Јас би отишла на натпреварот, а зашто да не? Не само заради него, туку за самата себе. И како тоа знаеш дека нема ништо да направиш? Ајде наполни се таму со самодоверба, главата горе и во поход. Вреди да се обидеш. Па и да не постигнеш којзнае какви резултати не е крајот на светот, ќе имаш и други прилики, а најбитно е искуството верувај. А што се однесува до дечково биди најпрво претпазлива, имав и ја искуство со една "љубов" на далечина одамна беше. Друго, мој совет никогаш да не очекуваш премногу зашто така помалце ќе се разочараш. Доколку си бидеш приземјена се ќе биде во ред. Кога ќе го видиш на натпреварот (ако одлучиш да одиш, што се надевам) однесувај се најпрво како дама, насмевни му се, поздрави се ако треба и ти прва ама се тоа со достоинство. Па ќе видиш он до каде ќе оди. Ако гледаш дека ти дава јасни знаци зошто да не нели? Како и да е ова е само мое мислење како јас би постапила сега ти размисли си што и како ќе правиш.
Не, не. Тој ќе доаѓа во мојот град на натпревар, а јас на друг во друг град. И незнам дали да останам овде за да се видиме, или да отидам на натпревар.
Ооо мила јас погрешно сум те разбрала. Тогаш ќе ти речам да си одиш на натпреварот па ако толку ви било судено ќе се најдете, за тоа не се грижи. Сепак гледај си го школото (претпоставувам дека си средно). Сега ти звучам како ептен да ти солам памет ама мислам дека најпаметно ти е вака. Вие и онака само еднаш сте се виделе. А размислувај и вака - може да дознае дека не си отишла на натпревар заради него па да си го крене ептен егото, зошто толку значење да му придаваш. Тоа ти е мој совет.
епа вака ми треба ваше мислење пред неколку дена се запознав со едно дете и искочивме и ме залапа и си праевме муабет се беше ок и мене ми се засвиѓа, една моја другарка го знае заврши со него и ми вика дека е добро дете не е како неговите другари да се понаша сељачки само онака кога е со нив ако ме сфативте... и добро и сакаше да му мести девојче на другар негов и сестра ми ја знае он пошо братучетка негова прва учи со неа ама сестра ми нејке ништо со него ни мои другарки нејкеа и после др ден откако се видовме првиот пат ја му пишав како шо праиш и муабет онака и ме праша за сестра ми дали сака со тој другарот и ја реков сака а сестра ми коа дозна рече дека не иде пошо ни ја незнаев дека тој другар му сака и добро и у петокот ми пиша као ке се договоривме за да искочиме само јас и он и ја му реков ок и нишо не ми пиша и коа се вратив од искачање он ми пиша после као ништо од искачањето се вратил сеа дома и ја реков ок ако сакаш утре ке искочиме дека бела нок и он рече као до 10 бил на работа ке нема време додека отишол таму и ја му реков епа ај ако не тука у наше маало ке искочиме и он ми рече ај кје се договориме утре кје ти казам за сигурно и ја му вратив ок и он смајли големо.. и беше пуштен тој ден не ми ми пиша ништо и не отидов никаде се накурчив малце :/ а мојата другарка отишла со уште една а ме викнаа и мене ама јас не и не сакав и коа ми се јави кај 11 саат он бил на плоштад а мене излеа ме излаза пошо ми рече не бе нема да имал време за да иде до таму кје го фатело 11 ипол додека отишол натака и сеа незнам што да правам, ако ме смувал само онака за еднаш зашо ми пиша два пати и коа се шетав со другарка он седеше у кола завчера на тој паркингот наш и ја не се ѕверев дека сите таму другари негови и другаркава збореше на телефон и глеаше и ми рече дека се наведнал да ме види дека у кола бил и коа вртевме круг помина и ми свирна со колата и сеа пред бела нок му пишав два дена пред да дојде бела нок и го виде и не ми врати и сеа пред некој ден ја да преминам улица пошо ме чекаше другарка од др страна и он помина а ја чекав да поминат коли и он со веспа ја у секунда видов дека е он и другарка ми го видела како целиот се заврте за да ме види и ова се втор пат вака да ме загледува и сеа незнам што да правам сакам да бидам со него пошо со еден што се мотав скоро година ништо не сме имале ни мување ни ништо и ме заебаваше цело време и сеа и овој не сакам да е ист као тој ке мозе некој да ми казе што да правам понатаму ? нејкам пак да ме заебат :/
Се заљубив во другарот на мојата најдобра пријателка. Се уште не сум и кажала бидејќи се плашам дека ќе му каже,затоа што тие се познаваат од детството. Кога поминувам покрај него толку ми е срам што дури главата ја наведнувам и гледам во земјата, неможам ни едно здраво да му кажам… Повеќе ја наведнувам главата затоа што ми се срам од моето лице… Имам акни по лицето и го криам со мојата дуксерка … Незнам што да направам..
