Да да на факултет обавезно ќе одам, дури мислев и надвор од мкд бидејќи сум одлична и многу сакам нови јазици, не трошам премногу и можам. Другарот и другарката ми се како ветер во грб, во ниеден момент не ме оставија <3 Само не знам сељаков кај најде со толку да е и другар и пријател, исто и сестра му а им сметаше што јас имам вистински другари
Гаси ФБ, не е тоа реалност. Иљада пријатели мај ес (пардон мај френч), сето лешинари со премногу слободно време и никаква перспектива во животот.
Неговите другари пола се наркомани едниот за влакно лани се спаси. Инаку да имаат доста слободно време другарите негови тука си права.
Битно поминало се'. Ако ти пишува/ѕвони пак, немој пак да се вратиш во кафезот. Те молам. Отсега ќе биде подобро, ќе видиш. Ќе си најдеш вистински пријатели и дечко кој ќе те цени и почитува. Ако имаш потреба од муабет пиши ми. Може сега ти е тешко но за месец дена ќе ти биде предобро верувај.
@teddybear3 јас мислам обратно ќе биде. Тој никогаш нема да најде девојка, но доколку најде ќе биде иста како него, таквите секогаш се наоѓаат. А ти, изненади го, всушност нема што да му докажуваш, кога ќе виде дека можеш и без него, и сум повеќе од сигурна дека ќе најдеш каде каде подобар од него. Ајде, осмех на лице, дотерај се, излези со друштво и во поход, да ја осетиш слободата.
Не ми се верува дека од ваква млада девојка, со само свои 17 години, читам дека животот и престанал! Девојко, животот што-туку ти почнува, утре на овие работи ќе се смееш, прво си премногу лабилна, и наивна, си подпаднала на тоа некој да ти кажува, со кој да се дружиш, како да се облекуваш, како да зборуваш, каква музика да слушаш... па уште и ги навредува твоите дома, самодовербата ти ја разнишал скроз на скроз, немаш самодоверба ради што си им дозволила да управуваат со твојот живот, манипулатори и тој и сестра му, најпаметно ти е секаков можен контакт и со двајцата да прекинеш, на училиште прави се како да не ја познаваш, терај си, учи си, биди си одлична во школо како и до сега, пријатели таму и не мора да стекнеш, ако гледаш дека се сите користољубиви, не ти ни требаат, излегувај со старото друштво, и ни под разно не размислувај ни да правиш муабет со бившиот дечко и сестра му, ич да не ти е гајле што зборат, гледај да се образуваш, да учиш, да стекнеш пријатели кои ќе те почитуваат, па барем биле и само двајца! Не дозволувајте да бидете исмевани, омаловажени, и не почитувани од било кого! Дечко сега и не мора да најдеш, живејте живот и сами девојки, научете да се цените прво самите, дечко секогаш ќе најдете, секогаш има за секого, ако не сега за година, две, сигурно.. Вложувај во себе, труди се за себе, запиши се на факултет, најди некое хоби што ќе те прави среќна, не мислете на вакви непотребни личности, кои ви ја цицаат енергијата, уште па ти било жал, за што, за кого????
Zivotot nikogas ne prestanuva da vredi. Samo treba da gi izdrzis site usponi i padovi. Sekogas na krajot od tunelot ima svetlina.
Кој нормален човек пишува статуси на фб во кои го раскажува својот приватен живот ама строго како него му одговара и со понижување и изсмејување на другите.. Господее, умоболен. И тие другарите не му се ништо подобри, легачи со вишок слободно време а мањак самодоверба. Човек што има мозок и самодоверба не се изживува или понижува некој друг.
@teddybear3 да не се повторувам со останатите. Истото мислење го делиме сите. Само ќе додадам бидејќи на младите луѓе сега цел социјален живот им се одвива онлајн. Разбирам донекаде колку те погодува целиот "јавен испад". Две работи мораш да сватиш: 1.за жал секој втор со тастатура и основни комуникациски способности ако спаѓа во ретката група на хомосапиенс идиотикус може да шири еднострани невистини/информации за некој друг; 2.кога тие информации ќе преминат во личен напад на нечие достоинство, статус, определба и право на функционирање имаш и те како широк асортиман на алатки на самоодбрана без да влегуваш во директен конфликт. Со тоа што можеш да го пријави на фб. За говор на омраза и не одобрени споделување на лични информации, фотографии, разговори без твое знаење. Ако не сакаш директно дај линк од неговиот фб верувам 50 души тука на драго срце би придонеле да се банира на неопределено време од фб. Во секој случај бидејќи се отвараат нови профили секој ден. И истиот може да продолжи со напади. Тука е срце огранокот во мвр за сајбер криминал и одбрана. Сајбер булинг не е мала работа. За помали ширења на омраза и дезинформации како твоите млади лица паѓаат во депресија и дури посегнуваат по својот живот. Значи лична карта/родител и право во станица со скрин шот од сите разговори/статуси до сега. Кажи си дека твојот идентитет/слика/и лично психичко здравје е под напад со месеци се чувствуваш загрозено и под закана. Го наоѓаат по ИП адреса и не само бришење него солидна казна ако не и условна со казна затвор. Особено затоа што си малолетна уште млада а он ја искористил твојата кревкост и добрина до точка на кршење. Не само членовите на овој форум, законот е на твоја страна. За вакви случаеви не треба да се ќути напротив треба да се направи пример од ваквите нелуѓе. За утре друго исто како тебе девојче/момче можеби и помало ќе си рече ова не е во ред, не сум ничија марионета и жртва ќе го пријавам за сајбер булинг и ќе го спречам натрапникот да мачи и други.
