Што да правам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од pesimist, 24 септември 2010.

  1. pesimist

    pesimist Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Прво би сакала да ве поздравам пошто сум нова на форумов :bow:
    Вака сеа... со дечко ми сме заедно речиси 4 месеци ама тој е север јас сум југ по место наживеење. Се запознавме летово пошто на исто место работевме. Сега сме разделени пошто јас се вратив дома и комуникација остваруваме на телефон. Моите чувства не се исти ко на почеток и сакам да му раскинам, а и му навестив нешто од тоа но тешко го прифаќа истото. Премногу ме сака и секојдневно плаче. Како да ставам крај :worried::worried: жал ми е ...но морам да прекинам...помогнете
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    6.924
    Допаѓања:
    23.271
    Замисли да е обратна ситуацијата, тој да сака да ти раскине... Мислиш жал ќе му биде? Како да не... Раскини му ако така ти одговара тебе и ако не чувствуваш ништо спрема него.
    И темава можело во Љубовни проблеми да се стави.
     
  3. pesimist

    pesimist Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Го сторив она што мислам дека го чувствував иако ми беше и ми е премногу жал поради тоа што плачеше како мало дете...премногу ме сака...знам дека стори премногу тој за мене но мислам дека врска на таков начин тешко дека че успее...имаше намера да дојде да работи и живее овде но јас тој ризик не можам да го дозволам...што ако се скаравме за нешто а тоа не е мал чекор.. нависитна ми е жал за сето ова
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Си пропуштила добра шанса веројатно.Денес тешко да најдеш таков човек кој би направил се за тебе па дури и да смени место на живеење.
     
    На veri и anab им се допаѓа ова.
  5. pesimist

    pesimist Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    да свесна сум за тоа ама се плашам за ризикот за кој што е спремен... поради тоа што не е едноставно да одиш во сосема непозната средина и да се мачиш за опстанок, работа стан и се останато.Не може од љубов да се живее. Сепак не е мала работа тоа да се направи, а да не се исплати и да не се знаат конечните резултати.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.048
    Не си згрешила.Ако сега не го сакаш,кога планираш да го засакаш?!За 2-3 години?!
    Кога го нема она нешто кое ги врзува убавите нешта,неговите особини и рационалните причини за врска,џабе.Неоспорно е дека тој е супер,ама ако ти не гледаш на него како добра прилика во секој поглед џабе е,но лошо е ако се водиш само по страст.
    Од сожалување нема фајде.
    Како беше групата,ќе ти ги симне сите ѕвезди,па со месечината по глава...
     
  7. pesimist

    pesimist Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Да Lilit и јас така мислам, меѓутоа сега се плашам поради тоа што ми рече дека ќе умрел, ќе извршил самоубиство...е сум имала грижа на совест цел живот. Не знам дали тоа го прави за да ме задржи и уцени или навистина го мисли :worried:S премногу ми е страв за тоа :worried:
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    13.787
    Пол:
    Женски
    Ех, ех почнаа сапуниците. Не ти треба таков, посебно пак штом не си сигурна во чувствата.
    А за тоа дека ќе се самоубие, не се секирај, нема. Така вели зошто е несозреан и зашто незнае саглам муабет да направи.
    Колку начини има да задржиш девојка, тој одбрал да се заканува за да биде сожалуван :puke:
     
  9. pesimist

    pesimist Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ама Lolipop звучи крајно сериозен во неговите намери...се плашам и навистина сум избезумена :worried:
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    13.787
    Пол:
    Женски
    Е па значи тој си ја постигнал целта... да те избезуми, да те исплаши, за да останеш покрај него. ;)
     
  11. pesimist

    pesimist Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Не да сум исплашена ...преплашена сум...цела се тресам.. а телефонот ми фрчи од повици...на фб исто така ми пишува...така ќе се фрлам вака ке ја ставам твојата слика до мене...навистина ми е страв :worried:SSS
     