Види, ти не се плашиш од тоа да и кажеш на твојата другарка за него, туку твојот проблем е во самодовербата дефинитивно. Девојко не сме сите совршени, сите имаме некои недостатоци кои помалку или повеќе не ги сакаме. На сите проблеми има и решенија, па така и ти ќе почнеш да си го решаваш својот. Има многу креми со салицилна киселина кои ги горат акните, оди на некои третмани за лицето. Следен пат кога ќе го видиш крени ја главата горе и не се срами, всушост така ќе стекнеш и самодоверба
И мене не ми е совршено лицето, па еве, веќе 2 месеци сум со некој што го сакам и ме сака. Него не му смета ако имам по некоја акна, бубулица и слично. Ако веќе до толку ти е срам од твоето лице, третирај го со козметики. Можеш со лимон да се мачкаш секоја вечер и за 3 недели максимум ќе ги снема. Исто така и со мед. Ако немаш многу тенка кожа можеш и со паста за заби. Кај мене преку ноќ ги снемуваше кога ставав. И да, обидувај се што помалце шминка да ставаш. Со шминкање се затнуваат порите и повеќе акни ќе се појавуваат. Сега ова беше малце оф топик... Ама се надевам некако помогнав.
Ох душа мила, ме потсети дека пред 3-4 години и јас бев таква. Види вака, како прво ќе ти кажам ова ти е најубавиот период во животот и да не се многу замараш со дечковци мувачи и такви работи, имаш многу време за тоа. Според напишаното ми личеш на девојче од 14-15 години. Друго, да ти појаснам, не си заљубена, само многу ти се свиѓа, заљубеност е нешто сосем друго што ќе го осетиш понатаму. Туку да не ја тупам за тоа... Очигледно си имаш проблеми со самодовербата само поради твоите акни. Пробај да најдеш некоја соодветна нега и да ги лекуваш, еве разгледај низ форумот има различни теми со таа намена и ќе најдеш некои одредени производи кои ќе ги користиш. Ама акните се минлива фаза, така да не се секирај да ги имаш дури и премногу, ќе ти се исчисти лицето за некое време. Нема што да се криеш во дуксерката туку гордо да си ја исправиш главата и така да си продолжиш, па гајле ти е што ќе кажат другите. Верувај самодовербата е многу привлечна, а тебе тоа ти фали. Поработи на себеси, засакај се таква каква што си за да можат и другите да те сакаат, секогаш прво се почнува од себеси. Побарај совет од другарката, кажи и дека ти се допаѓа некое момче многу и таа ќе побара да и кажеш кој е и ти ќе и признаеш, но ќе ја замолиш да не кажува туку да ти помогне да средите нешто. Таа може да го распраша него и да дознае подетални информации. И запомни, што и да се случи ти си продолжи напред. Ќе има уште многу машки во твојот живот, зошто па овој да ти остави лузни?
Мило ако другарот на другаркати е сепак само другар зошто си тажна тогаш? Па не и дечко.. Разговарај со нејзе одоколу и доколку сметаш дека треба пиши му ти со муабет од околу, пробај си ја среќата зошто да не? Немој воопшто да се срамиш и да се криеш од тоа што си, немој да се затвораш во себе ради бубуљиците, верувам дека си убава и паметна девојка и си во тие години што тоа е сосема нормално. Разговарај со твојата фамилија и посети си стручно лице околу твојот проблем. Ќе видиш дека ќе се реши.
