На тебе лечат фрустрации затоа што немаш поголем брат претпоставувам, ем си помирна, исто и затоа што твоите не се богати, демек не ти е јак грбот. Таа е шемата на школските психопати. Лекот за нив е некој да ги заплаши со ќотек....ко може некој на тебе да крене рака, ако не одговара, тогаш реципрочно.... доколку дома на твоите не им кажуваш оти некои детишта им вадат муабети дека се сељаци....јас не верувам дека твоите би седеле мирно кога би го знаеле ова....
И да му раскинеш ќе најдеш друг кога тогаш , животот е долг и е пред тебе. Подобро е да се фокусираш на себе си и да бидеш одреден период без никој него ли да одиш си опкружена во таква токсична средина каде по напишаново се гледа дека не те почитува како човек. За жал и јас сум горе доле од оваа генерација (2 години постар , имам 19 години) и во денешно време работите се изопачени , не е лесно да се најде добар дечко/девојка. А во врска со пријателите и јас имам круг од 10 пријатели , многу не има такви немој да мислиш дека си само ти. Мој совет ти е да не поттиснуваш во себе бидејќи ќе ти влијае на психа.
Влегов да видам што може да се случи за животот да престане да вреди и се изначитав глупости. Девојко имаш 17-18 год,за тебе животот штотуку почнал. За какво престанување на живот овде гњавиш? Животот престанува да вреди откако човек ќе ги изгуби најмилите,пример да изгуби дете во несреќа или кога едниот сопружник ќе почине недај Боже,или кога човек ќе зглави во затвор и знае дека таму треба да одлежи следни 10-15 год и живее од ден за ден колку времето да си го губи. Ова се глупости. Ќе си најдеш и нов дечко,ќе си најдеш и работа и пријатели и средината на опкружување ќе ти се смени и поинаку ќе размислуваш. Се се заборава. Во меѓувреме би ти препорачала да си бараш работа,да студираш,да се запишеш на некаков курс и да правиш нешто корисно за себе и за тие околу тебе. Не се бави со глупости и да не ти е гајле кој што збори. И претпазливо бирај си ги партнерите.
Во ред е @Mama993 ич не мораше да ни кажеш која е смислата на животот. Да, темата е лошо формулирана, можеби може да се преименува некако, уште не сум нашла соодветно име. Ама пробај да се ставиш во улога на тинејџерка или во улога на мајка на оваа тинејџерка и дај совет, или ич не коментирај. Ако не можеш да помогнеш не одмагај.
А колку од тие 4000 пријатели му се вистински? 1,2? И што ако не си невина? Тоа не те прави ни безвредна, ни курва. Мажот што навистина ќе те сака во иднина, нема да му е битно дали си невина или не. Единствено лошо е што си ја дала невиноста на некој безвреден глупак. И те читам цело време вака велеле, така пишеле. Кога и сама знаеш дека тоа што е пишано не е точно, зошто се замараш? Милион убави совети доби тука, блокирај се тоа, не читај, дај си време да заборавиш. Искористи го времето за учење и себеизградување. Тие не се и никогаш нема да се вредни, макар и во центарот на светот да живеат.
Може нема да ти се верува, ама ако се чувствуваш дека некој те гњави на форумов со тоа што си ги кажал проблемите, просто и едноставно можеш да се одјавиш од форумов. Исто така може нема да ти се верува, ама сосема е можно да го користиш форумов без да коментираш на теми каде што немаш да кажеш ништо паметно. Врсничко насилство е огромен и сериозен проблем, воопшто не се глупости кои се решаваат со "не се замарај". Ама треба да може човек подалеку да види од носот.
Може темава да се преименува во Врсничко насилство (не само) на социјалните мрежи, ако не постои веќе таква тема? Сериозно голем проблем е, треба да се разговара и да им се даде поддршка на жртвите.
Оваа држава по милионити пат ме разочарува длабоко. Се ставам на местото на родител што си го пушта детето нашколо и го тепаат. Што да кажам освен секоја чест на луѓе што гледаат правно да ја добијат битката, а не ја земаат правдата во свои раце. Пошо кога си имаш работа со нефункционални институции, ќе си пукнеш од мака ако ова ти се случи и немаш кај да се пожалиш. Училиштето демек не знае за овој клошаров насилен? Со прст немаат мрднато нели? @teddybear3 само да ти кажам една работа, а тоа е дека колку и да е тешко, гледај да не си дозволиш да поверуваш дека си помалце вредна поради работите што ги зборуваат за тебе. Невина не си била ејјјјј, зарем за тоа ќе збориме уште бре, која година сме. И јас не сум невина, да пукне Нема да ти речам Не замарај се, пошо тоа е смешен совет, знам дека кога човек има проблем само во него му се мислите. Ама гледај вака. Форумов има 120 илјади членови. Кога некој пише проблем, а не е во право, верувај, обавезно другите му кажуваат дека не е во право. Не го тинтрат љубезно, фино. Ако беа точни глупостите што ги зборуваат за тебе, ќе те убедувавме ли толку луѓе да не си дозволиш идиотите да ти ја намалат самодовербата? Не знам дали си спомнала, од тоа што го прочитав не видов, родителите твои знаат за ова, какви се тие, се замараат се или не се замараат, им си кажала?
