одамна договорен. И ми беше криво, бидејќи ако нему не му е добро, јас никогаш не би помислила да излезам, не би ни сакала да излезам. Дали сметате дека ова е нешто што треба да се прости? Веќе знаеме дека ќе се земеме, понатаму некогаш кога тој ќе сака се разбира, и сите овие работи ги игнорирам и ги простувам. Но не сакам да живеам со човек кому не му е гајле за мене. А тој е се што јас сакам, и отсекогаш сум го сакала но со овакво понашање ми станува многу одбивен. Некогаш се плашам дека ако го оставам ќе се каам и никогаш нема да најдам друг што ќе го сакам, па поради тоа се прилагодувам на многу работи на кои што не треба. Што мислите вие? Дали треба да се лутам поради тоа што не остана со мене кога ми требаше? Дали ако сакате некој треба да му дадете повторна шанса? Што да направам?
После 4 години во врска нормално е да има малку и монотонија, и јас сум во долга врска и по мене си гледам не секогаш ми доаѓа да го гушкам и да го бакнувам, а тој цело време ме гушка, ме стиска ме бакнува, а мене многу ретко ми доаѓа такво нешто, сепак зависи до човекот. Доколку се чуствуваш несакана зашто едноставно не поразговараш со него и за тие проблеми што ги имате што секогаш тебе те смета крива за неговото расположение. Сепак јас сметам дека дечкото е премногу себичен те оставил сама дома болна, а тој излегол со другарите да се забавува, а тебе ти бил потребен таа ноќ да биде покрај тебе. Ако продолжиш така да премолчуваш и цело време да простуваш за некои ситници дечкото така ќе си продолжи да си прави нема да му биде гајле за тебе ќе си прави што сака. Човечки е да се прости нели ама се си има граница, поразговарај со него и кажи му дека ти пречат некои работи и неговото себично однесување. Не е доволно тоа што планирате да се земете треба да се размисли и за иднината, може пак да се повтори ти да си болна дома сама а тој се договорил со другарите да излезат, навистина себично од негова страна. Најдобро ќе биде сама да размислиш што понатаму, сепак разговарај со него можеби и ќе се подзамисли малце и ке се подобри Ти посакувам се најдобро!
Фала многу за одговорот. Вчера му кажав се и разговарав со него кога помина до кај мене пред да излезе, но не ме сфаќа сериозно и ми рече дека се покаал што дошол. Секогаш кога ќе почнам таков муабет тој ми вели дека си замислувам и дека му го упропастувам денот, како после да сакал да се видиме или да излезе со мене кога јас сум упропастувала се. Според него, јас сум кривата и јас сум со црни мисли во глава. Мислам дека е чист манипулатор, те тера стварно да се размислиш дали нешто си погрешил. А овака кога ќе напишам се што тој прави и како се понаша согледувам дека стварно никаде не сум згрешила. I'm hopeless...
Аууу па уште се покаал што дошол леле леле, дечкото не е сериозен воопшто сигурно те смета цело време за негативна затоа што сакаш да разговараш за нешто што ти смета кај него а тој прави се за да го одбегне тоа. Незнам зашто се мачиш со него ако не иде тоа е тоа, знам дека го сакаш и не е лесна ниедна разделба но доколку човекот не се смени за некое време зашто би го трпела да ти врши психичка тортура?! Зошто да го губиш времето со некој што воопшто не е заинтересиран за тебе и за вашата врска, кога можеби со друг би била среќна. Јас навистина би го чекала некое време да го подобри однесувањето ако не зашто ми е таков човек покрај себе само да се нервирам а тој гајле да си нема и да не размислува што зборува и дали ме повредува со тие зборови, да одбегнува се и мене да ме смета за негативна и со црни мисли во главата затоа што ми сметаат некои работи што ги прави. Незнам навистина што да ти кажам ти размисли најдобро дали вреди да останеш со него и дали си сигурна дека има надеж да се промени и да биде подобар кон тебе и да направи да се чуствуваш најсакана!
