Не знам што и како но ова ми станува навистина терет и премногу нервози за кратко време...S... зарем така заслужив да ми вратиш после се- се неговите зборови..но како да објаснам за да сфати дека на сила убавина не биве..."ти ме врати во живот откако те сретнав"..."за два дена ќе добиеш повик да ми дојдеш на погреб"......ужасно ми е...
A да го остаиш да си се убие како што вика тој нели....... па да видиш дека ништо нема да си напраи..... глава сечам? КОј е толку храбар и себичен да си крене рака на себе? Блефира а ако проба нешто мислам дека треба да оди на одмор малце во оние собите бели што имаат душеци место ѕидови...... Само сум реалнен ништо лично ни иронично
^ Ти кажале дека брзата слепи ги раѓа? Ете, избрза со коментарот, а не ни забележа дека девојката ја има темата поставено и веќе е дискутирано.
Леле леле шпански серии и 300 чудесии. Ај вака моме ќе ти кажам. Лани имав еден дечко зацапана во него до уши бев! Кога сакаше да ми раскине и јас истиве филмови му ги направив. Ама бев по-поетична и ми успеа. Му реков, барем на погреб дојди ми. Му кажував дека бесилката е спремна, само еден чекор фали и се ќе биде готово. Еве јас ти кажувам по мене. И јас овака препаѓав цела недела по ред дека ќе се убијам, обесам, исечам вени и незнам што . Кулирај и не се замарај. Со тек на време ќе сфати тој дека е залудно. Едноставно залудно е, нема поента нема зошто да останете заедно. Немој да му веруваш дека ќе се убие. Ти гарантирам дека нема да си направи ништо!!!
Ова убивање на рати дојде..два дена се убива овој..абе ајде остај го веќе. Ако му беше до убивање до сега ехеееее ќе гледавме на вести.Филмови филмови само прави.Стегни заби ајдее не давај вака да те малтретира, шо е ова?! Жива тортура ти прави, а љубовта не е по нарачка така да немој да имаш никаква грижа на совест. Секој човек се бори да биде среќен, тука нема ништо лошо. Ако не го сакаш, немаш никаква обврска да бидеш со него.
Што.....уште не се отепал? Дај ми број да го потсетам........да не забораил.... А бе девојко уживај животот е пред тебе за ти да го живееш ако му дошло на некој до бесење нека повели нема што ти да си земаш на срце. Живеј си и најди си ја среќата.....овој нема аир од овој......џабе му е! Животот е премногу краток да си го трошиш на будали како оваа....4 дена имаш изгубено а тоа е многу затоа што секоја секунда се брои.........
Вчера сабајле ми стигна порака дека наводно претходната вечер го удрила кола и дека пораката е од братучед му..но беше напишано и да не му кажувам на брат му пошто тој не знаел ништо за тоа...со тоа уствари се сомневам во тоа колку пораката е вистинита... денес немам никаков контаткт со него ...а не ни сакам повеќе да имам
Епа чим е така, готово!!! Бриши го од секаде, и настрана од такви психопати Нека не те интересира што и како се случува или што има тој да каже. ти си го кажала твоето и доволно е. Ако не се помирува тоа си е негов проблем.