Дури и да е точно тоа што зборувале. И да имала секс со дечко и и секој ден по сто пати, никој не смее да те иссмева за тоа, оти не е срамота. Нормално е да имаш секс со оној кој ти е дечко/партнер/сопруга и кој го сакаш. *надополнувам
Јас мислам една од пострашните работи во државичево е што не знаеме да препознаеме насилство. Многу видови на изживување ни се нормални и мислиме дека немаме право на жалба.
Немаме закон за врсничко насилство. Срамота е, посебно во денешно време и со раширеноста на пристапот кон интернетот. Едит: Секој трет средношколец жртва на булинг
Не е мое да сумирам. Ама како крајно решение чим девојчето не одговара на прашањата во врска со разговор со родителите или возрасна личност за да се постапи според закон и да се ослободи од овој страв и срам со кој живее. Ние како неминовни набљудувачи и возрасни лица треба да го спроведеме разговорот со неа до надлежните за сајбер булинг, насилство и нарушен ред и мир на една млада особа. Да не бидеме само неми спектатори. Мислам колку и да ја бодриме и советуваме од утре ако прекине да пишува на секој од нас ќе ни отидат мислите за нешто многу полошо. Да не се каеме после. Иако форумот а анонимен за случаи на насилство, уцена и повреда кога се работи за малолетно дете кое поскоро би зборело со непознати отколку со своите родители, вреди да се направи исклучок и да се изреагира. Оставам на админите да ја проценат тежината на целата работа. Оваа тема во моите очи е повик за помош.
,,За дел од случаите поднесени се и кривични пријави." @ninja35 Поттикнување и Планирање на насилство,+ сајбер булинг (можеби има и закани по животот,немаме целосен увид) ,воопшто не се наивни кривични дела (и тоа како влијаат на менталното здравје и социјалниот живот ,поготово кај тинејџери), и НЕ смеат да останат занемарени. не се тешко кривично дело(!наведување на самоубиство-можеби и има елементи за ова во преписките!/убиство/тешки телесни повреди) ,но МОРА да бидат процесуирани од системот и овие ,,полесни" кривични дела! @teddybear3 веќе си добила совет од @Tsukinory за како (заедно со родителите ) да пријавиш во полиција. Но обрати се и за правна помош до Хелсиншки по е-меил ,закачи им и слики(скринШотс) од заканите навредите ,не се срами да им опишеш и како се чувствуваш,како сите овие тортурии влијаат на твојот социјален живот,емотивно и ментално.Нема од што да се срамиш. Треба да се срамат злоставувачите-психопати! Епа кога ќе видат дека има ЗАКОН и за нив,ќе си ги подвиткаат опашките и ќе си ги затнат муцките! Моја препорака е во моментот кога ќе почувствуваш наплив на бес ,немоќ,срам,патиките на нозе и излези истрчај, пропешачи,да го исфрлиш од себе тој набој од негативни емоции. И доколку имаш потреба од психолошка подршка,не се срами да побараш помош. Не е твоја вина што си паднала во мрежата на вакви створови. Овакви индивидуи (Како бившиот) постоеле,постојат,и ќе постојат,за жал.Дури И возрасни жени се случува да бидат жртви на психопати,камо ли пак млади девојки. Ако не проработи системот од кој си побарала помош,тогаш може да се бараат и поинакви алтернативи (ова е мое лично размислување).
@teddybear3, најпрво, ела ваму да те гушнам Тоа што имам јас да ти го кажам не е совет, зошто веќе доби супер насоки од останатите девојки. Јас, како постара од тебе форумска дада (тетка де) ќе ти кажам една вистина која сега ништо нема да ти значи но е факт- ќе преживееш! Ова сега што ти се случува е можеби најгрдото искуство што си го имала досега и можеби мислиш дека ова е крајот на се (како што и си ја насловила темава) но- ќе преживееш. Сега ти е тешко, и ништо ти нема смисла, и можеби од кревет не ти се станува ама ќе помине. Верувај дека ќе помине. ЌЕ ПОМИНЕ! Дозволи си да закрепнеш. Немој да се форсираш да се запишуваш на курсови, спорт, не знам што туку само насочи се да ти биде подобро. А ќе ти биде подобро. Ова е само период, иако знам дека сега не ти делува така. Исто како што сега нема да ми веруваш дека за неколку години веќе нема ни да паметиш дека нешто вакво ти се случило. Ќе ти биде подобро, само дај си време. Исто, моето сандаче е отворено, па ако ти треба некој за муабет, слободно пиши ми, за било што.