Ако сакаш да успее врската ќе мора да намалиш со навредувањата, а ќе ја зголемиш довербата. Не сте деца и двајцата, ќе седнете и убаво ќе разговарате. Или ќе ја зголемите довербата и ќе престаните со кавгите за глупости или секој по свој пат. Мора и двајцата да си ги контролирате чувствата. Искрено, од моја гледна точка, никогаш не би успеала во врска на далечина. Сакаш да е тука до тебе, да ти посветува внимание, да те сака. А во друг град од каде да знам што прави и со кого. Не си должна да се докажуваш на некој, важно е да ги исфрлиш од мислите и да бидеш своја. А другото само по себе ќе си дојде. Едноставно пред него ни ги споменувај ни мисли на нив. И се ќе биде супер