Верувај ми ако ти пратам што пишува ќе речеш овој ли е 20+ *Инаку имам братучед што на негови години веќе беше верен, работеше и скоро имаат бебенце
@teddybear3 ти кажаа веќе другите, ќе ти кажам само кратко и јас. Со среќа понатаму, блокирај ги и двајцата од секаде, игнорирај било каква комуникација и со нив и со нивни другари што те исмеваат. Ете имаш некое друштво, не си сама, ќе запознаеш многу подобар дечко од овој сега. Под многу, мислам стварно многу. Оти овој не селјак, ѓубре е комплимент за него. Па и тоа дома што ти истурала пепел, дечково со такво однесување....јас би ѝ рекла да клекне да ја излиже тоа пепелта и да ми се губи низ врата сосе брат ѝ. Море море, е*ати важните.
Епа затоа не ги сакаат моите бидејќи се им кажаа во лице. Лошото е што ингнорирам ама они не, врвот е што со еден од неговите другари не се знам лично ниту па на фб, и он највеќе збори за мене
Ти е гајле ако збори. Ти се знаеш која си и каква си, исто и другарите твои те знаат. Другите можат само да лаат.
Да ама зошто така да прави не ми е јасно, ни го знам ни познавам а муабет ми вади, не знам што друштво ќе беа не е ни чудо што само со такви се дружат
@teddybear3 добро е што си му раскинала и нема зошто да мислиш за него и за неговите другари што вадат муабети за тебе. Нека си зборуваат, нека си се филмаат дека се јаки е****шта, а тебе од едно уво да ти влегува, а од друго да ти излегува. Сестра му игнорирај ја, воопшто немој да и' помагаш. Прави се дека не постои. За да не ти додева психопатот од дечко, смени го бројот или блокирај му го за да не може да ти се јавува. На ФБ исто така би ти препорачала да ги блокираш и него и сестра му. Ама и идејата на @Tsukinory не е воопшто лоша со оглед на тоа што интернетот, за жал, го користат и луѓе на кои треба да им се забрани пристап до истиот. Се' на се', воопшто не треба да ти е гајле за другите што зборуваат, ти оди си со крената глава, дотерувај се, грижи се за себе, учи, надоградувај се. И да, твојот живот не завршил, туку допрва почнува.
Не ми досаѓа на телефон туку само статуси става и се фали по сите. Криво ми е бидејќи имам блиски што никој не ги оговара и не ги зацрнува, сакам да бидам нормална пак. Сестра му не сакам да ја видам криво ми е што и помагав и правев се за нив, испадна дека не ми е другарка.
Не можеш да влијаеш на тоа. Џабе се нервираш. Тоа што можеш да го направиш е да извлечеш поука какви луѓе да избегнуваш и како да ги препознаеш. Зошто ги читаш упорно статусите кога те нервираат? Блокирај се и не се оптоварувај. Како мислиш да бидеш нормална пак? Па нормална си. Тие што не се нормални се бившиот, сестра му и сите дебили што те оговараат. Зошто ти е битно мислењето од такви дебили? Нека мислат што сакаат.
Знаеш зошто те озборуваат и оцрнуваат? Затоа што си преголем залак за нив. Си лечат комплекси. Затоа што тие не се и никогаш нема да бидат ни половина од тоа што си ти сега и што ќе бидеш во иднина. Воопшто да не ти биде криво што те озборуваат, ти знаеш за себе дека си чиста. За ФБ ти кажав јас, ти кажаа и другите што да правиш.
Они ми викаат дека џабе живеам и дека не ме бива за ништо, дека они се пред мене и со мене можеле само под да метат
Ти кажав. Така ти велат зашто знаат дека ти си многу скалила над нив и се исфрустрирани. Затоа што се свесни дека ти си многу подобра од нив.