јасно е дека не те сака.сега што ти прави,а што би било пак да се земете?мислам дека нему му одговара да те врти на малото прсте,да те окривува за неговото нерасположение,можеби и за неговите неупсеси и проблеми.не те почитува,те навредува,кога си болна не ти обраќа внимание,кога си среќна и здрава па ич како издржа 4 години со него? нема што да разговараш,едноставно кога ќе се видите раскини му и крај.нема зошто да се измачуваш,не вреди. секако дека ќе најдеш друго момче,да,тешко е да се најде вистинскиот но упорноста се исплати. лично знам од пример на моја другарка,вака како тебе беше несреќна со еден тип,фала богу го остави,беше сама извесно време но сепак вистинскиот се појави.сега е пресреќна,исполнета,со сопруг кој ја љуби и почитува,само уште едно детенце и фали за среќата да и биде комплетна. тоа што сакав да го кажам е дека треба самата да се бориш,и да не се откажуваш од љубовта. се најубаво,поздрав
Што би направиле доколку блиска другарка излези со тој што го бендисвате? Ве моламммммм помош незнам како да постапувам
а другарка ти знае ли дека ти го бендисуваш ?ако знае,тогаш твое е дали ќе и се лутиш или не.ако толку ти е важно тоа момче дај и до знаење дека ти пречи.седни и поразговарај со неа.инаку глупаво е да се скараш со другарка заради една симпатија
да, знаеше, и според мене е глупаво да се скараш со другарка за симпатија амаа некако наеднаш од нигде никаде ми дојде ова и незнам како да постапувам..
имав дечко одевме 7 месеци , ми рече никогаш не сум те сакал олку и после 2 недели ми раскина , ми рече не те сакам , се оладив , не е како што беше.поминаа 2 години од тогаш сега имам дечко заедно сме 8 месеци го сакам многу а и тој мене ама имам проблем со себеси и не можам да најдам начин да го решам.цело време барам , го анализирам секој негов збор , се измачувам психички премногу барам нешто што ке ми каже дека не ме сака повеке, дека оладил ... и така цело време буквално не можам да уживам во врската од страв дека пак ке се случи истото , дека ке ми рече готово не те сакам повеке а не сакам да го изгувам имам големи планови со него.неможам никако да го тргнам стравот , морам секој негов збор да го анализирам , што мислел со тоа, како мислел.нз мислам дека ова анализирањево го правам да сватам на време дека нешто се случува со него , да не ми епак од нигде ниикаде , да не ме скрши ... а вака се кршам секој ден .. недај боже да не пише те сакам на фб или порака ... тогаш ми е незнам ... ако воопшто имате коментар на ова , совет , било што коментирајте , незнам како да си помогнам ....
[quote="pancake да, знаеше, и според мене е глупаво да се скараш со другарка за симпатија амаа некако наеднаш од нигде никаде ми дојде ова и незнам како да постапувам..[/quote] A момчето знае ли дека го симпатизираш ?ако знае,сигурно ти е незгодно.но пробај да мислиш на среќата на другарка ти,тој сепак неа ја одбрал.и пробај да се држиш подалеку од нив кога се заедно.а ако мислиш дека другарка ти го презела од завист,злоба итн,тогаш и прашање е колку ти е блиска ?
Што би направиле ако вашиот дечко (со кого сте се фатиле пред два дена) се смува со друга? Би му простиле или не ?
Ако има некоја феминка слободна да ми помогне нека ми пиши инбокс.. да не пишувам овде премногу е долго. Фала однапред на добронамерните..
Maya,размислувај позитивно.тоа што ти се случило со бившиот не значи дека ќе ти се случи и со сегашниот дечко.секогаш биди искрена и дај му знаење на партнерот колку ти значи искрениот однос и довербата и се ќе се среди.уживај во среќата што ја имаш сега,а минатото заборави го.ти посакувам од се срце да бидеш среќна и исполнета
не мисли на лошо,мисли само позитивно препушти се уживај не се плаши,нема да се случи ништо лошо,најверојатно тој првиот дечко не те ни сакал толку колку што ти си мислела различни се сите само позитивно и се ќе биде во ред oneday - искрено ни јас не би му простила но тоа е сепак твоја одлука
Се започна со караница на фб..секако јас бев виновна.. и ме викна во живо да му се извинам и да попрајме муабет,ми се доближуваше ко да сакат да ме смуват , ама јас се одалечував, мн добро се понашаше и се најј нај . не очекував толку добро да се испонаша покрај се што му реков, океи му се извинив, не бидна ништо помеѓу нас,бидејќи мене страм ми беше. кога дојдов дома ми пиша дали ми поминал страмот јас дада. и тој ми вика епа ај на пет мин да се видиме пак ме молеше ама јас несакав имав др раб. после 2 дена му текна да ми мести еден негов другар јас несакав, и му предложив да му местам една моја другарка..а он ми рече несакач врски туку само мување така да нејкел да му местам. дечково навистина почна да ми се свиѓа. што мислите има шанси?ама нели несака врска па што ке правиме ние?