за да не натрупуваме само со нови теми па еве го ставив проблемот во оваа: Што да правам?? баш такаа.. е па вака срцки,, пасошот не ми е излезен сеуште би требало да излезе крај на јули, друштвото што сме парови има одмор од 21 јули а јас со дечко ми неможам тогаш затоа што јас немам пасош, па тој ми вика на најсмирен начин затоа што ти немаш ќе одам со другари (со останатите што немаат девојки, тие ќе одат на 28 јули) па му викам до тогаш и јас ќе имам,ми вика па сами не ми се оде на одмор,нема со кој да одиме тогаш (а ако одам со него ќе треба да бидам сама женско со 5-6 машки) и јас се изнервирам тој почна да се дере и еве сега се налутивме и двјацата. незнам што да правам стварно незнам ни како да му одговорам, на тоа што го кажува така смирено сето тоа, како ништо да не е. а за мене значи многу.како ќе изреагирате виа? ајде чекам мислења. што да одговорам??
Совет да ти дадам неможам, затоа што не сум се нашла во таква ситуација. А јас да ми се случи ова познавајќи се себе ќе направам скандал и ќе му го загорчам одењето па така нема ни да му се оди. И ќе водам инает се додека не биде по мое и нема и нема да отиде. Таква сум што да правам
и јас сум таква затоа не сакав да избрзувам пак ве прашав вас стварно ми е малку ситуацијава чудна а може и нема ништо лоша, ама сепак неможам да разберам што сака да каже со тоа, па и толку смирен.... ххххммм
Искрено мене вака да ми каже , ради пасош а не сум јас крива .. Ќе се разбуди лавот во мене . Нема да идам ако треба ама нема ни он , лом ќе го направам . Кога не можеме со парови да одиме , ќе ме носи со машки и само јас женско ? Да ги знам толку добро , да се мои другари па и ајде ама не така .. Не знам што да ти советувам , јас ќе се испокарам и ќе оставам на него да направи да сме задоволни двајцата..
Лина , ако веќе си решила да го пуштиш со другарите на одмор , види дали има опција кога ќе го земеш пасошот да одиш и ти со другарки на одмор. Барем квит да бидете
да јас ќе одам со другарки ама или има некој за полагање или некој ќе оди со дечко, со родители и баш оваа година сме некако растурена екипа. зборот ми беше како нему да му кажам дека не стојат работите баш нај нај.. некако тој да се замисли... што прави и како прави
Ќе му речеш преку мене мртва ќе одиш сам со другарите!!! И тоа луто ќе го кажеш со ококорени очи Мене стално така ми успева кога ќе наумам нешто.
и јас еекогаш добивам се ако намислам, ама некако лесно си гокажува тоа секогаш кога разговараме со друштво за одмор тој- е па срце ако не ти излези пасошот јас ќе одам со останатите (птио немаат девојки) а јас така да речам незнам тој како луто ќе изреагира а може и ќе се скарае после скоро 3 годишна врска
Не знам каква ви е врската,колку сте заедно и слично...но според оваа постапка,не му е нешто особено гајле за тебе или се има заситено.Имаш две опции или да седнеш и сериозно да разговараш со него,затоа што ти не си виновна што немаш пасош,да се стрпи и да одите заедно ако му е гајле за тебе,а мора да му биде затоа што ти е дечко,не може за вакво нешто да те остави на цедило или да стиснеш заби и да се соберете женско друштво или некоја друга алтернатива да си отидеш сама на одмор и да му посочиш како си поминуваш лудо и незаборавно и во однос на другите работи да се осамостоиш да му покажеш дека можеш и сама,да се замисли и да сфати дека ти си силна и на крај краеви дека не е незаменлив. Јас разбирам да се има слобода во врската и ако заеднички се одлучи да се оди на одмор така,да се оди,без караници и љубомора,на секој понекогаш му треба одмор и свој живот...ама ова...као,ти ако не можеш,јас ќе си одам и нема друг начин и ги става другите пред тебе...не ни разгледува алтернативи...
ви благодарам за помошта.. сигурно ќе најдам некое решение и тоа во моја полза.. проблемот е во тоа што тој прво зборува и на крај добро ај добро (демек прекини) не одам ајде.. и после некој ден кога се зборува за тоа пак нешто ми врти демек на зафрканции нешто ќе одам ова она.. ама ќе видиме како ќе заврши сето ова
да ви кажам срцки дека се се среди и нема шанси да оде сам а и тој не ни помислувал такво нешто сериозно само онака кажувал (демек) иначе ќе ми излезе пасошот до петок јеееееееееееееееееееее
хаха ете гледаш како се е во ред,ама инаку на ништо не личи само така да те остави ти без одмор,зашто немаш пасош,а он да си оди со другари.па барем и со другари,па со тебе покасно,а не така.ама како и да е не е битно,се средило