@TijanaJ во одреден период од животот сите ќе имаме одредена „маана“, ја ставам во наводници зошто ние ја гледаме како маана ама таа верувај никогаш не е пресудна пречка за некој да не сака. Вистина е дека ако не се сакаме прво себеси неможи да очекуваме да не сака некој друг. Ако ти пред него ја ведниш главата, тогаш што? Како тој ќе добие до знаење дека ти му се допаѓаш или како тој тебе ќе те забележи за и ти него да му се допадниш? Биди малце повеќе самоуверена зошто верувај душо, сите вредиме, за сите нас има одредено капаче. Испрај го лицето, ако сакаш некој, ако ти се допаѓа некој - бори се за него. Добиј го она што го сакаш. Верувај ако седиш со скрстени раце ќе ти приоѓаат само луѓе кои можеби и нема тебе да ти се допаднат, ако ти се трудиш околу луѓето кои ти ги сакаш - и тие ќе почнат да се трудат околу тебе. Си имала акни? Па што? Во пубертет си, така? Нормално е. Некои имаат повеќе, некои помалце. Ех само колку другарки и другари (особено другари) коидо 18тата не сум ги видела без акни, и биле сингл? немале пријатели или девојки/ дечковци? напротив. Имале. Дебели, слаби, со акни, без акни, со брчки, без брчки ... битно е она како ти ќе се поставиш према себе. Ако ти сакаш да успејш со детето - кажи на другарка ти. Вистина, таа ќе му кажи него, ама нели ти сакаш да успеј меѓу тебе и него? Нели ова е праење на вистинскиот чекор? Ако тој речи не, прво ете, нема да те одбие директно, ти ќе си продолжиш понатаму со мирна совест, ако речи да, ќе почни да се труди до тебе и ти ќе цветаш. Вака ти се оставаш во неизвесност и не си дозволваш себеси да продолжиш напред зошто се плашиш. Стравот не ти е пријател. <3
Фала ви многу на сите инаку сега сме 2 недели на одмор.. ( учам во странство) и кога ке почнеме пак ке направам се како што кажавте но само едниствен проблем ми е јазикот.. Не го знам многу и затоа одам во училиште кај што го учам јазикот а се разбира таму е и тој тој е од Шпанија... Го знам англискиот, и германскиот но уште го учам а знам и малку шпански , па можеби ако се обидам да кажам нешто на шпански?!
Тијанче фокусирај се најправо на јазикот и неговото усовршување. Свесна си дека овој период би требало малку повеќе да вложиш труд околу оваа работа, бидејки ти е клучна и за училиште и за општа комуникација. Дај си време на тебе за да постигнеш успех околу комуникацијата, па потоа размислувај за дечкото.
Има разлика од симпатија до заљубување. Од ова што го прочитав дојдов до заклучок дека вие ретко и комуницирате, а не пак нешто повеќе така да неможеш да се заљубиш во човек за кого ништо незнаеш. Можеш само да го симпатизираш. Друга работа, очигледно си тинејџерка па во животот сите сме поминале вакви работи да се срамиме поради бубалици, акни или слично и истотака сме биле со ниска самодоверба. Во врска со другарка ти, јас на твое место и не би и кажала баш. Не од причина што ќе сигурно ќе му каже, туку може многу погрешно да му каже или да те претстави или нешто сосема трето, несакам да бидам негативна ама имам искуство со вакви работи и завршиле многу лошо. Не верувам во искрено другарство, жал ми е. Ако нешто планираш со детето почни сама некој муабет, не оди преку други.
Да тоа е точно дека ретко комуницираме... А тоа е така пошо ја сум срамежлива.. Многу пати тој ќе сака да ми каже нешто и накрај пак не кажува.. Јас сум срамежлива и сакам тоа да го променам но неможам..
@Greshnicka Да го прашаш која му е таа, т.е да му поставуваш прашања од таков тип, сепак не иде, бидејќи не сте во врска, а и кратко се познавате, при што ова може да звучи нападно. Може е другарка, може родинина, и тоа е можност, па не брзај. А може сакал и да ти види реакција, и тоа е можно. Но, како и да е, остави го тој да ти пише прв. Ако ти пише, по самото тоа, кога ќе биде тоа и како ќе се однесува во текот на разговорот, ќе ја разбереш неговата сериозност. И наместо да му поставуваш прашања за девојката, подобро, отворено прашај го на што стоите? Каде иде ова вашето? Или едноставно искулирај го малку
Барам помош за една моја другарка...Значи се гледаше со едно момче 4месеци ,имаше како што кажува сее и чуства меѓу нив и се но се скараја и после два месечи пак ја бара да се гедаат..а тие два месеци си беше со друга со која оделе 2години .Ама другаркава ја лажи пишува со други девојчиња ама и тие ги лажи стави крај но неможи многу го сака и пишуваат онака се договориле да се гледаат онака не како порано туку кога ќе си требаат еден на друг да се видат...а тој еве сега нова година ќе оди со друго девојче,гледам слиики пушта со него ..а тој и пишува уште.. незнае како да постапи што да прави како да го вратии да не оди со други во колосек да го ставии .....
Со Чарли Шин да не се гледала другарка ти? Нека има другарка ти малку гордост и нека престани да го храни неговото его...не се бе за се криви машкиве...
Нема да го стави во колосек. Прво, затоа што е таков, второ затоа што другарка ти така се поставила со него, и он знае дека и покрај тоа што ќе „шара“ на страна она ќе остане со него.