  12. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19

    се согласувам со lolipop очигледно дека типот е кукавица штом те уценува да останш со него
    и нема шанси да се самоубие само сака да го сожалуваш. патетиечен е и огромен лигуш, ако навистина
    те сака ќе сака да си среќна без него а не мизерна со него (колку и да звучи ова како клише точно е)
    затоа кажи му ја вистината и не се обидувај да ја ублажиш, очигледно не го сакаш, барем не доволно за да си со него. може наскоро ќе запознаеш некој што навистина ќе го сакаш
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.048
    Човек шо планира да се убие,не кажува,оди и се убива,не сака да биде спречен!
    Овој те уценува бре!
    За мене овие не се здрави особи.Биди среќна што си се спасила.
    Речи му и јас ќе се убијам ако бидам со тебе,биди лоша да му се одмилиш више кога е досаден ко стеница.
     
    На JuLleE, ciribiribela, AppoloN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lebedev

    Lebedev Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    34
    srcka ic da ne si ja macis dushata, posto ako mu se vratis, samo na kratko ke se smiri rabotata. posle toa ti ke bides nesrekna, ke se izmacuvas, ke mu dades lazna nades i uste poveke ke zaglavite. ostaj ovie sto ti zborat losa bidi, ligus bil, ova ona. ne bile izglea u takva situacija i neznaat. jas imav takov problem i go resiv mn smireno. izlegov na kafe ne ja baknav voopsto, ni koga se pozdravivme, i i rekov deka jas ne sum sreken so nea, deka nemam potreba da ja baknam, da ja gusnam, da i se javam itn... deka ednostavno n e j a s a k a m ! ! ! i gotovo..,
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    47.552
    Пол:
    Женски
    Ако не го сакаш не се мачи, никој не се убил од љубов, нема денес Ромео и Јулија. Избриши го од фб и не се грижи кога тогаш ќе престане. Тој да е на твое место да не ќе се мислел дали да ти раскине...
    Една другарка беше со болно љубоморен човек и кога таа реши да се разделат , тој одеше на железничка ќе се фрлал, оваа трчаше по него, па под кола, па незнам уште што не. Се разделија, а тој не се фрли. Сега двајцата се со други партнери и среќни.
     
  16. pesimist

    pesimist Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Навистина сум преплашена..сето ова се одвива преку телефон бидејќи јас сум дома а тој е сеуште на работа во охрид и шанси да се сретнеме и сето да се случи во четири очи се навистина мали...а повиците и пораките за тоа дека ќе се убие дека ке стави моја слика до себе не престануваат...избезумена сууум и тешко ми е :worried:SSS
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    6.924
    Допаѓања:
    23.271
    А да му речеш ти вака?
    Ако ме сакаш, нема да правиш да чувствувам грижа на совест ради твоите непромислени постапки! И речи му слободно да се убие, една будала помалку!
    Тој ако навистина сака да се убие тоа ќе го направи без предходно да ти каже тебе или на било кој друг. Сака само да те заплаши и да те држи до себе силум!
    Немој да си будала и да му веруваш, се е ова тактика. :!:
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    810
    Немој да се мачиш вака душо.Шо е ова со машкиве бе?? Ке се убивал!! Абе ајдее, шо не се убил ами ти пишува? Остави го, наместо да цени шо си искрена он ти прави вакви стресови?! Е многу се нервирам од вакви себични луѓе!!! :swear: И шо ќе му вратиш и ќе треба да водиш љубов со некој шо го неќеш??? Не прави си го тоа. Ќе му помине, исклучи телефон и фб. Не му ги читај глупостите. :*
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш, нема да се убие. Се лигави и чека да му се сожалиш. Само не знам како не му е срам, маж на векот, да се посрамотува така пред тебе.
    Немој да си се глупирала, да попушташ и да му се враќаш. Така само ќе се фатиш во неговата замка.
    Имаше и една моја другарка еден таков психопат од дечко, па штом ќе му раскинеше, овој одма се силеше дека ќе се убие, само што беше далеку попоетичен од твојот. Тој вакви пораки и пишуваше: „Седам покрај река, со нож ги режам нашите имиња на едно дрво... со истиот ќе се прободам ако не ми се вратиш...“ :D Абе пези. И секако здрав и жив си остана.
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934